Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Не е проблем концертот, туку богохулието кое го направиле туркајќи го чесниот крст. Понижувањето на крстот, симболот на Христијанството, покрај тоа што е антихристијански чин, тоа е и некултурен чин (Грција е несекуларна Христијанска земја).
    Макар што јас сум убеден дека ни Ајрон Мејден, ни Ципрас го немаат предизвикано Божјиот праведен гнев, односно пожарот во Атика.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    ме интересира дали има муслимани и евреи атеисти
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што правиме со тие што се убедени дека Ајрон Мејден и Ципрас го предизвикале пожарот? Колку христијански чеда имаат тие под нивна закрила на кои им го перат мозокот и ги убедуваат во своите верувања?
     
    На KateKane, Bender Rodriguez, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Излезе сите атеисти сме а на ТВ кога слушам статистики повеќе од 90% од Македонците биле верници.. Нас атеистите не бројат уште во верници оти сме крстени и не сме биле во црква да не отпишат или?
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Фино е и почитувам што не веруваш дека тоа е причината, ама не, во 2018 не треба да има такво нешто како христијански (православни/католички), муслимански земји. Да, секуларна треба да е и Грција, и ние и сите други земји.

    Инаку ми текна сега со ова на некои коментари од хардкор верници (по некој дури и овде) во 2016 кога беа земјотресите во Скопје, во кои и тие при сета таа паника се ситеа на свои сограѓани дека тоа е последица на неморал и либерални ставови. Страшно... ми нема нешто повознемирувачко од верници.
    Не знам за Евреи, но муслимани и тоа како има (т.е. луѓе од муслимански семејства кои не веруваат, бидејќи логично не може и муслимани и атеисти да бидат во исто време). Ex-Muslims има еден куп на интернет, некои дури и активисти. Гуглајте, разбијте го митот.
    Не знам како и каде се спроведуваат тие анкети, ама јас за сите нив дознавам со веќе објавени резултати :D
     
    Последна измена: 26 јули 2018
    На Fallen.Angel и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Секој има право да верува во што сака. Наметнувањето дури и на вистината е прекршување на човечките права.

    Дали Грција ќе биде секуларна или не, зависи од нејзините граѓани. Ако ним не им смета несекуларноста, не треба ни нам да ни смета. Ама ние се буниме кога ни наметнуваат туѓо уверување, ама нашето уверување ако го наметнуваме.
    И верниците не` вознемируваат атеистичките ставови за непостоењето на Бога, за правото на утробни чедоморства итн., ама никому ништо.
    ПС: КОга ќе има попис, ако го има во скоро време, слободно пишете се атеисти. Никој не ви брани.
     
    На orevokrsacka и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Во оваа вукојебина за нормален се сметаш ако кажуваш и веруваш во клетви, магии, уроци, урочливо око, Баба Ванѓи, видовита Зорка, ако рипаш во лед ладна вода за крст,за здравје т.е за телевизор, клима, фрижидер, шпорет...
    Кој не се вклопува во тоа суеверие и чиј мозок не може да го свари целиот тој булшит, одма е сумљив,
    највероватно е злобен комунист,платеник од Сорос или пак во служба на ѓаволот.

    Најинтересен феномен сте, од разлог што религијата ви повикува на толеранција, а едвај чекате да влезете во дискусија со неистомисленик и да почнете да се расфрлате со навреди и осуди за нечиј начин на живот.

    Никој не ви ја навредува црквата, само изнесуваме факти. Ако тие допираат до вас, можеби има и зошто.
    Вие не навредувате нас т.е нашата интелигенција.
     
    На KateKane, Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Какви факти изнесувате? Дека Црквата повикува на суеверие?
    Почитувана, полесно е да се биде атеист во Македонија отколку црквар. Ние цркварите сме во понезавидна ситуација и не` сметаат за побудали од атеистите.
     
    На Petra777, orevokrsacka и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Те молам појасни ми го овој дел, живо ме интересира како тоа нам ни е полесно, во што ?
    Повластици некои имаме, привилегии? Што ?
     
    На Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    А има ли на попис таква ставка? Мислам, конкретно да е поставена и со опција за атеизам, а не само поголемите религии и на крај „друго“...
    Би се пишала, секако :)
    Ах, еве и јас не знам што би правела со стотици илјади евра на располагање, какво превозно средство да изберам, тешки проблеми се тоа :(
    Добро, ова е за свештениците на повисоки функции, а не за сите кои работат во цркви, но знам дека и за нив немаш ништо против. Ама еве, посериозно и со сета почит кога збориме за емотивен и интелектуален аспект - ај за почеток те молам најди ми некој пост, порака, скриншот или што било, каде што некој атеист прв (неизазван од вакви гадотии што дискутираме погоре) напаѓа и обвинува црквари за толку сериозно нешто како природни катастрофи? Да видиме во што тоа ни е полесно...
    Инаку не е ова ни суеверие (или барем би рекла не е тоа најстрашното тука), туку е повикување на неемпатија, злоба и омраза.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Значи кога викав дека на атеистите им е полесно мислев на тоа дали нешто е прифатено од заедницата за нормално или не е. За обичниот човек, поприфатливо е другар/ка му е да атеист/ка отколку секоја недела да оди в црква или пак да живее според заповедите Христови.



    Во минатиот систем, во минатата држава, верниците беа гонети. Фала Богу во Македонија и не толку, ама активен верник (црквар) не можеше да биде член ни на партијата, а ако не беше член на партијата не можеше да има некоја поголема функција (или пак ќе беше на таа функција, ама ако имаше надстандардни квалитети). За жал ние сме навикнати да добиваме привилегии и повластици само затоа што припаѓаме на некоја заедница која врска нема со она што треба да го добиеме. На пример, во минатиот систем беа наградувани оние што се декларираа за безбожници, сега се наградуваат оние кои припаѓаат на владеачката партија. Такво нешто не смее да има, ама има. Ако сум јас верник, а некој друг е неверник, не значи дека јас или тој треба да зема повеќе/помалку пари за исто сработена работа или пак јас или тој да не биде вработен оти е (не)верник.
     
    На afrodita94 и Petra777 им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Никој не ги знае Божјите патишта ;)

    Има. И евреи и муслимани и будисти и хиндуси и секакви.

    Тоа се податоци од попис на населението.
    На попис, секој си се изјаснува за вероисповест.
    Мажот ми, прв пат се пиша атеист, на последниот попис што го запреа вмро-вците.
    Го зафркавав, дека заради неговата изјава дека е атеист, затоа пропаднал пописот. :D


    И јас би била во 'незавидна' ситуација како владиката :)
    Дајте ми глисер, дајте ми 4х4 машина, дајте ми топ пари, па викајте ме 'будала', колку сакате после :*

    Кој ги гонел верниците, жити се'?
    Само ако си битен член во КПЈ беше проблем.
    Сите сме крстени од тоа време, сите сме славеле верски празници, па никој не ни пререкол.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    Дал господ
    Има од све по нешто
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Шеговит си многу, а? :D
     
    На ccca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    мислам дека практичноста на атеизмот е при крај
    религијата е создадена како збир на правила за начин на живот, атеизмот небеше ништо друго никој не е уникатен секој следи некој друг дали е од медиуми или не сеедно

    потребни се нови правила, и цврста диктаторска рака да ги спроведе
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Не виде дека напишав оти во Македонија немало активно гонење? Друг пат читај ме. Немало гонење, само што не можело да работиш в општина, училиште и друга повидна позиција ако си верник. Тоа не е дискриминација? Така? Не е тоа гонење?
    За топ пари да земеш треба да си иноватор и да имаш некој во врвот на владеачката партија. Ќе си отвориш фирмичка и после ќе ти дадат 350.000 евра за иновациите.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Мислев од неговото прашање нема поголема глупост, ама со одговорот твој... Конкуренција си му!
    Значи атеистот не е припадник на религија па да биде христијанин, муслиман, хиндус или будист.
     
    На Lella, Lianna Anna и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Татко ми беше професор и тенички директор во комунистичка, државна фирма, дедо ми беше економист во државна фирма... никој не ги бркаше од работа, затоа што се крштевале, венчавале и славеле Велигден.
    Колку години имаш жити мене?

    Не ти треба држава и религија да ти кажат што е добро, а што лошо. Секој човек знае. Освен ако не е со тешка психичка болест, или е психопат/социопат и не му е гајле.

    Бивши.. требаше да додадам бивши.
    Не дека не разбра, ама не си жива ако не се опрчиш со омаловажување на некој.

    Енџ, не си посебна, само си напорна. :)
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Некои никогаш не биле бивши, а и оние што се, сигурно не се дефинираат како христијански атеист.
    А ццца е трол, не знам која ти е потребата по цел ден да храниш тролови на форумот.
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Секоја недела одеа в црква татко ти и дедо ти? Ги постеа сите пости? Се причестуваа?
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.