Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Има околу мене и многу добри луѓе. Нека го создал Бог човекот според својот лик, ама сигурно не му ја дал својата душа.
    Замисли која утопија би била кога секој човек би бил праведен?
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ако за нешто се најконтрадикторни некои верници, тоа е прашањето за Бог како апсолутно добра натприродна сила и злото во светот од друга страна.
    Значи не за злосторства од човечки ум и рака, туку неволји, маки и неправди кои не зависат од човекот, а се случуваат и на невини деца кои сè уште го немаат запознаено светот (масовна екстремна сиромаштија и глад во неразвиени земји, болести), и на несомнено добри возрасни луѓе. Контрадикторноста и најлошото тука е што постојат верници кои actually наоѓаат валидна причина за ова, го рационализираат со апсолутниот „ред“ воспоставен од Бог и го опишуваат како некаква лекција, па уште и велат на сите останати кои не го делат ова мислење дека „не разбираме“.
    Ова го зборувам повеќе реторички, а тие што ве имам читано по другите теми дека го имате токму овој став - ич не се ни обидувајте да ме цитирате, не само што нема да го прифатам никогаш тоа гледиште, туку и сами ќе си го дадете шах-матот и хуманистичката причина број 1 да не се биде верник :)
     
    Последна измена: 8 јануари 2018
    На WildMk, Lianna Anna, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Мислам дека со ова ти бараш Бог да ти направи триаголен квадрат како доказ :) Сега ќе ти објаснам зошто. Како што гледаш и на оваа тема, не секој атеист бара ист доказ за Божјото постоење. На некој да му се појави ќе му биде доволно, @Lianna Anna би била задоволна ако се симне како човек што ќе направи автентични и веродостојни чуда какви што никој не направил, @sjdgo пиша дека и да му се објави било како пак нема да поверува туку таа објава ќе ја толкува како виша технологија, завера на светските влади итн.

    Значи различни атеисти имаат различни критериуми и очекувања за тоа што би бил валиден доказ за Божјото постоење. Тоа што за еден е доказ, за друг не е и обратно. Затоа не можеме да збориме за колективитети, туку за индивидуалци. Има луѓе што и 1000 докази да добијат и 2000 Божји објави, пак ќе останат тврдокорни антитеисти и мразачи на Бог. Не е секогаш интелектуална причината заради која луѓето не веруваат во Бог. Во принцип, почесто е од емоционална разочараност. Примери имам колку сакаш на луѓе кои престанале да му веруваат на Бог затоа што некоја била силувана (и не сака да пријави затоа што е од мало градче и сите ќе дознаеле), потоа една другарка и почина татко и од мозочен удар и од тогаш го замрази Бог и сега не верува у него. Доволни се овие два примери. Зарем не знаеле они претходно дека еден куп девојки низ светот се силувани и секојдневно умираат луѓе од мозочни удари? Знаеле, ама не им сметало на верата во Бог. Ама сега кога ги боцнал нив трнот на злото и страдањето, не веруваат. Оттука следи дека причината не е интелектуална, туку емоционална. На тие луѓе џабе ќе им даваш интелектуални аргументи за Божјото постоење, џабе ќе биде и Бог да им се појави. Ќе го плукнат и ќе му свртат грб. И нема да речат како што ти погоре велиш: „Вау, Бог навистина постои, ама ние цел живот сме грешеле и сме верувале во глупости - христијаните се оние кои биле во право“ :D

    Се надевам ме сфати. Знам дека нема да се согласиш со ова, но нејсе, барем да бев јасен :)
     
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Тука прашањето што го поставуваат атеистите е: Ако Бог е добар и семоќен, зошто не го уништи злото сега и веднаш? И бидејќи не го знаат одговорот, таа празнина во знаењето ја пополнуваат со атеизам.

    Истото го правеле и древните пагани порано. Се чуделе како Сонцето гори, но никако да догори како што догорувал и огнот што го палеле навечер. И си велеле: Ова на небото свети и топли исто како огнот, значи е оган. Ама не знаеме зошто не догорува. Тогаш мора да е некој бог што му дава енергија. И така тоа незнаење го пополнувале со „Бог на Сонцето“ (Амон Ра) :)

    И во првиот и во вториот случај ја имаме истата логичка грешка: вадење заклучоци од непознатото, од прашалниците. Во првиот случај атеистите прават „Atheism of gaps", а во вториот случај паганите "God of gaps".
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Непостоењето на бог не е моја желба, туку реалност. Лично, не би имала ништо против тоа бог да постоеше, напротив, ветувањето за живот после смртта звучи забавно... но, ќе остане само илузија. бог не постои, затоа нема да се појави и да чини чуда. Нема ниту да верувам и да се надевам на нешто што нема да се случи. Не сум мало девојче за да се водам според своите фантастични желби, сепак сум полнолетна личност, а на полнолетните им доликува објективност и прагматичност.
     
    На Justicija и Читател им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Да, само што во случајот со прашањата на првобитниот пагански човек за појавите во природата, на нив одамна логично одговорила науката (во овој случај астрономијата). Каде е одговорот за првото многу поразлично прашање, ако воопшто може да му се даде опиплив одговор?
    Врати се на остатокот од моето мислење. Дека се противам конкретно на она... да речам маченишко гледиште на оправдување и величање на страдањата како лекции, дури и казни наследени од гревови на претходни генерации. И сето тоа религиозно гледано, со премисата дека сè има причина и зад сè тоа стои Бог. Тоа ми е битното од емотивен и морален аспект.
     
    На Lianna Anna и Читател им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Е ако де, нема врска што одговорила, битно логичката грешка била таа: извлекување заклучоци од непознавањето на одговори и нивно пополнување со божества. Исто како што некои атеисти ја прават истата логичка грешка и сега во 21 век.

    Библијата за христијаните има некои одговори поврзани со прашањата за злото и страдањето, ама има и некои неодговорени прашања. Вистинските верници не се потпираат на она што не го знаат, туку на она што го знаат. Сосема е во ред да се живее со некои прашалници во животот. Било која вера или светоглед да го одбере човек, дури и атеистичкиот/натуралистичкиот, пак ќе има многу неодговорени прашања. Таков е животот на оние кои не знаат се :)
     
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Во таква незгодна ситуација сум што денес сите роднини раселени низ целиот свет ми го честитаат божик со христос се роди , а јас само од чиста култура и да не им ги навредам верските чувства им возвракам Навистина се роди , а јас во тоа не верувам !! Нема доказ за јас во тоа да верувам ,и мн ми сметаат вакви наметнувања .
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Нема доказ дека Исус се родил? :o Ова има логика само ако веруваш дека Исус никогаш не постоел, дека е измислен лик. Ама ако го веруваш тоа, тогаш размисли каде ќе ти биде границата за тоа што прифаќаш од историјата, а што не.
    Добра ноќ!
     
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Научен доказ ?
     
  11. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    3.551
    Пол:
    Женски
    1. Никола Тесла.
    Бтв зошто верници пишуваат во атеистичка група и се караат нели треба да ни го свртат другиот образ?
    Дајте без кавги нема смисла како ние што почитуваме наука и факти вие верувате во господ и треба да се има взаемна почит како ние што не се мешаме у тие темите за религија, црни магии итн..
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    @Purelove92 тоа е тоа што најмногу ми смета. Ги почитувам сите верници не им се мешам , они се напорни со нивните убедувања (facepalm)
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    3.551
    Пол:
    Женски
    Same here, инаку знаеме историја, знаеме дека постоел човек кој се викал Исус кој бил против монархијата, знаеме дека тогаш Рим баш бил погоден од сиромаштија и баш им одговарало тоа на пониско рангираната маса т.е да има за секој леб и да не се дефинираме по цена затоа и го прателе. Како многу случаеви денес што следат различни ''учења". Се е тоа во ред респект во право бил човекот ама тоа дека на денот кога умрел имало громови и ги убило римските антиследбеници..Pontius Pilate виновникот за смртта на Исус здрав, жив, женет, со деца, извршил самоубиство на стари години по нареда на Калигула. Легијата му се викаше Judass па сега проценете.
    Бтв во ниту една верничка страна немам тупено ум, црни магии, уроци бла бла и не е океј да се тупи во атеистичка група. Причини оти сакаме.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Не се мешате? :D Не си отворила да видиш изгледа. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Дали историјата е наука за тебе? Дали постоеле Платон, Сократ, Питагора, Аристотел?
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Не треба причини да бидеш атеист или верник.Тоа си доаѓа од сам себе, или веруваш или не веруваш.

    Многу пати имам објаснувано , порано бев голем атеист сега сум верник и тоа ми се случи со причина. Си верувам на свој начин кој во некои делови не се сложува со она поповите што го кажуваат. Верувам дека Библијата и Куранот се точни, можеби се пишувани со некој преносен и компаративен стил за да им бидат поблиску на верниците, како би ги разбрале.

    Не се согласувам со некои ситни делови од религијата но тоа не е причина да не верувам.

    Јас искрено посакувам на сите атеисти да ви се случи преокрет, да станете верници, но не затоа што некој ве убедувал, туку навистина да го почувствувате тоа.

    И уште нешто, со цела почит кон учените луге кои се атеисти, но некој да тврди дека Светите книги се измислици а никогаш нема прочитано ниедна од нив , штрака само тоа што прочитал на нет ми е тотална глупост. Читани ми се и Библијата и Куранот и еден куп научни книги за настанокот за светот, за еволуцијата и филозофијата, и забележувам голема сличност мегу нив што ме тера да верувам уште повеке дека Библијата е точна.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Секоја земја има различна историја , јок !!
    Знаеш до утре пишувај ми , нема да ме убедиш во спротивното
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Истата ја правиш и ти. Имено, кога те прашав зошто постои зло, ти рече нешто во стилот Бог чека да сфатиме дека грешиме, а потоа ќе нè воскресне сите. И наводно овој заклучок ти е извлечен од нешто што конкретно го знаеш. :D

    Интересно е како овој заклучок може да биде исто толку валиден како и оној што би си го извлекол некој грчки политеист, дека Зевс се разгневил и отепал мало дете со гром. God of gaps.

    Она што го знаеме (што ти го тврдиш) во моментов е дека има добар и семоќен Бог. Тоа значи дека зло не постои. (Логичен заклучок, извлечен од она што го знаеме.)
    Ама ни јас ни ти не сме глуви и слепи и знаеме дека има зло. И ова го знаеме со сигурност, така? Значи единствен логичен заклучок одовде би било дека Бог не постои.

    Друга работа, atheism of gaps се користи како противаргумент многу повеќе отколку што треба.
    Евангелос, кога некој ќе ме праша зошто верувам дека два геј ликови од една серија се романтично поврзани, иако не се официјализирани во серијата, моја работа е да им ги приложам доказите поради кои верувам, на мене паѓа докажувањето, а на нив да видат дали има смисла или си измислувам crap онаму каде што нема.

    Знам дека можат да ми скокнат со аргумент дека штом никогаш не било официјално, значи не постои романтичен reading. Ова е валиден аргумент. Јас можам да го побијам со доказите кои ги имам, ама не можам да го побијам со она аха, вие не ги знаете моите докази, па си заклучувате од она што го гледате, т.е. од она што не го знаете. Ова не е доказ, ова не менува ништо, мојот геј пар може и да не постои.
    The burden of proof is still on me.
     
    На Someonespecial и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Точно така, се тепаме чив бил Александар Македонски, ама дали тоа значи дека не постоел? Грците не велат дека не постоел, туку дека бил грк. Дури и од несогласувањата во историјата, согледувајќи ги мотивите зошто некој ја менува, може да дознаеме за историјата. Несогласувањата не се хендикепт, туку можат да бидат и придобивка. И секогаш кога се истражува историјата, не треба да се потпира човек на сегашни интерпретации, туку да се оди кон изворите, кон најраните манускрипти.

    На пример ако најдевме еврејски историски документи од првите векови каде се вели дека Исус не постоел, дека бил измишљотина на отпаднатите евреи (христијаните), тогаш ќе можевме да имаме причина да се сомневаме во Исусовото постоење.
    Или ако најдевме рабински документи од првите векови каде се вели дека Исус бил Месијата, Син Божји итн. повторно ќе се отвореше врата за сомнежи бидејќи е нелогично крвните непријатели на Исус да пишат такво нешто и да го потврдат Исус како Месијата. Но ако најдеме рабински документи каде Исус се критикува како еретик, а неговите чуда се опишуваат како магии, е тогаш веќе тоа изгледа поверодостојно, бидејќи е во склад со нивните мотиви нели?
    Епа токму и такви рабински материјали наоѓаме од крвните непријатели на Исус. И тоа не било какви материјали, туку така Исус е опишан во еврејската свет книга - Талмудот. Ако за некој историски документ можеме да бидеме сигурни дека евреите многу педантно го препишувале и негувале и чувале како зеницата на окото, тоа е Талмудот. Тоа е светина за нив. Значи таму тие не велат дека Исус не постоел, туку дека бил еретик, токму онака како што пишува и во евангелијата дека евреите го третирале Исус. Знаеме и зошто така го третирале.

    Понатаму имаме и грчки и римски историски документи каде што се спомнува Исус. Не постои сериозен историчар (сосе атеистите) кој го негира Исусовото постоење.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Постоењето на Бог не значи дека не постои или не може да постои зло. Постои здравје, но постојат и болести. Постои светлина, но постои и темнина. Итн. Бог го создал светот како место без зло, ама Адам и Ева ја утнале работата. Сатаната е злото кое прво, во облик на змија, ја прелажал Ева, а денес ги прелажува луѓето. Затоа има зло. Што може Бог кога луѓето наседнуваат? Бог на луѓето им дал слободна волја, па тие си бираат во што ќе веруваат.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.