Истото сакав да го кажам на почеток. Музика одбирам ако ми се допаѓа текстот и ако има ритам, тоа е тоа. Не ме интересира дали е сатанистичка или што и да е. Едит: Ниту сатанист ќе станам ако слушам хеви метал ниту наркоман ако слушам транс.
Ме потсети на ова: Според атеистите, еден од овие мотори настанал случајно, со случајно формирање на составните делови и нивно случајно и хармонизирано составување и создавање на овој фасцинантен микробиолошки мотор со големина од 2.5 микрони. Флагелумот достигнува брзина од 10.000 вртежи во минута, сопира за 1 милисекунда и за уште 1 милисекунда може да ја достигне истата брзина во обратна насока. На него се прикачени систем од сензори кои му кажуваат кога да почне да работи и кога да престане. Го водат кон храна, светлина или што и да бара друго. Ај лав сајнс!
Луѓето се обидуваат да направат машини кои ги имитираат механизмите во природата. Истите правила во физиката, важат и за живо битие и за машина. Само што не сме толку паметни да направиме машина, толку добра колку механизам кој се појавува во природа. И за авион правење е потребна аеродинамика како кај птиците, затоа личат на птици. Тоа што Валкер и Евангелос сте го постирале, не е доказ за постоење на Бог, туку доказ дека човекот сака да прави работи кои веќе постојат во природата.
@WildMk тоа што инжинерите копираат инжинерски идеи од природата е само доказ дека Создателот е далеку поинтелигентен и покреативен од нас. А не можеш да имаш поинтелигентен Создател ако немаш Создател on the first place нели? Со други зборови, копирањето на интелигентниот дизајн од природата не само што е доказ дека постои Создател, туку тоа е доказ и дека човекот има уште многу инжинерски лекции да учи од својот Создател.
Науката, математичката неверојатност за спонтаното самонастанување на информационите молекули (ДНК, ензимите), нередуцирачката комплексност на биомеханизмите и молекуларните машини, прецизно наштиманите параметри во микро светот на атомите и макро светот на галаксиите итн. и сето ова облеано со разумот го велат токму обратно: Природа = Создател
Разумот баш друго ми вика: Земи систем, со конкретни-строго дефинирани правила, па се' во системот, ќе си се дефинира(создаде) по тие правила.
Од она што го изначитав во последниве страници можам да заклучам неколку работи: 1. Не се прави разлика помеѓу вера и религија. Првото е верување во натприроден ентитет во каква било форма, второто е кога на тоа верување ќе му додадеш некакви форми на обожавање, симболи, ритуали, книги, канони... Со еден збор, религија би било секоја форма на организирано дејствување посветено на обожавање на натприродното. Сите што викаат дека атеизмот е вид религија забораваат дека атеистите немаат ни книги (не, Ричард Докинс не спаѓа овде), ни налудничави правила, ниту пак крипи собиранки со свеќи и чуда. 2. Аргумент што го прочитав овде, не ни знам што точно пробуваше да докаже, битно про-религија беше, гласеше вака: Докторите им кажуваат на луѓето да се молат, therefore религијата мора да е супер-дупер. Бидете сигурни дека дури и пациентот да добивал желба за живот гледајќи епизоди од анимиран мистер Бин или ептен лошите говори на Џордан Питерсон, докторот ќе му кажел да ги гледа нив. Како е ова доказ дека постои Бог? 3. Многу ми е интересно што секогаш кога ќе се спомнат поповите во некоја од темите, некој истапува со изјавава: Тоа е нивна работа како го живеат животот, Господ ќе им суди еден ден, оставете ги намира. Мене многу ми се допаѓа изјавава и би сакала верниците да си ја искористат сами на себе кога помислуваат на хомосексуалци, луѓе што имаат секс пред брак и жени што абортираат. Замислете колку би бил поубав светот. 4. Една мала заблуда што се јавува кај верниците е дека начинот на кој сме створени предлага интелигентен дизајнер со нивната убава аналогија со часовникот на плажа, или еве компјутер. Little do they know, прават една честа логичка грешка, наречена false analogy fallacy. Бидејќи компјутерот и човечкиот организам се слични во својата комплексност, следува дека се слични и во тоа што се створени од дизајнер. Со други зборови: Бананата е жолта. Бананата е растение. Каучот дома ми е жолт. Значи и каучот е растение. Much logic, very science. Ама ако немал интелигентен дизајнер човекот, тогаш како е толку комплексен. Природна селекција. Ако те бива живееш, ако не ќе умреш и нема никој да дознае за тебе, и еден ден верници ќе го користат твојот failure како доказ дека Бог создал комплексни луѓе, а тоа што ти некомплексен си умрел не е битно. Како и да е, да ги ставиме работите малку во перспектива, ќе парафразирам еден цитат од Даглас Адамс: Една баричка се разбудила еден ден и си рекла види ја дупкава во која се наоѓам. Толку убаво паѓам во неа, таман ми е. Тоа е тоа, сигурно сум била специјално дизајнирана за оваа дупка. Мора да има Господ.
Би сакал да одговорам на ова точка. 3.1. Дел од свештениците грешат и за тоа треба (што се однесува до мене мора ) да си одговараат и пред Бога, ама и пред световните(државните) судови и пред црковните судови. Ничиј грев и грешно однесување не е за оправдувањ и треба да биде казнетое. Но, не може поради некои си попови или владици да ја оспоруваме верата. Жалосно е што Црквата не секогаш ги користи црковните правила и закони и со тоа доведува до создавање на беззаконија и безредија, до ширење на јавни соблазни и до убивање на верата кај оние кои не се утврдени во верата. Ама и за тоа ќе одговараат пред Небесниот Судија (и оние кои грешеле и оние кои не го спроведувале законот и не ги казнувале тие што грешат). 3.2. Хомосексуализмот, блудот и прељубата се гревови кои најчесто им наштетуваат на оние кои се согласиле да ги извршат. Имаат слободна волја да ги вршат и за тоа ќе си одговараат. Но, исто како и грешните попови и овие категории на луѓе, Црквата треба да ги санкционира оддалечувајќи ги од светата причест. Ако ме читате јас нигде не сум повикал да им се забранува (законски) да ги извршуваат овие гревови. Нивен живот, нивна слобода... Сакаат да грешат, нека грешат, ама да бидат свесни дека со тоа се оддалечуваат од Христос. Сепак, никој нека не ме тера да го оправдувам овој начин на живот и овие гревови. Јас моите деца ќе си ги воспитувам да се воздржуваат од овие гревови, но не и од дружењето со овие грешници, се надевам дека никој (држава, невладини итн.) нема да ми се меша во воспитувањето. 3.3. Абортусот е сосема различна работа од блудот. Тука не станува збор за грев против самиот себеси, туку за грев против друга личност - неродениот плод на својата утроба. Зиготот, ембрионот, фетусот се нова личност, која никој не ја прашува дали сака да биде убиена, ниту пак учествува во своето убиство своеволно. Како што оној што силува или оној што убива врши кривично дело, така треба да биде озаконето, дека и оној/онаа што врши утробно чедоморство врши кривично дело. Правото на живот, чест и имот мора да му биде загарантирано на секого, вклучувајќи ги и неродените!
@Orthophill Ама, сè повеќе се зголемува тој „дел“ од свештениците полни со гревови. Кажав и пред некој ден - следам медиуми и вести, и не памтам некоја позитивна вест поврзана со МПЦ. Некоја донација, порака за мир... Само тонат сè подлабоко, од материјализам, политика, до клетви. И има една разлика тука во споредбава на „грешници“. Ние ги поддржуваме хомосексуалците, жените што имаат секс пред брак и што абортираат - во нивен начин на живот и право на избор (во вториот и третиот случај), а не ги воздигнуваме како пример поради тоа. Верниците кои се верни на институционалната религија, општо поимот свештеник (и пастор/оџа, да не се осети некој привилегиран) го подразбираат како Божји глас, морален пример. И како тогаш со сите овие случаи да не станува сè пониско мислењето за религиозниот морал?
Сакаш да кажеш како на пример реалниот систем во природата? Таму на пример се дефинирани природните сили меѓу атомите и нели според разумот како последица на тоа ние денес имаме живи организми, авиони, згради, компјутери. Не оди баш така тоа. Дизајнот си подразбира Дизајнер. Креацијата се подразбира Креатор. Интелигентно и целисходно создадените комплексни биолошки машини си подразбираат високо интелигентен и креативен Создател. Тоа е здравиот разум. Тоа го гледаме секојдневно. Никој од нас кога ќе види компјутер опериран од Windows 10ка не верува дека тоа бил форматиран компјутер во кој удрил гром и на тој начин слепите електрони инсталирале Windows 10 и апликативни програми во него. Слично е и во живите организми. 20те амино киселини, според конкретните-строго дефинирани правила би можеле да се поврзуваат секоја со секоја и да образуваат рандом протеински синџири. Но не е така. Во ензимите на пример амино киселините мора да се подредени под точно и строго одреден редослед за да можат да си ја вршат функцијата. Кај човекот има 2700 ензими. Веројатноста на спонтано настанување на само еден таков ензим е драстично помала и од тоа слеп човек со пикадо да погоди атом лоциран на најодалечената видлива галаксија. А што правиме со другите 2699 ензими? И тоа е само за ензимите, а комплексноста и интелигентниот дизајн ние го гледаме и кај информационите молекули (ДНК; РНК, митохондриска ДНК), а и кај останатите клеточни структури (како на пример бактерискиот флагелум). А не мора да гледаме и само интра-клеточно. Еве земи го на пример процесот на засирување на крвта. Дали знаеш дека откако ќе се пресечеш, настануваат 8 каскадно поврзани процеси за да дојде до затворање на раната? Еден од нив да не функционира ти или ќе искрвариш целата или ќе ти засири целата крв во телото и чао пријатно. Ова спаѓа во стотиците пример на нередуцирачко комплексен дизајн кој не може да се објасни со чекор по чекор еволуција, бидејќи подразбира едновремено настанување на сите потребни елементарни структури во комплексниот дизајн.
Пак ќе ти речам: Постави систем со точно утврдени правила и пушти симулација. Има бесконечен број на варијабли и исходи, бидејќи има стотици илјади различни правила... можеби милиони... не знам. Случајно, ние сме во оваа верзија.
Нашата вера е Христоцентрична, а не попоцентрична. Наш пример за однесување е пред се` Христос, а Христос е Најморалниот, Најчистиот, Најсветиот, Најдержливиот, Најправедниот, Најљубезниот... На Него да се огледаме, не на свештениците. Свештениците (јас повеќе сакам да си ги нарекувам поповите) не се гуруа, туку само луѓе преку кои Христос ни ја дели својата благодат. Ние сите дома имаме електрична струја. Дали некој од нас се загрижил дали жиците преку кои доаѓа до нашите домови се `рѓосани? Нормално дека не, битно е да имаме струја. Така и со благодатта и светите тајни кои ги примаме преку свештениците. Битно е да ги имаме светите тајни, а не од кого ги добиваме. Сепак, Црквата си има свои правила (свети канони) какви треба да бидат поповите. Ако некој поп ги прекрши тие правила и ние го видеме (и документираме) тоа, должни сме да го пријавиме кај надлежниот владика. Јас на пример имам пријавено неколку такви и свештениците биле казнети. Патем има и донации, ако ги нема на тв не значи дека ги нема. Впрочем и не треба да ги има во медиумите. Само имајте в предвид дека Црквата остварува приходи, ама тие не се неограничени.