Море каков поп, каков глисер..па да ме однесе на св.Гора и таму реденка да ми праат!!! На душек со дување ќе си пловам
Причини да се биде атеист: - Ќе звучиш понаучно дури и да немаш две чисти од наука. - Ќе бидеш кул шегобиец на тема религија. - Ќе имаш многу материјал за исмејување верници. Интернетот врие од мемиња против верници, а многу малце против атеисти. - Bonus tip: Ретко кој може да исмејува бланко лист на убедувања. - Ќе можеш без грижа на совест да си правиш слатки гревови. - Без проблем ќе можеш да ги истакнуваш гревовите на верниците под назнака на лицемерие, а од обратното си амнестиран/а со зборовите "Каков верник си ти што судиш!". - На медиумите никогаш нема да се појави вест: „Атеист силувал малолетничка!“ и да го испрља имиџот на твојата идеолошка определба. - Ќе можеш да си мрчиш за се и сешто од општеството и вината за секое зло или трагедија ќе му ја префрлаш на Господ во кој не веруваш.
Значи ти заради овие работи си бил порано атеист? Good to know Ама видиш, повеќето атеисти што јас ги знам - станале тоа од многу посериозни причини. Не знам како некои така лесно си го навредувате и исмејувате дури и вашето сопствено минато јас.
Братучетка ми беше атеист по моја претпоставка затоа што припаѓаше и на двете вери. Мајка и (тетка ми) православна, а татко и - муслиман. Неколку години пред да почине, се клањаше неколку пати и учеше и за Исламот по раскажувањата од баба и. Мислам дека го бараше својот мир..
Не. Негова работа е религијата, нема што да се меша во политика. Секуларна држава сме. Да сум на власт, би забранила вакви изјави од верски лица.
Па ете затоа такви како тебе не се на власт. Дали истото би важело и за доктори, професори? Значи само нивната професија и ништо друго не треба да ги интересира? Свештеникот од тоа за леб вади, со тоа издржува семејство, тоа му е професија на еден начин.
Ако толку ги интересира политиката и состојбата во државата нека си плаќаат данок. Инаку вака прават штета на државата и граѓаните.
Има право и да одбие да пее на погреб оти се работи за татко на член од владеачката партија кои се „предавници“, така? Со линк од ваква вест се фалеше некој од патриотите тука во политика... Бизарно, дно дна. МПЦ се сѐ, само пример за морал и човечки вредности не.
За што данок? Не е фабрика тоа па данок да праќаат. Народот не оди таму присилно и не ги тера никој со сила пари да оставаат. Ова само во Македонија го имам видено, пари по икони. Секако дека има право. Како што и доктор има право да одбие да оперира некого.
Па зошто да не оправдам? Која е причината да присилуваш некого да прави нешто што не сака да го прави. Не е единствен кој ја врши дадената работа така да може друг да се најде.
Никој не ме тера ни да одам на лекар, ни да купам храна, ни да одам на пазар. Ама секој човек кој работи и заработува мора да плаќа данок. Дури и луѓе што продаваат на пазар плаќаат на општината за тезга, а малку заработуваат, па лоповиве не можеле... Едит - Црквата е институција така? Сам кажа дека тој свештеник заработува и храни фамилија. Епа извини, ама мора да се води сметка колку и од каде се слеваат пари во некоја институција и општо кај секој човек. Не викам и дека државава ни е најсјајна, ама веќе ако се плаќа данок, нека плаќа секој.
Кога еден човек разговара со имагинарно суштество- ќе му препишат ментална болест. Кога истото го прави цела маса луѓе = го нарекуваат религија.