Ако причина да се биде атеист ви е тоа што немате доказ дека постои Бог зошто верувате со среќа или љубов кога тоа неможе да се види?
Среќата, тагата, љубовта се последица на смеса од хормони, а нивното лачење е контролирано од мозокот, за кој сме сигурни дека постои бидејќи ако отвориме нечиј череп ќе го видиме. Всушност и божествениот наплив на среќа кој луѓето го добиваат кога се во црква и кој често се спомнува како доказ за Бог е исто така хормонска работа.
Имам еден другар, абе тежок атеист беше, да не речам радикален атеист! До толку беше против, до толку се контраше, што некогаш знаеше сите да не издѕвери и тоа до максимум, да речам да ти е кејф да го истепаш Али едно време, некако се повлече, го немаше.... коа едно време, го гледам зел/порачал икона и ја носи во Манастир почна да оди во црква, скоро на секоја служба присуствува, дури и неспоредливо повеќе од мене, јас неколку пати годишно ако појдам во црква- но сепак верник сум ! П.с 1000 пати го прашавме шо се дешава со него, како така наеднаш верник да стани.. одговара само со, остајте го тој муабет друг пат ќе ви кажам (инаку чоечево има над 43 години)
Нема, ако „бог“ се појави и нешто направи, јас тоа ќе го припишам на виша технологија. Завера на светските влади.
Бог е вонземјанин, еднаш дошол, видовме како поминал, сега на памет не им паѓа друг да праќаат..од планетата полна со Богови.
... јас едно ќе кажам, не си играјте со натприродната сила, таа СИЛА - ПОСТОИ !!! не знаете КАКО и КАДЕ ќе удри, сакате таа сила била КОСМИЧКА, НАДПРИРОДНА или едноставно наречена - ГОСПОД, доволно што ДЕНЕС СИТЕ СЛАВИТЕ НАЈГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ - ВЕРСКИ ПРАЗНИК, со што си ги побивате сите коментари на атеизам или неверување ! Нема да бидете модерни, ниту попаметни или мислите дека сте ИН, па верувате само во себе и во тоа што гледате, оти има многу работи ШТО НИЕ НЕ ГИ ГЛЕДАМЕ, ај не верувате во надприродна необјаслива моќ, макар наречена и Господ, оти гледам дека тоа Ве иритира... добро нека не биде Господ, Но мора да верувате дека ПОСТОИ НЕШТО на повисоко ниво што ние како луѓе не можеме да замислиме да бидеме,а најмалку да коментираме и да се натпреваруваме! ..тој што не верува во Господ си ќути, за себе не верува во НЕГО, но не куди за тоа што не знае... ова веќе е друг правец на создавање на анархија. масовно во секоја сфера на животот, па и во религијата... утре нема да почитувате ниту родители, оти нив ќе ги сфатите само како суштества кои ве донеле на свет без обврска и чувства, нема да почитувате моногамност, па ќе посакате повеќе брачни партнери, па полова определеност... за да на крај се изгубат сите човечки доблести и врелини и се постане безвредно суштество пониско од животно кое и тоа според надприродната сила знае да почитува животински закони ...
Ако сите светски влади успеат да се договорат едногласно за една работа, макар тоа да биде нешто тривијално, како во кој Бог ќе се верува - тоа ќе биде чудо само по себе.
Хахаха знаев дека тоа ќе го кажеш. Сепак не можеш да го видиш тоа ниту можеш материјално да ја претставиш среќата или љубовта.
Да не можеше, на кој начин ќе се изведуваа сите невролошки испитувања? Можеш да видиш кои делови во мозокот се активираат кога некој ќе види слика од маче, бебе или Исус, да речеме. Бог не може да се претстави на таков начин.
Темава е интересна сега за Божиќ Во Господ можеш да веруваш или да не веруваш, но сигурно не е негова работа да ни го докажува нам Неговото постоење. Колку што јас сум разбрал, ни на апостолите не им правел чуда за да ги импресионира или да им докаже дека е навистина Бог. Башка и тие верувале, па не верувале, па верувале, па не верувале се додека не воскреснал по што немало двојби за никој од нив. Ми текнува на една реченица што ја прочитав пред години на некој сајт што ја промовираше верата, парафразирам: „какво е тоа чудо што може еден куп кукавици (се мисли на апостолите) што претходно се откажале безброј пати од него, по неговата смрт цел живот да го посветат на ширење на христијанството и 11 од нив да умрат во тешки маки?“ Мислам дека претежно доживеале длабока старост. Која е таа сила, откако го виделе во каква страшна смрт заминал, да го посветат животот на ширење на христијанството? И пак, Господ ни дал слободна воља, сами да одлучиме во што ќе веруваме. Јас не знам дали е вистина дека постои, порано бев атеист како и повеќето на темава, но сега верувам дека постои. Значи, не знам и не тврдам дека постои, но мислам и верувам дека постои и мислам дека неговото име на земјава било Исус Христос.
Ова го читам како: Нема Бог и не смее да има Бог у никој случај! У се друго ќе поверувам, ама Бог не смее да постои и точка! На англиски вака одеше тоа: I don't believe in God and I HATE HIM!!
Ти ќе да си агностик, во најмала рака agnostic theist. Или пак само малце поише конфузно си се изразил/а
Јас сакам да одговорам на дел од прашањето од членот доублег. Вака значи апостолите во текот на ИСУСОВАТА служба на Земјата апостолите биле со него го прателе, но кога го фаќаат Исус Римјаните они некако се исплашени тој момент се повлекуваат, но по бозја волја јуда го предава знаејќе самиот Исус што и самиот тоа го кажал на тајната вечера и самиот го претчуствувал и така и навистина испадна. ОН знаеше дека е пратен за да го спаси човештвото. После самото негово воскреснување почнало да се шири им им се јавил на апостолите за да поверуваат во тоа што и самиот им го зборел додека бил со нив. И од тогаш они решаваат да имаат мисионерска дејност поткрепена со самата бозја благодет.
Станувам атеист кога ќе ми текне на моабетот дека Бог ги створил луѓето по својот лик...па размислувајќи за иднината, за едно 20-30тина кога киборзи ќе шетаат по планетава, кога човечки делови ќе се одгледуваат и продаваат по продавници, кога ќе можеме заболен дел да го смениме со нов, кога безпилотни летала ќе не носат на некоја друга планета.....Е како да веруваш во бог...повеќе ми оди работата накај некои интелигентни вонземаљци...