А овој @Vitaly хц верник а глеам постира хеви метал бендови "систем оф а даун" у темана за музика иди слушај Дивна Љубојевиќ не биди контрадикторен сам на себе.
Зошто да чекаме 'Господ' да им суди (во случајов на поповите), кога и според овоземски закони треба да одговараат? Зошто да не си плаќаат данок религиозните институции? Пример.. Не можеш да кажеш дека е во ред, едни да плаќаат даноци,а други не. Различни правила, за различни луѓе, не е ни државо-правно, ни христијански-правилно... Или е? Друга работа, што мислиш ти, кој го создал светот и дали Земјата е рамна плоча?
Не можам да разберам како поповите кои треба да го претставуваат моралот наместо да донираат пари се возат у скапи и луксузни машини, коли, глисери, чуда... Не треба попови да има, црква како храм да, секој верник да може да посети а попот каква улога игра? Освен лоповска?
Знаеш дека можеби си во право... Не знам некаде во светите книги од било која религија, да пишува, дека треба да има свештени лица.. Некој ако знае такво нешто, во Библијата, нека каже ако може? Кај пишува дека треба Божјиот храм да има попови и владики, па плус и хиерархија во Црквата..?
Зошто да не? Ако се водиш по таа логика скоро и да нема музички изведувач кој не споменува, промовира сатанизам или песните му содржат сатанистички мотиви.
Спојлер Еминем, XXXtentacion, Бијонсе, Jay Z... Скоро сите познати што ќе ти паднат на памет. Во нивните спотови може да се приметат многу сатанистички симболи, сатанистички стихови, Бафомет, и најинтересно од се сите овие во песните споменуваат некои Rain man.
Абе, нема сега да гледам спотови и слушам стихови во потрага по сатанистички симболи... До сега не сум заприметила никаде, а гледам спотови и слушам музика.. Може конкретен пример? Стих некој, или дел од спот конкретен, да видам...?
Се надевам нема да е проблем што е на српски видеото. едит: Не си заприметила бидејќи тоа е секојдневие во ова модерно време па затоа никој не се запрашува што значат тие симболи туку мислат дека се тренд или мода.
Во смислата на текстот кој содржи реин мен може да заклучиш дека се работи за сатанизам. Ако примети спотовите се полни со сатанистички симболи. Реин мен според мене е некој на кој музичките изведувачи му се продаваат за да добијат слава за возврат. Имам истражувано и забележив дека пеачите кои не користат сатанистички симболи или не спомнуваат реин мен или престанале да го прават тоа се загонати во сообраќајни несреќи или убиени. Чудно нели.
Јас ова го разбирам само како начин да се привлече публика. Денес се' поконтроверзни спотови се снимаат, затоа што пазарот е преплавен со изведувачи, па со интернетов.. ехее, секој стана пејач. За да се истакнат меѓу стотици илјади пејачи, мора да бидат контроверзни. Истото се прави и со сексот. Сите се голи во спотовите... ако не.. Ники Минаж освен га*от преубав, не ни памтам за што пее.. Овие теории на заговор ми се многу фар фечд. Извини.. ама не се согласувам дека има некоја 'виша цел' од 'сомнителен промотор'. Се' е чиста комерцијала..
Само од инает некој би кажал дека нема ништо сомнително во сето ова. За да привлечеш публика има илјадници начини наместо сатанизам. За која цел и да се снимаат такви спотови тоа е сатанизам. Поентата на дискусијава ми беше дека скоро и нема веќе пеач кој не промовира сатанизам па ако си верник не би требало да слушаш таква музика, истото и за атеисти би важело. Зошто да слушаат сатанисти кога тие се атеисти?
Тие спотови и случки со убиени пеачи бидејќи не сакале да промовираат сатанизам или престанале воопшто не е fun and pleasure
Пф.. не е од инает, едноставно, музика одбирам по тоа дали ми се допаѓа ритамот и текстот. Немам посебна преференција кон 'сатанистички' (???) песни, ниту имам нешто против нив. Ако сакаш да бараш 'скриени пораки', јас знам многу посуптилни од овие со директно врескање: Сатана, Ѓавол, Луцифер и пентаграми... Да видиш какви сквернавења на религија има по песни Има да се чудиш. Ова прозирново што ти го наброја, е детска играчка
Јас сум атеист од мои причини и тоа е мој избор. Иако и моите родители се атеисти, никогаш тоа не ми го наметнувале. Напротив, секогаш ми велеле дека изборот е само мој, но почитувај го изборот и на другите. Не се потсмевам на тие што веруваат, дали во бога, дали во магии, петок 13 или вонземјани, и мислам дека не е во ред да се потсмева на нечии верувања, а со самото тоа и убедувања.