Не сум тврдел вакво нешто. Очигледно не си ме разбрала. Не значи тоа, ниту е логичен заклучок тоа. Може да си постои добар и семоќен Бог и тој да создаде роботи кои некомпромисно ќе ја извршуваат Неговата воља и ќе бидат програмирани да бидат послушни и да не грешат. Но ушто посовршена креација е човек со слободна воља, човек кој ќе има избор дали да му биде послушен или непослушен на Бог, човек кој ќе има избор да прави добро или зло. Во тој случај, кога човекот ќе одлучи да греши, Бог си останува добар и семоќен. Како потоа Тој ќе се справи со тоа зло и страдање, тоа си е Негова работа, на Негов начин и во Негов тајминг. Факт е дека ние луѓето не знаеме подобро од Него. Да знаевме, одамна ќе го решевме тој проблем и сега ќе беше рајот на Земјава. Пак не си ме разбрала во која насока го користам "Atheism of gaps" Јас само ја разобличувам логиката на вадење заклучоци од непознатото. Во примеров твој, јас не ти ја негирам твојата вера во емоционално поврзаните гејови. Но кога јас би тврдел дека тие гејови не постојат како личности само затоа што јас не разбирам како може да имаат емоционална поврзаност бидејќи не се официјализирани во серијата, тогаш тоа би бил мојот „Atheism of gaps". Што значи дека јас не би требало да вадам заклучоци за нивното постоење од она што не го знам за нив, туку од она што го знам.
Јас ова би го нарекла Satan of gaps. Што велиш @EvAngelos, постои ли ваков поим? Што правиме со тие што не „ги прелажал Сатаната“, што не заслужуваат, а им се случува зло? Некако ко слабо да има задоволителен одговор за ова
Постои и се користи кога ќе утнеме некоја работа, а вината ќе ја префрлиме на Сатаната... не сум крив ја честити кадијо, „ѓаолскио ме прелажа“
Нема такво нешто. За нашите грешки самите сме виновни и одговорни. Мислев дека знаеш. Инаку, жално е што на невернициве Бог им е крив за сѐ. И уште пожално што бараат одговори, ама не ја сакаат и не ја прифаќаат вистината ако не им одговара.
Да, сега видов, не било така туку уште понелогично: Како и да е, стои дека ова е само едно од можните оправдувања за нереагирањето на Бог, во ист кош како со тврдењето дека flying spaghetti monster нема доволно сос за да го спречи злото и останатите сосема нелогични оправдувања. Зборувавме за ова. Сè е океј, ама жалам ако ова е најсовршената креација на Бог. Таков не вреди да се нарекува Бог. Чекај, каде отиде сега... Во аналогијава, Бог не е гејовите сами по себе, туку нивната романтична поврзаност. Прашањето е дали постои романтична поврзаност, а не дали постојат гејовите. Второво е опиплива и очигледна работа, (некој кој би ја негирал би бил налудничав) што не е случај со Бог, па не можеш да ги споредуваш со него. Кога би тврдел дека не постои романтичната поврзаност (Бог) помеѓу моите гејови врз основа на тоа дека не се официјализирани (постои зло), би го користел она што го нарекуваш Atheism of gaps, иако е наједноставен логичен заклучок. И би било сосема оправдано. Каде има овде дупка во знаењето? Да не случајно не знаеме дали постои зло?
Постои, никогаш не сум тврдел дека не постои романтична поврзаност меѓу гејови. Исто како што постои и романтична поврзаност меѓу човек и куче. Еве види овој до таму имал романтични чувства спрема кучето, што дури и брак си склопил со неа Никој не негира дека човекот има романтични чувства и спрема кучето, а не па спрема геј партнер. Извор: http://www.dailymail.co.uk/news/article-1334993/Joseph-Guiso-marries-dog-Honey-sunset-ceremony.html
Романтична врска меѓу моите гејови реков, а ти или не си сфатил или се преправаш дека не си сфатил. Ај peace
Напротив. Она што јас го барам е недвосмислен, неоспорен доказ за постоењето на Бог – и воопшто не мислам дека такво нешто е невозможно, под услов Бог да е дел од физичкиот свет (уште повеќе ако е негов создател). Ти велиш дека разни луѓе бараат различни докази и дека најголем дел од нив не можат да се сложат околу тоа што би бил прифатлив доказ за неговото постоење, а што не. И во право си, но само затоа што во моментов Бог припаѓа во субјективистичката, индивидуална замисла за реалноста на поединецот, т.е. неговото постоење не е апсолутно докажано. Но на светов апсолутно постојат работи чие постоење и вистинитост е докажана, неоспорна и општо прифатена од човештвото – тоа се различните научни теории и физички закони. На пример, Њутновите закони се општоприфатени како точни во целиот образуван свет, без разлика на тоа дали е некој верник, на која религија припаѓа или пак, е атеист. Така што, кога би постоела каква било научна валидација за хипотезата наречена „Бог“, која би ја ставила на исто рамниште со сите останати општоприфатени научни теории, тоа би било сосема доволен доказ за мене. Но не смееме да заборавиме дека доказ за постоењето на Бог, како некој повисок облик на интелигенција е нешто многу поинакво од доказ за постоењето на Бог, чиј син бил Исус и чија волја е објавена во книгата наречена Библија. Во однос на тоа дали корените на атеизмот имаат емотивна или интелектуална основа, верувам дека има примери и за едното и за другото. Но кога би морал да нагаѓам, би рекол дека интелектуалната основа е многу повеќе застапена кај атеистите отколку кај верниците.
Причина да се биде атеист една а доволна, слаб карактер кој паѓа на прво искушение. Но Бог е ГОЛЕМ, па ќе дојде ден кога повторно ќе се врати на добар и прав пат.
Како ти би знаела која може да биде причината за да се биде атеист? Можеш да ми кажеш како знаеш, 100%, дека религијата на МПЦ е вистинската, како си сигурна? Тука повеќе ќе ти верувам.
Ги реши сите у 2 реда. Така треба, браво !! Кога беше на состанок со Бог, а не кажуваш еј .. цц. Ај кажи бар кога ќе биде тој ден за да знам да се спремам #nohomo
Нема да ве цитирам еден по еден за да ви објаснам. Имам 3 примера блиски до мене (читај сестра родена што не сакаше во црква отиде), така да се што сега од вас го читам, веќе видено. Нема да убедувам, стојам зад тоа што го кажав, а вие поставувајте си милион прашања во главата. Нити сум јеховин сведок, нити планирам да бидам. Не наметнувам моја вера и мои ставови, само си пишав заклучок. Како ве дирка ова, како срча стакло во срце да ви ставив.
Чекај да погодам .. Како прво демек сеа ти ја прикажа сестра ти како пример, а нели она ти е тебе многу блиска особа и као под дифолт ние ќе го сфатиме како сериозен и релевантен доказ за тоа што се случило ? хаха и оп замисливме како истото ќе не снајде и нас Не бе душо, не ме боде, а и не ме боли само бев премногу љубопотен, Знаеш, кага станува збор за вистината, секогаш сакам да ја дознаам А и башка ти се појави со таква сериозна убедлива изјава и ме заинтересира
Како сакаш сфати ме. На никој во животот не се објаснувам. Тоа ми е залудно губење време, исто како и оваа минутка сега. Душо на женска ти, на мене не. Алергична сум на "сарказам" и лигушење.
Смешно е што сарказам го стави у наводници, а лигушење не. (или обратно, како сакаш) Еве сега можеш слободно без дополнителен притисок да потрошиш од твоето драгоцено време читајќи го ова и да сфатиш дека можеш и за вакви работи да трошиш време без да ти е криво
Plot twist: Причина да се биде верник една а доволна, слаб карактер кој паѓа на прво искушение. Но ,, Бог ,, е не ГОЛЕМ, па ќе дојде ден кога повторно ќе се врати на добар и прав пат. П.с. Дали ова беше закана дека Господ ќе ме казни, само за да почнам да верувам во него пак ? Лол.
Јас бев најголем верник. Ама станав атеист. Демоните шетаат по земјата душо, не во пеколот. Духови мртовци и слични работи не ме плашат, луѓето да. Оти луѓето се полоши од било кои сиштества на земјата, на кучето дај му љубов и леб, ќе ти возврати со иста мера дури и повеќе. Мене ме уништија луѓе, не бог, не демони. И притропот два пати не бараше на врата да крсти вода, и тоа не звони на звонче вика урла низ двор. За пари одат попови. А оваа побожната ќе видиме во кој круг од пеколот ќе заврши. Шо е срцка имаш грижа на совест? Како прељуницуте што носат цвеќе на секое за сопругите - а навечер не се враќаат дома. Душо, како да биде верник млад човек од 20 години со срцеви проблеми? Или жена со 37 години со канцер? Јас избегнав смрт, и добро го знам страдањето и болката потоа. Идиотите ништо не ги снаоѓа, знајш зошто душо? Ги боли за се. И јас почнав така. Клале два јазици да се учат, сите се потресоа, мене ми беше гајле. Блиска пријателка имала канцер? Не допре до мене. Знајш зошто? На кој му е гајле за мене?? На кој? Само на син ми и моите дома. Све друго нека шета, вклучително и твојот бог.
Причината ваљда е разум, размислување со своја глава, гледање малце подалеку од кутијата. Извини вака сега, ама глупо е на атеист да му лепиш етикети ко демон, антихрист и човек што паднал во искушение, да се сконцентрираш на причината за атеизмот и за тоа да размилуваш, а да не си ја разбираш верата, т.е знаеш само дека веруваш во некој бог, а подлабоко да навлезеш во тоа не знаеш... За мене лично причината за атеизам е од проста причина што не можам да најдам логика.. Верувам во добро, сакам да правам добро, не сум демон ако сум неверник, само едноставно многу работи за мене немаат смисла. Вие верувајте си.