Значи кога до вонземјаните ќе дојде златниот диск во Војаџер 2 (со информациите изрежани на него) и една човечка клетка (со милион пати повеќе сложени информации во неа), според атеистичката логика, вонземјаните би требало да заклучат: хммм овој диск бил дизајниран од некаква интелигенција, а оваа клетка што е милион пати посложена од него не била дизајнирана од никаква интелигенција
Атеист сум и не гледам причина да не бидам. Сепак, најголемата причина што сум атеист е тоа што бог не постои Не можам да верувам во нешто за кое не сум видела никаков доказ. Никој од вас не видел. Да беше така, ќе знаевме дека бог постои и немаше да има потреба да дискутираме овде. По толку време, редно е тој/таа да се појави. Штом досега не се појавил/а, веројатноста дека не постои е голема. На верниците, религијата им служи како утеха. Не можете да се помирите со смртноста на луѓето и со тоа дека животот завршува. Кога некој ќе почине, тој/таа е во рајот, на подобро место? Well, guess what... Овој живот е единствениот што го имаме и штета е да го поминеме во постојан страв од некаков си непостоечки бог/паранормална сила. Кога сме кај почитувањето на правилата од Библијата, нуту самите верници не ги почитуваат сите/ги почитуваат селективно. Самите верници си го одбираат она што им одговара. Религијата ви нуди лесни одговори на сите прашања и убедени сте дека ви нуди решенија на проблемите. Реално, не нуди ништо, само илузија. Науката е таа што ги нуди вистинските одговори и решенија. Молитвата не излечила никого, достигнувањата на модерната медицина излечиле многумина. Ако бог постои, зошто не помага онаму каде што треба? Еве го често споменуваниот аргумент, дека или не е семоќен или е злобен. Значи дури и да постои, зошто би му/иѝ се покорила? А за гадостите што секојдневно се прават "во име на бог" ... во некој друг пост, тоа е особено опширна тема.
Не можат да го разберат зашто не постои. И пак се враќаме на истото: И да постои, ако е толку злобен како што досега се покажал, која е поентата да му се покоруваат? Ако не злобен, тогаш е индиферентен кон она што се случува. Некои верници се обиделе да ме убедат со тоа дека немањето на доказ за бог не мора да значи дека не постои. Во ред, јас може да тврдам дека постојат еднорози и дека Дедо Мраз постои, ако немам доказ која е поентата? Кој ќе поверува? Онаму каде што човек ќе употреби логика, религијата веднаш отпаѓа, не можат да стојат во иста реченица. Заемно се исклучуваат
Немаш видено докази ни за атеистичките убедувања, па сепак веруваш во нив. Тоа што атеистите не веруваат во Бог, не значи дека не веруваат во други работи. Некои верувања дури и неопходно следат од неверата во Бог. Така што, без разлика дали некој е теист или атеист, секако дека верува во некои работи. А науката секако тежнее неспоредливо повеќе кон теизмот т.е. постоењето на Бог, затоа и повеќето научници се теисти. 1. Да имаше докази и за атеизмот, сите ќе бевме атеисти и немаше да има потреба да дискутираме овде. Но не е така. Многу високо интелигентни и образовани луѓе, доктори по науки, разумно веруваат во Бог. Таа теза може и обратно. Атеизмот на атеистите им служи за утеха во гревовите, у смисла да избегаат од моралната одговорност за безбожниот начин на живот. Или за да го канализираат гневот што го чувствуваат кон Бог. Или, заради својата гордост, едноставно да се прават паметни по форуми и фб групи со шерување цепки мемиња против некоја од религиите. Науката нема ништо за, ниту ништо против молитвата или верата во Бог. Науката не им припаѓа ниту на теистите, ниту на атеистите. Таа е само алатка за оперирање со материјалниот свет. Ова е познатиот парадокс на Епикур што е класичен пример за "атеизам од празнини" (Atheism of gaps). Јас не знам зошто Бог не делува вака или онака, значи Бог не постои. Оваа логика на извлекување заклучоци од "празнини" ја користеле и древните пагани, но обратно: Не знам од каде доаѓа громот, значи мора да постои "бог на армотевиците". Истата логика, само во различно пакување. Не сите верници го прават тоа. Не може заради тоа што боксот е насилен спорт да речеме дека сите спортови се насилни. А луѓето и без Бог си правеле и прават гадости. Земи ги за пример атеистите Сталин и Мао Це Тунг. Само овие двајца имаат убиено повеќе од 100 милиони луѓе. Тоа е 50тина ПАТИ повеќе од сите крстоносни војни заедно.
Ти имаш видено докази за атеистичките убедувања? Ајде објави ги јавно, за да сопре веќе еднаш оваа дебата, барем во академските кругови.
Докази за атеистичко верување ? Дали ти тоа не тролаш нас или што е работава ? Се докажува постоење, не непостоење. Како атеистите да докажат дека нешто не постои, кога истото не е установено дека постои. Логика ? Апсолутно неточно. Ако збориш за себе, знам дека гаиш илузија за себе дека си научник, ондак во ред. Науката која се базира на докази, не ишла, не иде и никогаш нема да иде рака под рака со нешто кое се базира на верување. Добар обид. Одамна установивме, колку и да негираш, дека Сталин вистина имал убиено илјадиници луѓе, меѓутоа не во име на атеизмот, туку во име на својата политичка идеологија. За разлика од секојдневните војни кои се со еден единствен мотив - религија. Овие глупости можат да ти поминат во кругот на сектата и камповите, во кои манипулирате со млади, неиформирани луѓе. Тука не. Ајт.
Не беше тоа мојата теза. Прочитај погоре што и пишав на prominent пред да ми реплицираш. п.с. Во август ќе имам промоција на книгата "15 Научни докази за Бог" (ова е работен наслов) и ќе те поканам на промоција p.s. @lovestoneddd да дојдам дома ќе ти одговорам од компјутер.
Јас пошто сум понова на форумов имам едно прашање. Зошто @EvAngelos упорно сака и мисли дека може да не' преобрати нас грешнициве?
Бог секогаш помага онаму каде што е навистина потребно. Прашањето е дали помошта која Бог ја дарува, луѓето ја препознаваат и прифаќаат? Прифаќање на помош понекогаш значи и неопходност од промена на своите шеми на мислење, говорење, и постапување. Оваа погрешна поставка ја имаат и дел од верниците, наводно дека Бог е некаков строг владетел кој бара некој да му се покорува. Тоа е човечка замисла прозилезена од ограничената, стеснета човечка свест како последица од отпаѓањето од Бога. Во реалноста Бог попрво може да се спореди со Сонцето - ако соларните панели се насочат кон сонцето, примаат енергија - ако не, не примаат енергија. Повеќе за ова може да се прочита во книгите „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ и „Со Бога полесно се живее„ (изд. Универзален живот).
Не сум којзнае колкав верник ама сепак пак посетувам црква за празници имам посетено и балкански познати свети места како Острог, и сум верник ама не да се покорувам пример да имам секс после брак, се прифаќам кај луѓето сите недостатоци, не гледам по пол,вера,боја.. И верувам во Господ , мислам дека атеистите се склони кон депресија и сиуцидни мисли, бидејки кога им е тешко едноставно не веруваат во ништо ништо нема смисла за нив, а верникот верува дека Бог ке му помогне и така се опоравува.
Така мислам бидејки кога им е тешко, пример вениците се молат на Господ и очекуваат да им помогне а атеистите не веруваат во ништо и ништо и нема смисла. Што познавам луѓе у тешки депресии повеке се сатанисти и атеисти.