Ако си атеист -фино за тебе. Со ова ништо не постигаш иако и јас како тебе сметам дека нема докази кои го потврдуваат постоењето на Бог. Само: немој со вакви теми, глупи се...
Бидејќи многу озбилни ви се постовите на сите на темава, еве една мала шега да ве развеселам Се откажав од атеизмот кога видов дека немам празници
....сакаше да му каже на авторот на темава. Ова ти се вика сакам кажам,неэнам речам.... Некои мислат дека ако некој отвори тема која е малку контроверэна и поинаква од мислењата на многумина дека е глупава....штета.
Во последно време се појавија тролови на форумот, па чувствувам потреба да појаснам што е тоа интернет трол и како да се однесувате кон нив. Дефиниција На интернет, трол е некој којшто испраќа провокативни, нерелевантни или оф-топик пораки во онлајн заедница, како онлајн форум за дискусија, чет соба или блог, со основна цел да испровоцира силна емотивна реакција кај останатите корисници или да го наруши нормалниот тек на дискусијата. За остварување на својата цел, тролот се служи со лаги, инсинуации, манипулации и сл. Како да го победите во дискусијата? Не можете да победите трол! Колку и да се силни вашите аргументи, тој нема да го промени својот став и ќе продолжи да ве провоцира, обидувајќи се да ве дискредитира на секој можен начин. Тролот нема да ја напушти дискусијата и секогаш ќе се обидува да одговори последен. Негова мисија е да ја уништи темата и да предизвика контроверзност во заедницата. Основно правило: Не ги хранете троловите! Со секој ваш одговор и реакција на мислењата на тролот, вие всушност му помагате да ја оствари неговата цел. Единствен начин за справување со троловите е да ги игнорирате. Кога ќе забележите трол, едноставно игнорирајте го и не одговарајте. Не му се спротивставувајте, не го навредувајте, не му велете дека е трол... Продолжете со дискусијата како ништо да не било.
Za da bides ateist treba prvo da gi proucis site religii pa posle da diskutiras na taa tema! I sekoj si ima svoj stav i svoe razmisluvanje i go cenam toa. Ako ti smetash deka ne postoi Bog i slicno, togash sigurno ne si dovolno educiran. Mozhesh slobodno, kako shto kazav da gi proucis site religii, t.e da procitas vo Biblijata koj e Bog, shto e i kako e, i drug pat molim te ne otvaraj vakvi temi ako ne si dovolno religiski educiran!
Eve ti eden vic da te nasmee: Se raspravaat kosmonaut ateist i nevrohirurg vernik. Kosmonautot veli: jas sto pati sumotisol vo vselenata, pa nikogas ne sum videl ni angeli ni demoni. Bog ne postoi! nevrohirurgot na toa mirno odgovara: pa sto, jas sum operiral iljadnici mozoci, pa ne sum videl ni edna misla. Siroti empiristi.... za grevovi. Spored tezata na ateizmot, ne postojat ni najubavite cuvstva na covekot kako sto se ljubovta, prijatelstvoto, patrotizmot, itn, itn... od ednostavna pricina - ne mozat da bidat videni i ne se dokazuva deka navistina postojat. Ednostavno, se prifakja deka gi ima - kako i Bog. I na kraj, gospoda ateisti, jas i natamu kje si veruvam vo Bog koj ne postoi, a vie, i natamu veruvajte vo MAJMUNITE koi postojat.
Мрза ми беше да ги читам твоите ама тотално идиотски и контрадикторни постови затоа само овој го цитирав за да ти кажам дека целиот си турни ме да кинисам...... Прво кажуваш дека не убедуваш тука никој во ништо... вреѓаш на велико и тоа со така убави зборови.....хех...демек сите ние што веруваме во Бог сме сироти и немаме капавитет на мозокот да размислиме што е исправно а што не ( малоумни) а па ти паметниот мозок ти тече од страна и пошто изгледа ти го имаш светов создадено сега одмараш на форум и не да труеш него траскаш како Максим по клдарма глупости и зелени што ни магаре не ги паси. Значи молиш да не бидеш вреѓан затоа што само си го кажуваш мислењето твое а не го наметнуваш а се демантираш со ваквите изјави дека ти си свесен и рационален а ние малоумни и не знаеме што праиме греотички.... Оф греото една биди срекен што ја газиш земјава а Бог сигурно не те создал случајно гарантирам да не си ти и вакви како тебе многу ке е монотоно тука... а и во светов... а плус тоа ти си самиот по себе доказ дека постои Бог затоа што Бог создал добро и зло ....а ти си ова второто... така да ти си чист пример дека Бог постои и дека е создател а јас ке кажам дека Бог стварно има смисла за хумор затоа што смешките како тебе не прават нас верниците појаки. Ако си тооолку искрен и ако те интересира мислење на другите....па остави ги нека си ги кажат...ти го кажа твоето и ќути...не на секое ама не сте во право ама вие не знаете ама вие сте малоумни.....а ти па мозокот голем. Што полемизираш ако не сакаш да наметнуваш твое мислење? Контрадикторен до максимум... Ако немаш попаметна работа и си решил да си праиш интересно тука...јас ке те дружам ама ке те натерам да зажалиш што си пробал. Друго....извини забораив да прашам...ти го создаде светов што тврдиш дека Бог не постои? Ај ке бидам малку како тебе.... дај ми доказ, доказззз......кажувај...!?! И да ти даам доказ.... мене лично ни еден доктор не можеше да ме излечи од една модерна болест тако звана канцер.... и сите ми рекоа чао.....па си се збогував со сите што се вика....ама вербата на мајка ми и моја направија тој канцер да исчезне..... а ако ти беше тој што ми го отстрани кажи ми да знам иако искрено не верувам.... Само Бог ми даде 2 ра шанса за живот никој друг ... и пошто ми е 2 ра неам намера да ја трошам на болесници како тебе...не дека не веруваш во Бог тоа не ти е болеста...него тоа што си контрадикторен кажуваш едно бараш едно а правиш друго ..ѓи омаловажуваш тука сите и ти сам изиграваш Бог...а нели не постои Бог....значи ти ни самиот не си веруваш дека постоиш... Сега сфатив.... јасно ми е и не труди се да реплицираш...посекако - НЕПОСТОИШ СПОРЕД ТЕБЕ!
јас ќе ти кажам еден добар виц еве насмеј се ! -за промена зошто таквите ко тебе се непоправливи намќори. си бил еднаш еден атеист и се зачленил на женски форум да докажува зошто е подобро да се биде атеист .и сите членови го напаѓале со коментари дека е болесник, неверник и сл. тој читал, читал не можел да си поверува колкави верници има и само изговорил- леле па овие улави да не се ?! господе боже, што не ке видиш !
logicno opravdani pricini,no zosto bas 11 pricini.zasto ne se 9 ili 12 zosto tokmu 11 si odbral? a kako gi objasnuvash rabotite koi nemozat da se resat so logika???? O.o??
Океј, значи трол сум. Јес! Ај сеа вака... Фина да бидам... Реков дека се глупи бидејќи не можеш преку интернет да му всадиш на некој во главата дека неговото верување е просто кажано -недокажано.
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои. Само затоа што не е виден, не знчи дека не постои. И воздухот не го гледаме, па знаеме дека постои. И има други работи кои се над нашите примарни сетила кои не можеме да ги перцепираме... 2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е. Океј... не сваќаме што е Бог? Па добро де, не е поентата секој да свати, работава е -ако не можеш да сватиш, збуни се. Го сваќам бог како сила, не човек. 3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави. Повторно мешање на христијанската религија со бог. Сите религии вода го овој симбол, само прашањето е како. Тоа е најбитно. Е сега, се забележува и присилно наметнување на религиските норми на поединецот, што во никој случај не е оправдано. 4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле... 5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран. 6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество. 7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала. Ех, да да не беше раната црква, на коперник немаше да му лета главата... нема да им лета на многу други всушност, ама ете... верски фанатизам. 8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен. 9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог). 10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник. 11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее.
,си бил еднаш еден атеист и се зачленил на женски форум да докажува зошто е подобро да се биде атеист .и сите членови го напаѓале со коментари дека е болесник, неверник и сл. тој читал, читал не можел да си поверува колкави верници има и само изговорил- леле па овие улави да не се ?! господе боже, што не ке видиш ! [/quote] таЧно мора да си блесав/а
Значи ништо неможе да те натера да веруваш во нешто или да не веруваш ако самиот не си докажеш дали постои. Лично сум убедена дека Бог постои. Може не е како што ние го замислуваме, но си имам докажано дека тој постои и се грижи за нас. Јас сум сигурна, а сега ти и иљада докази да ми донесеш нема да ме посомневат.
па, ти си првиот човек што го сретнав на форумов со вакви радикални размислувања... морам да ти одговорам искрено, не сум атеистка, знам често пати кога ми е мн тешко да ги спојам дланките и да се молам на господ, ...... но, се согласувам со тебе, во неколку работи,иако јас во поглед на ова имам исто така радикално размислување, но не во овАА насока... значи, како што сум истакнала неколку пати, сметам дека првичната цел на релиите, е да ги насочи луѓето кон етично однесување, секако во тоа време, коа луѓето не биле паметни како денес, некои што биле попаметни од масата, ги изнесле тие книги свети, како еден кодекс ,секако со добри намери, за добро однесување на луѓето,и како што знаеме, верата е една од највлијателните работи некогаш воопшто измислени на светот.а тоа е така,затоа што,мозокот и свеста на човекот функционира на таков начин што,човекот може да се соочи само со она што му е познато на неговиот мозок,значи,луѓето за се она кое што не можат да го објаснат со докази физички,едноставно го објаснуваат со паранормално,необјасниво.во такви ситуации,човековиот мозок наместо да се вивнува во нагорна линија и да ги објасни тие некои чудни појави со некое ново сознание,поради тој капацитет на мозокот што не може необјаснивото да си го објасни само така,наместо да се вивнува нагоре, се спушта надоле, во мистицизам,така на пр,порано и грмотевиците обични ги сметале за божја појава,богови и слично.така,верата,е нешто што е мн блиско и удобно за вербата човекова,и затоа била и мн добар и успешен начин за да се влијае врз луѓето,се согласувам дека секоја вера има добра цел и намера,да ги води луѓето по прав пат т.е по пат на изградба на човекот со што е можно подобри доблести и врлини.... но, штета што денес и верата е узурпирана од страна на политиката, на парите,и за такви цели. всушност,како што и кажуваат светите книги,господ е внатре во нас,сметам дека тоа е метафора за нашата подсвест. нешто што сеуште не е доволно развиено кај луѓето а верувам со тек на време ке еволуира во нешто мн силно,тн шесто сетио, значи,моќта на нашата подсвест е господ во нас!!!кога размислуваме позитивно,се надеваме, веруваме,дури и кога ке се помолиме на тој некој ако постои,Господ,ние всушност се молиме со толку силна верба,што нашата подсвест, те,господ во нас,успева да влијае позитивно на работите. се согласувам со тебе,дека ние не сме од адам и ева,дека не напраил господ се што постои,зошто и самите сме свесни за научните докази за нашиот настанок и постоење.,, но,сметам дека,за луѓето.барем сеуште(иако сметам дека за 100години сите ке бидеме асимилирани во еден земјен вид,претопени со се вери раси нации), сеуште верата е една силна работа што ја засилува човековата волја и ги тера луѓето позитивно да веруваат,и да ја насочат сета своја енергија кон тоа нешто за кое што се молат и веруваат,што е доста полезно. но, не се согласувам со тебе за тоа дека одкако умираме,не постои ништо. не верувам дека постоењето на нешто толку живо, енергично,не само физичко тело,туку и тие некои чувства внатрешни, не се овие работи нешто што едноставно завршува. верувам дека телото умира, но енергијата или тн душа што некои веруваат се реинкарнира или лебди или оди во рајот пеколот и тн, верувам дека таа енергија човечка што ги собирала низ целиот живот сите импресии и вибрации на одреден човек,едноставно не згаснува!!! а каде оди, како се шири,и како влијае на живиот свет, да не навлегувам и јас во мистицизам и да речам дека остануваме духови, сметам дека со тек на време ке се докаже и ова, каде оди енергијата... позз
и јас исто како тебе, и мн се согласувам со тебе, секоја чест.. и мене ми се случува истово,пиради многубројните прашалници над мојата глава, кога одам во црква ми се случувало истото..но мислам дека господ, или Што и да е таа виша сила(според мене како пшто реков господ е во нас, наша сила),тогаш сигурно тој господ, ги гледа нашите квалитети како луѓе. ти секако како паметна девојка,и без оглед на се ги знаеш начелата на етика и морал...и секако,ако си добар човек,добра душа,правиш добри работи,,,, нема некој што може да те осуди, не ако имаш поинакво размислување, и атесит да си, а да си добар човек,во секоја смисла добар,етичен и морале човек, тогаш сигурно господ(ако постои и ако дели казни) нема да додели некоја казна,на добар човек затоа don't worry, и продолжи си да се прашуваш,како што рече самата,љубопитноста радозналоста на луѓето, ги довеле до мн поголеми сознанија, и ми се допаѓа што имаш open mind погледи, и не се ограничуваш околу едно. секако, ние совесните, свесните луѓе прво би требало да се избориме против влијанието од други,и наместо да дозволиме некој да не ограничи околу една ограда,и да не се интересираме,има и такви шшто се прашуваат, што има позади оградата..? позз
Прчиниве не ми се доволни за да ме направат атеист. Најпрво, никој не може да ме убеди дека Господ не постои додека не ми каже како настанавме? *не го прифаќам одговорот : настанавме од човеколики мајмуни, мајмуните од некои си премутанти, тие од некои бактерии се развиле.. Она што ме интересира како се развила и најситната честичка во универзумот, како е создаден универзумот, како се создала земјата и што се случувало пред големата експлозија? Ако ги има некој одговорите со цврсти докази за она што го тврди, тогаш отстапувам од моето мислење и го прифаќам туѓото. Второ, има цврсти докази дека Исус постоел и дека она што го видел и што го проповедал е вистина. Како? Ќе останам цела вечер да ти објаснувам, прочитајте ги сите евангелија и ќе разберете атеисти. Можете и да ми одговорите на следното мое прашање "Како тоа после смртта на Исус, Лука, Матеј, Марко и сите со ред, се распространале низ светот и цврсто го пропагирале учењето за Исус, способни и да ги напишат евангелијата"? И за крај, црквата барем онаа што е денес е сосема спротивна од она што некогаш била по правило црквата не смее да зема пари за ништо, а не сега едно венчавање чини 5000 денари,а поповите си имаат тарифа кога одат дома да осветат вода, 300 денари. Поради црквата е појавено атеистичкото учење, бидејќи црквата едно кажува-друго прави. Како тоа ние да им помогнеме на сиромашните,а поповите со мерцедеси се возат? Како тоа ние да не правиме грев, а папата беше поврзан со педофилски настан? Некој друг ден, ќе постирам за една наука-ноетика,која не е развиена кај нас воопшто, воглавном се занимава за животот после смртта. Ќе ви кажам еден настан што го прочитав и можеби ќе звучам поуверлива зошто сум верник.
Бог ти е нешто како жена му на Колумбо. Сите ја збореле ама никој никогаш не ја видел. - би ви рекол атеист Сепак едно не можам да разберам, како некои верници не се толку способни да разберат и сфатат дека има луѓе кои едноставно не веруваат во тоа дека Господ постои? Нели вашите срца се исполнети со љубов и разбирање? Кој ве научил бре на толку нетолеранција? Среќавам верници кои милуваат да убедуваат некого во тоа дека Господ постои. Ама поентата не ја разбрав до ден денес. И плус темава е глупава да ми прости авторот, сега ајде ќе наведуваме причини зошто некој да биде атеист. Исто како што не можам да ги сфатам горенаведениве, не можам да разберам и зошто некој атеист има потреба да ги разубедува верниците. Во најмала рака дебата без граници затоа што ниту едните, ниту пак другите можат да докажат со цврсти докази дали Господ постои или пак не. Секој по свое, толеранција ни треба а не да се убедуваме дали некој постои или не. Ако сакам утре ќе верувам во flying spaghetti monster ама нема да имам намера никогаш да убедувам никого дека навистина постои.
Јас мислам дека и 11111111111111111 причини да ми наведува некој, нема да го промени моетео мислење. Јас верувам во Бог, Тој постои, и секогаш се грижи за нас и ни помага.