Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не ве тролам вас атеистите. Логиката си е на место, само треба повнимателно да читаш пред да реплицираш. Не реков јас докази за атеистичкото неверување (Бог), туку докази за атеистичките верувања (поточно реков убедувања ама исто е). И потоа појаснив дека тоа што атеистите не веруваат во Бог, не значи дека не веруваат во ништо. И атеистите, како и теистите, си имаат свои убедувања за кои немаат докази. Некои верувања дури и неопходно следат од неверата во Бог. Така што, без разлика дали некој е теист или атеист, секако дека верува во некои работи.

    Не алудирав на себе. Алудирам на светските статистики кои јасно покажуваат дека повеќето научници се теисти. А еве ти и статистика од Нобелови награди по природни науки, каде атеистите се едвај 2-3 %. Со зборови: два-три проценти.
    Нобеловите награди ги издвојувам затоа што сепак тоа се награди кои се доделуваат за научни достигнувања од кои човештвото има полза.

    nobelovci2.jpg

    Ишла, иде и ќе иде. Скоро сите основоположници на природните науки (по чии презимиња ги имаме и многу од мерните единици денес), биле христијани и многумина од нив кажале дека својата инспирација за научните откритија ги црпеле од верата во Бог. Исак Њутн (основач на класична механика, по него мериме сила во њутни), Јоханес Кеплер (основач на класична астрономија, 3 Кеплерови закони), Роберт Бојл (термодинамички закони), Леонардо Ојлер, Мајкл Фарадеј (Велечината ,,фарад" за електричен капацитет е така именувана според неговото име.), Луј Пастер (пастеризација), Вилијам Томсон (Лорд Келвин, по него се мери температура во келвини), Џејмс Клерк Максвел, Сер Амброз Флеминг, Вернер фон Браун (конструктор на првата ракета) итн.

    Природните науки воопшто и не би постоеле доколку луѓето не веруваа во една рационална вселена, во ред и законитост во природата. Тоа е главниот предуслов за воопшто да се започне со научно истражување. А тоа единствено е можно ако вселената е создадена од еден интелигентен создател кој плански и промислено ја создал.

    Па ако е така, тогаш и Римокатоличката црква не убивала во име на Исус, туку во име на својата политичка идеологија. Пази сеа, како може некој да убива во „име на Исус“, кога Исус никаде не заповедал да се убива во Негово име или пак (најсмешно е ова) да се ослободува Неговиот гроб. Исус бил радикален пацифист (миротворец) и неговиот пацифизам одел до таа мера да денес атеистите дури и се зафркаваат со тие Исусови изјави (ако некој ти удри шамар по едниот образ, сврти му го другиот, или пак со оние изјави на Исус: молете се за оние што ве прогонуваат, благословувајте ги оние што ве проколнуваат)

    Бидејќи си нова да те запознаам со едно главно правило на форумов: На темите се дискутира on-topic на темата, а не за личностите. Си постои посебно место на форумов ( http://forum.femina.mk/chat/ ) каде што може да си чаташ и да си збориш за форумџиите.
     
  2. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Легенда си нема што.

    Ти беше таа ,,психијатар да будем''?
     
    На candy.cane, VoodooGirl, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Замисли човек у депресија или некоја друга болест не е битно да верува у Господ или у нешто да верува да се моле колку повеке има надеж од некој шо у ништо не верува?
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    А замисли со години да се моли, да оди и на свети места, а состојбата да не му се подобрува? Како што и се случува, бидејќи сето тоа може само со плацебо ефект да помогне кај одредени индивидуи.
    Ако навистина имаш амбиција да работиш како психолог, треба сериозно да поработиш на површниве и неточни ставови. И во друга тема се изјасни дека тоа студираш, а тврдеше дека од депресија може да се излезе со прошетки.
    Многу е непрофесионално да им наметнуваш религија како излез на нерелигиозни пациенти, а го прават тоа такви учени-недоучени кај нас.

    @Alita, на Евангелос тоа му е работа, ќе се навикнеш. Новите членови само игнорирајте го, ништо ново не кажува веќе со години.
     
    На candy.cane, VoodooGirl, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Запомни дека верата кај човекот е најголемо оружје, верник уште кога ке си каже молитва боље се осеќа. Немам ништо против атеистите ама атеистите многу по бавно излегуваат од тешки ментални нарушувања состојби знам многу такви примери. И зошто ме се цитирате и ставате акцент на тоа како некоја боцка да ви е оти студирам на психологија тоа ме интересирше па сега што ке работам за 10 години и каде ке ме однесе патот ке видиме.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Ти не беше таа што тврдеше дека депресија не постои дека депресијата е нервоза?
     
    На candy.cane, VoodooGirl, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Невроза, спаѓа во групата неврози и доста мешате нервоза и невроза хахаха
     
    На candy.cane, sjdgo, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    @EvAngelos

    Од самиот збор атеист многу лесно се гледа и значењето. Не знам како очекуваш да ти докажам дека верувам дека не верувам во бог.

    Науката се базира на набљудување, експерименти и заклучоци т.е. докази, нешто што религијата уште не ми понудила.

    Атеизмот нема никаква врска со тоа дека некој бара утеха. Напротив, верниците си бараат утеха и простување во нивниот семоќен ентитет. Згрешив, боже прости ми. Така некако одеше тоа...
    Од друга страна, кога јас или кој било друг атеист е свесен дека згрешил, не бара утеха и простување од непостоечкиот бог туку самиот/самата се соочува со последиците на своите дела. Се соочувам со својата грешка и со луѓето на кои сум им згрешила нешто.

    Не чувствувам гнев кон бог зашто не можам да чувствувам гнев кон нешто што не постои.

    Не ми треба бегство од мојот начин на живот зашто цврсто стојам зад се` што правам.

    Не ми треба бог за да знам како треба да се однесувам. Жал ми е за луѓето што бараат некаков морален патоказ во бог или во смешната книга со приказни. Повеќето верници не се ни придржуваат кон начелата на таа книга. Или како што кажав погоре, си го избираат она што им одговара.

    Секојдневно се прават гадости во име на религијата, монструозни закони, каменувања, погубувања итн итн. Споредбата со Сталин ти е несоодветна, но тоа веќе го ти го објасни @lovestoneddd.
     
    На Lella, lovestoneddd, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Женска студирам медицина и знам што е нервоза а што невроза а ти имаше пишано нервоза.
     
    На VoodooGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Да еве, ме плаќаат по 100 ден од пост. Морам уште 3 поста да пишам денес за да извадам дневница :D
    Од моите 2950 постови, 2930 секогаш биле он-топик на темата. Некое аргументи се повторуваат, бидејќи се повторуваат и прашањата и нормално дека нема да измислуваме топла вода.

    Од твоите 11,500 мислења нема да претерам ако кажам дека 11,000 ти се оф-топик дискутирање за форумџиите, нивно клеветење, навредување, оцрнување, понижување, сарказам. Научи се да пишуваш он-топик и содржајно на темата, а не само влегуваш во препирки со членови. Многу лично си го сфаќаш тоа кога некој има различно мислење од твоето. Опушти се малку. Гневот и омразата првенствено му штетат на човекот кој ги преживува истите.
     
    На sjdgo и Bubce38 им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Се приметува дека студираш медицина по твојот дрзок однос, права медицинска сестра си
     
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто толку закачки нели? Каже си некој свое мислење наметнат му се, сигурно сакат по нивно оро да се игра се у живото. Спомнуват ми пред месец дена што сум пишувала по други теми божее....
     
    На sjdgo и EvAngelos им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.686
    Пол:
    Женски
    Камо да убиваа во име на атеизам, за разлика од крстоносните војни.
     
    На candy.cane, Animali и Alisa22 им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Воопшто не го очекувам тоа. Јас не реков дека ти веруваш во Бог. Напротив. Ти си атеист и ти не веруваш во Бог. Но, тоа не значи дека ти не веруваш и во други работи. Не е само „Бог“ нешто во што може да се верува. Ти, како атеист, на пример веруваш дека светов е случајно настанат, без интервенција на некаков создател. И тоа е вера, и тоа фанатичка вера која мора да замижи на еден куп научни факти кои јасно говорат дека нема шанси некои работи да се случајно настанати.

    Па ни атеизмот не ти понудил, а сепак си верник во него.

    Ти можеш само за себе да си збориш зошто си атеист, а секако дека има разни атеисти кои од различни причини се атеисти. Исто е и со верниците. Јас и повеќето верници кои ги познавам не поверувале во Бог затоа што „им требало утеха во замислено другарче“ или „затоа што се плашеле од смртта“. Кога бев атеист за мене тогаш смртта беше враќање во непостоење. Ништо не гледам, ниту чувствувам, ниту постојам. Што има страшно во тоа?
    Различни верници од различни причини се верници. Секоја генерализација е сувишна.

    Секако дека е соодветна. Како што вие велите дека никој не убивал во име на атеизмот, така и јас со право можам да кажам дека никој никогаш не убил некого во име на Исус. Чист апсурд и оксиморон е да убиеш во името на најрадикалниот пацифист на сите времиња.
    И едните и другите убивале во име на некаква идеологија, или пак со политичко, империјалистички и територијални претензии.

    Изгледа си љубител на масовни геноциди што повеќе сакаш убивања во име на атеизмот :)
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.686
    Пол:
    Женски
    Ма не, само тогаш аргументот ќе ти беше валиден, ти помагам.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Aпсолутно е неточно дека религиите, поготово Абрахамските, пропагираат лубов, мир и толеранција за неистомислениците и припадниците на други религии или неверниците.
    Нивниот однос према различните има длабока трага во историјата на човештвото, стотици милиони неверници убиени во име на бог. И ден ден се покажува на дело.
    Денес земјите во кои доминира атеизмот се воедно и земји со највисока стапка на социјална правда и еднаковост и владеење на човековите права. Норвешка, за пример. Една од првите земји во кои значителен дел од населените се имаат изјаснето за атеисти, има милион пати подобро функционирање во животната средина, за разлика од земјите во кои религијата е присутна и опевана.
    Слично е и со останатите Скандинавски земји.

    На другата страна, колку по сиромашна држава, низок стандард и голема стапка на неписменост меѓу граѓаните, толку поголем процент на верници.
    Религијата иде рака под рака со сиромаштијата и неукоста. Тука спаѓа и Балканот.
    Иронично е што во ваквите земји и покрај толкавата посветеност на бога, у велико цвета криминал, корупција, нетолеранција, крвопролевање, етнички несогласување.
    Договорете се еднаш на што сте.
     
    На candy.cane, Anabelle.Amorette, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Или психоза.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    @lovestoneddd има огромна, дијаметрално спротивна и непремостлива разлика помеѓу искрена и разумна вера во Бог од една страна, и традиционална вера напумпана со суеверие, паганизам, празноверие итн.
    Искрената и разумна вера во Бог се докажала дека води кон прогрес и на индивидуата и на општеството (кога такви има многу), додека другата се покажала дека делува деструктивно и за индивидуата и за општеството каде такви се мнозинство - како што се балканските земји. Помеѓу втората „вера“ и атеизмот, јас без секунда размислување би го избрал атеизмот. Но кој вкусил од првата искрена и разумна христијанска вера, никогаш не ни погледнува назад кон атеизмот :)

    Не можам да говорам за другите религи, но христијанството пропагира љубов, мир и толеранција. Еве што вели Исусовото учење:

    Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат. (Христос во Матеј 5:44)
    Не противете му се на злото, туку ако некој те плесне по твојот десен образ, сврти му го и другиот. Ако некој сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, остави му ја и наметката.. (Христос во Матеј 5:39,40)
    Никому не враќајте зло за зло. (1 Солунјаните 5:14)
    Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе! (Римјаните 12:18)
    Не одмаздувајте се, туку дајте му место на Божјиот гнев. (Римјаните 12:19)
    Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, напој го. (Римјаните 12:20)
    Не оставај да те победи злото, туку победи го злото со добро. (Римјаните 12:21)
    Тогаш Исус му рече: Врати го мечот на своето место, зашто сите што се фаќаат за меч - од меч ќе загинат. (Христос во Матеј 26:52)
    Синот Човечки не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси (Лука 9:56)
    Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби (Христос во Матеј 10:16)
    Љуби го својот ближен како себеси! (Христос во Марко 12:31)

    И ајде да си погледнеме прво во својот двор, каде што сите сме сведоци. Ако овде на форумов некој пропагира омраза, линчување, инквизиција на мислења, цело време се служи со ад-хоминем, клевети, понижувања, оцрнувања, тоа се припадниците на ЛГБТ движењето (добри си знаат кои се).


    1. Норвешка иако има доста атеисти, сепак ни таму не се мнозинство, туку мнозинството се евангелско лутерански христијани.
    2. Постоењето на корелација, не значи и каузалност. Значи низа политичко-геогфраски фактори веројатно се поголемата причина зошто Скандинавските земји се поразвиени.
    3. Земи ја Кина за пример. Таму атеизмот е двојно поголем и посилен од скандинавските земји, па сепак таму владее сиромаштија и робовладетелска експлоатација на просечниот работник. Човекот таму се гледа само како производител во трудот. Луѓе (жени и деца) работат по 12 саати за минимални примања колку да преживеат, а растечката економија е на бенефит само на високата класа.

    Повторно, ова важи за исламските земји (што немаат нафта) и за земјите каде што владее суеверието и паганизмот т.е. надворешната религиозност без допирни точки со Исусовото учење. Такви се за жал балканските земји.
    Но, земи ги за пример земјите каде што има висок процент на протестанти (Америка, западна Европа, Австралија) и одма имаш поинаква слика: висок стандард, висока економија, високо образование, висока еколошка и општествена свест итн.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се додека имаме предоминантно религиозно население (глобално), имаме проблем.
    Џабе објаснувањето... ќе биде вака уште дооолго, доолго.. илјада, две илјади години... можеби и повеќе
     
    На Anabelle.Amorette, Alita, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Во јужните делови на Америка, каде луѓето се Многу религиозни, образованието е 0 и живеат многу просто, немодерно.
    Во Западна Европа религиозноста е многу по... површна, споредено со Америка. Не гледам тука некој pattern.

    И ако стварно религијата има толку голема улога во колку е развиена една држава немаше да потенцираш '(каде нема нафта)'.
     
    На candy.cane, Anabelle.Amorette, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.