Кога ќе порасниш ќе сфатиш дека нема да ти е грижа што прави некој. @Dim40 Ја читам темава откако почна да пишувам и еве сега, ќе ти го кажам само ова, ти имаше избор да бидиш атеист, некој друг има избор да не биди. Избор е. Право на тој човек да избери што сака. А и што ти менува тебе ако некој друг верува? Ништо. Верувај, ништо. Ти си го живееш твојот живот, некој друг си го живее својот. Секој на своја страна. Едно е да изнесиш свое мислење, сосем друг е да го наметнуваш. Ова второто е напорно и некултурно. Се најдобро.
Абе Димчо Оставете го @Dim40 да порасне. Јас на 16 години размислував од каде ќе најдам оправдување во школо да не одам. Ама ако, убаво е да чита и да се едуцира. Него има време. Можеби додека порасне ќе стане теист. Никој не знае.
Темиве тука се еден вид на верска пропаганда која ми пречи, па никому ништо, јас не им зборувам на верниците да не пишуваат, го немам тоа право. Инаку, одамна ја надминав таа фаза на имање разбирање за религиозни убедувања на останатите од типот не се работи ништо по дома на ден лазарова сабота и слични глупости. Нема да се преправам дека ми се допаѓа инфантилната потреба од татковска фигура на небото или таму некаде во воздух, само за да продолжам да си имам фин муабет со некој и случајно да не ми се налути.
Добро, признавам дека една од причините што сум ваков е мојот раст, нема криење од вакви нешта.Очекував вакви реплики во самиот момент кога ја објавив мојата старост, но, јас не би се нарекол инаетлив човек во никаква смисла.Вам ви недостигаат докази за точностна на Господ, ама такви докази ретко да добиам ,и кога ќе добиам некакви, неточни се. Да те интересира светот и да го осознаваш каква е вистината не прави човек забеган.Забеган е оној што си фантазира некои невозможни нешта, ох да религиозните луѓе.... и луѓето што мислат дека земјата е рамна. Наоѓам уживанција во ова.И вие можете да си го живеете својот живот, ама се повраќате на темава и се разбира си го изнесувам моето мислење. Од кога "наметнувањето" на факти,докази и вистини е нешто лошо?Школата се еден вид наметнување, речиси никој не сака да учи се додека не биде наметнат да го прави тоа. Религијата е наметната на млади деца, бајки кои остануваат во мемориите на овие луѓе.Неможат да се откажат, бидејќи е тешко да прифатат дека целиот нивни живот бил лага.И згора на тоа имаат и став од маѓично замислено место наречено пекол и сообразноста ќе го јадат во мислите засекогаш. Тоа кажува зошто си сеуште теист.
Тоа беше шега. Ама разбирам, на 16 години е тешко да се долови вистинската суштина на нештата. Ако не се лутам. Не сум Љута ПАприка. Како што кажав, уште не знаеш да процениш што сум. Ами само на памет тврдиш.
@EvAngelos Јас сум фасцинирана... ваква дебата со атеист од нај закоравените немам видено ... браво !!! Обично тие бидуваат после големи верници т.е. животот така ќе ги научи...
Тоа го велиш како јас немам способност да направам "шега". Ти си најверојатно некој вид на агностик. Јас сум фасциниран како успеал да даде толку многу неточни информации.Прочитај ги моите конта одговори. >животот така ќе ги научи Не, случките во мојот живот не ја покажуваат вистинитоста на Бог и неговото постоење.Јас ако добиам рак, нема да биде ништо чудно. 40% од сите мажи добиваат некаков вид на рак во текот на нивниот живот без врска на тоа дали се атеисти или верници,добри или лоши. Никаква казна од невидливо суштество.
Конфесија или симптом? Дилема која збунува генерации и генерации свесни човечки суштества природно испровоцирани од својот разум да го земат или да не го земат пред вид оностраното. Она што не сум јас. Постои ли човек што не верува воопшто? Или ако сакате буквално, се родил ли на земјава човек сосема лишен од концептот за “бог” во најапстрактна смисла? Конечно и принципиелното отфрлање на теизмот, религиозноста, или идејата за “бог” не е само граматичка негација. Како инаку би се оправдало однесувањето на атеистите (материјалистите) врзано за погребите, градењето мавзолеи и почитувањето на покојниците, нешта што самите по себе се недвосмислен израз на вера во бесмртноста? Ако сме составени само од атоми без дух и логос, тогаш има ли смисла да ги почитуваме руините од бесмислени и бесловесни атомчиња кои не се повеќе она што биле - живи луѓе. Колизијата меѓу верувањето и однесувањето, како рецидив на некоја помината идеолошка мода сепак е евидентна и денес. Сепак - симптом. Само пред две децении сî уште живеевме во атеистичко општество. Каков анахронизам е оваа синтагма од денешна гледна точка!? Атеистичко општество. И не само тоа, туку и колку бизарно делува кога една општествена формација се дефинира со формата на некакво програмски еднообразно верување кое í се припишува на целокупната популација. Та ние денес не велиме дека живееме во теистичко општество, ако објективно демократијата која денес е во енергија (помалку или повеќе) е антитеза на претходниот општествен систем. Но, дали е сосема така? Ваквата скептична задршка секако не подразбира проста негација на негација од антикомунистичка провиниенција. Тоа би било дел од истата застарена утопија. Со комунизмот природно и нужно умира и антикомунизмот, како иманентна опозиција. Ова, се разбира, е само историски егземплар. Зошто луѓето се изјаснуваат како атеисти? Ако доволно долго медитираме над ова прашање ќе дојдеме до едно парадоксално сознание (или откровение). Елементарните мотиви за човечката религиозност позитивистичката спекулација ги лоцира во стравот од смртта и во стравот од осаменоста. Апофатичката медитација ни ги дава истите резултати. Луѓето се атеисти (повторно) поради стравот од смртта и стравот од осаменоста. Невозможно е нешто да не се побуни во нас. Моќта да веруваме како дар на спознанието е премногу комплексна категорија за да происходи или да се темели на (елементарни) стравови. Која е тогаш причината да не веруваме, или и тоа е просто извесен квалитет на вера? Потребата да бидеме неутрални лесно можеме да ја сместиме во доменот на лаицизмот, како бубрег во лој. Современиот човек е премногу слободен за да верува. Овие нови аргументи за атеизам во голема мера се движечката сила на диктатурата на либерализмот. Но, во својата суштина ти кријат банална противречност. Парадокс во парадоксот. Животот во занданата на сетилното познание не е слобода. Човекот може и повеќе. Зошто дарот на духовното познание, или интуицијата, како што ја нарекува Декарт, на пример, би бил некаков хендикеп? Како уникатен мутантски вид од икс-мен серијалот или зависник навлечен на “опиумот за народ”? Гносеолошка мутација или токсикоманија - сепак - синдром. Како таков, атеизмот е повторно субјективна форма на верување. Верување кое во крајната инстанца се согледува преку она што го исклучува. Мислам на буквалниот, принципиелниот атеизам. Во актуелното идеолошко милје многу се поприсутни некои латентни форми на атеизам кои се особено симптоматични, па оттаму и мошне вредни за анализа. Тие се јавуваат како идеолошка, па и политичка травестија на атеизмот. Една форма на латентен атеизам лесно се илустрира со следново општо место: Јас си верувам..., има нешто..., некоја сила...!? И атеистите веруваат. Тоа не е спроно. Но верата е повисок облик на знаење. Можеме ли да веруваме во нешто, а да незнаеме што е тоа, без оглед на неговото објективно постоење, поточно, верата да е облик на незнаење? Сепак ваква или слична констатација или конфесија (исповед) можеме да слушнеме насекаде. На гносеологијата í се познати повеќе варијации на семантиката на поимот вера: припадност на некоја верска заедница; потоа, дефинирање на определено верско учење; верата како извор на познание, начин на стекнување на знаење и искуство; секако и теолошкиот контекст кој подразбира учество во натприродното откровение; верата како дар Божји итн. Веројатно можат да се набројат уште семантички варијации, сî освен артикулацијата во кој “верникот” ја изразува својата вера преку нејзиното отсуство. Ако верувам тогаш знам во што верувам. Се разбира, освен ако од срам или страв, или од обична малограѓанштина не се осмелувам да го спомнам Бога. Да не испаднам затуцан (колку карактеристичен израз!) или, со други зборови, зависник од опиумот за простите маси. Еве уште една, уште пософистицирана форма на атеизам, според својата латентност, се разбира, но и според распространетоста. Илустрацијата за неа е сместена во синтагмата: Јас си верувам во црквата. Навидум симплифицирана варијанта на религиозно исповедање. Но во црква не се верува, во црква се живее. А во Бога се верува. Оваа онтолошка метонимија не е ни најмалку случајна. Многу е тешко да се изговори тој збор. Бог. Па уште и да се напише со почетна голема буква. Обидете се да им се спротивставите на стручните лица за лекторирање. Иако дури и во класичните асировавилонски јазици, значи во зората на писменоста, не постоела множинска форма за “бог”, што не покажува само дека нивните религии во коренот биле монотеистички, туку и дека Бог не е општа именка, туку личност. Личност заради кој и ние сме личности и кој со својот персоналитет на привлекува кон повозвишен облик на познание. Што се однесува, пак, до верувањето “во црквата”, апсурдноста на овој мисловен концепт е во тоа што верата ги исклучува рационалните докази (и очиглњедноста) и обратно. Инаку не би била вера (и обратно). Во контекст на атеизмот ова симптоматично (не)верување се јавува како еуфемизам за она што всушност не се познава. Подеднакво далечно на здравата вера колку и на радикалниот агностицизам или на субјективниот идеализам. Ако искрено веруваме тогаш мора да знаеме во што. Тоа проникнување во вистината нî инспирира да се еманципираме од секоја инерција според која она што го живееме ќе се претвори во куп адети, а она што го знаеме - колекција од магловити фрази присушти на некоја помодна конвенција. Митрополит Американско- канадски г. Методиј
Ах леле колку глупости има во овој текст, ништо не објаснува дали господ постои, само аналогии метафори и неточни претпоставки. >Постои ли човек што не верува воопшто? Не, но вербата и наклонетоста кон нешта без докази се одделува од вербата кон нешта со докази. > Или ако сакате буквално, се родил ли на земјава човек сосема лишен од концептот за “бог” во најапстрактна смисла Да. >Како инаку би се оправдало однесувањето на атеистите (материјалистите) врзано за погребите, градењето мавзолеи и почитувањето на покојниците, нешта што самите по себе се недвосмислен израз на вера во бесмртноста? и >Ако сме составени само од атоми без дух и логос, тогаш има ли смисла да ги почитуваме руините од бесмислени и бесловесни атомчиња кои не се повеќе она што биле - живи луѓе Тоа е само покажување дека ние не сме безчуствители суштества. Како што секој човек чуствува љубов кон саканиот и своето дете, својата фамилија, и атеистите покажуваат чуства на тага и жал кон покојните. Зарем папагалите веруваат во Господ кога ќе си видат некој свој сакан починет?Нивните мозоци неможат ни да замислат концепција како Бог што ние луѓето можеме.Атеистите си имаат свои лични морали, можеби моите се многу слични со тие на верниците, некој друг има друго мислење.Јас не отфрлам да кажам дека 10-те божји заповеди се "лоши". >Луѓето се атеисти (повторно) поради стравот од смртта и стравот од осаменоста Напротив, атеистите не се плашат од смртта. Религиозните луѓе се тие што се плашат , ги почитуваат божјите заповеди и си го замислуваат животот како чист пат до рајот.Ако згрешат ќе се плашат од пеколот. >Која е тогаш причината да не веруваме, или и тоа е просто извесен квалитет на вера? Да не бидете полни со лажна надеж. >Но верата е повисок облик на знаење Верата е најнизок облик на знаење.Симплифицирани приказни што го објаснуваат почетокот на реалноста и како сме стигнале до оваа точка од животот.Вистинската реалност не е лесна, напротив ова е едно многу комплицирано нешто што религиозниот народ го отфла иако има голем бенефит да го знае. >Можеме ли да веруваме во нешто, а да незнаеме што е тоа, без оглед на неговото објективно постоење, поточно, верата да е облик на незнаење? Можеш во што сакаш да веруваш и колку сакаш долго да го веруваш.Не значи дека веруваш во вистина.Постои 1 вистина и бесконечно многу лаги.Бирај. >Што се однесува, пак, до верувањето “во црквата”, апсурдноста на овој мисловен концепт е во тоа што верата ги исклучува рационалните докази (и очиглњедноста) и обратно. Инаку не би била вера (и обратно). Вера во нешто без рационални докази се вика ирационална вера.И науката има верба кон некои нешта, тие нешта потоа или се осознаваат како факти или се отфрлаат.Пример е постоењето на животен дух пред откривањето на ДНК-та и гените. >Во контекст на атеизмот ова симптоматично (не)верување се јавува како еуфемизам за она што всушност не се познава. Да, чуствувам еуфорија кога учам.Науката е точниот правец.
Твоето битие се бори со себе да верува или да не верува. Ти се восхитуам како го негираш Бог, а длабоко во себе веруваш со цело срце и душа во Него. Затоа и не те земам злонамерно. Знаеш има опасност во зборот верник. Ги има многу што го користат Бог како именка, а верата како оправдување за своите грешки и гревови. Ок е ...
Извини што ти го пукнав твојот балон со мисли кон мене, ама јас никогаш нема да бидам верник бидејќи нема никаква причина да верувам.Длабоко во себе јас напротив го МРАЗАМ господ и целата Библија.Јас од дете сум бил труен со лажни бајки да ги сметам за вистинити.Никогаш нема да бидам верник се додека не видам докази за неговото постоење, знам дека нема да добиам никакви со сигурност, затоа сум тука со надеж други луѓе ќе си ја запрашаат верата. Опасноста во зборот верник не е поради тоа што ме става под искушение, туку ми паѓа жал како толку многу луѓе се труени како јас што сум бил, ама тотално им е изпразнет паметот и нивната реалност е измешана со нивните фантазии.Според тебе јас сум дефинитивно под поимот злонамерен.
Ќе дададам само уште едно мислење на темава и прекинувам. Човековиот духовен живот е разновиден и се манифестира низ повеќе области како што се религијата, моралот, уметноста, философијата, науката итн. Овие области на духовниот живот се различни но, многу често се поклопуваат, помагајќи си меѓусебно, како на пример, религијата со уметноста, религијата со науката итн. Во нашиов случај тоа е религијата, која е во тесна и суштинска врска со моралот, кој пак е неизоставен дел од секој религиозен облик. Сепак, не се сите религиски облици исти, па затоа и не можеме да зборуваме за возвишен и чист морал кај сите религии. Така на пр. кај Хиндуистите постои култ кон божицата Сакти, чија женска секта изведува развратни и блудни игри во чест на нивната богиња. Моралот, пак, зависи од религијата и тоа двојно: како етички систем и како етичка пракса. Секоја религија си има свое морално учење. На пр. Христос, нашиот Спасител и моралот за совршената љубов, за простувањето, за Отецот Небесен, Кој е Милостив, можеме да го поврземе само со Евангелието и со верата во постоењето на Небесниот Отец, Кој нè спасува, Кој Е исполнет со љубов и со милосрдност, а никако со чудниот Зевс, или злобниот Шива, со пијаниот Бахус, со блудницата Венера, ниту пак со будизмот кој во својата суштина е чист атеизам, бидејќи Буда никогаш позитивно не одговорил дека Бог постои – неговиот одговор бил дека не постојат поголеми богови од него и дека тој не верува во „она што меѓу луѓето се зборува“. Но, сепак атеистичките философи сметаат дека моралот исто така успева и на атеистички терен, па затоа нема некоја поконкретна врска со религијата. Како доказ наведуваат повеќе факти, меѓу кои е и тоа дека општите морални принципи се всадени во човечката природа и се заеднички за сите, без оглед на вероисповеста, потоа, дека поморален е оној човек, кој добрите дела ги извршува од чисто чувство на должност, отколку оној кој тоа го прави очекувајќи награда за вечен живот или, пак, од страв од вечна казна, како и тоа дека има атеисти, кои се многу чесни луѓе, наспроти оние верници од сите религии, кои се многу неморални и нечесни. Сето ова е точно…но, да образложиме: Најнапред, точно е тоа дека општите морални принципи се всадени во душата на секој човек, без оглед на неговата религиска определба. Но, при сето тоа, со оглед на гревољубивата човечка природа, разните филозофски и религиски гледишта, можат и те како да повлијаат на човекот да ги замагли своите кристално јасни морални принципи, усвојувајќи одреден религиски облик и извршувајќи ги неговите култови. Ако, пак, помеѓу сите тие философски гледишта, имаме пред себе една атеистичка филозофија, која тргнува од ставот дека Бог не постои, па согласно со тоа го порекнува и поимот грев, бидејќи гревот по дефиниција е спротивставување на Божјата волја, а за атеистите не постои Неговата волја. Значи, ако не постои Неговата волја, тогаш не постои ниту гревот. Ако пак, гревот не постои, тогаш човекот може да прави сè што сака и што не е спротивно со државните закони. Токму ова е психолошката суштина на атеизмот, кој го ослободува човекот од сите должности спрема Бога и Неговите заповеди. Но, гревот отсекогаш постоел, а човекот денес се наоѓа на степен и на омраза спрема Бога, што докажува дека тој не е баш рамнодушен кон Него, бидејќи никој не може да мрази нешто што не постои. Никој не може да каже дека е вистински атеист, туку е антитеист, па токму затоа атеизмот на некој начин е одмазда насочена против Бога. А зошто Го мразат Бога? Го мразат не само поради тоа што нивните дела се дела на темнината, туку и затоа што Го сметаат за опасност, за свој непријател, за судија, прогонител. Ѓаволот успеал да го убеди човештвото во тоа дека Бог не нé сака, т. е. дека Он само Себеси се сака, или дека ги сака само оние кои се однесуваат онака, како што Он сака да се однесуваат. Тие го изгубиле чувството дека Он е семоќен лекар и на душите и на телата, бидејќи Он затоа и се овоплоти, за да го спаси човекот од инфицираноста со гревот и смртта и притоа на човекот – како слободно битие, му остава потполно слободно да одлучува за тоа дали ќе живее со Него или не. Атеистите велат дека човекот треба да го избегнува не само она што државните закони го забрануваат, туку и она што го понижува неговото моралното достоинството. Но, пред кого моето достоинство ќе биде понижено, ако јас гревот го извршам во најголема тајност и притоа тој грев мене ми донесе некаква материјална корист? Сите ние сме свесни дека денес сме опкружени со луѓе, кои на чуден начин се збогатиле, кои извршуваат прељуби, погубуваат невини души и кои прават дела, со кои сведочат дека се синови на темнината…сето тоа и многу повеќе, а доколу некој се обиде да им го направи она што тие им го прават на другите, тогаш и тоа како знаат да се спротивстават на „неморалното“ дело. Денес, човекот е оној кој одредува што е морално и што е во согласност со неговата сопствена природа, со неговата личност. Ова е единствениот логички заклучок од атеистичката философија на моралот, која само субјективно и фиктивно го ослободува човекот од „ропското“ религиско чувство. Сосема е точен и другиот факт дека поморален е оној човек кој моралниот закон го извршува од чиста должност, не очекувајќи никаква награда, ниту плашејќи се од некаква казна, доколку делото не го изврши. Но, ова е морал за ангели и безгрешни, а колку такви има во светот? Или со што атеизмот може да ги воодушеви луѓето да се придржуваат до моралните должности, кои и самите не ги признаваат или не им годат? Религијата распламтува во човечкото срце љубов спрема Бога и со тоа му дава на човекот еден мотив, кој е далеку повозвишен и поефикасен од чувството на должност. Најпосле, вистина е дека не се сите атеисти лоши луѓе, ниту пак сите религиозни луѓе се светители. Постојат и чесни атеисти. Што се однесува до религиозните, тие знаат дека сите луѓе се грешни и „ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас“ (1 Јован 1.) Христијанинот знае дека води борба против гревот и дека Бог е Оној, Кој му помага во таа борба, озарувајќи го со Своите благодатни сили и енергии. Христијанинот знае да ја приклони својата глава пред својот Спасител, и Утешител, и Учител во добродетелта. Христијанинот знае да ја положи надежта во Оној, Кој никогаш не би му ја затворил вратата и Кој всушност стои пред вратата на човековото срце, чекајќи да Му се отвори. Неговата моралност е плод на верата во Бога, а гревот е плод на онаа гревољубивост, која почива во природата на секој човек и која војува против Божјиот закон во човечкиот ум. Во човечката природа постојат елементи на доброто кои го влечат кон исполнување на моралниот закон и кога е тоа така, тогаш нималку не е чудно што има толку чесни атеисти и нечесни верници. Разликата е во тоа што моралноста на еден атеист не е ниту во најмала мера плод на неговиот атеизам, односно на неговото неверување во Бога, бидејќи денес неретко ќе слушнеме: „Јас не верувам во Бога, а сепак правам добри дела“. Неговата моралност е плод на нешто сосема друго, на некои други причини и услови. Тука, пред сè, доаѓаат оние природни елементи на доброто, кои во извесна мера постојат кај секој човек, потоа воспитанието од детството, па и влијанието на другите луѓе врз него. Понекогаш тоа може да биде и страв од некаква дисциплинска казна, ако притоа му е важно да биде коректен член на институцијата во која членува и која му одредува како да се однесува. Како и да е, во областа на моралната активност, човекот не подлежи на никаква механичка потреба, а и доколку врши грев, повторно никој не го принудува, туку самиот по својата слободна волја се решава на тоа. Човекот секогаш се наоѓа пред својот слободен избор, за кој атеистите велат дека штом ќе се изврши, тој веќе не е слободен. Но, дали е тоа така? И дали можеме да направиме разлика помеѓу послушноста кон Бога и послушноста кон човекот? Ако човекот избрал некој принцип, на кој како роб му се потчинува и кој го прогласува за авторитет, тогаш слободата е избор, кој неа ја ограничува и на крајот сосема ја укинува. Вака атеистот Го доживува Бога како непријател на својата слобода. Но христијанинот, избирајќи да живее со Него и по Неговата волја, се ослободува од гревот кој го држел окован и на кој му бил роб. Тој избира да живее во душевен мир, со чиста совест, со Вистината која вистински го ослободува, со дарот на евангелската љубов која е неспоредливо поубава од омразата. Практичниот атеизам всушност се јавува како бунт против Бога и причините за неговата појава се различни. Понекогаш тоа е потсвесна желба, потхранета од човечката вродена склоност кон гревот, стремеж човекот да се ослободи од моралното туторство и „попување“, кое религијата му го наметнува. Но, атеизмот, колку и да е морално богат, го гуши човекот и го води во чист песимизам. Светот ваков каков што е, без Бога, без религиски идеали и вредности, не може на човекот, кој е склон кон размислување, да му обезбеди доволно радост и среќа. Среќата и радоста, кои се обременети од минливоста и превртливоста, не значат никакво блаженство. А светот без Бога е баш таков. Кога – тогаш атеистот, колку и да не сака, ќе почне да верува, всушност тој веќе и верува со самото тоа што спрема Бога се однесува како спрема конкретно противничко Битие, а не како кон нешто непостоечко. Значи дојдовме до заклучокот дека Бог постои. Како ако не, можеш да мразиш нешто што според тебе не постои? Тогаш тој застанува пред егзистенцијалното прашање „и што понатаму?“ Така, неминовно ќе признае дека сè во овој свет е минливо. Но, и не мора да признае, само на тој начин се лишува себеси од бескрајната радост во вечното блаженство на Царството Божјо, на кое по слободна волја се определува и надева христијанинот. Се надевам многу добро доловив што сакав да кажам. Поздрав на сите и имајте убав ден.
Јас сум атеист бидејќи немате никакви докази да го докажете дека Господ постои. Атеизам не води кон песимизам, туку нихилизам.Јас сум оптимист,среќен и радосен, можеби ова е минливо?Да, ама е барем вистината. Во претходниот текст што го извади кажа "Во контекст на атеизмот ова симптоматично (не)верување се јавува како еуфемизам за она што всушност не се познава." Еуфорија.. баш тоа. Јас се однесувам кон Господ како да постои бидејќи ќе биде нелогично да се има дебата со верник ако едноставно го спомнувам Господ како нешто што не постои, треба да влезам во ваша перспектива кон светот. Немаш докази дека постои бескрајна радост во вечни бла бла бла.. само лажни надежи дека НЕ сакате да умрете никогаш и се што знаете да биде заборавено туку така. Светот без Бога е вистинскиот свет.Реалноста не е измешана со магии и чуда ниту пак создаватели кои набљудуваат се.
А од кога ти тоа се однесуваш кон Господ како да постои? Од кога се фати во тесно со мојот пост дека го мразиш? А до пред тоа негирање до негирање. Дајте докази, ова она. Епа ете ти докази. Го прочита моето претходно мислење? Епа прочитај го пак и пак и пак. Седни, убаво и размисли што сум напишала. Се што бараш е таму. Само така ќе ја распознаеш вистината. Сега е залудно се што ќе кажеш. А со тоа оваа дебата со мене прекинува тука.
Се извинувам за пост под пост не тебе, тука на Фемина. А тоа е така затоа што нема повеќе контра коментари под мојот претходен пост кога се е доловено. па затоа само уште ова и повеќе не влагам на темава. Како прво: Ти самиот си докажа дека Господ постои со тоа што го мразиш. Како може да мразиш некој кој не постои? А како второ: Како тоа се однесуваш кон Господ дека постои бидејќи нема да биде логично да се дебатира со верник ако го спомнуваш Господ како нешто што не постои. Е ова не е логично. А не тоа. Ако ти не веруваш не можеш да се однесуваш дека веруваш. Него ќе се држеше до твојот атеистички став. И ќе го бранеше истиот. Нели е контра теизам и атеизам? А ако само сакаше да влезеш во нашата перспектива кон светот немаше да бидеш тоа што си.
@LegallyBlonde13 Јас воопшто не верувам во Господ. Господ постои, но не во смисла дека тој е нешто кој создал се, но како нешто создадено од човекот. Јас го мразам на база според вербата. Бидејќи ако постои господ постои и рај, така? Лажни надежи. Барем збориме за Библијата. Јас кога ги дадов 16те прашања на првиот пост овде некои од нив ги зададов како претпоставка дека што всушност би се случило ако баш тој господ постоел.И имам и други неколку поста каде што го користам господ ако постоел не би било ова што го имаме денес бидејќи е нелогично поради неговата бесконечна моќ. Јас незнам што неразбираш ти тука.
На крајот сепак си призна дека постои. Ете така се почнува. Прво Господ не постои, па постои и на крај ќе те видиме во црква. Амин!
Да, и невидливи летачки еднороги коњи постојат кога ќе ги напишам во тетратка и ќе ги замислам според мојата дефиниција за постоење на господ. Прочитај ја целата моја реченица и не се прави идиот со сила, @LUCI 99 тоа важи и за тебе.