1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Со тоа што тие се овластени да ги извршуваат светите тајни. Ова со џиповиве е крајно вулгарзирање. Ниту сите попови имаат џипови, ниту само поповите имаат џипови. Ако Ви е некоја утеха, знам многу попови, ама не знам ниеден што поседува џип.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Епа, крајно време е да си воведете ред во црквата и за тоа кој и како ви ги троши парите.
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Си имаме ред и си знаеме како се трошат нашите пари. Да не се грижите Вие. Со нашите пари се обезбедуваат пари за одржување на храмовите (струја, вода), како за градските, така и за забаталените селски цркви и пусти манастири, плати за вработените во храмовите (клисари и певци), плати за свештениците, плати за професорите на факултетот и богословијата, богословскиот интернат, пари за мисија: издавање на книги, икони и други потребни предмети, скромни (и не секогаш скромни) испомошти за сиромашните парохијани итн. итн.
    ПС: Јас сакам да имам пристојни приходи, зошто и попот да нема пристојни приходи?
     
    Последна измена: 31 јули 2018
    На orevokrsacka, carangigia и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Поќе ќе има за манастирите и црквите, ако не купуваат џипови.. тие неколкумина.. и јахти..
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не знам на какви милиони правила мислиш. Со елементарните честици во природата управуваат само 4 природни сили: гравитационата, електромагнетната, јаката и слабата нуклеарна сила. Толку се, само 4. Според натуралистичките (атеистички) убедувања, овие 4 сили се одговорни за создавањето на атомите, молекулите, ѕвездите, планетите, животот на земјата, колите, авионите, зградите, компјутерот, Ајфон 8ца итн.
    Можеби мислеше на милиони исходи од взаемно спојување на атомите или како? Мора да збориме конкретно, за да се разбираме.
    Случајноста е пресметлива вредност и е дел од комбинаториката во математиката. Математиката е егзакна наука и нема таму субјективност. Можните варијации на случајно спојување на 200 амино киселини и притоа настанување на ензим се милијарди милијарди милијарди.... пати поголеми и од вкупниот број на атоми во целата видлива вселена (со сите галаксии). Значи не станува збор за милиони, туку поточно бројот на атомите во целата вселена треба да го помножиш три пати сам со себе за да дојдеш до вкупнот број на варијации за настанување на еден ензим. А во човечкото тело има 2700 различни ензими. А каде е тука информационата молекула ДНК и РНК и другите комплексни структури на клеточно и органско ниво?
    Атеистите кои веруваат дека сето ова се случило случајно имаат поголема вера од сите познати религии заедно.
     
    На jacqueline.s и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па не е само физички закони, и не е само од општа механика.. квантна физика... хемија.. Правила има колку ти душа сака. Не ги знам сите, ниту ги разбирам сите.
    Се' си има ред. Тој 'ред' го направил денешниот универзум.
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Хемијата кога ќе ја разглобиш на елементарни честици станува физика, атомска физика, каде пак владеат тие 4 сили и само тие 4 сили. Својствата на хемиските елементи и нивните реакции зависат најмногу од бројот на валентните електрони (во последната енергетска орбитала), а тие пак зависат од јадрото на атомот, од електромагнетната и гравитационата сила помеѓу електроните и јадрото кои се во рамнотежа и затоа електроните кружат околу јардото. А пак јадрото се состои од протони и неутрони кои се држат меѓу себе со помош на јаката и слабата нуклеарна сила... врти сучи, пак се зависи од тие 4 сили. Кога јаката нуклеарна сила би била само 5% послаба, тогаш само водородот ќе можеше да биде стабилен и периодниот систем ќе се состоеше само од водород и сите ќе имавме 5ки по хемија :) Ако пак беше само 2% посилна, протоните и неутроните ќе се врзуваат многу почесто и полесно и ќе образуваа многу тешки метали. Исто така во тој случај водородот би бил редок елемент, а тој претставува горивото на ѕвездите. Нема ѕвезди, нема Сонце, нема живот, туку само ладна темна вселена со разлетани камења и карпи наоколу.

    Денешниот Универзум е последица на акт на Создавање. Докази има милион. Паметна си ти, нека не те спречуваат џиповите на поповите да го согледаш тоа.
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Премногу е комплексен универзумот за да понудиш такво едноставно лејм објаснување и да го сметаш за апсолутна вистина. :)
    Тоа е нешто што нашиот мозок сеуште не може да го перцепира, така да остави простор и за друга теорија, која ќе понуди посодветен одговор :)
     
    На Tan4ence, Briar Rose и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А што е со квантната физика? @EvAngelos
    Таму важат други закони, не како во општата механика
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Баш затоа што е премногу комплексен, неразумно е да се понуди такво лејм објаснување дека се создал сам себе и потоа се самоорганизирал и така сме настанале ние сега што дискутираме за него на интернет форумот Фемина :)
    Точно е дека целиот Универзум не е истражен, ама она што досега е истражено едноставно блеска и вришти од интелигентен дизајн. Секако оставам простор и некој да си верува дека сме продукт на низа неверојатни случајности, ама само потенцирам дека за тоа е потребно огромна вера, фанатичка вера во случајностите.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не.. само знаење дека во квантната физика се' е случајност и секој исход е возможен.
     
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Уште една fallacy: Argument from personal incredulity. Јас не можам да разберам како настанал комплексен живот, значи Бог го создал (наједноставното можно објаснување). God of something something. :)

    Пред да почнеш со веројатностите, не заборавај дека истите тие пресметки посочуваат дека поверојатно е да сме создадени од повеќе божества, а најверојатно е дека сме компјутерска симулација. Па може ќе треба уште еднаш да смениш религија.
     
    На lovestoneddd, Tan4ence, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Можеш и вака да ја изговориш таа реченица: Јас не можам да разберам како настанал комплексен живот, значи сам настанал :) Или вака: Јас не можам да разберам зошто децата заболуваат од рак - значи Бог е лош или Бог не постои.

    И напротив, јас зборувам за она што го разбирам. Геномот, амино киселините, ензимите, клеточните структури се одамна познати.


    Квантната физика не вели дека на пример од ништо со квантен скок може да настане банана или дека атомот може да се однесува како што сака и кога сака. Квантната физика не ја поништува класичната физика, или хемија, или биологија. Таа само дава објаснување за релативистичките ефекти, при брзини од редот на брзината на светлината. За помали брзини, Хајзенберговата неодреденост е занемарливо мала.
    Плус тоа што квантната физика додава повеќе исходи и однесувања на честичките, тоа само ги зголемува исходните и варијациите, а со тоа ја намалува веројатноста за поволен исход.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па кој рече дека ова е поволен исход?
    Нема поволен-неповолен.. само исход е.
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве ти прост пример. Од милијарди милијарди милијарди... број колку сите атоми на целата вселена (помножен сам со себе 10 пати) варијации на протеински синџири, само и само лактасата може да ја „отклучи“ реакцијата за разложување на лактозата при дигестијата на млекото. Затоа тој протеински синџир се смета за поволен исход во случајните комбинирања на амино киселините и затоа тоа е целисходен и функционален ензим. Се надевам сега сме на иста фрекфенција кога збориме за поволни исходи.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Појма немам за што зборуваш искрено.

    И до утре сабајле да се расправаме, за мене нема да биди Бог интелигентно битие, туку нешто сосема друго, кое ни сама не знам да го објаснам.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако ти се чита еве овде имам пишувано за ензимите, така убаво скоцкано со објаснување што се ензими, како функционираат, со сликички со се.
    http://www.apologetika.mk/enzimite-dokaz-za-bozjata-kreacija/
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Апсолутно не ме интересира :*
     
    На lovestoneddd и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ич не планирам да го правам истиот муабет. Само пробувам да ти дадам до знаење дека докажуваш погрешна работа. Со бројките за неверојатност и комплексноста на ензимите можеш да убедуваш луѓе на улица, ама и сам знаеш дека не се релевантни аргументи кога се работи за сериозна дебата од причина што имаат неколку fallacies во нив: black and white, personal incredulity, ignorance, special pleading итн. Овие не се очигледни за комшиите и луѓето на твоите презентации (претпоставувам), па затоа пристапот ти е малку неетички. :)
     
    На theowndemon, Briar Rose и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Lella жал ми е што бројките не се на страната на атеизмот. Инаку математиката си е по таман. 1+1 = 2. Нема тука трте-мрте.