Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    3.552
    Пол:
    Женски
    Имам пријател кој беше во таа војна , замисли сакале да спасат деца од џихадистите али овие им закачиле бомби. Толку од мирољубовта која ја пишува на куранот. Тоа со самоубивањето во име на алах и тоа ли е америчка пропаганда или твое лично тешење?

    Ветените бракови? Имањето на 13 жени? Морално е да се биде верник? Забрането сколпување брак со неверничка? Морално носење на фереџе тоа не го пишува во куранот? Или го пишува ама Америка го додаде.

    Е сега ваквите идеалисти како тебе кои во секоја можна тема шират говор на омраза ова го сваќаат премногу сериозно и иде до насилство, убивање, малтретирање. Ах дете, дете.
     
    На KateKane и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Дистопија може да се случи поради екстремисти од било кое политичко убедување.
    Јас сум левичар по убедување, но и демократ и социјалист.

    Замисли.... кохабитација на сите луѓе, сите живи организми и целата планета...

    Aaahhh... a girl can dream :inlove:

    :D
     
  3. Walker7

    Walker7 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Isis e kreirana od lugje sto ne go sakaat Islamot sto sakat da go posramotat Islamot... ama ti ocigledno mng citas vesti ne go baras vistinata.... i fala sto mi kaza dete poso decava sekad vistinata ja govorat i toa sto im lezi u srce ne kako ti sto se obiduvas da go omalovazuvas islamot... :D
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Го сакале не го сакале Исламот, заведуваат исламисти во нивните редови.
     
  5. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    3.552
    Пол:
    Женски
    Најчесто со страв, на кој тој толку се гордее, али нема врска зашто него сите му се криви само муслиманите не. Тоа е та манипулација
    .
    Валкер не мие поентата да го омалажам исламот само да докажам дека ние сме многу помирољубови од вас кои следите некој.
     
  6. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    @WildMk ме мрзи да теоретизирам
    гуглај за https://en.wikipedia.org/wiki/Kardashev_scale и каде сме ние на таа скала
    за deep learning има кул видеа на јутуб...некој се малку суви
    и документарни што зборат за што ќе се случи кога AI ќе преземе поголем дел од работите што ѓи праат луѓето (гледај повеќе не само негативните)

    во теорија одиме накај стар трек општество, но не без евент на истребување (треба да се сопре)

    можеби е потребен танос за да продолжиме да живееме во благосостојба, сите си го јаваат сопствениот ИД а зидот е веќе непостоечки и пак им е малку
    ...нивната порака е едноставна и ја повторуваат милион усти
     
    На Walker7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ааах.. и кај нас да и дадеш власт на Црквата.. исто ќе биде.
    Сите религии можат да го заведат народот.


    Не шири инфантилен нихилизам.
    Редукцијата на населението, најдобро е да се постигне преку едукација и економска сигурност.
    Образовани, вработени луѓе, имаат помалку деца отколку необразованите и сиромашните... процентуално..
     
    На g8lQQk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    додадов зборче у заграда кога сватив дека не е сликата што ја замислив изгледа го немаш видено

    не би знаел како се вика дека не ми е мислењето од медиуми сопствено е, не сум за редукција на население

    сами правиме да одиме кон евент на истебување голтајќи од медиуми
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ретко читам линкови и гледам видеа линкувани на форумот.
    Извини, ако не разбрав. :)
     
    На ccca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    јас погрешно се изразив

    чудно ми е уште не ми ги избришале постовите од денес, изгледа спие големиот модератор
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Нема потреба.. Дебатираш сериозно.
     
    На ccca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    и за тоа за лимуните имав реален пост па ми го избришаа
    диви запад, јавање на ИД, радикална левица
    го имаш и тој микрокосмос на самиов форум ете ти доказ дека е деструктивен
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Дека има фаворизација, има.. На таа тема сите постови, треба да бидат избришани, цела тема ... затоа што е за сеир и нема никаква поента.

    Нема радикална левица овде.. не си видел ти радикална левица :D
    Во Македонија нема вистинска левица. Сите се или централно или десно позиционирани.

    Него... не биди таков, почнувам да мислам дека си екстремен десничар :)
     
    На Someonespecial и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    у секој случај ако дојдат при моќ ќе бидат позаникаде него југославија што била комунистичка (така да има)
    другар се плашеше да оди на концерт ради левицата дека му зависи кариерата од нив
    шарена револуција се дел од левица има движење

    нема десно движење, потребен е баланс
    неможам да бидам армија од еден човек, не сум бот

    вмро не се десни
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Кои да дојдат до моќ?
    Ти мислиш Левица е левичарска партија? :)
    Ма нее.. левичари се тие, колку што СФРЈ беше левичарска.

    Не постои лева партија кај нас.. да не повторувам на секое.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    Прво, да ги прашам овие атеистиве, кои страници наназад се декларираат како интелигентни, за разлика од верниците кои се заостаната проста маса:
    1. Што е разликата меѓу религија и вера? Зарем зборувајќи за поповите со мерцедесите мислите дека сте дале јак аргумент? Може човек да е верник, да верува во Бог, а да не оди во црква, пример. Атеист е човек кој не верува во Бог, верник верува во Бог, а тоа со религијата нема врска!!! Може да не сум христијанка, може да верувам дека дрвото пред зграда е божество, пример... самото тоа што не сум дел од некоја религија, не значи дека сум атеист!!! Поимите ви се нејасни, и не сфаќам на што се исмевате.
    2. Јас ете сепак сум христијанка, мое право!!! Тоа не ви дава право да ме правите ниско интелигентна, оти тоа ве прави вас да се осеќате подобро. Ете, поуспешна сум била и на училиште, и на факултет, па и на работа од многу атеисти. Некои, пак, биле поуспешни од мене. Не знам како тоа интелигенцијата ја мерите според тоа дали човек верува во Бог или не верува во Бог. Многу нискоинтелигентно е таквото мислење, нели?
    3. (ова прашање и до атеистите и до верниците) Која е потребата, за да си докажеш дека тоа што си станал атеист/верник ти е правилен избор во животот, треба да ги навредуваш неистомислениците на долен и мизерен начин? Намерно да почнуваш теми за да ругаш!!! Ако си атеист, ќе седнам со тебе, ќе испијам кафе, ќе гледам да си поминам убави саат - два со тебе НЕ почнувајќи тема за вера и религија, кога знам дека не мислиме исто. Ќе го почитувам твојот избор, и ќе те почитувам тебе, нема да те сметам за изрод, или глупав, и ќе си правиме муабет за времето, за цените на нафтата, или за било што што не вклучува вера. Ќе си се разделиме со насмевка, и нашето пријателство ќе продолжи, така? И ќе си речам: - пријатен човек. Ако јас начнам тема вера, и си ги искубиме косите на сред седенка, што фајде од моето верување?

    Не знам, сериозно... верници или не, кои сте вие да кажувате кој е попаметен, кој е во право и слично? Што и да сте одбрале да верувате, држете се до тоа, ако сте сигурни дека сте направиле паметен избор, нема да имате потреба да докажувате дека сте во право.
     
    На ccca и Walker7 им се допаѓа ова.
  17. Walker7

    Walker7 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Jas sum musliman no sosema te podrzuvam vo ovaa sto go napisa... :))
     
    На ccca и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе, едно нешто не ми е јасно – вие што очекувате да прочитате во тема Причини да се биде атеист? И што е за вас непочит и исмејување, каде е таа тенка граница?

    Радикални атеисти, радикална левица и премногу либерализам во Македонија не постојат.

    Ајде пак да повториме: не се исмејува вера и религија, се критикуваат верски институции и верски фанатици.
    Нормално дека се сметам за поинтелигентна од луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна и во телегонија, и за поголем човек од хомофоби, луѓе кои нарекуваат жени кои абортирале убијци, и луѓе кои природни катастрофи ги сметаат за Божји казни и го величаат истиот тој Бог од кого веруваат дека потекнува тоа. А не сум ни премногу самоуверена личност по природа, едноставно факт е. И се сметав и пред да станам атеист, и не генерализирам за сите верници ова.
    Различете ги веќе еднаш тие две работи. Верски фанатици според мене во 21 век не заслужуваат ни трошка почит, па колку сака нека изгледам дрска во нечии очи.
     
    На Lella, Amellie13, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Како што пиша Специ, исмејуваме верски фанатици, и во тој терк и ќе продолжиме.
    Јас ги нареков неинтелигентни и ќе го пишам истото уште 100 пати ако треба.
    Верници, во здрава умерена граница, не исмејувам ниту пак навредувам. Ова за оние кои си ја гледаат работата и си тераат по свое без да ставаат некој подолу, кои други поразлични од себе не ги нарекува грешни и не ги препраќаат во 'пеколот '.
    Не можам да сметам за интелигентен човек кој мисли дека:
    - земјата е створена за 7 дена, од кој вториот мислам според нив била создадена Македонија.
    - дека планетава е рамна плоча, а не топка
    - секој човек што живее поинаку, а притоа не штети никому, да го нарекува слуга на ѓаволот
    - дека секое добро што ќе се случи е резултат на Божјата добрина, а секое зло е Божји тест и казна,ама по некој друг не по самиот 'грешник '
    - дека Господ е семожен и праведен.Ако твоето дето е сито и облечено во тренди облека, секојдневно милиони гладуваат и одат голи и боси, и илјадници деца умираат од глад и жед. Тие не се божји чеда?
    - луѓе кои веруваат дека со молитва можат да излечат рак
    - луѓе кои цитатите од библијата умеат да ги лупаат на другите на нос, а истите не ги следат ни самите
    - луѓе кои се држат слепо до библијата и очекуваат и другите да го сторат истото
    - луѓе на кои им е ок да се возат во Југо, а божјите лица да ги претекнуваат со Мерцедеси.
    - да вртат со педалинки, додека дедо поп прави журки на јахта.
    итн итн

    Неинтелигентни се и точка .
     
    На Amellie13, KateKane, Purelove92 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd , тоа е до карактерот на човекот, а не до тоа дали е верник или не. Ти ќе го навредиш некој оти мисли дека светот настанал во 7 дена, тебе ќе те навреди некој оти смета дека си 'грешник' и си слуга на сатаната. Тоа е дел од карактерот, и кога не можеме да ги прифатиме туѓите ставови, почнуваме да се навредуваме, така? Човек кој осудува е таков по карактер, без оглед дали е атеист или верник. Ако е верник, не значи дека е автоматски добар, ниту пак ако е атеист некој, не значи дека е автоматски добар.

    Сакам да искоментирам за твојата реченица за верските фанатици. Знам и атеисти кои секој момент се труделе да ме омаловажат, без да бидат прозвани, и да ме прават како суштество од најдолна категорија оти верувам дека постои Бог. Е тие се атеистички фанатици, и не гледам како тоа е во ред, според вас.

    Јас на тест на интелигенција извадив надпросечни резултати, а сум верник (не ми е да се фалам, ниту тоа ми значи нешто, го спомнувам во контекст на темава. не сум го спомнала никогаш друг пат ни во конверзација со некој, ни во форумов)... ама тезата за неинтелигентност не ти држи вода. Сериозно, мислам треба да направите разлика меѓу верник и глуп/ верник и нечовек и сл. Тој би бил глуп и нечовек и таков кога би бил и атеист.

    За молитвата и ракот!!! Многу лекари, научници, психолози и слично, би препорачале молитва кај верници. Зошто? Човекот при тешки болести може да западне психички, а знаеме дека во некои случаи едноставно кога човек изгуби надеж, и престане да се бори, тоа може да ја влоши состојбата драстично. Доколку болниот верува дека молитвата ќе му помогне, и со самата молитва си дава надеж и позитивна енергија, а со тоа и сила за борба... што е тука смешно и неинтелигентно?

    Не е се црно и бело: верници - лоши и глупи, атеисти - паметни и добри... ниту пак обратно, како што би етикетирале некои верници. Добро е човек да биде отворен, а фанатизмот и кај едните и кај другите не чини.

    За поповите, јас како верник ќе речам - секој ќе си одговара за гревовите. Ако е поп, не е Господ. Користењето на името Божјо за да се богатиш е погрешно, и нема да го прифатам никогаш. Кога ќе дојде време ќе им суди тој што треба, и онака како што треба. Тие како Божји слуги немаат VIP влезница горе, таму не функционира така. Ајде, чекам да ме исмеете сега оти верувам дека постои таму "ГОРЕ".

    Јас завршувам на темава, мислам кажав тоа што имам, и немам потреба веќе да се докажувам. Секој нека си тера по својот пат.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.