1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Прво описмени се, а потоа кажувај и осудувај дека нашите ставови се ниски.

    Инаку кога го прочитав насловот на темата си помислив да не се работи за наградна игра!
    Во ПДФ Религија има доста теми и ако не те мрзи прочитај ги нашите дискусии и мислења.
    Плус, истиве овие наградни потточки ги има во една тема поврзано за атеистите.
     
  2. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Е се прават грешки де. Нема некој таков кој не пишал или не испуштил некоја буква.
    И работава не е дека му замеруваме што е атеист.
    Ај признавам дека малку ме "рани" со точките во неговиот прв пост.
    Ама со секој нареден сваќав дека само ги прочитал некаде тие точки, малку му го испрале мозокот па рекол -ај јас ќе си бидам атеист сега. Го спомнуваше Бог, и кажуваше дека го сакал, верувал дека го создал ама сепак не верува во него :^) и во неговото постоење.
    Е единствено тоа остана да ме буни во целата работа.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    криси,ќе биде заклучена поради постови вон темата и навреди.а искрено,на теми како оваа не ми се ни дискутира,па што е до мене ми е сеедно дали ќе биде или не
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Криси,единствен извор на кој што христијанството ја базира својата религија е Библијата,а тоа што е во неа напишано е напишано,дали ти ќе веруваш или не,тоа е твое право,јас верувам дека Исус некогаш постоел,како и дека тоа тоа што е напишано во неа е вистина,но сепак тоа е мое лично видување.Пример еве да го земам Ден Браун,кој во својата книга Кодот на Да Винчи,вели дека Леонардо да Винчи во својата слика Тајната вечера,скрил многу податоци за постоењето на Бог,за религијата,како и дека апостол Јован кој што на сликата е сместен на десната страна од Христос,дека е женско,тоа е апсолутна лага,жива лага.Начинот на цртањето во ренесансната уметност е таков каде што во однос на сликањето портрети,актови,посебно во делата на Леонардо,Микеланџело,може да се забележи дека сите нивни портрети,се нацртани како што треба,меѓутоа самиот начин на цртање му дава на гледачот илузија,односно машки портрет да се гледа како женски.Како прво,секаде во било која од православните цркви,претставувањето на Тајната вечера е стандардно,со 12 апостоли и Исус,во која што секогаш на исто место се поставуваат апостолите распоредени околу Христос,тоа може да се забележи во нашите цркви во Македонија.Се е сликано по стандарден распоред,додека во католичките цркви,ретко може да се забележи икони,кај нив често се забележуваат во базиликите скулптури.Начинот на сликање од 12 век во Македонија,во однос на 15 век во Италија се разликува,иако се смета дека ренесансата е започната уште во нашите цркви,а после се појавува во Италија.Целата работа е во стилот на сликање,а не дека апостолот Јован бил женско,не е точно,имам прочитано за трактатите на Леонардо и можам да кажам дека таму во нив,се се техники за цртање.Додека Ден Браун само направи многу добро сценарио од книгата,со тоа што се здоби со слава,него воопшто не му е гајле за религијата.Како второ,денес,а незнам од кога,владеат со светот Евреи кои таква пропаганда му прават на светот,да луѓево не се свесни за тоа,тие едноставно се залагаат за нов поредок во светот,тоа што некогаш било да го избришат,секаде се мешаат,па дури и во религијата,апсолутно секаде ги има,а Америка им е само играчка со која тие диригираат за да владејат со светот,ништо повеќе.Како четврто, на почетокот на историјата,значи од праисторија,постоеле култови,ритуали,потоа веќе од Египет почнува верувањето во многу богови,па продолжува во Грција,Рим,за да после во средниот век се појави сектата наречена христијанство,која што подоцна,поради голем број на верници,се преобразила во религија,само незнам дали некој некогаш се запрашал,зошто Христијанството,покрај сите препреки и прогонувања на хритијаните од страна на римскиот император Нерон,а можеби и од друг,опстојувало и опстојува до ден денес,што мислиш зошто? Ова е веќе тема за религија,за која што може да се дискутира,но неможе да се дискутира на темата Дали постои Бог или не,неможеш да водиш дебата со некого кога се работи за лично уверување,затоа што немаш врз основа на што да дебатираш,а друго е да дебатираш за религија,сосем друго за личното уверување,таму нема дебата,за што дебата,за на другиот да му го вметнеш сопственото мислење за тоа дали постои Бог или не.Тоа е индивидуална работа,а за темава нема место за интелетуално ниво,место за тоа ниво има во религија.
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Еве јас исто верувам дека Исус постоел, тоа бил некој добар и скромен човек кој им помагал на другите, кој после тоа го воздигнале и со генерации прикажните само се зголемувале. Сакаш да кажеш дека веруваш во Библијата како книга на факти? Па ниту се знае кој ја напишал, и полна е со апсурди, кои е смешно да се верува дека се вистина.Човекот настанал од ребро, Ное земал брод од дрво, го направил земал животни од двата пола и пошол на море, Адам и Ева живееле во рајот и гризнала јаболко зошто змијата така и кажала, Исус одел по вода без да пропадне, водата ја претворал во вино, сакаш да ми кажеш дека во тоа веруваш??
    Јас само можам да кажам дека Библијата е книга која изобилува со убави прикаzни, те учи на добро, значи пропагира добрина меѓу луѓето, но дали сето тоа е нужно вистина, според мене аполутно не.
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Библијата е пишувана од Божји луге под раководство на Св. Дух. Поделена е на Стар и Нов Завет. Стариот завет трае до доаѓањето на Господ Исус Христос и сите пророштва што се наоѓаат во Стариот Завет се наоѓаат исполнети во Новиот Завет. За арката на Ное има, според најнови истражувања, остатоци од истата на планината Арарат во Турција и димензиите се идентични со истата што е дадена во Библијата (ако си ја читала Библијата сигурно си видела дека има и точни димензии). За Исус Христос дека бил Бог е повеќе од докажано. На пр. Неговото воскресение е најпроверениот и најдокажан настан во историјата на целото човештво. Има и за тоа многу документарци на "Дискавери". Се што се случува за Велигден на неговиот гроб е доказ за тоа. За тоа дека има Господ е повеке од очигледно, бидејки со самиот хармоничен поредок во природата се доага до таков заклучок. Исто така и тоа дека човекот е создаден од земја е и медицински потврдено со тоа што секој елемент што го има во човековото тело се наога и во земјата и никој од овој свет не останал, а да не се врати во земја. Дека од Адам е земено ребро и е создадена Ева не е коинциденција бидејки и денеска знаеме дека мажот има едно ребро помалку од жената. "Човекот со својата мудрост не го позна Бога во неговата премудрост". Морам да ти кажам и пример со еден доктор што велеше дека лугето поголеми верници стануваат кога ке бидат во поодминати години, бидејки знаат дека им се ближи крајот и си велат : "А што ако навистина има нешто таму горе ? ". Ние имаме слободна воља и ние бираме дали ќе веруваме или не.

    А во врска со членот кој тврдеше дека е Атеист, никој не го напдна (барем не од моја страна), сакав да продолжиме со дискусија, но тој тврдеше дека е Атеист (што значи дека не верува во ништо, за атеистите било каква религија или верување е апсурд), а вели дека го сака Господ кој му дал живот. Не го разбирам ова, а мислам и дека на него поимот "Атеист" му е малку нејасен. Нека ми појасни, дали не верува во нешто дур не го види или ? :?:

    Поздрав. :)
     
    На sweetgirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Да, ги знам сите овие работи, и сакаш да ми кажеш дека си убедена дека бродот на планината Арарат во Турција е бродот на Ное? И дека човекот настанал од кал, а жената од ребро? Не веруваш во теоријата на дарвин и во еволуцијата? Мене овие податоци нити ми се докажани,ниту некогаш ќе се докажат, а посебно не воскреснувањето на Исус, кај е тоа најдокажаниот настан во човештвото, кои се доказите?? Немој само со платното од Ватикан да ми кажеш, пошто е смешно.
    Само да напоменам, ниту убедувам некој, само дискутирам да не ми се нафрлат после ова сите. Ја не верувам во тие работи ама ич, јас сум секогаш за науката која може да ги докаже своиоте теории, а и многу пати во историјата ја побила религијата.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Криси,сакаш да кажеш дека Дарвин бил во право?Па посмешно нешто од теоријата на Дарвин нема,дали си размислила дека науката не е секогаш во право???Платното од Ватикан,на кое што е насликан Христос,не е лага,затоа што Исус додека го носел крстот на патот кон Голгота,една жена,која гледајки ја маката на Христос,му го избришала лицето негово,на тој начин,а и е еден од доказите за тоа како изгледал Исус,моја претпоставка дека се работи за платното во кое телото на Исус било завиткано откако бил распнат и откако бил однесен во гробот.Додека за воскресението,всушност е целосна трансформација на телото во енергија или дух како и да се нарече,иако самото човечко тело е енергија,па бидејки не веруваш,сакам да те прашам дали сметаш дека телото на Христос е најдено или пак коски негови,кои што ете науката веројатно би ги нашла и би направила анализа за да утврди дали коските припаѓаат на Христос или на Богородица,затоа што и Богродица воскреснала,не само Исус,а тоа може да се види на фреските во нашите цркви низ Македонија,во кои претставен е празниот и отворен гроб на Богородица.Разликата е во тоа што воскресението значи целосно исчезнување на телото со се коски, по смртта,а денес човек кога ќе умре остануваат коските,затоа и археологијата е важна за дознавање на историјата на човештвото,иако за Исус немаат податоци.Моето видување и верување во однос на религијата е такво,какво што е,немам намера да го докажувам,а најмалку да убедувам некого.Само можевме со дебатава да се префрлиме во темата Дали верувате во Бог или не,не тука да дебатираме.Искрено не и верувам баш целосно на науката,само примам информации но не се ослонувам на нив,а најмалку да и верувам,туку размислувам со своја глава,затоа што, како што веќе кажав,тие кои што владеат во светот се мешаат и во религијата,а да не зборам за Ватикан,каде не го почитуваат христијанството,иако се претставуваат како најголеми верници,имаше и сега скоро за случувањата во Ватиканската црква.Целата работа ја прави човекот,тој е главниот на сите војни или други лоши работи низ светот,зарем не си размислувала дека човекот е тој кој што може да го направи светот подобро место за живеење,зарем не си размислила зошто има многу кои што гладуваат,посебно да не зборам за Африка,каде што,кога ќе ги видам тие луѓе душата ме боли,како и за тие кои што се болни и од болести кои навидум се неизлечливи,за секоја болест постои лек,за рак,сида,леукемија,само поради профит,пари,заработка не го пуштаат лекот,а сето тоа го прави човекот,односно Евреите,кои што поради пари,на нив не им е гајле за тоа дали некој нешто го боли,дали некој е гладен,сам итн.Тоа Бог не го прави,туку човекот,атеистите не веруваат во Бог затоа што викаат како Бог може тоа да го прави,зарем сакаат Бог да им ги среди работите?Сепак тука се работи и за свесноста кај човекот,свеснот да кога на некој му е тешко да му помогнеш,кога некој е гладен да му дадеш да јаде,кога некој ќе ти побара пари,како што се тие луѓе кои секојдневно ви тропаат на врата,барајки парче леб,без разлика дали лажат или не,работата е да помогнеш.Кога сите луѓе во светов не би правеле војни,не би краделе,не би убивале,кога би се почитувале себе си и другите,кога би си помагале,тогаш земјава би била рај и ете ви го Бог.Атеистите викаат нема Бог,има и тоа како има,само незнаат каде е,затоа не веруваат,а тоа што го пишав малку погоре,мислам дека доволно укажав каде е Бог.
     
  9. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Се согласувам со секој збор од Child.
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Оладете ! :smoke:
    значи и да се испотепате нема да биде ништо ..
    атеситите ќе си останат атеисти истото важи и за другиве..
    не гледам зошто...секој си има свои убедувања и ставови ..и очигледно е дека цврсто стои зад нив , да не беше така ќе се двоумеше ..а што ли да бидам атеист , муслиман или нешто трето ?!?! :?: :|
    толку од мене ..
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Да Криси, верувам. НЕ верувам во теоријата на Дарвин бидејќи самиот тој пред да умре се откажал од својата теорија. Не ми е логично. Океј, тоа е тоа. :) Како што сама спомна, не можеме никого ниту да го убедиме, ниту да го натераме да верува. :)


    Нема да се испотепаме и не гледам зошто да „оладиме“. Милион пати спомнавме дека не сакаме ниту некого да го натераме да верува, ниту некого да убедиме.
    И пак да спомнам, НЕ е тепачка или караница доколку на форумов се развие некоја поголема дискусија, не мора само за дечковци да зборуваме, нели ? ;)
     
  12. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Не мислев дека постојат толку големи верници како wild.Секоја чест :y:
     
  13. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Каде ви отиде Alchemist?
    Го отепавте човекот, а тој само сакаше да си напрај муабет.

    Јас не сум убедена ни во едно ни во друго. Сакам да верувам во Бог, затоа што ова што го живееме на земјата колку и да трае малку е, кога ќе умреме ќе не снема засекогаш, и после две генерации нема ни да се спомнува дека сме постоеле. Тоа е она што ме плаши и што ме тера да сакам да постои Бог. Ама сепак и за него имам неколку прашања. Ај од почеток:

    Прво- не барајте докази за постоењето на Бог, тој е предмет за верување. „Верба“ по дефиниција значи, без доказ да знаеш дека нештото постои. Како кога следиш некој авион на небо со поглед, и кога ќе се скрие позади облак, ништо не ти докажува дека е тој таму, ама ти знаеш, убеден си дека е таму, ништо не може да те разубеди. Е тоа е верба. За религијата доказите се ирелевантни. Науката бара доказ, формула, експеримент- Бог бара да веруваш и без да видиш. Исто како авионот позади облачето.

    Е сега ако постои- ако толку многу не сакал, и ако сакал убаво да живееме, зошто не не направил совршени??? Зошто ни дал толку многу мани како што е омразата, болката, љубомората, алчноста....?

    Ајде едно прашање за сите цврсти верници во темава- Зошто Бог, ако е толку добар, им забранил на Адам и Ева да јадат плод од дрвото на познанието на доброто и злото? Зошто не сакал тие да распознаваат што е добро, а што зло, Ако знаеле немало да грешат??? Чекам да ми одговорите со јасен одговор

    Љубопитноста е таа што ги натерала да јадат од дрвото на познанието. Значи Бог им дал радозналост, и им наредил да не ја користат. Од љубопитноста настанала цела наука. Се она без кое денес не можеме да си го замислиме животот е створено од науката. Таа има добри аргументи и за постанокот на светот и човекот. Дури и несоборливиот аргумент на религијата за проблемот на неподвижниот двигател го соборила, дала доказ за постоењето на земјината тежа. Против тоа не можете па што сака нека е.

    Луѓе, Библијата на која толку лесно се потпирате е напишана од луѓе, обични смртници. Ако е така, ако е толку лесно, јас сега можам да си напишам своја Библија и ако сум доволно паметна да не оставам место за сомневање (а тоа е лесно ако не барате докази) да си измислам некој нов Бог и полека да ве убедувам во него.

    Што се однесува на „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун- по мое мислење тој не го доведува во прашање постоењето на Бог! Не, воопшто. И ако нема ни малку вистина во таа книга зошто тогаш толкава прашина од Ватикан и останатиот верски свет против таа книга??? Јас кога ја читав ја гледав само како роман, а не како религиозна поучна книга. Мене реакцијата на цело свештенство низ светот ме убеди повеќе во нејзината тежина отколку самиот Ден Браун.

    Исус постоел, можам да речам дека ми е лесно да верувам во тоа. Само го гледам како некој мудрец, филозоф, кој итоакако влијаел на тогашниот свет. Сигурно имало нешто „божествено“ во него за да поведе толкава толпа народ позади себе. Ама што е спорно ако бил женет за Марија Магдалена, и ако имале деца, тоа кај мене воопшто не му намалува од вредноста. Баш напротив, тоа значи дека дал личен пример за како треба да се развива човештвото понатаму.

    Дали сте го гледале филмот „Адвокатот на ѓаволот“? Да го гледате ако не сте го гледале. Пробајте малку повеќе да размислувате со своја глава. Не земајте се на готово, мрднете ги мозочињата, нема да згрешите.
    Како што реков на почетокот, многу сакам Бог да постои и да е многу добар и многу да не сака. Одам во црква и се срамам пред Иконите затоа што вака размислувам. Ако Бог постои и ако е добар- ќе ми прости, јас не се одреков од него- само сакам да го прашам неколку работи кои не ми се јасни. А ако не постои - то е!!!
     
    На SieIstDieSonne и Cleonika им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Прашањево е малку не логично или ти не знаеш убаво да го искажеш тоа што го мислиш. Од прилика, знам што сакаш да прашаш. Бог го создал човекот релативно совршен, односно непорочен, незлобен, свет, безгрешен и безсмртен, но од него зависело дали таков и ќе остане. Самиот Бог вели дека се што создал, па и човекот е „многу добро“. Како таков, човекот бил способен, помогнуван од Божјата благодат да ја постигне целта што бог му ја поставил - усовршување во Божјата добродетел и мудрост. И човековата волја изобилувала со полнота, неа ништо не ја спречувало од слободниот избор. Не знаела за внатрешната борба помеѓу доброто и злото, затоа што повеќе тежнеела кон доброто. Но бидејќи и била дадена слободната волја постоела можност да се определи и за злото. Човековото срце било чисто зошто со никакви гревови не било поматено и пра родителите биле чисти и невини во морален поглед за што ни докажува и тоа што тие „Обајцата биле голи и не им било срам“. Целото првобитно човечко битие, со сите свои својства, било чисто и свето, способно за безкрајно усовршување во добродетата и мудроста. Нашата природа првобитно била од бога создадена како некој сосуд способен за примање на совршенства. Бог го создал човекот безгрешен, но безгрешноста кај човекот била релативна, а не апсолутна. Таа лежела врз човековата слободна волја и не била неопходност на неговата природа. Со други зборови: Човекот можел да не погреши, а не: Човекот не можеч да згреши или морал да погреши.
     
  15. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Wild.Child извини ама што беше твојот одговор?
    Ај сега малку по малку:
    Бог го создал човекот скоро совршен:
    - зошто скоро???? Ако Бог можел (а можел) не не направил потполно совршени. Девојче НЕ ПОСТОИ скоро совршен. Или е совршен или не е- трето нема. Дефиницијата на зборот СОВРШЕН подразбира НЕМА МАНИ--ТОЧКА.

    Му дал слободна воља:
    -тоа е многу драгоцено нешто, ако знаеш да се справиш со неа. Слободната воља е тешка одговорност, последиците сам си ги носиш. И сега замисли имаме слободна воља, и сме несовршени, плус не знаеме што е добро а што лошо - а Бог седи од страна и си гледа театар. Плус тоа и ни се заканува- тешко вас ако згрешите--- пекол.

    И не е точно тоа дека Адам и Ева биле безгрешни, тоа што јаделе од плодот на дрвото на познанието на доброто и злото иако Бог им забранил ги прави грешни, а ние се раѓаме грешни баш од тој прародителски грев. И бебето штотуку родено е грешно од тој нивни грев.

    Ај малку стави се во ситуацијава, turn ON your mind, нели мислиш дека Бог по малку си поигрува со нас???

    П.С. Девојче, мислам дека пишувам мнооогу пластично јасно, ама ако некој дел не ти е јасен -прашај ме, конкретно што не е јасно. Радо ќе се обидам да објаснам уште еднаш.
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    - Доколку Бог го создал човекот совршен тој би бил негов роб бидејќи совршенството би се спротивставувало на неговата слободна волја.

    - Човекот е создаден според образот и подобието Божјо (образот е Божји дар кој човекот го стекнал при вдахнувувањето на неговата душа во телото, затоа Бог е премудар - човекот има разум, Бог гледа се - човекот има очи...), (а подобието треба да го стекнеме ние самите односно да станеме богови по благодат, т.е. да се обожиме). Бог како премудар се грижи за спасението на секој човек. Бог бидејќи на човекот му вдахнал душа која била чиста и света истиот е должен да му ја врати онаква каква што ја добил. Бог го обдарил човекот со слободна воља, а со слободен избор да се определува за добро и го населил во рајот да ги обработува безсмртните билки, кои веројатно ги означуваат Божествените мисли. Тој, исто така му дал закон како материјал за вежбање на слободната волја. Законот бил заповед, кои плодови смее да ги јаде, а кои не треба ни да ги допира. Со оваа заповед Бог му дал можност да ја вежба својата слободна волја и во доброволен избор и правење на тоа што е богоугодно и избегнување на тоа што е забрането. Со исполнувањето на оваа заповед тој би ги оправдал оние добрини кои ги добил. За човекот не би било корисно да добие безсмртност пред да биде искушан и испробан, зашто можел да се погордее и да подпадне под еднаква осуда како ѓаволот, кој по произволно паѓање, поради својата безсмртност, не повратно и не отстапно се уфрлил во злото. Додека пак ангелите бидејќи доброволно ја одбрале добродетата, не поколебливо, со благодатта се уфрлени во доброто. Затоа било потребно човекот најнапред да биде искушуван, за да би, кога при искушувањето прекучување на заповедта се покаже совршен да ја прими безсмртноста како награда за добродетата.Заповедта е дадена и поради тоа човекот да почувствува зависност од Бога.

    - Безгрешноста кај човекот не била апсолутна туку била релативна. Таа се темелела врз неговата слободна волја и не била неопходност на неговата природа, т.е. човекот можел да не погреши, - а не човекот не можел да згреши или пак човекот морал да погреши. Бог го создал човекот по природа безгрешен и по волја слободен. Безгрешен не во смисла дека не можел да прими грев (затоа што единствено недостапно за гревот е Божеството), туку во таа смисла дека можноста за грев ја имал не во својата природа туку во слободната волја. Тоа значи тој можел помаган од Божјата благодат да остане во доброто и да напредува во него како што по својата слобогна волја можел, со Божјо допуштање, да се одврати од доброто и да се најде во злото. За да може човекот да живее полн, благодатен и безсмртен живот Бог засадил среде рајот дрво на живот. Хранејќи се од неговите плодови човекот можел да остане безсмртен и без болести бидејќи тоа дрво имало сила да дарува живот и од него можеле да се хранат само достојните за живот и не подлежните на смрт. Дека тоа е така ни потврдува Светото откровение и вели: „Бог не ја создал смртта“, „Бог го создаде човекот за вечност и го направи слика на своето вечно битие, но проади завист од ѓаволот, смртта влезе во овој свет“. Ако некој рече дека Адам, првосоздадениот човек е создаден смртен така да згрешил тој или не би умрел по тело, т.е. би излегол од телото не по казна за гревот, туку по неопходноста на природата. Адам бил безсмртен, не по својство на неговата телесна природа туку по Божјата благодат. Орудие на благодата било дрвото на животот. Човекот е создаден за безсмртност и можел таков да остане само ако бил послушен на Бога. Бог го создал човекот ниту смртен, ниту безсмтен туку способен за едното и за другото.
    Aдам и пред каснувањето на плодот знаел што е добро, а што зло. Тој тоа го знаел бидејќи жената разговарајќи со змијата рекла: „Рече Бог: Не јадете и не допирајте се до него за да не умрете“. Тоа значи дека таа знаела дека смртта ќе биде казна ако ја престапат заповеддта. Бидејќи тие по јадењето од тоа дрво се лишени од возвишената слава и почувствувале голотија Светото писмо го нарекло Дрво за познавањето на доброто и злото. Смртта и останатите неволји, дошле всушност не од дрвото, туку од прекршувањето на заповеддта, од непослушноста.


    _______________________________________________________________________________________________________

    Доволно се изјаснив по темиве, не навлегувам во понатамошни дискусии бидејќи нема излез. :D
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  17. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Твојот одговор држи место, wild child, се сложувам со многу од тоа.

    И да, не се работи дали не смеело да се јади од тоа дрво или не, се работи за непослушноста. Бог само сакал да ја провери нивната верност и послушност.

    Девојче, не мора да значи ако доведуваме во прашање некои моменти од верата дека мора да се „караме“. И добро е тоа што расправата нема крај, тоа значи дека не сме мирни додека не расчистиме се што не доведува до сомневање. Не се откажувај после твојот став, тоа значи страв дека се плашиш дека некој ќе те побие со такви аргументи на кои ќе останеш нема. Расправај се, тоа е добро. И една дипломска работа се брани за да ставот што го држиш да го оправдаш, а професорите ти го проблематизираат за да го исчистат од сите мани. Нешто слично правиме овде. Наоѓаме проблем, сомнеж за да некој попаметен ни разјасни. Тоа е добро, не го прекинувај.
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Многу пати го имам кажано тоа дека не се караме. Погрешно ме сфати. :) Својот став повеќе пати го искажав само што една форумџика немаше доволно почит и личеше на се само не на дискусија. :) Да не ме сфатиш погрешно, немав ништо против муабетов со тебе. И не се плашам некој да не ги побие моите аргументи, на темава дадов многу прашања на кои сеуште никој не ми одговори. ;)
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Леле Вајлд, останав без зборови. Се запрашав што всушност јас знам за религијата???? Сфатив не било доволно да ги знаеш само митовите пр Адам и Ева... треба суштински да навлезеш во работите, да размислуваш на едно повисоко ниво... Едно големо Браво за тебе... останав запрепастена :o .
    Сакам само да те прашам од каде ја проучуваш религијата???? Само од Библијата, или??? За само 13 години толкаво знаење, и такво размислување... сите треба да ти се поклониме
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Лолипап нешто од Библијата, нешто од дополнителна литература. :) Кога се интересираш можеш се. Многумина се прашуваат зошто има војни, зошто страдаат невини луѓе, зошто тие што грешеле се насладуваат и живеат среќно, но само ќе кажам дека човековото мерило за тоа дали некој прави добро или лошо не може да биде достојно со Божјото. Човекот може да суди физички, но Бог може да навлезе во човечката душа и срце, да види што чувствува и многу други работи. Навидум, можеби некој сиромав човек ни се чини дека е многу несреќен, дека има многу потешкотии во животот, но всушност, можеби тој човек е најсреќниот на светот. Го има семејството, има љубов, здравје и тоа му е доволно во животот. Додека пак, некој богат човек, навидум ни изгледа се бидејќи со пари може да купи се што ќе посака, а можно е длабоко во себе да е многу несреќен и со куп потешкотии да го постигнал сето тоа. Кога некој греши и прави зло врз луѓето, Господ ја покажува својата добродушност и му прави добро, бидејќи сака да престане да греши и да му укаже на грешките. Човечкот е ограничен и несовршен затоа не може да суди исто од земјата, како што Бог може од небото.