@Bulgarian, не знам од каде заклучи дека јас сакам да го оспорам православието – ниту ми е тоа намерата, ниту е тоа тема на дискусија овде. Зошто и како потврдив дека не го знам значењето на цитатот кој го даде од Библијата? Затоа што не се сложува со толкување на некој православен свештеник кое ти си го причитал и по автоматизам си го прифатил како точно? Библијата може да се толкува на повеќе начини, што и повеќето христијански деноминации го прават. Ако ти си одлучил слепо да се држиш за толкувањата на светите отци, наместо сам да читаш и донесуваш заклучоци, тоа не значи дека си во право, ниту пак ти дава право на другите кои поинаку ја толкуваат да им велиш дека не ја разбираат. Дали воопшто го прочита моето прво мислење кое го цитираше, а не се однесуваше ниту на тебе лично, ниту на православното христијанство? Не ја оспорував точноста на православието, ниту на било која друга деноминација или религија; мислењето ми беше за религиозноста и атеизмот, генерално. Не гледам каква врска имаат првите литургии на ранохристијаните со гностичките евангелија и причината зошто тие не влегле во Новиот завет. И каква врска имаат гностичките евангелија со православието, кое не ни постоело до 1054 година? На прашањето ми одговараш со друго прашање, целосно неповрзано со моето. Не мешам баби и жаби, примерот си е сосема на место. Јас реков ако прашам различни христијани (а не православни христијани) за Библијата, ќе добијам различни одговори. Христијанството има околу 20000 различни деноминации, кои постојат токму поради различното толкување на Библијата. Во науката постојат работи околу кои научниците спорат, но постојат работи и за кои постои универзален консензус. Додека, во христијанските деноминации, едниствениот консензус е дека Бог постои и дека Библијата е светата книга на христијанството – се друго подлежи на различна интерпретација и толкување. Еден од полошите аспекти на секоја религија е што сите оние кои не припаѓаат на неа (или на нејзината конкретна деноминација) ги смета за грешници. А идејата дека гревот на родителите по автоматизам се пренесува на нивното дете, кое ниту учествувало во нивниот грев (ниту било родено во тоа време), ниту можело да биде виновно за гревот на родителите, ми е една од наужасните идеи на христијанството.
"Се што сакате да знаете во врска со религија" Еве јас имам 16 прашања. 1.)Зошто верувате во Господ, кога немаме никакви докази за негово постоење и која е поентата да верувам во него? Сe што постои не е доказ, има подобри објаснувања од Лебдечки брадест дедо што се крие во небото и е невидлив, создал се. 2.)Од каде знаете дека Библијата ја кажува вистината? Не ми користете логичка заблуда "кружно размислување" помеѓу Библијата и Господ. 3.)Зошто досега не се најдени никакви докази за ниту една приказна од Библијата?Постоењето на Исус како историска фигура не е спомнато никаде во тој период освен библијата.И тој е вистински бидејќи? 4.)Зошто верувате во душа/духови? Дали имате научни докази за нивно постоење, не немислам тие видеа на јутуб кој може кој сака да ги направи за еден ден со Adobe After Effects.Биолозите престанале да претпоставуваат во вакви нешта откога биле откриени гените и Днката. 5.)Од каде сте сигурни дека Православно Христијанството е вистинската религија, а не останатите ~4199 религии? 6.)Зошто ја отфрлате еволуцијата и абиогенезата?Ако верувате во еволуција и во библијата/бог тоа е логичка заблуда "одбирање" . 7.)Зошто мислете дека сонувањето на Господ е доволна вистина за негово постоење?Сонот е слично со тоа што може да се замисли, но не сте во контрола со него(Освен ако имате луциден сон) бидејќи мозокот не работи 100%, ја сега можам да си го замислам господ, но тоа е секако имагинација. 8.)Како арката на Ное успеала да ги изджи сите видови на животни во пар, за 150 дена без да се изедат помеѓу себе?Како Ное ја изградил оваа арка сам?Оригинална реплика беше направена од 1000 работници со најмодерна техника од Декември 1, 2010 до Јули 7, 2016. Без механизација, негледам како Ное сам изградил вакво нешто, и го прошетал цел свет да ги собере сите животни во пар. 10.)Како внуците на Адам и Ева биле асални и здрави?Од инцест само деформирани и стерилни деца се добиваат. 11.)Ако господ има бесконечна моќ, зошто не сме перфектни?Може да ја евидентираме неговата моќ според тоа дека универзумот е бесконечен."Тој" ни дал слобода, но никој човек не е еднаков, серијалните убијци им недостасуваат одредени неразвиени делови во мозокот што им неоспособува чуства како грижа на совест, неконтролирање на нервоза, постоење во светот итн. Дали се тие виновни за нивните убиства ако неможат да го сватат тоа? Некои луѓе се родени подобри од други, некои се родени и веднаш добиваат смртоносна болест како рак, некои пак се родени во африка ни криви ни должни умираат иако нивните родители ништо лошо не направиле. 12.)Ако некој е роден и во ниту еден период од неговиот живот не се сретнал со Библијата, тоа значи дека е атеист, не верува во господ бидејќи не слушнал за него и неговата книга, дали тоа значи дека ќе гори во пеколот ЗАСЕКОГАШ бидејќи ненамерно прекшил еден од неговите божји заповеди? 13.)Ако некој родител го научи неговото дете дека светот го создал розев еднорог кој е невидлив, и тој ја дал неговата книга и ја наменил за сите да ја почитуваат и да се почитуваат неговите правила, како можеш да докажеш дека таа книга и тоа верување е погрешно, а твојот Господ вистинит? 14.)Зошто сите го игнорираат Жилетот на Хичкенс? "Се што може да се тврди без докази може да биде разрешенo без докази". Сакам да видам доказ за постоењето на Господ. 15.)До кога ќе се користи филозофскиот аргументот "бог на празнините" и аргументот на незнаење?Ако порано Грците верувале во Зевс за молњите и грмотежите бидејќи нивното знаење за небото било примитивно, а денес никој не неверуваа во Зевс бидејќи знаеме се за небото и со дефинитивност може да се предвиде неговото движење, зошто денешно време незнаењето на нешто луѓе сакаат да го прекинат со "Божјо Чудо" место да го најдат одговорот со користење на наука? 16.)Зошто да се молам на Господ? Во 2006 година, се направил најмасовниот експеримент да се докаже дали молењето ја зголемува шансата нешто да се случи.Од вкупно 1802 пациенти на кои им се направило бајпас операција на срце, на половина од нив добиле молитва со надеж да немаат никакви компликации,а другата половина не добиле никакво молење.Резултатите биле: 59% од луѓето кои добиле молитви имале компликации,а тие без никакво молење, само 51% добиле компликации. Бонус "прашање": 17.)Ако господ создал се, насекаде е , има бесконечна моќ и без него ништо неможе да постои тогаш: Луѓето=Господ и Исус Христос=Господ Господ го создал Господ, Господ сакал да го научи Господ дека Господ постои, но Господ бил убиен од Господ и Господ воскреснал и се вратил кај Господ. _____________________________________________________________ Ако логички и вистинито со докази овие прашања неможат да се објаснат, тогаш немам абсолутни никаква причина да бидам Христијанин, нема причина никој да биде Христијанин ако сака да верува во вистина.Нели целата поента на Библијата е да знае народот за неговото постоење?Ако сакаш да верувам во Господ, треба да знам во што верувам да знам дали во тоа што верувам навистина постои, и да ја знам разликата помеѓу бајка без автор и Библија.
@Dim40 И сега што? Да не очекуваш аплауз дека еве си составил 16 прашања на кои наводно нема одговор(според тебе). Има и тоа како одговори,немам време да се објаснувам со некој кој постојано ја демантира суштината на Господ и верниците. Разгледај низ темите и тоа како ќе најдеш одговори на твоиве прашања
Ако има одговори, сакам да ги добијам.Докажи ми го Господовото постоење без да користиш логички заблуди,метафори,аналогии. Денот кога ќе знам дека постои господ е денот кога ќе станам верник. Ако господ знае се, тоа значи дека знае како јас мислам, и знае зошто не верувам во него. Епа еве сега, би сакам да ми ги одговорите моите 16 прашања.Ако ти немаш време за тоа/незнаеш, не пишувај бескорисни коментари.
Сепак имаме докази за Божјото постоење. Еве ти неколку научни докази од Божјите отисоци во создавањето на универзумот и животот во него: http://www.apologetika.mk/научни-аргументи-за-божјото-постоење/ 1. Библијата се карактеризира со висока историчност и веродостојност. 2. Во Библијата има стотици ИСПОЛНЕТИ пророштва кои силно ја потврдуваат нејзината Божественост. 3. Писателите на Новиот Завет (апостолите) биле маченички убиени заради својата вера. Тоа кажува дека тие навистина биле убедени во она што го пишувале, во спротивно не би умреле за некаква нерационална лага. http://www.apologetika.mk/веродостојност-на-библијата/ Покрај 4те евангелија и останатите новозаветни документи од Библијата кои според сите критериуми на историчност се полноважни историски документи за Исус, Исус се спомнува и во Ерусалимскиот Талмуд, Вавилонскиот Талмуд, во Еврејските антиквитети напишани од еврејскиот генерал Јосиф Флавиј. Понатаму Исус се спомнува и кај римските историчари како што се Корнелиј Тацит (кој бил римски сенатор и врвен историчар), Плиниј помладиот, Гај Светониј Транквил (овој бил приватен секретар на римскиот цар Адријан), Целзо, Луциан, понатаму и кај Мара Бар Серапион, Галениј. Понатаму Исус е спомнат и од вон-библиските ранохристијански писатели како: Климент Римски, Пастирот од Хермас, Игнатиј, Поликарп, Папиј, Маркион, Јустин Исповедникот, спомнат е и во Диатесаронот, Муратовиот Канон, Дидахето и други од 2ри век. Јас лично верувам во душа и духови од две причини: 1. Разумот не ми дозволува да се замислам дека сум составен само од хемиски соединенија. Разумот не ми дозволува да замислам дека моите мисли и мојата свест се продукт на слепи хемиски реакции во мозокот. Не можам да замислам дека сега го пишувам овој пост, дека тоа всушност се хемиски реакции помеѓу водородот, азотот, кислородот, водата.. сите овие се неживи хемиски соединенија, а јас сум жив, свесен итн. 2. Исус и Библијата зборуваат дека човекот е создаден од дух, душа и тело. Прво, не православното, туку Исусовото христијанство кое што е запишано во Библијата е вистинското христијанство. Второ, не постојат ~4199 различни религии. Таа напумпана бројка доаѓа од некои статистички сајтови каде што и десетици цркви од една иста деноминација се бројат како различни религии само затоа што се регистрирани под различно име. Или па секое племе у Африка си има свои некои посебни верувања и сето тоа се брои како различна религија. Трето, христијаните веруваат дека христијанството е вистинската објава на Бог затоа што Исус е единствениот религиозен водач кој: - Правел чуда кои не биле негирани дури и од неговите непријатели - Бил пророкуван стотици години пред неговото раѓање - Воскреснал од мртвите - Извршил најголемо светско влијание, ја поделил историјата на два дела (пред наша ера (пред Христос) и по наша ера (по Христос) - Неговото учење извршило трансформација на многу луѓе кои го примениле истото во својот живот. Тука спаѓаат многу атеисти, муслимани, Јудеисти, будисти итн. од секоја нација и религија. Еволуцијата и абиогенезата не ги отфрламе од никакви религиски причини, туку стрикно од научни причини. Едноставно јас како љубител на природни науки не сакам да верувам во научни бајки и побиени теории, туку во научно докажани теории. Еве ти линк каде што можеш да прочиташ колкава е математичката веројатност за едно спонтано настанување само на ензимите кои се само еден ситен дел од комплексните животни системи. Жал ми е што си имал искуство со такви верници кои го сонувале Господ и сметале дека тоа е доволна вистина за неговото постоење. 1. Слично како во зоолошка што не се јадат меѓу себе. Сигурно биле чувани во посебни кафези. 2. Не мора да значи дека ја градел сам. Ное имал три синови, кои имале и 3 жени. Значи биле 8 души. Не заборавај дека они ја правеле арката околу 100 години. И воопшто не станува збор за некоја многу комплексна градба. Правење на бродови во тоа време била редовна пракса. 3. Ное не го шетал цел свет за да ги собере сите животни во пар. Во Библијата пишува дека Бог му ги довел потребните животни кај арката. Е сега, ако некој не верува во Бог, знам дека ова звучи чудно и невозможно, но ако некој верува во Бог, ова за Бог е многу лесна работа. Продолжува...
Инцесот не бил присутен на почетокот затоа што проблемот со инцесот (генетски пореметувања кај деца од блиски роднини) е резултат на поклопување на мутирани инфериорни гени кај блиските роднини. Веројатноста за поклопување на мутирани гени кај далечни роднини е драстично помала. Но Адам и Ева биле создадени телесно совршени, без мутирани гени и затоа инцест проблемот не постоел на почетокот. Генетската совршеност на Адам и Ева ја гледаме и во нивната долговечност. Од друга страна, инцестот е забележан кај животните, а особено кај шимпанзата кои според Дарвин се наши далечни братучеди. Така што инцест проблемот не се избегнува ако некој одлучи да верува повеќе на Дарвиновата приказна, со таа разлика што Библијата има објаснување зошто инцестот не бил проблем во почетокот на човештвото. Луѓето се создадени со слободна воља, со воља да избираат добро, но воља да избираат и зло и да си ги сносат последиците од тие избори. Според Библијата, луѓето уште во почетокот паднале во гревот и сега ги жнееме последиците од гревот, но и ја дополнуваме мерата со нашите сопствени (деструктивни) гревови. За тоа што се раѓаат луѓе дури и со вродени болести не е виновен Бог, туку човекот. Секој човек се раѓа со вродена смрттност која е резултат на гревот. Значи ако не сакаш да родиш дете кое ќе биде подложно на болести и ќе заврши со смрт (порано или подоцна), решението е да не правиш деца. Не. Тоа лесно се докажува со мало истражување. Секако дека потребно е и човекот да биде без предрасуди и со отворен и критички настроен ум. За жал, можеби примети, дека дури и на форумот има многу верници кои се верници во својата религија само затоа што нивните родители биле од таа вера - спротивно на праксата на првите христијани кои морале да се откажат од верата на своите предци и од пагани или Јудејци да станат христијани. Првите христијани (и вистинските верници денес) одлучувале дека е поважно да се следи учењето на Исус Христос, отколку верата на своите предци. Јас не го игнорирам, дури и се согласувам за ова со Хиченс. Сепак јас мислам дека има многу многу повеќе докази дека постои Господ и тој го создал Универзумот и животот во него, отколку што има докази за атеистичката теорија дека се настанало така случајно преку слепите сили на природата. Еве ти уште една една серија на научни докази за Божјото постоење. Истото може да се каже и за „атеизам на празнини“ т.е. „atheism of gaps". Еве на пример ти погоре постави прашање: „Ако господ има бесконечна моќ, зошто не сме перфектни?“ Потоа зборувајќи за сериските убијци ти праша: Дали се тие виновни за нивните убиства ако неможат да го сватат тоа?“. Потоа ти праша зошто некои се родени и веднаш добиваат смртоносна болест како рак, а некои пак се родени во африка ни криви ни должни умираат иако нивните родители ништо лошо не направиле? Овие се валидни и добри прашања, но сепак многумина немајќи одговор на овие прашања т.е. од аргументот на незнаење изведуваат заклучок дека Бог не постои. Гледаш како и двете страни ја прават истата грешка? Сепак, многу верници, меѓу кои спаѓам и јас, не ги извлекуваат своите заклучоци од празнините во науката или теологијата, туку баш од она што е познато т.е. од откриените факти за реалноста. Оффф имам многу забелешки за тој „експеримент“ и мислам дека во глобала е смешен. 1. Смешно е да се тврди дека Бог ќе дозволи да биде ставен во епрувета и да му прават вакви тестирања со цел да го докажат или негираат Неговото постоење. Ако сакал Бог на ваков начин да му се објави на целиот свет, тоа ќе го направел одамна. Сепак тој суверено одбрал поинаков начин на кој сака да им се објавува на луѓето. 2. Немаме никаква информација за тоа каква вера имале луѓето кои се молеле. Можеби биле онакви традиционални верници (на исто рамниште како и атеисти) кои едноставно читале молитви од некаков молитвеник. Таквата молитва има исто влијание како кога и атеист си пее некаква песничка. 3. Има големи шанси и експериментот да е правен тенденциозно, како и многу други експерименти. Еден мој пријател вели: Постојат 3 типа на лаги: Злонамерни лаги, бели лаги и статистика. Интересни игри со зборови, но не се согласувам со овие равенства. Христијаните имаат поинаков поглед кон природата на Господ и Тројството. Ми се допаѓа како критички размислуваш и би сакал да те мотивирам да истражуваш на темата христијанство, но не само од атеистички сајтови и книги, туку дади си шанса да истражуваш и од добри христијански сајтови. И јас бев порано атеист. Да бев и се уште сум голем љубител на природните науки (со бројни државни и меѓународни дипломи и признанија по математика, физика и астрономија). Сепак многу христијански научници и доктори по наука ми помогнаа да сфатам дека христијанската вера не се коси со науката и дека всушност се добри сојузници и пријатели. Искрено се надевам дека и ти објективно ќе истражуваш и ќе дојдеш до истиот заклучок. Поздрав!
"Научни докази" Го прочитав целото ова, и се што сака да каже е дека шансата за жив свет да настане е екстремно мала.Па се разбира дека има смисла, гледаш ли друг живот на други планети? Исто така иако не е целосно објаснето причината за настанување на животот е поради абиогенеза. Првата фаза за создавање на амино киселини(киселини кои се јавуваат САМО кај живите организми и се коцките кои го градат живиот свет е докажана дека се јавила природно со експериментот на Милер-Уреј . Овој експеримент ја рекреирал атмосферата на планетата земја каква била пред да има живот, таа во која немало воздух, а не земјата пред 6000 години кога Господ ја создал. Напрај ја шансата за живот на планетата земја 1 во 10googol сепак тоа значи дека има шанса само да се случило.Тој број само ќе ја намали шансата за вонземјани од наша перспектива. Ти како човек имаш 1:20.000.000 шанса да настанеш а останатите сперматозоиди умираат. 1.Би сакал да знам од каде ја извади оваа информација? 2.Ах се разбира библијата погодила неколку пророштва што само биле зададени нејасно и после некој подолг период некои се случиле, а само да ја видеш листата на колку пророштва Библијата не погодила. Исто така за многу религии имаат погаѓано проштва кои исто така се зададени нејасно, но ти како Христијанин ги отфрлаш. 3.Па тие биле "првите" христијани, и се разбира верувале дека ќе одат во рајот бидејќи го шират Господовото постоење. Добро, а на сите места во кои бил спомант, бил спомнат за овие работи(извадено од википедија): Исус бил крстен од Јован Крстител. Тој имал своите ученици. Тој имаше контроверзии во храмот. Исус беше распнат од страна на Римјаните во близина на Ерусалим. Исус е Галилеец. Неговите активности се ограничени на Галилеја и Јудеја. По неговата смрт, неговите ученици продолжи. Некои од неговите ученици биле прогонувани. Не гледам маѓии овде. 1.Разумот/умот и потсвеста се продукт на Мозокот.Прочитај што е тоа лоботомија и ќе сватиш дека можат тие работи да ти се отстранат. Или прочитај што е тоа Алцхајмерова болест. Ако неможеш да замислеш нешто што постои, незначи дека не е точно и брадест дедо во небото ти го дал. Пример неможеш да замислеш нова боја, но има животни чиј вид дозволува да гледаат повеќе бои за разлика од нашите 3(и нивните комбинации). 2.Мојот одговор на првото го негира второто. Не постојат 4200 религии?Еве повели ти ги сите со се линкови.Можеби и повеќе се . -нема докази -нема докази -нема докази -тоа е нешто што обичните луѓе го направиле бидејќи христијанството е најголемата религија. -добро Ни двете не се "Научни бајки" . Еволуцијата е дефининтивно нешто.Имаме Мутации,имаме Адаптации,имаме природна селекција.Само ни требаат милиони години, или да ги видиме промените од минатото.Чим спомна "Научни бајки" за коските од нашите предци и коските од диносаурусите, тешко ми е да верувам дали ти воопшто си прочитал нешто за Еволуција.За абиогенеза не се повторувам прочитај погоре што кажав.И не ја вади пак картата"Реткост е, тоа значи невозможно е!" Тие бројќи можеби се преголеми, ама треба исто така да ставиш во предвид дека земјата не е стара 6000 години, туку ~4.540.000.000 години. Ако не друго, ти повеќе ме тераш да мислам дека вонземјани не создале него господ. Се слушаш ли? Ное не живеел 200 години, тој бил од самиот почеток па до крај и целите 150 дена во поплавата жив. Да те потсетам дека постојат 10 милиони копнени животни, (20 милиони, бидејќи се во пар).Но во библијата исто така вели дека Ное ги земал и сите птици.Исто така велиш дека градбата е не е комплексна но имала кафези?Ако успееш да пловиш со брод 5 пати поголем од Титаник кој има ~20 милиони животни за 150 дена, да игнорираме како ное ги земај, ете господ му ги дал. Дали ова ти звучи рационално? + Нема никакви докази за поплавата. Продолжува....
Место сам да си ги провериш овие одговори, ти ги земаш од овој сајт без да ги осигураш одговорите. Добро, ајде според тебе Адам и Ева биле перфектни, иако Ева е дел на Адам.Но децата на нивните деца нема да бидат бидејќи се создадени од меѓусебни гени. Инцестот настанува помеѓу Еднакви гени кај луѓето. Не мешај други животни, бидејќи не објаснуваш ништо со тоа.Сакаш да кажеш дека инцест не постои? Ако сакаш можеме и да го скокнеме ова, бидејќи инцест пак се случил и кај арката на Ное. -_- Добро значи децата на Адам и ева отишле во Азија, Америка, Австралија со примитивни начини, подоцна да бидат откриени од нивни роднини, но не смениле! Тие од кина добиле различни карактеристики и имаме и црнци, како да има некаков вид на еволуција тука. хммм Но господ знае се.Со тоа и иднината, тој ни дал слобода, но знаел се што ќе направиме.Убава логика, брат. Не на што?Значи тој човек, не се молел на господ, и ги кршел неговите заповеди. Ах да, речиси сите луѓе пред нашата ера.Епа кој ги е** нив требале да се родат после сите волшебни маѓии што господ ги направил да му докаже на народот колку е силен и да ја даде неговата "Перфектна" книга. Bandwagon логичка грешка.Тоа што прават сите, тоа и јас и тоа е точно! Сеуште не гледам разлика помеѓу Библијата и обична бајка без автор. Неможеш да се "согласиш" ако единствениот доказ е една страница која чисто постоење е да докаже дека господ постои и во неа се извадени некои бројки од кузнај ми какви математичари дека е многу ретко да се создаде живот без помош од нешто.НО СЕПАК ИМА ШАНСА. Ама не ја правиш разликата помеѓу двете.Вие нема никогаш да имате одговори на овие прашања, а товарот на докажување лежи на вас бидејќи вие давате позитивна.Кај Бог на празнините, таа празнина се стеснува се повеќе и повеќе, а кај Атеизам на празнините е константна.Со тек на време која ќе победи, се прашувам? Треба да дадеш причина зошто не се согласуваш бидејќи тоа е вистината. Ако не ти се верува експериментот со молењето имаме илјадници други направени.Во никој, тие што се молеле имале некои значителни големи проценти на успех.Ти сакаш да веруваш дека твојата религија е вистинита, ги игнорираш луѓето кои денешно време тврдат дека нивното молење помогнало и веруваат во тоа, а тоа всушност само им дало лажна надеж.Никогаш не си погледнал накај религијата со скептички поглед, тврдиш дека си бил атеист, но мене не ми се верува тоа. Ми се допаѓа како критички размислуваш и би сакал да те мотивирам да истражуваш на темата атеизам, но не само од атеистички сајтови и книги, туку дади си шанса да истражуваш и од добри атеистички сајтови. И јас бев порано христијанин. Да бев и се уште сум голем љубител на природните науки. Сепак многу атеистички научници и доктори по наука ми помогнаа да сфатам дека атеизмот не се коси со религијата и дека всушност се непријатели. Искрено се надевам дека и ти објективно ќе истражуваш и ќе дојдеш до истиот заклучок. Поздрав! ___________ Направив една грешка на првиот одговор, но ми истече 30мин време за редактирање. Сакав да кажам дека немало Кислород, не воздух.
Докинс да, типот е сериозен научник и сериозен логичар, за респект. Хиченс од друга страна, тешка да му е црната земја, беше алко-гомце, софистицирана верзија на овдешните партиски сендвичи, нула од човек, дно.
@EvAngelos Рака ти пуштам за исцрпните и коректни одговори,се сложувам со се освен дека Православието не е правото христијанство ама мој совет,не се мачи да дебатираш напразно со закоравен атеист
Коректни? Не. Исцрпен? Повеќето од одговорите се буквално копирани од тој православо христијанскиот вебсајт. Изгледа дека не си ги прочитала моите контра одговори или не се слагаш со нив.Игнорантна си и твоите бајќи сакаш да се дел од реалниот живот. И јас сакам летачко чудовиште направено од шпагети ама нема.
Уште ли се мачите да му реплицирате? Мене не ми е јасно зошто му е дозволено да става вакви слики во потпис, мислам дека барем потписите можат да бидат контролирани - кога веќе ништо друго не е.
Не се трудете на некој да му докажете за постоењето на Бог , самиот Бог ке го натера да поверува но пред да поверува сигурно ке ми даде некои животни лекции низ кои мора да помине, никој жив не може човек да натера да поверува во нешто .
Ах да се што е негативно во мојот живот е казна од православниот Јехова. Никој жив неможе да ја полни главата на нормален здрав човек со фантазии и бајки без докази како животот настанал. Ако господ сака да знае народот за неговото постоење доста сум сигурен дека може да направи нешто со неговите бесконечни моќи.Тој ни дал слобода, но може ипак да не обавести дека постои без да ни ја тргне слободата. Моите контра одговори си се на место, па сепак треба да ја бранам мојата причина зошто сум атеист. И за разлика од вас, не ве навредувам, само сакам да се освестите дека верувате во бајки. Да не е погрешен мојот потпис?Ако ти не го сакаш игнорирај го. И онака поголем дел од моите коментари се за теми каде што се збори за атеизам. Ако си тука, или збори за атеизам или докажи зошто атеизамот е погрешно верување. Не се буни бидејќи моето верување не е исто со твоето.
А твојата цел на форумов која е?! Да просветлуваш теисти оти одбрале погрешно, па да станат атеисти, да бидеш месија?! Зошто да наметнуваш мислења, т.е да убедуваш некого во нешто?! Зошто да освестуваш некого воопшто?! Секој за себе одлучува. Држи се до твојот став и брани го. Во ред е да дискутираш. Ама не и да ги разубедуваш тука членовите. Всушност, продолжи. И онака ти е џабе.
Џабе?Баш интересно ми е.Не наметнувам со сила, туку сакам вие самите да се запрашате дали стварно животот е измешан со маѓии, бидејќи не, не е.И онака можете само да ме игнорирате, не ве спречувам. И јас тука почнав со 16 прашања за да ви ги видам одговорите и да им дадам контра одговори зошто не сте во право.Но според вас ова ви изгледа наметнување.