1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Морав ова
    На сите им рече да те игнорираат и откако ќе те игнорираме -> за бадијала си се мачел толку по тастатурата :D
    И уште еднаш размисли за ставовите. :hai:
     
  2. Alchemist

    Alchemist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    63
    Грешиш, тоа им реков само на најголемите интелектуалци, мислам дека се е јасно.
    Жал ми е.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Истата тема ја има,не ми е јасно зошто се повторуваат,http://forum.femina.mk/drugata-nauka/ateisti-t2286/40.html#p109514
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Го спомнав и јас неколку пати истото. Може да се префрлат мислењата во другата тема и не и е местото во религии бидејќи атеистите колку што знам не веруваат во ништо. :)
    И не ми било никогаш јасно, доколку не постои Бог, според нив кој го создал Светот ? :?:
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Еве едно прашање,зошто тогаш постојано некој некого го убедува во своите ставови,зошто некој ги убедува другите дека не постои Бог,тоа си е нивно право дали и во кого тие ќе веруваат,мислам дека воопшто не би требало да се филозофира на таа тема,тоа е индивидуална работа,но доколку сметаш дека можеш да дебатираш на некоја тема,слободно дебатирај.Во однос на темата не гледам место за дебатирање,едно ќе кажам,на човек можеш со сила да му одземеш,но неможеш со сила да му дадеш,било за што и да се работи.Зошто и воопшто е отворена темава,за само да настануваат конфликти, еве уште едно прашање,доколку човек смета дека никој неможе да го убеди во нешто што е спротивно од неговите ставови,размислувања,тогаш зошто тој ги убедува другите во своите размислувања??? За да дебатираш треба да си поткрепен, ама дебело поткрепен со знаење,на теми кои што се соодветни за дебата,но не како темава за кој што станува збор за лично уверување,а воопшто замерувам за начинот на тоа како и кои зборови се употребуваат во текот на говорот,затоа што тука на форумов се работи за луѓе кои и можеби не ги познаваш воопшто,треба малку да се покаже почит кон другите,без разлика дали ги познаваш или не.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Се согласувам со тебе дека за оваа тема не можеме да се пофалиме дека сме потковани со знаење или со факти. Но барем ова во што веруваме треба да биде ЕДНО. Не може во СЕ да се верува, особено не во нешта спротивни едно на друго.
    Алхемист е контрадикторен сам на себе, веќе неколку форумџики тоа го забележаа.
    И ќе го замолам да не ни прави тука психолошка анализа (Кате била пубертетлика заробена во тело на 22-годишна) бидејќи на истата не и местото во оваа тема и оваа т.н. дискусија.
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Thank God I'm an atheist! :)
    Твоето и така некако му доаѓа. Се вратив назад и погледнав уште неколку постови.
    Не Го мразиш ? Значи сепак постои ?
    Повторно кажуваш дека Бог постои, а тврдиш дека си атеист. |(
    Христијанството не се темели на земна наслада и земни задоволства, преку молитва треба да се бара само она што ни е најпотребно. Пример за тоа е Исусовата молитва - Оче наш. Ниту еден светител не се одликувал со материјално богатство,а сите се одостоиле за вечно блаженство. Човекот е создаден со слободна воља. Никој не рече дека доколку се молиш си неспособен да се справиш со твојот проблем.
    Проблемот е во тоа што јас не можам да ги сфатам твоите размислувања. Се нарекуваш себеси Атеист, а велиш дека Бог постои. Дај биди малку појасен. ;)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.215
    Пол:
    Женски
    Мислам дека човеков поим нема дали верува во нешто или не. Не е на чисто со себе, па не може ни да се изјасни како што треба. Му советувам да размисли убаво, па да пише.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Јас мислам дека не му е баш јасно што значи ЗБОРОТ атеист. Слушнал - не дослушнал.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.215
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека верува во тоа дека Бог не создал и после не сакал веќе да се замара со нас, па не оставил сами да си тераме :D
     
  11. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Не сватил што е тоа атеист. Ај ќе му просиме. :)
    Вели дека не постои Бог, а потоа кажува дека го почитува, сака итн, што јасно укажува дека верува во постоењето на Бог.
    Мислам дека сакал да каже дека секогаш кога и да имал проблеми ги решавал самиот без да чека од Господ да му ги реши. Што воопшто не го сметам за грешка или глупост, бидејќи и верниците го прават тоа- самите бараат излез од безизлезни ситуации, но се молат и вербата во Бога некогаш ти ја дава потребната сила за да продолжиш.
     
  12. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Да те прашам нешо тебе викаш дека не веруваш во Бог рака . ај не остај нема врска еве јас верувам дека постои и дека е полн со љубов за нас...
    Епа сеа се се родел ке умреш и коа ке одиш на вратата на смрта ке те пречека некој месечина или Бога? ај те молам кажи ми и ти уствари немаш право да отвараш ваква тема и да не труеш со својте глупости дека Бог не постои
    И ај кажи ми по црвсти факти дека Бог не постои и ако ми кажеш и ме "увериш" дека не постои (а тоа нема да се деси)
    јас ке ти даам цврсти фактии дека Бог постои ..
    Искрено мене фактите не ми требаат и не ме интересираат али ако сакаш да докажеш дека Бог не постои ти требаат навистина цврсти факти .. а јас имам цврсти свои факти кои можат да докажат дека Бог постои !
    И можеш слободно да го напуштиш форумот кога ке ми одговориш на прашањето :)
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе си ласкаат на себеси, сметајќи се за атеисти, иако во суштина се паганци!



    Атеистот е човек, кој си изградил куќа без ниту еден прозорец, а го обвинува Бог што мора да живее во мрак!



    Потсмевањето и насилството им се единствените аргументи на атеистите против христијаните.



    Безбожниците зборуваат за Бог почесто од побожните!



    Некои луѓе се атеисти само додека им оди мазно!



    Атеистите го надминуваат ѓаволот: тој барем знае дека Бог постои
     
    На KatarinaLehotska и FBI им се допаѓа ова.
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    :clap: Убаво кажано :clap:
     
  15. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Луѓе не сте ми јасни ама воопшто :^)
    Сите луѓе не сме исти, секој си има свои ставови и мислења, а форумот постои баш за тоа, да дискутираме, без разлика дали некој има спротивставени ставови со вашите како во случајов што е Атеист. Човекот отворил тема, која според мене е многу добра, може да потикне многу дискусии и дебати, а вие му се нафрливте без везе. Место на интелектуално ниво и достојно да го демантирате ако не се сложувате вие го нападневме што е машко, што шири пропаганда и што уште не.
    Зошто да нема ваква тема за која има место за многуууу дискутирање ,никој никого не убедува тука, ниту тој може вас да ви го смени мислењето,ниту пак вие нему, работата е да се разговара како луѓе без напади и ниски ударци.
    На подфорумот религија има место за многу слични теми, не е религијата само евангелија и 10 божји заповеди и молитви.
     
    На Daddy.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    леле луѓе што се замарате со овој и вакви глупости,кој што сака си пишува ама не мора да му се обрнува внимание,и така темата ќе биде заклучена
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Темава е дупликат,очигледно отворил тема во која тој другите ги убедува за тоа дека не постои Бог,но Криси тука нема место за дебата,а кажи ми на кое интелектуално ниво ќе го користиш во однос на темава,за која нема цврсти докази,врз основа на што ќе дебатираш,на измислени 11 причини??? Ако човекот е атеист,не треба да ги убедува другите дека не постои Бог,тоа е исто како да земам јас сега да те убедувам во мое мислење,дали можам јас моето мислење да ти го наметнам за да мислиш како што јас мислам,сигурно дека неможам, а не ни сакам.Незнам што повеќе да кажам,само нема за што да се дискутира на темава.
     
  18. Iva-Sliva

    Iva-Sliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    45


    Браво :clap: :clap: :clap:
     
  19. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Зошто да биде заклучена??? Аполутно нема никаква потреба да биде заклучена, ако е дупла тогаш си има начин да се спои со другата, тоа модераторите треба да го решат. А ако сметаш дека треба да биде заклучена пошто луѓето во неа имаат спротивни ставови,тогаш тоа е голема заблуда, ова е форум секој си има право да си пише што сака.
    На секоја тема има што да се дискутира и тоа многу, ако човекот не мисли како останатите и отворил тема не значи дека пропагира нешто ниту некого сака да убеди во нешто, туку едноставно да дебатира, особено со некој што има спотивни ставови, на интелектуално ниво секако. Јас не видов никого да увреди,нити да употреби некој лош збор, сосема нормално си пишуваше човекот, додека не го нападнаа сите без причина.
    Мислиш дека нема доволно дискусија за религијата и атеизмот, има и тоа многу, во многу наврати сум дискутирала за тие две теми, секогаш имало оштра дискусија, вакви теми секогаш се такви.
    И само уште нешто ќе те прашам. Викаш кажува измислени 11 причини за нешто што нема цврсти докази,но дали религијата има цврсти докази? Јас велам не, значи ли тоа дека не треба да се дискутира ни за неа?
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Зарем ова не е навредување, темата не е лоша, ама лошо е поставена и дискусијата прејде во навредување.
    Затоа ваквите теми немаат иднина, ќе се исповреѓаме и на крај ќе добијат клуч.
    Ако темата беше поставена воследнава насока: Верувате ли во Бог, ако верувате зошто?
    Што мислите за атеизмот? Дали атеистите имаат право?

    Вака секој ќе си кажеше што мисли и крај.
    А не некој да се става во надредена позиција поради своето (не)верување во Бог.

    Инаку темава е добра ама со вакава поставеност нема да се развие дискусија.