Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Супер. И мене ми е интересно да те читам. ;) Не реков јас дека наметнуваш. Ами прочитај се погоре. Ти си типичен атеист кој се обидува да ги просветли верниците дека Бог не постои.
     
    На Dim40 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Тоа се вика анти-теизам.

    Многу брзо пишувам и правам многу граматички грешки и лошо форматирани реченици ако не примети до сега. Навикнат сум вака бидеќи на сајтови како редит што многу долг период користам можно е да се редактира во период од 6 месеца, што е многу повеќе од 30 минути.Но се надевам дека можете да го сватите мојот текст.

    Ќе се подобрам со тек на време.
     
  3. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Зарем не е моќ изборот кој ти го дал бог да избираш сам една од моќите на бог , незнам за какви моќи ти зборуваш а не си свесен за моќите што ни го дал бог, не си свесен затоа што ти тие моќи си ги имаш замислено како во цртаните филмови и нагионичарите:)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Нашата способност да мислиме не е моќ, туку способност на мозокот. Единствената разлика помеѓу луѓето и останатите животни е размерот на нашите тела со нашите мозоци.

    Имагинациите не се моќи.

    Моќите на бог ги кршат законите на физиката.

    Ако ја имаш читано библијата ќе знаеш колку е моќен бог.
    Зошто нешто со бесконечна моќ се крие? Нели тој го создал целиот универзум за еден ден? А останатите 5 дена ги посветил да ја направи планетата земја. Ја расечил водата на два дела, целата планета ја поплавил, направил грмушка да гори и да збори од огнот,сите деца да ги убие ако куќите не се означени со крв, водата да ја направи крв, да создаде инсекти под негова контрола, стап да стане змија, вода во вино, бесконечно риби, да се врати од мртвите, и што ли уште не.

    А неможе само да не обавести дека постои? Туку напраил книга од пред 2000 години која почнала да се шири кај сиромашните и простите во тоа време.

    За разлика од цртаните филмови и маѓиниочарите јас знам дека тие не се вистински, а вие верувате во Библијата дека е вистинита од збор до збор.
     
    Последна измена: 18 јули 2017
  5. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Одалеченоста на сонцето и земјата креаторот ги створил толку прецизно за можеме да опстанеме тука на земјата ни подалеку би поблиску точно каде што треба е сонцето и земјата , мислиш тоа е случајно е па мислиси што сакаш ама ништо не е случајно , и затоа се вика бог , ако имавме ние толкава интелигенција и совршеност ние ке бевме бог .Зошто се разликуваме ние љуѓето од животните и таа моќ ни ка дал бог да бидеме умствено над нив и сме створени според ликот на бог
     
    Последна измена: 18 јули 2017
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    Невозможно е атеист да убеди верник дека Бог не постои. Невозможно е и верник да убеди атеист дека Бог постои. Залудно пишувате и едните и другите. Животот самиот ни го покажува одговорот на секој од нас.

    П.С. Треба ли сега да отвориме тема Причини да се биде верник?
     
    На Rama, crimson, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Анти теизам е борба против организирана религија. Со која цел го правиш тоа?! Не ми ја разбра поентата во првиот коментар. Сакав да кажам дека џабе се обидуваш да ги преобратиш верниците. Се додека луѓето следат една рамка за морално однесувања (која денес е изместена) не гледам причина да го оспоруваш Бог. Некој така си ја пронашол смислата во животот. Мене на пример, посебно ми е мило за таквите луѓе. Оти јас го двојам научното од духовното. И правам баланс.

    Што би било ако сите се атеисти и ја искорениме Библијата засекогаш?! Ќе остане ли нешто во кое човек ќе може да верува, а да не биде наука?! Бидејќи, ако гледаш критички на Библијата, со доза скептицизам, како што неколку пати се изјасни, не можеш да тврдиш дека Бог не постои. Туку треба да имаш аргументи за и аргументи против неговото постоење.

    Да не ме сфатиш погрешно. Секогаш сум на страната на науката и не велам дека во истата не треба да се верува. Ами зборувам од филозофски аспект, за духовното.

    Ако тргнеш од времето на Римската империја на пример, ќе видиш дека Библијата прилично добро опстојува и ги надминува сите атеисти и агностици. Па дури и современите. Библијата е фасцинантна книга. Не можеш да го оспориш тоа, па дури ни тогаш кога ја нарекуваш бајка. Всушност, има ли книга која не е убава?!

    Човекот има можност сам да го одбира патот во животот. Да се гордее или срами за своите постапки. Не е во ред да му го одземаш правото за истото. Во што ќе веруваш, е твој избор. Не биди до толку наметлив и закоравен атеист, анти теист, скептик или што и да си. Аргументирај и со факти егзактирај. Не убедувај. Иако, ти кажав, џабе ти е, освен што ти е интересно.
     
    На Rama и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Кога можат верници да шират верска пропаганда и сето тоа да се прифаќа како нормално на форумот, коректно е да не реагирате на постовите на атеист кој решил да биде поактивен. Ако не сакате да делувате дискриминирачки.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Случајно сме ние над животните ? Сигурни сте во ова? Јас не би рекла
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Анти теизам значи повеќе како одбијност кон религијата и нивните верници.

    Кога ке се искоренат сите религии светот нема да биде многу сменет, само ќе немаме религиозни војни.

    >Всушност, има ли книга која не е убава?!

    Да, таа што ги тера луѓето да веруваат во неа како да ја кажува вистината и не се заснова на факти.Како библијата и..
    Во Америка постои една религија која се вика "Scientology" човекот кој ја направил сам си кажал "Најлесно да станеш богат е да си направиш религија".Моментално е најскапата религија во светот, над 13.5 милиони луѓе се верници и еден од нив е Том Круз.
    Под најскапа мислам над 6000$ за лекции и што ли уште не.А зошто е толку скапа ќе се запрашаш?На почеток е ефтино и ги учи луѓето за душата и умот, но подоцна за се понаредни лекции цената се дуплира.Многу луѓе и се самоубиваат кога ќе дојдат до третиот степен, но зошто?кратко кажано:
    Интергалактичкиот вонземјански господар Зену ловел вонземјани низ универзумот, кога ги фатил ги замрзнал и ги ставил во неговата машина за двоење на душата и телото, но нивните души биле валкани па ги ставил во друга машина за чистење на души, потоа ги ставил душите во топови и ги испукал во земјата.Така човекот почнал да мисли.
    Но ако сеуште не се откажуваш не се секирај бидејќи постојат уште ~20 степени.

    Дали тебе ти изгледа оваа "Библија" рационална?Луѓе веруваат во ова и ги даваат сите пари што ги имаат.Нив ги учат дека се на интернет е лага за да изгледа дека оваа религија е глупава.Гледај го ова видео за жена која голем дел од нејзиниот живот го посветила на оваа религија.


    Оваа религија е ништо поразлична од Библијата, само оваа е модерна а библијата е 2000 години стара.


    Да, не сме случајно, на нашите предци им требало интелигенција да опстанат и затоа со тек на време сме евоулирале поголем мозок.Орангутаните на пример се помоќни од луѓето, затоа не им треба голема интелигенција како нашата.Мајмуните се многу побрзи и жилави.Тоа е исто како зошто предците на змиите деевоулирале нозе, за да имаат моќен отров.Комодо змејовите се на средина, имаат слаб отров и нозе.Овој документарен филм убаво објаснува се за еволуцијата на змиите и нивниот отров.

    Но интелигенцијата на крај победува во рамките на еволуцијата.
     
    Последна измена: 18 јули 2017
  11. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Чекај, сакаш да кажеш дека човекот е супериорна единка на планетава? Планетата е еднаква за сите. Секој живот е подеднакво вреден. Не сме над животните да ти одговорам.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    @Dim40 што ти се случило па си вака огорчен? Човек кој си е среќен и задоволен со себе нема потреба да пишува по форуми вакви работи.
     
    На Rama, LegallyBlonde13, LUCI 99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Глувците се суперирони единки на планетава :wasntme:
     
  14. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Срцка
     
  15. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Кој рече дека не сум среќен и задоволен со себе?Јас не сум среќен во тоа што вие верувате.Игнорантни сте.

    Лебарките се посупериорни од глувците.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.798
    Пол:
    Женски
    А што проблем имаш ти со моето верување?
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ех, колку супериорниот човек инфериорно би се чувствувал, налетувајќи на лав сред афричка жега, гладен волк во шума, ајкула додека си плива во море, збеснат чопор кучиња...
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Зборам умствено а не физички , имаш ти видено фабрика а директорот да е лав врботените нилски коњи и други животни? Или професорка жирафа и тн. Дај прајте луѓе разлика измеѓу физичкото и духовното, зато и бог неможете да го разберете бог е духовно нешто како љубовта што неможеш да ј видиш така бог неможеш да го видиш можеш да го осетиш
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Не реков дека животните не се вредни туку духовно човекот е над сите има дар да зборува повеќе јазици да создава нови нешта што животните не можат да смислат, ако бевме исти со животните ке соработувавме заедно во фирма:D дај свати што сакам да ти кажам ептем е треба да ти нацртам па да сватиш.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Глувците се само физичка проекција на суперинтелигентни суштества од друга димензија. Тие ја купиле Земјата од Магратеа, со цел да го најдат прашањето за ултимативниот одговор за животот, универзумот и се.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.