Жал ми е за атеистите...не веруваат во ништо...не веруваат дека сникерс е топ...дека цигара оди со кафе......по некоја логика
@Anacid >The universe is finely tuned for life Големо НЕ. Универзумот е напротив многу лош за живот.Ако само една планета има живот во нешто олку големо, тоа не е добар универзум за живот.Вие христијаните не "верувате" во случајност туку се за вас е божјо чудо.....кванта физика? ДНКата не станала толку комплицирана туку така, од просто и едноставно до нешто комплицирано што имаме денес, порано живите суштества воопшто немале ДНКа. Толку овој се мачеше да го вметне некаде Исус и Христијанството во видеово што го почна "научно".Значи никакви докази само така почна да тропа за Исус и незнам ти што. Нема абсолутно никакви докази дека Бог го направил Универзумот.Едноставно НЕ знаеме. Ова со неговите бројки дека ако нешто било поразлично ќе се случило Big Crunch, не научил што е тоа Темна Енергија. >Before observations of dark energy, cosmologists considered two scenarios for the future of the universe. If the mass density of the universe were greater than the critical density, then the universe would reach a maximum size and then begin to collapse. It would become denser and hotter again, ending with a state similar to that in which it started—a Big Crunch. Од Википедија. Само уште едно нешто да кажам: God of the Gaps. @ушко, атеистите не веруваат во господ, тоа е буквално се.Значи атеист НЕ верува во Господ.
Случајност а?? Значи според тебе си настанал Универзумот случајно ете така му текнало, никаква виша сила, никаква енергија ... На крај, ни открива науката многу работи, но религијата не учи за моралните вредности, што е нешто сосем различно и не знам што е спорно тука. Ако ти ја гледаш Библијата како книга во која треба да се објасни квантната физика ок тогаш. Да бидеш верник ти доага од внатре , не може никој тебе да те натера да веруваш , исто како што е глупаво да му се исмеваш на некој зошто е верник кога ти тоа не си го почуствивал. Јас како верник тоа што сум го почуствувала (надежта, покајанието, чувството на вина, стравот од Судниот ден) ти го немаш почувствувано како атеист и нема зошто мене да ми се исмеваш. Ко сега да ти објаснувам што е оргазам и колку е јако ама ти да не си имал секс и да ми викаш "ај ма лудачке, какво е тоа тресење на цело тело, обично лачење окситоцин ништо повеке-". Или некој банџи што скока мене да ми објаснува како е и јас да му викам дека лаже, измислува и преувеличува а јас никогаш го немам почувствувано тој адреналин.
Креационистичкиот „аргумент“ дека недостасуваат преодни фосили, како божем да е тоа единственото нешто во прилог на еволуцијата, е и повеќе од смешен. Да кажеме дека воопшто не постојат преодни фосили, дека не сме ги нашле, ниту пак некогаш ќе ги најдеме - и без нив, има и повеќе од доволно други аргументи во прилог на еволуцијата. Прво, оние фосили што сме ги нашле и кој никој не би можел да ги оспори. Не може а да не се забележи дека животот станувал се’ посложен како што времето минувало. На пример, фосилите од Камбриумскиот период се релативно прости и мали огранизми, наречени трилобити, во Јура имаме фосили од диносауруси, итн. Ако целиот живот на Земјата настанал истовремено, зошто не е најден ни еден фосил од диносаурус во Камбриумската ера, или пак фосил од човек во Јура периодот? Сите фосили кои сме ги откриле до сега укажуваат на тоа дека одредени животниски видови живееле во одредено време (а не сите истовремено), како и дека постарите фосили се од попрости, а оние поскорешните - од посложени организми. Второ, ДНК. Самиот факт што сите живи организми имаат иста структура на ДНК би требало на секој да му биде индикација дека е тоа поради нивното заедничко потеклно. Освен тоа, животински видови кои се послични меѓу себе (луѓето и останатите примати, на пример) имаат поголем процент на идентична ДНК. Трето, самата градба на организмите на животни кои припаѓаат на исти класи, односно хомологните органи. Сличностите не можат да се одречат. Зошто китот во своите перки би ја имал истата коскена структура на преден екстремитет како и сите останати цицачи, кога е повеќе од очигледно дека нема потреба од тоа (рибите, на пример, ја немаат)? Едното можно објаснување за ова е дека сличностите помеѓу цицачите се должат на тоа што тие имале зеднички предок и со текот на времето еволуирале во различни животински видови. Другото објаснување е дека сите животни ги создал Бог, истовремено, и дека сите животни егзистирале заедно на Земјата уште од почетокот, во истиов облик во кој ги знаеме и денес. А сличностите и разликите меѓу различните животински видови постојат затоа што - тој така сакал. Аргументот на едната страна е базиран на факти и материјални докази, додека аргументот на другата е „Затоа што така пишува во мојата света книга“. На крај, на секој од нас е да одлучи чии аргументи се поубедливи.
30% oд мoрaлните вреднoсти штo религијaтa не учи, се нaрекувaaт здрaв рaзум вo реaлнoстa. Oстaнaтoтo е сексизaм, сaдизaм, и инцест.
Каде гледаш садизам сексизам и инцест во 10 заповеди? Или такво учење во црквите и верските објекти од другите вери? (нелегалните џамии не се бројат тие не се верски објекти туку амерички центри за перење мозок)
Додека не го видам и почуствувам нештото Не верувам.... Сум одела во цркви , имам икони во мојот дом , моите се православни христијани и тако даље , но некако се потпирам на факти што лично ке се убедам ... Не ме влечи ниту една религија .
Според Библијата, требало да се бориме против страстите. Па ондак да престанеме да се размножуваме...
Некој не ја читал библијата и си тера бош муабет Да си почнела со прва книга Мојсеева прва глава како господ Бог ја создава земјата ова нема да ти промакнело 27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. 28 И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” Кришнаизмот и некои религии како него се против страстите си помешала нешто
Не се увредив извини ако таква енергија проширив,и јас имам некои прашања од Библијата кон поупатените лица ама не верувам на форумов дека би се нашол некој да ми ги одговори.
Повели. Јас имам теолошки студии за и околу Библијата, ако не е нешто претешко, би требало да можам да ти одговорам. Само те молам на соодветна тема. Позз
Нека ми одговори како Бог како супериорна интелигенција која го создала се ова околу нас во стариот дел од библијата е толку себичен додека во новиот Бог се пратвара во милостлив и сештољубител. Кој ја пишувал Библијата дали пророците ја слушале божјата реч и и го пишувале тоа што им го кажувал самиот Бог или пишувале нешто на своја рака а нешто од него па затоа исламот ни ги оспорува тие делови кои се баш кај Исус или како што го нарекуваат во коранот Иса? Ајде да почнеме прво со овие две
Колку го наметнувате вашето верување . Значи некој верува во нешто што некој му кажал што било како било и му верува на неговите зборови иако со свои очи и уши ништо лично не видел , но некој не му верува на тоа бидејки верува само во она што со свои очи ке го виде а со свои уши ке го слушне ! Попросто не може да биди , не знам зошто толку го тупите , и го наметнувате вашето верување .