Јас викам и дај Боже Како многу религиозен народ низ вековите па и сега, нормално е во говорот да имаме еден куп верски узречици
http://www.libertas.mk/desette-zapovedi-na-ateistite/ 1. Бидете со отворен ум и подготвени да ги менувате своите уверувања во согласност со новите докази. 2. Настојувајте да ја прифатите најверојатната вистина, а не да верувате во она што посакувате да биде вистина. 3. Научната метода е најсигурниот начин за разбирање на природниот свет. 4. Секое лице има право на контрола врз сопственото тело. 5. Бог не е неопходен за да станете подобра личност или да живеете целосен и исполнет живот. 6. Водете сметка за последиците од вашите постапки и прифатете дека за нив мора да преземете одговорност. 7. Постапувајте кон другите онака како што сакате да постапуваат кон вас и на начин на кој разумно очекувате дека сакаат да се постапува кон нив. Имајте го на ум нивното гледиште. 8. Наша е одговорноста да се грижиме за другите, а тоа ги вклучува и идните генерации. 9. Не постои само еден исправен начин на живот. 10. Оставете го светот подобро место за живеење отколку што сте го затекнале.
А која е причината да не се биде атеист? Не постои доказ за постоењето на бог или богови. Науката минува долго време да ги објасни сите за нас чудни појави. Во меѓувреме, јасно е зошто луѓето веруваат во бог. Немам потреба од патоказ за мојот начин на размислување, за да си ги објаснам работите кои се чинат необјасниви. Напротив. Тоа што не сите работи се познати, осознавањето на истите ми е дел од мотивацијата. Не ми треба ниту утеха кога минувам тешки моменти, барем не од непостоечки ентитет. Не ми се потребни ниту застарени правила на однесување. Доволно сум способна да судам за сопствените постапки врз основа на етика, филозофија, чувства. Апсолутна слобода е отсуството на зависност. Јас го дизајнирам мојот живот и никој друг. Ако се појави некој доказ, тогаш би го преиспитала мојот став. Во спротивно, атеист. Скроз.
Постоењето на Бог ваљда Мала шала, ама сепак вистина за мене. Ќе се обидам да ти дадам неколку причини чисто за размислување, онака пред Божиќ Типот на „бог“ кој го анализираш овде е познат во теологијата и филозофијата како "God of gaps" или „Бог на празнини“. Кога луѓето нели порано не знаеле да објаснат некоја природна појава, таа празнина во знаењето ја пополнувале со „бог“. Бог на грмотевиците, Бог на Сонцето, итн. И кога науката ќе ја објаснела таа појава, тој бог исчезнувал. Овде логичката грешка е вадење заклучоци од непознатото, од незнаењето, од прашалниците. Оваа грешка ја правиме речиси сите без исклучок, дури и во секојдневниот живот. На пример некоја девојка се допишува на фб со дечко и вика: Зошто ми враќа овој споро на пораките, сигурно си пишува со некоја друга таму... ааа ќе му раскинам А на него уствари интеренетот му кочи или готви додека си пишуваат. Значи она не ја знае причината, а извлекува заклучоци. На оваа логичка грешка не се имуни ни атеистите кога велат на пример: - Штом Бог не се гледа или никој не го видел Бог, значи Бог не постои. Од каде ги знаат они причините зошто Бог не се појавува денес? И од каде знаат дека баш апсолутно никој не го видел Бог во целото човештво? Зар само она што го гледаме постои? Што е со темната материја, со црните дупки, што е со оние кои веруваат во стринг теоријата и 5та, 6та, 7ма димензија. Не знам дали си мажена, ама дури и да не си, утре ќе бидеш и дали ти постојано ќе го држиш на око мажот и дали ти е верен? Не, ќе мораш да го пуштиш, подалеку од очите и да веруваш дека ти е верен - Штом има зло и страдање во светот, значи (добар) Бог не постои. А што ако Божјото уништување на злото би значело и уништување на човекот, на мене и тебе? Што ако Бог од некакви причини го одложува уништувањето на злото. Можеби не ја знаеме причината, но не треба да вадиме заклучоци од непознатото и да правиме „atheism of gaps“. Е сега, дали реалноста и она што го знаеме од науката повеќе алудира на тоа дека овој свет е случајно настанат или пак е плански дизајниран? Мене долгогодишното проучување на науката силно ме убедило во второто. Баш пред некое време пиев кафе со еден атеист и го прашав за сликава, дали верува дека брановите по милион години плискање можат да ги наредат школките во оваа форма: Ми рече не, ни по милијарда години, што ти е поентата? Му реков: Поентата ми е ова. Ако веруваме дека брановите водени од слепите сили на природата не би можеле да направат ни 3 букви и срце меѓу нив, зошто да веруваме дека слепите сили на природата можат да направат еден најобичен ензим со 200 амино киселини подредени по точно одреден редослед? За да ензимот си ја врши функцијата, синџирот од амино киселини мора да е подреден под точно одреден редослед, затоа што ензимите работат по принципот клуч-брава. И не е само еден ензим, туку во нашето тело се откриени околу 4200 ензими, некои и со синџири од над 1000 аминокиселини. Тие се клучни во матеболичките реакции и не може да се замисли жива клетка без нив. Поентата е дека некој морал тоа да го направи и дизајнира. Целата дискусија за ензимите ја имам напишано на овој линк. Се надевам дека ќе испровоцирам кај тебе едно поинакво размислување за верата во Бог
Подготвена сум да го прифатам Бог. Кога би имало доказ. Аргументот што го даваш овде не е доволен, оти некако самиот се негираш или доаѓаш до контрадикторносот. Всушност, одговараш на прашањето зошто и денес луѓето веруваат во Бог. Оти не сите работи им се јасни и познати, не ги знаат вистинските причини за нив. Одличен пример даваш тука. Првата констатација често ја употребувам јас. Понатаму, недоволни аргументи или да речам празнини за да ја потполниш низата што фали. Та нели Бог еднаш се симнал на земјата? Зошто да не го направи тоа и сега? Токму поради непознатите причини се јавува сомнежот. Мојот сопруг го познавам доволно добро, за разлика од Бог. Бог не сум го почувствувала, ниту сум го видела, за да можам да основам систем на верба. Од друга страна, мм постои, до мене е, со мене е, градиме дом и имаме деца. Знам како функционира и што мисли во секој момент. Така, не го познавам Бог. Баба ми ме учеше, дека Бог бавно делува, но никогаш не заборава. Верував во ова, тогаш. Ако веќе сметаш дека има такви причини, тогаш, зошто не ги изнесеш? Затоа што не ги знаеш? А и како би можел, Бог не дошол да ти ги презентира. Јас носам заклучоци, според веќе познатите и објаснети појави. Никако од непознатото. Дали добро те разбрав, дека божјото уништување на злото, би значело и уништување на човештвото општо? Зошто? Освен ако не ми одговориш дека секој човек е лош и себичен по природа, што би значело грешка во создавањето, од која друга причина? Та нели е семоќен и може да ги изолира лошите од добрите? Не верувам дека постои плански дизајн за светот. Точно е дека многу нешта се уште чекаат на објаснување, но сигурна сум, дека кога тогаш ќе се случи истото. И тоа, апсолутно не е потврда дека Бог постои. А ако веќе светот е така дизајниран, тогаш ќе морам да се согласам дека постојат многу грешки во истиот. И не би ги препишала на злото, ами нему. Оти, како семоќен ентитет, зошто би дозволил грешки во системот, уште од самиот почеток? Ако твоето другарче атеист, ти одговорило така, не значи дека и јас го мислам истото. Всушност, како би знаеле? Нашиот период на траење не е толку временски долг, за да знаеме што би било за милијарди години, ниту пак би можеле секогаш да присуствуваме на таков настан, од причина, што никој не знае кога би можела да се случи една ваква коенциденција, како резултат на природна сила. Можеби не толку совршено како на сликата, но да, би можело да се оформи некоја, некаква фигура. Исто како и настанувањето на светот. Исто како и настанувањето на првата жива клетка. Додека го пишував ова, пиев вода. Ја скршив чашата. Дали тоа значи дека Бог постои и ми праќа знак? Не. Чиста случајност.
Некој може да рече: Ама не денес, туку зошто Бог не се симнал вчера? Друг ќе праша: Не вчера, туку зошто Бог не се симне утре? Трет: Ама зошто не се симнал во 1914 година? Итн. Замисли на што би изгледало кога Бог би се водел според логиката на луѓето Едноставно Бог самоуверено (како што му доликува на Бог) одлучил по Своја суверена и некомпромисна воља да се симне пред два милениуми и оставил цврсти докази за таа посета. Ова е размислување што априори го зема натуралистичкиот светоглед како вистина и во тие рамки ги разгледува и ќе ги разгледува сите понатамошни докази. Дури и Бог да одлучи вечерва да ти се објави, да ти се појави на небото во силна светлина, со ангели околу него итн. ти пак можеш да речеш хммм мора да има некое натуралистичко обајснување за ова. Можеби е психичка илузија, можеби затоа што премногу испив вчера, можеби е холограм, можеби вонземјаните прават некои експерименти... што и да е, мора да е во рамките на натуралистичкиот светоглед. Ама и тоа е вера. И тоа е одредено верување иако не е класична религија. https://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy) Објективниот истражувач на вистината за момент ќе ги извади очилата на натурализмот и нема да има двојни аршини во логиката кога вели дека брановите не би можеле да нацртаат три букви и срце на плажата, а протеините можат случајно да се наредат во синџири од по 1000 алки по точно одреден редослед. Дизајнот во природата е евидентен и математичката веројатност дека тоа е случајно настанато бара од атеистите фанатичка вера во натурализмот и случајностите доколку се потпре на нив како објаснување за дизајнот што е очигледен во живите организми, Земјата, Универзумот воопшто и природните константи кои се наштимани за да постои и функционира се на светов. Дали ако на улица најдеш расипан саат или расипан компјутер ќе заклучиш дека нема дизајнер? Верувам не. Грешки има и можеби има објаснување за тие грешки кое ние не го знаеме и затоа пак ќе кажам дека не треба да вадиме заклучоци од непознатото.
Иако не секогаш се согласувам со ставовите на @EvAngelos, мислам дека секој еден научник или wannabe научник може многу да научи од нив. Не отфрлајте ништо само затоа што на прв поглед ви изгледа неверојато. Има премногу примери кога науката погрешила, најголеми умови (денес признаени) во времето на нивното живеење биле исмевани од научната фела.
Не. Не мора да го прави тоа. Може еве да се симне да живее на земјата, која впрочем ја создал. Така луѓето ќе имаат верба дека ентитетот постои. Неговата суверена и некомпромисна воља, ме потсетува на егоцентризам. Зошто се лишува себе од не благодетите што ги имаме ние овде? Се штити? А нам ни остава да ја живееме неговата несовршена замисла? Та нели е тој патот кој ние треба да го следиме? Одлична забелешка. Всушност, еден од моите омилени филозофски правци. Иако би рекла, дека повеќе ми одговара емпиризмот. Ама не и на темава. Да ми се појави Бог, сигурна сум дека ќе барам реално објаснување за истото, а во рамките на науката. Мислам дека ќе се прогласам себе за личност која доживува тешка психичка состојба, па ќе завршам на психијатар. Ама, ако ми се појави, не и ако ме убеди. А кога можел да го создаде светот, тогаш верувам дека би бил способен и да ми го докаже своето постоење. И не само мене. Не сум секогаш објективна. Точно. Не ни можам да бидам. Има ли некој таков? Натуралистичка филозофија ми е својствена и блиска, ама немам двојни стандарди, ниту пак влегувам во рамките на фанатизмот. Особено не, затоа што не реков дека брановите не можат да создадат таква форма. Оставив празен простор за размислување и го препишав тоа на можна случајност. А како заклучи дека изнесувам заклучоци од непознатото? Како што сметаш ти дека има грешки и објаснување за истите, а сето тоа врз основа на верба, така и јас сметам дека има и друго реално објаснување за случајностите, а тоа да не биде Бог. Еј, расипан компјутер и часовник, се материјални добра кои се направени од човек. Ним не им се препишува дизајн од друг ентитет.
@Lianna Anna ќе се навратам на твоето првично тврдење... Те молам објасни ми како треба да изгледа тој доказ за ти да го преиспиташ твојот став. „Бог да ме убеди“ не е доволно бидејќи не знаеме што би те убедило. Каков доказ, еве од кој тип доказ би те убедило тебе?
Не знам зошто се враќаш на моето прво мислење. Која ти е поентата? Ќе ми го изнесеш доказот што го барам? Таму само изнесувам дел од причините поради кои сум атеист. Веќе даде контра мислење на истото, не беше доволен аргумент. На рандом форум не можам да се убедам во неговото постоење. Ама можам да размислувам. Ништо лошо тука. Не барам Бог да ме убеди, тоа беше само во контекст на твоето писание. Реков, кога веќе е способен да создаде свет, тогаш, сигурно би пронашол начин и да убеди. Не мене, ами сите кои не веруваат. И онака се ретки правите верници во денешно време. А тој е повисокото битие, не јас. Не мораш да ме молиш, ќе ти кажам. Повторно она што самиот го заклучи. Има нешто во врска со општеството и препуштање на научната логика. Има многу неодговорени прашања, а одговорите од божја перспектива, се чинат нелогични и недоволни. Сакам, материјални, опипливи работи и на истиот начин да ги осознавам истите. Да видам и да почувствувам, да искусам. Верувам во еволуција, верувам во наука, верувам во непобитни факти. Одговорот за духовното, секогаш се наоѓа во филозофијата. Како некој може од повисоко битие да добива упатства за акција во животот на Земјата? Која е задачата на Бог? Да ги укори и казни оние што чинат лошо, а да ги награди еве добрите? Па повеќе вториве страдаат. Секој човек може да избере смисла за животот. Не постои пропишан начин. Нема обврски и нема забрани, туку слободни одлуки. Кој го создаде Бог, како настана тој? Едноставно си постоеше или настана од ништо? Нели, велиш ништо не е случајно.
Ајде, те чекам. Денес, утре, сеедно, не сум толку нестрплив. Баш ме интересира каков доказ би те убедило дека Бог постои
Ајде ти докажи ми. Од која причина јас не треба да бидам атеист? Морам да ти признаам дека водиш многу интересен начин на дискусија. Одговараш само на тоа што ти одговара. Прашањата кои ги поставувам, внимателно ги одбегнуваш. Зошто? Немаш одговор? Добивам впечаток дека пишувам со адвокат од другата страна. Нетипично за поинаква стручност, толку успешно, да ги насочи моите мислења против мене. Не велам дека немаш познавања, напротив. Само велам дека дури ни ти, не можеш да одговориш на се. Ако сметаш дека не е доволно тоа што го изнесов, ете ти кажав, кажи ми ти, причини за да не бидам атеист.
Како би знаел јас какви докази да ти приложам ако ти не ми кажеш какви докази би ти биле задоволителни и валидни? Ти самата рече дека кога би ти било приложен доказ, би ги преиспитала своите ставови. И еве јас сакам да ти приложам некаков доказ, но не ми се расфрла со докази кои тебе не би ти биле валидни. Затоа воопшто не дипломатизирам, туку искрено те прашувам дали воопшто постои и кој е тој доказ кој тебе би ти бил валиден дека Бог постои? Ете погоре рече дека дури и да ти се појави Бог на небото, дека ти ќе бараш некакво „реално објаснување во рамките на науката“. После ваква изјава, многу е нормално да прашаш човек каков поинаков доказ бара или очекува да добие што би го/ја убедило дека Бог постои. На прашањата што ги поставуваш погоре ќе ти дадам мое мислење, ама прво да завршиме со дискусијата за доказот за Божјото постоење. Доколку немањето одговори на тие прашања е твојот доказ дека атеизмот е вистина, тогаш морам да заклучам дека станува збор за Atheism of gaps
Ете ти го одговорот. Нормално дека ќе барам такво објаснување. Реков, ако се појави, но не и ако ме убеди. Оти, во таков случај, реалното објаснување ќе го нема. И уште многу други одговори имаш покрај овој, ама изгледа дека не ги прочита. Сега можеш да одговориш на моите прашања. Без разлика дали ти се допаѓа мојот одговор или не. Освен ако навистина си дипломат. И освен ако навистина ги одбегнуваш прашањата. Не ме ставај мене, во фокусот на темата. Не сум јас тука стручната, ами ти.