ако правилно ја анализираш православната црква , ке видиш дека учењето е дека било што да ти се случи , самиот си крив (според слободата што ти е дадена) ѓаволот нема сила над тебе додека ти самиот не се откажеш од одбраната (господ) , има православната црква одговори за се“ , ама ти не сакаш да слушаш Си го видел Господ со некое сетило , ама не си сакал да го признаеш , бидејки си нашол „научно објаснување“ оти ти си многу учен и по науката ... Пак ке кажам Остани во тоа што си
Аха, значи фала што ми даде одговор дека твојот памет е наполно исперен со религија. Луѓето од Америка, пред да била откриена Америка од европјаните немале поима за Јахве, и се разбира ги кршеле неговите 10 божји заповеди.Ох не, штета кој ве учел таму да се раѓате, епа сеа хајт у пекол. Ако толку не и веруваш на науката, што користеш смартфон или персонален компјутер?Зошто пиеш апчиња?Животниот век на обичен човек бил испод 25 години пред да се развие медицината, а сега е 75.Но науката вели нешта што не се слагаат со оваа книга стара 2000 години што пере мозоци. Под "вели" мислам "кажува факти". Ти буквално не можеш да направиш разлика помеѓу Коранот и Библијата во вид на - која е вистинита. Православната црква нема одговори на ништо, само лажни надежи.Ти никогаш нема да се сменеш, и да сакаш нема да ја напуштиш православната црква.Се плашеш од пеколот, кога веќе си на правиот пат до рајот. Овие имагинации што ги имаш, мора да се вистинити, така?Ах, каква пропуштена личност си ти.
Бог е творецот на се видливо и невидливо, оној кој постои пред времето, одсекогаш и засекогаш. А од каде му се на човекот одговорите за овие прашања и идејата за карактерот на Бог. Се разбира од писмото во кое самиот тој се објавил, во 66 книги од писатели со најразлично образование и стручност, пишувани во период од 1600 години зборуваат за едно исто толкувајќи се мегусебно исполнувајќи пророштва многу порано запишани од збиднувањето. Да, Господ Отецот е и татко на Исус. Се вика "Јехова" што на еврејски би значело "Оној кој што е" или така некако. Не е Бог човек да ми треба посебно човечко име, во Библијата се појавува со неколку имиња, односно титули. Не настанал, постои од вечни времиња. Бог е бесконечен. Кога ќе ја сфатиш бесконечноста на времето, просторот, броевите (а тоа е никогаш) може ќе сфатиш како постои одсекогаш. Експериментот и законот на еден основоположник на науката (патем и верник) Луј Пастер докажува дека ЖИВО НАСТАНУВА САМО ОД ЖИВО. Дефиниција за наука е -науката е применета логика. Тогаш сложеноста и настанокот на живите организми (битија) само од живи наведува на заклучок дека мора да постои Живо Битие кое дава живот, кој го дал животот на Земјата. - Еволуционистите се сложуваат - "ако живо настанува само од живо (што е и докажано), тогаш животот мора да биде вечен во вселената" Пред да го изнесат ова тврдење, многу векови порано Библијата тврди - "постои Бог кој е вечен, и во минатото и во иднината."
Од каде си сигурен дека нешто како господ постои? Би сакал докази од каде знаеш дека тие 66 книги/Библијата кажуваат вистина. Луј Пастер бил роден 1822 година а умрел 1895 година, тоа се 52 години пред експериментот на Милер. Живот точно е дека настанува од живот.Но живот може да настане и од неживот.Би сакал да се едуцираш за абиогенеза.Не е нешто што научниците имаат абсолутно знаење.Но тоа што го знаеме денес е факт дека може да настане живот од неживот. >Кога ќе ја сфатиш бесконечноста на времето, просторот, броевите. Времето е релативно нешто, Универзумот не е бесконечен но се шири нон-стоп, броевите се измислени од човекот.Бесконечноста во математиката е само теорија. Постојат околу 10 на степен 82 атоми во универзумот - отприлика.
Здравје Боже, when you get laid, ќе бидеш сигурен. Ти си, пријателче, слика-пример за антихерој атеист. Од фаци како што си ти, подучени - недоучени, на човек му е срам себеси да се гледа како атеист. Не ме сфаќај погрешно, не си единствен, многу ги има како тебе, армија неуки атеисти. Затоа мораме ние што се срамиме од вас, да измислуваме дека сме Агностици, па лутаме по Будизам или едноставно стануваме арелигиозни. Како атеист, и сфати ми го муабетов најдобронаметно, треба да правиш јасна дистинкција помеѓу вера, верник и религиозен фанатик. Кога тоа ќе го успееш, ќе почнеш и да ги почитуваш сите оние кои одбрале да бидат верници или да практикуваат некоја вера. Ќе престанеш да хејташ just for the sake of it. Вистински Расел-тип атеист, има тон информации, но и уште повеќе разбирање за религиите. Кон проблематиката не пристапува единствено со Википедија листа на хемиски и физички експерименти, туку се разбира барем по малку и од филозофија на религија, филозофија на мисла, но и историја на религија во голема мера. Кога тоа ќе го имаш под себе, можеш да се наречеш добар атеист кој ја спознал вистината. Кога, пак, тоа ќе го спознаеш, поинаку ќе гледаш на религИИТЕ, на верата и на потребата да им наложиш на верниците да не веруваат во своите богови, туку да веруваат во атеистичките убедувања.
И јас може да се повикам на тоа дека сакам доказ дека живо може да настане од неживо. Од каде знаеш какво биле условите во тоа време, беше ли ти таму или некој. Има многу претпоставки тој експеримент дека баш така било, а нема докази дека така било. Има претпоставки (мислења на научниците) за тоа каде настанал животот. Претпоставката не е доказ. Освен животот човекот има и развиено рационана свест што неможе случајно да настане и информација во днк по која се изградува и функционира телото која пак секако неможе да настане случајно, а само во нечиј ум. Ако универзумот не е бесконечен, дали тоа повлекува и тврдење дека не постои бесконечност? А и што има зад местото до каде што е раширен универзумот? И сите научници не се сложуваат дека универзимот се шири. Ако бесконечноста во математиката е само теорија (а факс е дека постои и неможе човечкиот ум да ја сфати), ќе се повикам и на фактот што и биг бенгот и еволуцијата дека се само теории, без доволно факти и научни докази, а со многу празнини и нелогичности, ама полно мислења и претпоставки колку сакаш. Многу е наивно дури и смешно да се каже дури и отприлика колку атоми има во универзумот, во нешто на што не сме му го виделе крајот ако (воопшто постои), а не знаеме колку атоми има во една чаша вода. Отприлика нешто многу ми асоцира на некоја си претпоставка.
Затоа така чудни постови имаше низ темава, имам видено протестантски книџулиња на тема креационизам со слични писанија Е сеа протестантизам е широк поим, во него спаѓаат едно 2000 деноминации, може е Калвинист
Нема вистински и невистински атеисти, не мора атеист да се разбира во ништо од наведеното, не постои вистина која треба атеистот да ја спознава. Атеист не треба да познава историја на религија, да кажеме сеа да седне некој и да чита за Сикизмот. Не за друго илјадници ги има. Има и нова мода, која гледам дека ја пратиш, нешто као демек ни ваму ни таму, као атеист али поштовам јас брат религии, исламот е уствари океј али фанатиците се проблем, Исус бил кул типац, не хејтајте религии него разберете ги. Страшно е во 2017 да се има разбирање за ирационалниот свет на религиите. Луци(фер)99 шо знам, си викам да го привлечам во сектава наша...
Тоа се вика агностик. Или скептик. Секако има разлика меѓу двете. Ама мене на темава ми се чини дека атеистите се многу повеќе анти теисти, што е различно од атеист. Оти се обидуваат да наметнат мислење. Не генерализирам, секако.
Нормално дека постои разлика но таа не е секогаш јасна, пример кога атеист низ муабет настапува контра религија автоматски станува антитеист. Кога ќе заврши муабетот се враќа на атеизам. А тие агностиците се сомнителни некако...
А во која смисла сомнителни?! Мислиш на скептицизмот што го имаат кон докажување или не докажување на Бог?! Оти они сметаат дека животот е премногу краток за да го губат времето со едно или друго. Ниту веруваат, ниту не веруваат. Ама не бараат ниту докази за едното или другото. Јас сум скептик на пример по ова прашање. Сакам доказ. Ама секогаш кога добивам аргумент за, контрирам со аргумент против. И обратно.
Како тоа атеист не треба да се разбира во ништо од наведеното? Па како ќе знае дека е атеист? Или по истиот принцип по кој луѓе се теисти од различни религии, од раѓање. Шлапни му у графата, дедо му беше и он ќе биде! За да бидеш атеист треба да разбираш што е Бог и дали постои или не. Треба да размислиш и сфатиш. Да бидеш верник, од друга страна, треба само да имаш душа и да веруваш во нешто. Не ти треба доказ, не ти треба разбирање на нештата, не мора ни писмен да си. И... тоа што е страшно на темава во 2017 е да се нема разбирање за различностите и почитување кон верата на луѓето. Независно дали е христијанство, ислам, сикизам или конфучионизам. Ниту една религија не пропагира насилство, барем не во својата основа. Секоја религија е базирана на љубов, разбирање, толеранција и трпение. Луѓето кои ја користат религијата како изговор за посочување на различности и според тоа елиминирање на другите се оние кои се ирационални, не религиите сами по себе.
@turist Жилетот на Окам:Кога ќе се постават хипотези, хипотезата со најмалку претпоставки се користи. Ти всушност претпоставуваш дека се во Библијата е вистина, а немаш ни докази. Науката ги нема сите прашања, но според тебе некои научници не се слагаат со тоа што науката го тврди така да користиш логичка грешка "argumentum ad verecundiam" што вели дека стручното мислење на некоја експертна личност незначи дека е точна. Користеш и логичка грешка "argumentum ad ignorantiam" што вели дека исказот(Библијата) е точен, бидејќи сеуште ги немаме сите спротивни докази. Исто така слично на претходната користеш логичка грешка "God of the Gaps" која вели дека "Господ го направил ова" ќе се употребува се додека не се најде логичен одговор. Како прво, ако експериментот е успешен според дадената претоставка(хипотеза) тоа преидува во доказ експериментот на Милер бил успешен.Дали сакаш да кажеш дека претпоставка е исто што и неточна информација?ДНК-та на човекот настанала во таа што ја имаме денес после милиони години на еволуција.А еволуцијата е факт.Јас незнам што се обидуваш да кажеш во овој текст.Рационалната свест не е случајна, туку потреба на нашите предци да опстанат. Еволуцијата не е теорија туку факт.Биг Бенг има многу докази(Еден од нив е ширењето на универзумот) и е најлогичната причина за настанатокот на универзумот.Прочитај ги трите твои логички грешки што ги правиш погоре, пак. Всушност има пресметки, во една чаша со вода има 1.6 x 10 на степен 25 молекули на вода.
Е баш ова. Според членот што сите се обидува да не направи атеисти, ако не ги навредуваш религиозните луѓе не си атеист. Јас пак сметам дека е сосема непотребно јавно да се изјавува религиозната определба. Нели е тоа приватност? Не чувствувам никаква потреба некого да убедувам ништо во врска со религијата, ниту да се јавно искажувам дали верувам или не. Исто така ме интересира дали работи нешто @Dim40 , и ако работи - дали оди на работа на празниците што се означени како неработни денови "само за припадниците на православната вероисповед". Ако не оди, може да изеде се што исплука погоре - за џабе плукаше.
Јас имам 16 години. За одење на школо, не одам бидејќи наставниците не работат и самото школо генерално, и да сакам и да несакам, државен празник е.Јас напротив сакам да одам на денови каде што се неработни поради некој христијански празник, и не ми се допаѓа тоа што ќе се оддржат изгубените часови во саботи и тоа со скратено време.
16, супер, ги најдовме Витали неговото алтер его. Да ги пуштиме двајцата во една тема? На исто ниво им се дискусиите, иста возраст се, само што едниот е екстремно забеган во едната страна - другиот во другата. Сега ти го сфаќам стилот на дискутирање, до годините е. Тинејџерска инаетливост.