А кога ќе видиш дека некој лаже, краде изневерува и се му се случуваат убави работи а тај што го трпи тоа полудува или се разболува? Каде е господ
Добро што треба да направам јас тогаш? Во тоа е и проблемот што сите гледаме што прават другите , а не што правиме ние да бидеме подобри луѓе од тоа што сме. Кога прво грешките ќе ги бараме кај нас тогаш општеството ќе биде рај на земјата.
Прво мора да ја прочиташ Библијата па после ќе дискутираме. Уверен сум дека ја немаш прочитано, се гледа од километар. И телевизорот и медиите се измислени за перење мозок па зошто ги следиш? Ти препорачувам да ја прочиташ Библијата, ќе ти се разјаснат некои работи и ќе сфатиш дека не е перење мозок. Да се водеа повеќето по Библијата светов ќе беше подобро место за живот.
Па зошто не почнеш да крадеш да изневеруваш? Со тоа повредуваш некој, незнам дали си свесна, ама тебе тоа ти се убави работи. Ќе пораснеш ќе сфатиш што ти зборам.
Се гледа дека си дете недораснато , па не вреди да ти објаснувам некои работи , коа ке пораснеш самиот ке си сватиш
Што да сфатам? Мислиш дека ќе станам атеист? Никогаш. Всушност се гледа кој е колку дораснат со тоа што го напиша. Тука ќе прекинам дискусија со тебе бидејќи несакам да паѓам на твое ниво и да почнам со навреди и слично. Ако мислиш дека така ќе завршиш убаво и дека тоа е убаво зошто не го правиш тоа?
Те разбирам јас што сакаш да кажеш затоа и така напишав. Но нели тие поубаво кога ќе налеташ на некои луѓе кои работат на себе и се трудат да бидам подобри луѓе и ти го разубават животот. Зошто да им завидуваш на лошите луѓе поради тоа што им се случуваат убави работи, секој човек различни работи го прават среќен. Тие кои се богатат на нечесен начин парите ги прават среќни, мене ме прави среќен кога некој ќе биде љубезен кон мене и ќе ми покаже дека му значам како личност. Инаку да знаеш дека отидовме во сосема друга тема и ќе ни ги бришат коментарите модераторите бидејќи излеговме од рамката на темата.
Многу е длабока темата секако има различни мислења од некои гледни точки и твојто мислење е точно а од некои и моето.
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/g-g-stefan-se-podnovil-gliser-od-180-000-evra/ Фала на Госпо бог шо ни даде пари на тие шо највеќе ни требаше и не благослови со едно вакво глисерче и ние сиромашните да видиме нешо убаво од животот шо ни го дарил. ⛪⛪⛪
^ Мене Србите пријатно ме изненадија пред некое време со ова http://netpress.com.mk/ateisti-na-srbija-bara-da-se-vovede-crkoven-danok За веста, немам коментар...
Хмм...во еден разговор, слушнав и вакво размислување за овие постапки: "Тој греши, но греши за себе. Со тоа што ние му судиме, го превземаме гревот на нас, затоа што само Бог смее да суди, со тоа го ослободуваме од гревот". Шта речи, коју поруку послати, останав јас без коментар
Што ви е луѓе, па ова е причина плус да се биде верник, а не атеист. Кој атеист во Македонијава има глисер од 180000 евра?