Самите животни си се доволно паметни за самите себеси.Луѓето се паметни но на пример им недостасуваат многу нешта што другите животни ги имаат.Не можеме да мирисаме како куче,не можеме да гледаме во темница како мачка или лилјак,неможеме да дишеме под вода, неможеме да живееме подолго од желка, неможеме да гледаме ултра виолетови и радио зраци, неможеме да летаме,неможеме многу нешта да правиме, бидејќи не ни требаат и не сме ги еволуирале. И од сите интелектуалноста е најсупериорна и најкорисна од сите останати, а зошто луѓето ја имаат?Бидејќи тоа баш им требало на нашите предци за да опстанат. Не не тропам глупости, љубовта кон децата е хемиска реакција на окситоцин и васопресин. Кај сексот љубовта настанува со хемиска реакција на тестостеронот, естрогенот и допаминот. Кога имаш намалена продукција на допамин на пример, нема да чуствуваш љубов како сега. Твојата игнорантност се гледа од еден километар далечина. И ова го велиш како мајките шимпанзи не ги сакаат своите деца. Прочитај повеќе за Љубовта на википедија. Како прво, вербата во тоа што неможеш да го докажеш е безвредна.Жилетот на Хиченс вели "Се што може да се тврди без докази може да биде разрешенo без докази". Така да без докази, ти си веруваш во стара книга без автор , и нема никаква разлика од друга стара книга без автор.Има 4200 религии, зошто баш оваа?Дали е тоа бидејќи твоите родители те учеле?Исто што и децата ги учат да се самоубиеш правиш добро за Алах?Која е разликата?Не ми збори за морали. Како второ екстремно лошо ја гледаш Науката како "Некому се му е нацтано".Јас верувам во нешта што можат да се докажат, што имаат смисла,што можат да се репродуцираат, што можат да се истражат,чии равенки се секогаш точни.Да нацтано ми е, но дали сакаш да кажеш дека ги потценуваш сите луѓе со илјадници години што се обидувале да дојдат до денешно време каде се е изџвакано за тебе?Значи им ја потценуваш нивната работа, без нив ти ке бидеш никој и ништо.Тие допринеле за се што имаме сега.И ги игнорираш нивните објаснувања и откривања, и само си ја прифаќаш оваа книга пред 2000 години?Сите апаратури,лекови,школата што ги имаме денес, се тоа за тебе е безвредно?Да се засрамеш. >И не е дека атеистите не сакаат да постои Бог, туку не сакаат да веруваат. Не, не не не не не не.Јас напротив сакам господ да постои, сакам да одам во рај. Но не верувам во бајки без докази.Имам многу долго време престојувано во онлајн атеистички заедници, и никој не се слага со ова што го тропаш- буквално.
Види вамо, пази како ми се обраќаш! Немој ти мене безвредна ти е вербата, да се засрамиш во што веруваш, а во што не. Јас во што сакам ќе верувам. Ти не си НИКОЈ и НИШТО за да ме разубедуваш. Е сеа тоа што тебе не ти одговара во што верувам тое е твој проблем. И тоа што многу време си киснел на атеистички сајтови ја оправдува твојата огорченост и нормално дека ниеден атеист нема да се сложува со моето мислење. Затоа што не сум атеист. Има логика нели? И никаде немав навреди упатено ама изгледа некој не е евулирал и не знае да се справи како човек, него има мајмунско понашање. Така нешто одеше твоето верување? И во истиов момент да си престанал да цитираш.
Човековата супериорност во однос на останатиот жив свет ја цениме според нашите субјективни, антропоцентрични аргументи. Дали другите животни би се сложиле со нас, можеме само да нагаѓаме. Најверојатно ние на нив им изгледаме инфериорно - со нашите работи од 9 до 5, парите, загадувањето на околината, смешните и нелогични општествени норми и ограничувања. Наместо да го живееме животот, ние работиме за да имаме што да јадеме и каде да живееме, и тоа кога природата веќе ни дала сѐ што ни е потребно. Наместо да сакаме, бидеме сакани, да водиме љубов и да уживаме во животот, ние се ограничуваме и воздржуваме, затоа што оној кој го сакаме е од друга нација, раса или вера. Наместо да соработуваме и живееме во заедништво, како сите други животински видови, ние се мразиме, си завидуваме и се убиваме едни со други. Навистина сме супериорни, нема што.
Добро нема да те цитирам.Тоа не ја прави твојата верба вистинска во никаква смисла.Уште немам видено докази него сите верници до сега или ја вртат темата со филозофија или други небитни информации или даваат лажни и невистини информации.Можам да го кажам истото за тебе, ти сигурно си киснела со мисли за господ, со молитви и што ли уште не.За разлика од тебе и јас сум бил гушен со православната библија, јас исто така (се обидов) да бидам и муслиманин за одреден период и го имам читано Коранот , но не целосно, оваа книга не ја препорачувам на никого.Полна е со буквално неточни информации и поддржува педофилија. Твојата тврдоглавост и тврдоглавоста на сите овде не е нешто што треба да бидеш горда.Твојот поглед кон животот е едно димензионален.Знам дека неможам да те сменам, само те набљудувам до колку ти е полнет паметот со религија.Brainwashed 100%. >нормално дека ниеден атеист нема да се сложува со моето мислење. Повторно си твдоглава и немаш поима што збориш, ти си изгубен случај.И даваш неточни претпоставки, како денес првпат си слушнала за атеисти.Можеше и обично да ме игнорираш, ама ти си знаеш. Твојот гнев на ја оправдува причината зошто си христијанин, само си butthurt бидејќи неможеш да ја прифатиш вистината. Наука буквално значи "да знае, да научи" и се заснова на факти место фикции.Ти си моментално на "Причини да се биде атеист" и јас ти ги давам причините ама ти дефинитивно ги скокаш и потоа си нервозна што ти го навредив твоето бескорисно верување.Само лажна надеж, жал ми е.
Не ги скокам него не ги прифаќам. И да горда сум што сум верник. И добро е што знаеш дека не може никој и ништо да ми ја смени вербата.
Тоа е мојата поента што сакам да ја направам.Ти НЕ ПРИФАЌАШ ФАКТИ.ФАКТИ ЗНАЧИ НЕШТО ШТО Е ТОЧНО.треба да се повторам двапати?Барем си знаеш каков карактер си со твојата тврдоглавост.Јас со сила никој не терам, бидејќи ни неможам од таа тврдоглавост.Јас иако на неколку пати изгледа дека наметнувам атеизам, сакам вие самите да дојдете до заклучок.Биди горда, добро.Луѓе можат да бидат горди и на лаги. Уште те немам слушнато да си ја браниш вербата. Овие 4 филозофски Жилети ви ја распарчуваат вашата религија: Жилетот на Окам:Кога ќе се постават хипотези, хипотезата со најмалку претпоставки се користи. Жилетот на Хичкенс:Се што може да се тврди без докази може да биде разрешенo/одбиено како вистинито без докази. Жилетот на Алдер:Ако на нешто неможе да се направи експеримент или да се набљудува нема причина да се верува/дебатира. Стандард на Сеjган:За необични тврдења треба необични докази.
Едноставно е, не верувам дека постои. Не сум се разочарала, не се плашам, не сум дете на сатаната, само не верувам. Како тоа не сакаат да веруваат? Зошто би сакала да верувам во нешто за кое мислам дека не постои?
Тоа е само лоша претпоставка од човек кој незнае многу за атеистите и атеизамот. Многу ми е жал зошто никој не го чита тоа што сакам да го докужам туку го игнорираат тоа, не го прифаќаат и продолжуваат да веруваат во бајки.Сите религиозни луѓе до сега:
Малку ми е чуден насловот на темава, како тоа ‘‘причини да се биде атеист‘‘, кога сите се раѓаме атеисти, пологично е да има тема ‘‘прчини да се биде верник‘‘. Едноставно потребна е причина за да поверувам во нешто, до сега илјадници години колку постојат денешните религии во светот, ниту една од религиите не се докажала како логична, ниту некој успеал да докаже постоење на било каква виша сила која раководи со нас, не казнува и не наградува во текот на животот, согласно нашето однесување. Атеист сум од раѓање, никогаш не поверував во прикаските за дедо боже, иако сум растена во семејство со поделени мислења и убедувања, татко ми атеист, баба ми исто (на татко ми мајка), мајка ми верник (во некоја сила демек), другата баба атеист (на мајка ми мајка), е само дедо ми си беше верник и си правеше слава со поп, со сите адети, така мајка ми и дедо ми се обидуваа да ме сторат верник. Мајка ми имаше голема желба да ме крсти, од како памтам за себе ми викаше, ‘‘ајде да те крстиме, ќе биде како роденден, ќе ти носат подароци..‘‘ ова она... а јас ѓаоле, ни да чујам, нејќам викав, никако, господ не постои, а уште во градинка одев, не сакав цркви, попови, црковни песни, молитви и такви работи, самиот мирис на црква ми правеше да ми се лоши, од мала тоа ми изгледаше толку досадно, толку непотребно во мојот живот. @Dim40 За овие што викаш дека не прифаќаат факти. Џабе ти е, Џ А Б Е, имав една колешка на факулетет и додека студиравме актуелна беше ‘Кодот на Давинчи‘‘, јас ја прочитав и и ја препорачав на неа, е знаеш ли каков одговор добив... ‘‘јас такви книги кои што хулат на бога не читам‘‘... и така. Е тоа ти се вика коњ, само право, како каже холи бајбл така.
Пак мешаш баби жаби море чоек кој рече дека животните не се доволно паметни сами за себе доволно , оти не сваќаш дека ти зборувам за интелигентноста на човекот ви споредба на интелигентноста на животните значи не зборувам за животниот век на желката во споредба со животнит век на човекот , немаш аргументи па ги вртиш зборовите,и за лубовта не ти побарав формули туку те прашав дали си ја видел некаде љубовта , пошто сакаш бог да го видиш па да веруваш во него, и не ги извртувај прашањата те молам ако немаш одговор.
Јас незнам што бараш од мене.Човекот има развиена интелигенција која е подобра од интелигенцијата на останатите животни, и тоа е се.Човекот е сепак животно кое еволуирало подобар мозок од мозоците на другите животни.Интелигенцијата е едно нешто од многу што животните можат да го поседуваат. Ако не збориш за хемиските реакции во мозокот што доведуваат до чуство на љубов јас незнам што сакаш да кажеш овде.Да ја видам?Па се надгледува како човекот реагира, не мозокот.Бидејќи мозокот го контролира човекот. _____________ @RedRevolution Се, се слагам со тебе, ајде барем ќе се обидам, можеби ќе станам пак теист.Кај мене сите од фамилија се религиозни. Како велат "Бев христијанин се додека не ја прочитав Библијата".
Прашањето ми е зошто баш човекот еволуирал подобар мозок а не некој од другите животни? Дали е тоа случајно според тебе?А за љубовта те прашав дали си ја видел некаде пошто ти сакаш бог да го видиш па да веруваш во него , е сега како што љубовта не се гледа се чувствува така и бог не можеш да го видиш туку можеш да го почувствуваш и не е бог некој старец со долга брада за кој си слушал , можеби си читал од библијата но дали си ја разбрал во суштина
Еволуцијата на мозокот кај човекот не било случајност, туку потреба за да опстанат луѓето, никое друго животно немало ваква потреба, затоа сме сами во рамките на оваа врвна интелигентност. Но ти веруваш дека Адам и Ева се првите луѓе и тука нема еволуција.Исто така бог неможеш да го почуствуваш.Сакаш да кажеш дека сите религии се вистинити?Бидејќи сите ќе ти го кажат истото.Сите го "чуствуваат" бог во себе.Тоа не е никаков доказ.Опсесијата кон нешто дава чуства се разбира.Добро, бог не ни може да биде старец со долга брада бидејќи е невидлив.
Морам да се замешам и би замолила да не се мешаат баби и жаби, прашањето ‘‘дали си ја видел љубовта‘‘ е глупо до бескрај. Сакаш да кажеш, бидејќи љубовта ја чувсвуваш а не ја гледаш, знаеш дека постои, па така демек и бог е невидлив но постои, глупост до глупост е тоа. Прво затоа што љубовта во својата основа е хемија и тоа е докажано, додека за верата нема научни докази, ниту пак светите книги имаат некаква логика, ниту нивното учење кое главно се сведува на задгробен живот, се со една цел, да ги држат луѓето во страв и покорност.
Ти реков, џабе се мачиш, не ни мораш со научни објаснувања да докажуваш на религиозните зошто сметаш дека не постои господ итн. Гледаш ли дека девојката со која дебатираш, не те ни разбрала што сакаш да кажеш во постот во кој кажуваш за животните, луѓето, разликите, интелегенцијата, еволуцијата, ти вика да не мешаш баби и жаби, а те прашува дали си ја видел љубовта. И да пристапиш со ненаучни одговори нема да те сфатат, затоа што не сакаат да сфатат, разбираш, така им одговара, да си бидат верници, да си тераат адети, да си одат во црква, и најчесто е тоа така затоа што мнозинството го прави тоа, а јас можам со глава да гарантирам дека 99% од христијаните во државава не се воопшто христијани туку само го сакаат чувството на припадност кон религиата. .
Па засекогаш ли да ќутат Атеистите?Засекогаш ли да постои Религија?Многу земји имаат експоненцијално зголемување на атеисти со тек на време, но македонија не толку многу.Ако оваа личност што не е способна да ме свати и несака да ме свати ако.Моите коментари вечно ќе стојат овде за секој што ќе го интересира да прочита.Македонија и Атеизам заедно е нешто екстремно ретко.Јас сум тој што работи на Македонскиот Википедија Артикл за Атеизам.Знам дека нема да ја убедам, но барем ќе се обидам да оставам отпечаток за идни генерации да можат да најдат нешто за атеизам на македонски јазик бидејќи има премногу малку.
Атеистите не ќутат, си кажуваме ние какво е нашето убедување, проблемот е на пример што сме маргинализирани во општеството, проблем е што мнозинството не осудува, како тоа ние не веруваме во господ, проблем е тоа што некои луѓе кои ме познаваат скоро цел живот сеуште за велигден ми викаат ‘‘ај христос воскресе‘‘ а за божиќ ‘‘христос се роди‘‘, намерно е тоа, а знаат дека сум атеист, јас само им враќам среќен нека ви е празникот, а што да им речам. И што има толку да се пишува за атеизмот, се знае која е дефиниција за атеизам, не верување во постоење на бог, ништо повеќе. Се трудиш да ги разубедиш, а при толку напредната наука, при толкави можности за образование, па и образовани луѓе, сеуште веруваат во господ, сеа ако им кажеш дека е до интелегенцијата ќе се навредат, а па не оди да навредуваш некого заради неговите лични ставови и убедувања, а уште помалку затоа што не е во можност да сфати одредени работи (поточно, не сака да ги сфати), пак е негова лична работа.
Па како што е глупаво тоа што треба да има докази и тоа да сакаш да го видиш бог за да веруваш во него затоа и јас поставив глупаво прашање , и мене ми глупаво тоа што треба бог да го видиш па за да веруваш.А ти имаш факти дека бог не постои?