Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Нема потреба да ми се допаѓа или недопаѓа одговорот. Не барам јас допадлив одговор. Пиши ми било каков одговор на прашањето каков доказ бараш за постоење на Бог. Што значи тоа ако се појави, но не и ако те убеди? Стварно не те разбирам. Погоре рече дека дури и ако се појави ти нема да го прифатиш тоа како доказ туку ќе бараш некакво „реално објаснување во рамките на науката“.

    Затоа велам дека не те разбирам. Објасни конкретно во каква објава да ти се појави Бог би ти било валиден доказ?
     
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Да, ги одбегнуваш прашањата. :D Ако нешто знам да проценам, тоа е дипломатија. СовршенО дипломатско конструирано мислење.

    Не разбираш, затоа што не сакаш да ме разбереш.
    Какво објаснување очекуваш да ти дадам на вакво прашање. Научно?! Ти кажав дека верувам во опипливоста на нештата, материјата, не духовното. Па, пошто Бог, по некоја логика ме познава, треба да знае и каков доказ да изнесе. Еве, во случајов, ајде ти.
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Дури и да е светот дизајниран, тоа сигурно не го направил богот на неписмените пустински номади, алијас ликот кој го прославувате овој период од годината.
     
    На Priroden, Briar Rose и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Аман Лиана, кажи му на човекот -сакам да се појави и како Мојсије да го раздели Охридско на 2 дела. Или да замавне со стапче и да направи градина од рози на сред плоштад. Или да лекува со допир тешко болни. Толку ли е тешко?
    Сори ама нестрплива сум да видам што ќе одговори :D
     
    На x.Daisy.x, crimson, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Тоа веќе го кажав. Му поставив и прашање зошто Бог не се симнува на Земјата, да живее со нас, за да сите поверуваме. Ама немам одговор. И јас чекам со нетрпение. :D
     
    На crimson и Bridget им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Очигледно и е тешко :) Читај погоре, вели дека дури и Господ да и се симне со ангели опкружен, таа нема да го прифати тоа како валиден доказ туку ќе бара некакво „реално објаснување во рамките на науката“.

    @Lianna Anna , на прашање одговараш со прашања, а потоа јас сум бил дипломатот? :D
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Ти забораваш што пишуваш. :D Патем, и што си прочитал. Јас прво одговорив, а потоа поставив прашања. Кои се уште ги одбегнуваш. Причина, немаш одговор. :D

    Не дискутирам понатаму, освен ако не ја извадиш дискусијата по нормален терк, од оној кој и го наметна. Лажен фокус. ;)
     
    На Priroden и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ги прегледав сите твои претходни постови. Никаде не прочитав каков тип на доказ би те убедило тебе, каков доказ за тебе би бил валиден. Ако ова е твојот одговор...

    Тогаш не те разбирам, бидејќи веднаш потоа рече:

    Значи дури и попладнево да се симне Бог и да ти чукне на врата, ти пак ќе речеш ама не, тоа не е Бог, мора да има некое „реално“ објаснување во рамките на науката. Затоа не ти терам инает, туку искрено те прашувам каков доказ би бил валиден за тебе? Што ти значи тоа барање објаснување во „рамките на науката“? Дали за тебе „рамките на науката“ се априори во атеизмот и верата во филозофскиот натурализам?
    https://en.wikipedia.org/wiki/Naturalism_(philosophy)


    п.с. Иначе ти спремив одговори на сите твои прашања, бидејќи тоа би ја дефокусирало нашата дискусија околу постоењето на Бог. Да расчистиме прво со проблемот околу доказот за Божјото постоење, а потоа може да дискутираме зошто Бог не го уништи злото, страдањето, кој го создал Бог и сл.
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos не ми одговори на прашањето пријател/ќе
     
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Слободно можеш да одговориш на поставените прашања, зашто јас одговор веќе ти дадов. Твоето прашање за Бог да се појави како светлина е одговорено. Оти нормално дека за светлината нема да помислам дека е Бог. Па јасно дека ќе барам објаснување зошто се случила светлината. Семоќното битие нека се симне доле на Земјата и нека живее со смртниците за да му поверуваме. Ако си ги прегледал повторно мислењата ќе видеше каде ти го пишав истово. И тоа, неколку пати.

    Не знам дали тераш инает или глумиш дека не ме разбираш. Да не те читав претходно, ќе помислев дека си трол. :D Или дека едноставно ти одговара да ја дефокусираш дискусијата.

    Ако вака продолжиш, јас ќе се откажам, оти дискусијава врти во круг и нема цел. Единствено ме држи тоа што ме интересира какви одговори си спремил. А патем и зошто си спремал?! Зарем не ги знаеш?! :D
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Мислев дека се зезаш со прашањето, затоа го прескокнав :) Не сум атеист, христијанин сум.

    Јас реков ако Бог ти се појави во силна светлина, со ангели опркужен итн. Ок, ти си ме сфатила како Божја обајва само преку силна светлина. Не сме се рабрале. Во ред, значи доколку Бог ти се објави како светлина, тоа за тебе не е валиден доказ, бидејќи светлината може да дојде и од нешто друго.
    Ама ева, ако Бог одлучи да дојде во форма на човек, на исто рамниште со нас, и да направи јавни чуда какви што никој не направил до сега, дали тоа ќе ти биде валиден доказ за Бог?

    Ако и ова не ти е валиден доказ, тогаш да не нагаѓам јас, еве ти пиши во каква форма треба Бог да ти се објави за да речеш ете тоа е навистина Бог, Бог постои, фала на доказот идемо даље :)
     
    На ♡BuBaLe♡ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... причини за да се биди атеист е резултат на сопствена неспособност, нерешавање на решливи проблеми, неноаѓање виновник за општата лична и околна ситуација, па сето тоа со едно палење свеќа и годишен пост би се решило преку ноќ (за христијани) или дневен пост и давање садака (за муслимани),
    нерешавањето на проблемите и покрај „починетоста“ и „верноста“ кон одредената свемоќна сила ја насочува индивидуата да се одрекне од све што постои или не постои, оти нема доказ ниту за постоење на таква натприродна сила, ама ниту дека не постои кога се бара да биде таа сила во облик на човек...
    и кога се нема одговор на цело тоа „молење“, „потчинетост“, „верност“ кон таа света натприродна сила - Господ , најчесто посакуван во облик на човек, индивидуата поради слабиот карактер лесно се одрекнува, негирајќи го за негово постоење, добивајќи сила во тоа негирање и уште повеќе неверување во негово постоење, кога „ништо не се случува“ кога е повикан за решавање на нерешливите проблеми, а и одмазда кон своите непријатели кои требале да бидат „казнети“, а ништо не се случило доколку би постоел...
    но едно е јасно и никој не може да ме убеди... кој и да е, во најтешките моменти, дали во прашање измеѓу живот и смрт, дали во прашање некоја тешка состојба лично за себе или за своите најмили, секој гласно или во себе ќе изусти ,,те молам помогни ми Господе,, ...
    ма колку се правеле силни атеистите во нормални ситуации, ма колку се правеле неверници, доколку е нормална човечка индивидуа и нема психолошки проблеми во најтешкиот момент ќе побара помош од натприродна сила макар било тоа само молење насочено нагоре, било молење насочено кон Господ !!!
    пример,
    семејство на атеисти ? ...наеднаш родителот се разболува, млад а сепак смртно на постела, нема спас се очекуваат најтешките моменти со давање на најдрагоценото на ова планета - животот, синот безпомошен да помогне... дали тој ќе се помири па ќе рече ,,тоа е тоа, важно јас сум жив и здрав! ,, или ќе се помоли во себе ,,Господе , помогни ми направи нешто, направи чудо да се спаси татко ми“---- признале или не, не постои таков човек доколку ги има сите човечки нормални доблести на чувство, љубов и одговорност!
     
    На Rama и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ... последна активност на членот - 17 мај 2012, баш ме интересира што се случи што го нема ? :(
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Го бара Господ со кандило.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Ох, дали ти си конечно задоволен?!
    Ќе биде ок, тие чуда да немаат илузионистичка заднина, како онаа на Крис Ејнџелс или како и да се викаше типот. Ами да се скроз божји дела. Знаеш, многу такви има во библијата. Оживување починати итн.итн.

    Сега ќе продолжиме нормално натаму? ! Стварно ме интересира што имаш да кажеш. Не ја глави веќе дискусијата.

    Сега ручек правам, ама уште чекам да ми одговориш. :D Ќе се вратам да видам дали има нешто интересно да прочитам. :D
     
  16. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    и едно прашање до сите членови?
    кои како читам го напаѓате ставот на @EvAngelos и не дебатирате туку агресивно го провоцирате со приказни за деца дека не се остваруваат, па ете не постои НИКОЈ и НИШТО со натприродна моќ, наместо љубезно да разменувате искуства, па и свое мислење (навивајќи заеднички да го обезхрабрите членот во своето дебатирање)
    ДАЛИ ДЕНЕС СЛАВИТЕ ДОМА БОЖИЌ ? :?:
     
    На Feminka22 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Славиме секако.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Да, задоволен сум :D Фала на одговорот. Еве го доказот што го бараш и се молам на Бог да го прифатиш :)

    Бог се објави и дојде во форма на човек баш на првиот Божиќ во Витлеем и изврши чуда какви што никој порано не направил.

    Прво, како што му доликува на Бог, Неговото раѓање беше претскажано со векови пред Исус да се роди:
    http://www.apologetika.mk/stariot_zavet_go_predvidel_isusovoto_ragjanje/

    А потоа беа претскажани и стотици Негови дела, чуда, страдање, смрт и воскресение:
    http://www.apologetika.mk/mesijanski_prorostva/

    Второ, Исус изврши навистина Божествени и јавни чуда (а не скриени финти во некој циркус, ниту пак користеше современа оптичка илузија и сл). Исус воскреснуваше мртви, лечеше болни, инвалиди, лепрозни, отвараше очи на слепи итн. Исус го воскресна 4 дена мртвиот Лазар кого цело село го оплакуваше и беа сигурни дека е мртов. Исус му ги отвори очите не на некој привремено заслепен непознат човек (што би можело да е местенка), туку му ги отвори очите на слепородениот просјак кого цел Ерусалим го гледал со години пред храмот како проси.

    Дали има сведоштва за овие Исусови чуда надвор од Библијата и од објективни извори?
    Да. Евреите кои го мразат Исус и кои го иницираа Неговото погубување сведочат за тоа. Пообјективно од тоа здравје :) Евреите во нивната свет книга - Талмудот не ги негираат чудата на Исус, туку ги нарекуваат „магии“. Се разбира дека ќе им дадат такво толкување, бидејќи не го прифатија како Месија и Божји Син.
    Во Талмудот пишува вака:

    „Во предвечерието на празникот Пасха го обесија Исус Назареецот. Четириесет дена пред тоа пред Него идеше гласник (и говореше): Исус од Назарет мора да биде каменуван бидејќи правел магии, го завел и разделил Израел. Кој има за Него некое оправдување нека дојде и нека го изнесе. Но за Него не се најде никакво оправдување, па го обесија во предвечерието на празникот Пасха.“ (. Санхедрин 43а, Вавилонски Талмуд)

    Понатаму исто така многу добар и преобјетивен доказ за Исусовите чуда наоѓам кај еден антихристијански писател по име Целзо. Тој исто така во негативните критики на Исус и христијаните пишувал дека Исус правел магии кои, според негово мислење, ги научил од Египет. Се разбира Целзо не нуди никаков доказ за тоа дека Исус правел магии научени од Египет, бидејќи тоа е само негово мислење, но она што е важно за нас денес, дека дури и Христовите крвни непријатели не ги негирале Исусовите чуда. Зошто? Затоа што не можеле да негираат нешто што Исус јавно правел и за што биле сведоци илјадници луѓе. Немало да бидат сериозно сфатени ако ги негирале. И затоа она што им преостанувало да направат е да дадат негативна интерпретација на Исусовите чуда. И затоа фарисеите велеле дека Исус ги прави чудата преку ѓаволот, па потоа дека правел магии, Целзо вели магии од Египет...

    Па дури ни Мухамед во 7ми век кога го основа Исламот ниту он не ги негирал чудата на Исус. Во Куранот Мухамед напишал дека Исус воскреснувал мртви, прогледувал слепи, лечел лепрозни итн. Куранот не наведува ниту едно чудо што го извршил Мухамед, но затоа пак ги споделува Исусовите неприкосновени чуда. Тоа е интересен податок.

    И се разбира она што се очекува од еден Бог во човечка форма е да го победил последниот и најголемиот непријател на човекот - смртта. Исус тоа го направил на првиот Велигден. Еве ти 12 разумни аргументи зошто можеш да веруваш дека Исус навистина воскреснал од мртвите:
    http://www.apologetika.mk/12-argumenti-za-isusovoto-voskresenie/

    И се разбира она што се очекува од Бог дојде во човечко тело е да ја подели човековата историја на пред наша ера (пред Христос) и наша ера (по Христос).

    Се молам ова навистина да те замисли, не за да те „победам во дебатава“, (голема работа на форум ако некој испадне во право) туку за да поверуваш во Исус и преку таа вера да добиеш вечен живот, живот со поголема смисла и надеж. Се молам Божиќ да се случи денес во твоето срце, да се роди и таму Спасителот твој :inlove:

    п.с. На здравје ручекот. И јас сега ќе одам на ручек кај роднините, па се читаме вечер. Тогаш ќе ти ги пишам моите размислувања околу твоите претходни прашања :*
     
    Последна измена: 7 јануари 2018
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Сум забележала дека ова често се користи како некаков вид аргумент против атеистите, а не ја сфаќам поентата.
    Дури и атеистите да се свртат кон барање помош од Бог во тој момент, велам дури и да е така, што не мора да значи дека е, дали тоа треба да се земе како некаков доказ за постоењето на Бог?

    Ракцијата на некој во момент на очај може да биде катарзична, но и ужасно бесмислена. Ако сум во авион и одеднаш почне да паѓа, можам несвесно и на flying spaghetti monster да се помолам а исто така можам да врескам дека не сакам да одам во седмиот круг, исто така може да ми текне и на сите серии на кои нема да им го дознаам крајот.

    Зборот ми е, на што ќе помисли човечкиот мозок во очајни моменти е многу рандом работа и да сум на ваше место, не би се гордеела со тоа што атеист во неразумна ситуација се свртел кон Бог.
    Треба да бидете среќни ако атеист при здрав разум се сврте кон Бог, ако има таков, освен Евангелос нели, за него знаеме. :D
     
    На Lianna Anna, Indiegurl, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Еве ја да и' помогнам на @Lianna Anna околу тоа што би можело еден атеист да преобрати во верник, т.е. што би било доволен доказ за постоењето на Бог. :D

    Ако Бог направи некое чудо, некаква објава, случка, настан, сеедно, на кое ќе бидат сведоци сите луѓе на светов и за истото сите до еден (муслимани, хиндуси, будисти, шинтоисти, пагани и неопагани) ќе речат „Вау, Бог навистина постои, ама ние цел живот сме грешеле и сме верувале во глупости - христијаните се оние кои биле во право“ и ќе станат христијани.

    Е, кога би бил сведок на такво нешто, и ја без размислување би им се приклучил на сите тие преобратеници од „погрешните“ религии и би станал верник. :)
     
    На Lianna Anna, Priroden, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.