Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Уште чекам одговор на ова:
     
    На Animali, theowndemon и Alisa22 им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Веќе одговорив: На ист начин како што и Исусовото учење имало улога во крстоносните војни.
    Позз
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    55.849
    Пол:
    Женски
    Јас приметив дека @EvAngelos смета дека атеизмот е верување во нешто (друго). Не е така. Самото име кажува дека атеизмот е неверување во ништо. Отсуство на верба. И нема што некој од тука да докажува неверување.

    Ако е Бог семоќен ќе се докажи дека постои и ќе помага секаде каде е потребно. Значи или не е семоќен или едноставно не сака да помага секаде (не е милостив/злобен е). Или не постои. :D
     
    На Irreplaceablee, candy.cane, Srckata28 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Јас одамна сфатив дека со ваквите нема разбирачка.

    Затоа и не навлегувам во дискусии со нив.
     
    На candy.cane, Animali, Srckata28 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Најголема причина да се биде атеист се луѓето.
     
    На candy.cane, Animali, VoodooGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Крстоносните војни, инквизициите во среден век, терористите на ИСИС, немало да постојат да не постоеја религии. Апсурдно е да кажеш дека овие злосторници успат биле религиозни кога нивните дела се директно инспирирани од религија.

    Геноцидите на Мао Це Тунг и компанија нема ни како да се инспирираат од атеизам бидејќи атеизмот не е конкретно поставена идеологија со утврдени догми.
     
    На Srckata28, blueeparadise, boomsleng и 5 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Па и не е баш така, атеизам е неверување во постоење на божества - Бог а не неверување во ништо. Еве јас верувам во себе на пример:D
     
    На candy.cane и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.617
    Пол:
    Женски
    За Христијанство: одбегнување на верување во инцест, педофилијa, раздвојување вода со стапови, претворање вода во вино, бременоС без секс, од светиот дух, змајеви, змии што зборат, ангели, херувими, претварање луѓе у сол... До утре имам да редам.

    Ислам - брак на пророк со 6 годишно дете, апсолутно неприфаќање на критичко размислување кон истиот.

    Протестантство - постоење на Евангелоси во истото. Поголема причина нема и нема ни да има.
     
    На candy.cane, Lella, VoodooGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1562670566291.jpg
     
    На Irreplaceablee, candy.cane, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не. Атеизам или А - теизам, буквално значи негација на божества. Со А пред зборот се прави негација во грчкиот јазик. Teos на грчки значи Бог, Божество. Теизам и вера во божества. Атеизам негација на божества. Значи атеистот не верувам само во постоење на Бог, ама тоа не значи дека не верува во други работи. Не постои човек што не верува во ништо.

    Немало да се викаат „крстоносни“, ама пак ќе биле војни, убиства, геноциди. Остави го исламот настрана. Тој е сосема друга приказна. Неколку пати пишав дека Исус е најрадикалниот пацифист (миротворец) во целата позната пишана човекова историја. Во неговото учење никаде нема повик за војна, за убиства, за одмазда и сл. Напротив, Исус вели дури и да се молиме за оние кои не прогонуваат, да ги благословуваме оние кои не проколнуваат, ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот, ако некој се суди со нас за да ни ја земе кошулата, да му ја дадеме и наметката, да не враќаме зло за зло, да ја оставиме одмаздата на Бог, да бидеме безопасни како гулаби итн.
    Апсурдно е да кажеш дека најрадикалниот пацифист може да биде инспирација за војни.

    А зошто па да мора да е конкретно поставена идеологија со точно утврдени догми? Атеизмот се темели на метафизичкиот натурализам. Тој не признав божества, но не признава ни апсолутен морал. Натурализмот на животните (да таму и човекот е животно) се дел од синџирот на исхрана и преживување на појаките. Геноцидот апсолутно се вклопува во синџирот на исхрана, природната селекција и преживување на појаките.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Гајле ми е каков бил Исус. Она што е непобитен факт е дека да не постоел немало да постои ни папа што ќе среди куп војници да ја направат лом источна Европа. Тоа што религијата ви е мирна (мало сутра), не ги брише штетите кои ги повлекла со себе. Работава ко луѓето кога излегуваат пред камера за комшија убиец: ама мирен човек беше, не знам што му стана.

    Дечки го пробивме кодот. Еве ја причината зошто Мао Це Тунг убивал луѓе. Бил инспириран од природната селекција т.е. синџирот на исхрана, т.е. натурализмот, т.е. атеизмот.

    Кога ќе престанеш да ни ја потценуваш интелигенцијата жити сè?
     
    На candy.cane, VoodooGirl, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Како старееме бог ни станува се поблизок.
    Човекот отсекогаш верува во нешто, па тоа нешто и да не постои. Најголеми атеисти се американците како нација, а најголем систем на управување кој го поддржува атеизмот е комунизмот. Комунистите се стремат да го достигнат па и да го надминат бог. Што за нив човекот претставува еден вид бог.
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.617
    Пол:
    Женски
    Геноцидот апсолутно се вклопува во синџирот на исхрана.

    Геноцидот апсолутно се вклопува во синџирот на исхрана.

    Геноцидот апсолутно се вклопува во синџирот на исхрана.

    ГЕНОЦИДОТ АПСОЛУТНО СЕ ВКЛОПУВА ВО СИНЏИРОТ НА ИСХРАНА!!!

    Значи сите диктатори уствари биле маќиња кои само сакале да го запазат балансот во екосистемот. Учам секој ден нови работи на фемина, бреј.
     
    На candy.cane, sparklie, VoodooGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Немало да се вика "папа", ама ќе се викал Сталин, Мао Це Тунг, Пол Пот или кој било друг атеистички диктатор и ќе убиел не милион и 700 илјади (колку што се проценуваат како жртви од сите крстоносни походи заедно), туку преку 100 милиони луѓе колку што убиле само атеистите Сталин и Мао Це Тунг. Тоа е околу 60 пати повеќе. Така што треба да сме среќни што тој се нарекувал "папа", а не некој атеистички диктатор.

    Заклучок: На луѓето не им треба религија за да убиваат. Човек може се да употреби, злоупотреби или изветопери секаква филозофија или идеологија за да убива, ограбува, уништува.
     
    На Keanu_R.Wick и doubleg им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Зошто сум атеист?
    Затоа што никој нема да ме разубеди да верувам во патријахална бљувотина создадена за контролирање на народните маси и учење на жената кај и е местото.
     
    На Irreplaceablee, candy.cane, crimson и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Си реков ќе те игнорирам, но посилно е од мене, ова е врв на лудилото досега.
    Сакаш да кажеш дека и синџирот на исхрана според тебе е атеистичка ствар во која ти не веруваш? Ти со што се исхрануваш бе човеку? Па дај веќе кај и да е почни да негираш и дека Земјата има форма на елипсоид, пошто сè ова што го пишуваш и така не е ништо поразумно од рамноземците.
    И што има природно во селекцијата со убивање во име на диктаторска политичка идеологија?
    Во факинг прво одделение се учи за поделба на природни и општествени науки и појави. Стварно не знам како очекуваш да реагираме на овие фикс идеи и навреди на интелигенција.

    Така да си знаете дечки, сите во нешто веруваме - па дали е тоа замислата за sky daddy што oд небото без полов однос оплодил жена и родениот син (со секакви супермоќи патем) го жртвува во најголеми маки за да воскресне после 3 дена; или синџир на исхрана кој се случува насекаде околу нас - исто си е. И плус со „вербата“ во овие реалните појави, сте потенцијален диктатор кој ќе направи геноцид. :drunk:

    Жими сè, сакам јутјубер да станам и прво видео да ми биде debunk на „доказите“ за Бог во твојата книга што ја најавуваш (иако којзнае кој напор би била за читање), не се трпат овие забеготини појќе. :devil:

    Да, толкави атеисти се што десетина од стејтовите спаѓаат во регион неформално наречен Библиски појас. И по концептот на истиот тој евангелски протестантизам на кој според батево погоре светот му го должи цел напредок, таму сега во 2019 донесуваат закони со кои жената е малтене репродуктивен роб, до толку што може таа да одговара пред закон ако некој ја застрела додека носи фетус во себе. :puke:
     
    Последна измена: 10 јули 2019
    На Srckata28, theowndemon, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Поголемо вадење од контекст и поголемо мешање на баби и жаби ја немам видено на форумов. Ама како ти одговара - така си цитираш. Нејсе, во контекстот јас пишав, цитирам:
    Атеизмот се темели на метафизичкиот натурализам. Тој не признав божества, но не признава ни апсолутен морал. Натурализмот на животните (да таму и човекот е животно) се дел од синџирот на исхрана и преживување на појаките. Геноцидот апсолутно се вклопува во синџирот на исхрана, природната селекција и преживување на појаките.

    Не верувам дека треба да се појаснувам, бидејќи мислам дека добро сфативте што пишувам, но сепак. Кога некој како Хитлер сака да создаде некаква си Аријевска (напредна, прогресивна) раса на луѓе, а сака да истреби одредена нација на луѓе, не само евреите, туку и ромите, словените, па дури и инвалидите - бидејќи тој сметал дека тие не допринесуваат во развој на општеството, туку се послаб вид што треба да биде истребен од посилниот вид. Ова е онаа иста „природна селекција“ што се среќава кај животните, каде што посилниот безмилосно и аморално го убива помладиот. Животните за да се прехранат, а луѓето од алчност (повеќе ресурси за нив), себичност, од омраза, гнев.

    И Сталин не е поразличен од Хитлер. Атеистот Сталин силно го поддржувал сојузот на милитантни атеисти со цел да ги убива верниците, да ја елиминира религијата од Советскиот Сојуз и да создаде „безбожно општество“ - кое тој сметал дека ќе биде понапредно. Атеистот Сталин во 1932 направил и 5-годишен план за егзекуција на свештеници, верници, уништување цркви. Тој, на основа на својата атеистичка идеологија, сметал дека тоа е потребно за прогрес на Советскиот Сојуз. Доколку ја познавате историјата, неспорно е дека Сталин бил мотивиран од свјата атеистичката идеологија за многу убиства.

    Ете објаснив погоре. А ти објасни ми што има христијанско во убивањето што го вршела институцијата наречена „Римокатоличка црква“ во Средниот век? Територијалните и империјалистички политички претензии на Римокатоличката црква ни се апла познати. Она што не ни е познато е на основа на кое Исусовото учење таа ги вршела овие убиства и војни (кои бдв одземале 60 пати помалку жртви до Сталин и Мао Це Тунг).

    Ако не најдете христијански мотиви во тие убиства и војни, тогаш престанете да му префрлате вина на христијанството за нешто што некои луѓе ги правеле, па макар и носеле крст на себе. Да не постоело христијанството, истите ќе убивале носејќи друг симбол. Да бил атеизмот државна религија, истите, буквално истите луѓе ќе убивале и ќе воделе војни под атеистичкиот симбол = како што тоа и го правеле сојузот на милитантни атеисти во СССР кои биле и спонзорирани од државата за убивање верници.
     
  18. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Како може некој што на мравка не газел да е виновен за војни предизвикани 10 века по неговото постоење?
    Ако некој решил да убива, војува, ќе си најде причина и опреавдување. Секоја информација може да биде злоупотребена.
     
    На jacqueline.s, Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Пишува во Библијата дека не газел на мравка?
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    А кој е тој 'апсолутен морал' кој треба да се признае?
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.