Па мој заклучок е дека сите верници се верници оти не се способни критички да размислуваат, ниту пак имаат желба да се образуваат. Нели, глупавко вака звучи? Не ме цитирај, не мораш. Ама ти поима немаш зошто било кој е верник/атеист. Можеш за себе да си збориш, секако.
Во животот, секој човек се соочува со несреќи. Тие несреќи некого го доведуваат поблиску а некого подалеку од Бог. Зависи како размислува, како го гледа светот и како ги доживува нештата со кои се соочува. Но едно е сигурно: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее. (Галат. 6;7)
Овде човек не смее да каже нешто . Патем ја си кажав свое мислење, што толку те допре не знам. Да гледаш од моја песрпектива па да ме разбереш. Вака само може да ме цитираш. Што сакаше да кажеш со делот за образување? Ако сакаше да кажеш дека за се мора писмен отчет, ти паѓа во вода.
Најголемата грешка, грешка на векот, универзумот, космос, микро макро блаблабла.... е верник да бара нешто во темава, или атеист во тема за верници. Апсолутна вистина, тука, сега и секогаш ќе постои
Си ѝ наметнала на помалата сестра сѐ што може да се наметне и влијае, си ја измоделирала по твоја мерка, за мерак. Знаеме веќе, напамет ти ги знаеме приказните. Уште нешто „за фалење“ да споделиш?
Па и јас мое си кажувам, што се однесува до мене, верниците се ограничени во својот светоглед. И не, не мислев на формално образование. Само што е дебилно и глупо да ти кажам дека си ограничена за своите избори. Истото важи и за тебе. И за секој друг. Твојата перспектива не е никакво правило. Туку твое лично видување за работа за која немаш никакво ниту теоретско, ниту практично знаење. Ако си била некогаш атеист, па си решила верник да станеш... ај некако.
-Прво користиш навреди, значи не почитуваш оснивни правила на форум. Нема потреба да се возбудуваш и вреѓаш. -Второ тоа што сум ограничена за свои избори е затоа што јас така сакам. Не дозволувам да ми се наметне било што , а притоа мене тоа не ми одговара, само затоа што било 21век и ајде сите па и јас. Атеизмот стана помодарство. Као баш си кул ако си атеист. Не сме на иста бранова должина, така да тука ќе го прекинам моето пишување, а за крај ќе кажам - Прво научете се да прифаќате туѓи мислења без да вреѓате, па потоа докажувајте колку сте паметни. Вака се во вода ви паѓа. Од страна со вакви зборови многу мизерно делува.
Не ти реков дека си ти дебилна и глупа. Туку констатацијата (дека некој нема карактер, или дека е прост, или дека не знае кај тера) е таква. Читај. Твоето мислење за атеистите Е навредливо (немавме карактер ли беше?), и дали е помодарство или не - твојата констатација не е поткрепена со НИШТО, освен она што ти си го "чувствуваш". Не треба ти да објасниш зошто е некој атеист, од две причини: 1. Не си атеист и никогаш не си била 2. Секој има свое објаснување за своите верувања Ниту можеш ти сите атеисти да ги ставиш во една корпа, ниту сите верници може да се стават во една корпа. Ограничен ти е светогледот, колку сакаш навредувај се. И немој те молам, не сме прифаќале туѓо мислење. Ај сподели ти како прифати дека не се сите поданици на МПЦ
За максиум 50 години религиозните луѓе повторно ќе владеат во светот и ќе го победат атеизмот. Не е тоа моја констатација, туку состојба на теренот. Без никаква војна.
Навистина? Ќе владеат и ќе го победат атеизмот? Wow, please do tell me more Сакаш да видиш кој и каде на пример така гледа на работите, и на што асоцира ова? Еве, повели: Спојлер Ете тоа е разликата. Повеќето од атеистите што ги знам не го осудуваат општо верувањето, туку иритантни верници (како вас што провоцирате во теми за атеизам) и нивното средновековно сфаќање на религијата во сите аспекти од животот. А уште помалку па имаат намера да го завладеат светот
Од каде ти е тоа дека јас сум верник? Не мора да значи дека сум религиозна личност ако размислувам разумно и пропорционално. Религиозните луѓе ќе владеат во иднина. Не во блиска, туку за 50 години веројатно. И тоа зборувам за земји како САД, Канада и сличните каде што атеизмот е најсилен.
Се виде и религиозните луѓе како владееја, Витали. Системи на едноумие, кои се стремат да создадат контрола врз секој сегмент од животот, и кои не толерираат никаква различност... генерално владеат така. Без оглед дали се атеисти или религиозни и тоа, нема врска со тоа дали е некој атеист или религиозен. До човекот е. Некои се склони кон диктаторство. И имаат потреба од него. Мамли, кога го спомнуваш ова со религиозните, одма на The handmaid's tale ми текнува
Точно, но поентата ми беше дека и атеистите кога владеат со светот владеат подеднакво радикално како и верниците. Комунистите би ги споредил со исламистите денес. Колку руси има убиено Сталин......
И јас ќе речев дистопија да не има намера да пишува Сериозно ме плашат особи со размислувања како Мамли и Витали, среќа што не познавам такви во реален живот. @Mamli пак ништо битно не кажа, од каде ти е ставов и по што тоа ти е разумен и релевантен? Каков терен, што си истражувал? Имаш некои статистики? Не нè научивте бе дека на празни зборови не веруваме, аргументи се бараат...
Вие кога кажувате нешто тоа е така и треба да веруваме на празни зборови а кога некој ќе пише нешто поразлично веднаш статистики аргументи и истражувања се бараат. Големата работа ти па на тебе статистики требало да ти даваме, како сака човекот така ќе пише... Што ако познаваше во реален живот? Што ќе направеше?
Не го гледам јас коментарот на Мамли ко лош. Оти, не го гледам тоа ко негова желба. Скроз непристрасно мислам го збори. И е повеќе поврзано со некои генерални трендови и бранови кои се случуваат на по неколку години, десестици+ и слично за кои има и објаснувања - што му претходи на што, па оти тоа се случува потоа слично ко трендот во политиката - бран левичари, бран десничари итн
Нема зошто да се плашиш од мене. http://www.dailymail.co.uk/news/article-2187733/Amish-fastest-growing-religious-groups-US.html Амишите имаат во просек 7-8 деца и секоја следна генерација се триплира. До 2100 година е предвидено да има 7 милиони Амиши во Америка, а до 2200 година да ја преплават САД и Канада. Секако дека тоа е огромна временска дистанца и сешто може да се случи и тие трендови да се прекинат, но со оглед на тоа што 90% од младите Амиши се баптизираат и остануваат да живеат во тие комуни реално скоро е невозможно да ги асимилираш освен да ги убиеш. На Амишите треба да се припојат и Мормоните кои исто така имаат по 4-5 деца во просек и ги има неколку милиони во САД. Многу организирани, претежно средна класа и богати. За неколку децении и нивниот број драстично ќе порасне. https://www.deseretnews.com/article...ies-are-Americas-largest-new-study-finds.html Тука е и Латино популацијата која во голем дел е католичка и традиционална и се зголемува секоја година. Во САД постојат и 600.000 црнци коишто преминаа на Исламот. https://en.wikipedia.org/wiki/African-American_Muslims Тоа се трендови коишто не ги диктирам јас.
Мене ми е нејасно како одредени луѓе не можат да сфатат дека атеистите имаат совршено нормален живот без религијата. Дека доживуваат подеми и падови, радост и среќа, болка и тага - како и сите останати луѓе - без да имаат потреба да веруваат во Бог.
Мамли, и денес, верниците (без оглед какви) се најмногубројни. Атеистите се малцинство. Ништо нема трагично во тоа некој во нешто да си верува, трагично е да се засноваат закони и прописи врз основа на нечие верување.