За Исус има повеќе докази дека постоел отколку кој било од форумџиите на Фемина. Овде дури има и докази дека некои лажно се претставувале т.е. дека не постоеле во личноста со која се претставувале.
Кај се бе тие докази за Исус? Мислиш нема Црквата на сите да распампари ако докажат дека навистина постоел? На сите медиуми само тоа ќе се врти...
Who cares и да постоел. Следиш приказни за нешто што наводно се случувало пред 2000 години, и кажуваш дека треба така да се однесуваш. А во меѓувреме истото го пишуваш на компјутер кој верувам не е ни 10 години стар Барем биди вистински неандерталецот што Библијата те учи да бидеш. Ај, бацки
Нема што црквата да докажува, историчарите си се јасни по ова прашање. Уствари, не постои дури ни (сериозен) атеистички историчар што се сомнева во Исусовото постоење. Медиумите не се замараат со очигледни работи. Смешно е да очекуваме вестите да излзезат сo: Breaking News: Scientists discovered that the Earth is globe! Бацки бек
Не заебавај? Новинар ќе пропушти можност да му се дигне рејтингот на медиумот? Нема шанси... Историчари де, археолози.. уатевр.. ама нема доказ. А ти кај се информираш .. не знам
Релни луѓе што пишуваат на фемина не се реални, Госпо што само во една книга го има кај што се обраќа преку грмушки кои горат е реален. Ок.
1. Како си сигурна дека форумџиите на Фемина реално се претставуваат? Од каде да знаеме, на пример, дека зад твојот ник не стои некој психички болен маж што се претставува како жена или, уште полошо, си замислува дека е жена? 2. Библијата не е 1 книга, туку колекција од 66 книги и документи. И Исус не се појавува само во книгите на Библијата, туку и во делата на: Јосиф Флавиј (еврејски генерал и познат историчар, пишува за еврејските војни, еврејските старини) Корнелиј Тацит (познат римски историчар) Плиниј Помладиот (римски историчар и писател, бил гувернер на Битинија) Гај Светониј (приватен секретар на римскиот цар Адријан и еминентен римски историчар) Луциан Целзо (непријател на христијаните, цитиран од Ориген) Марко Аурелије Галениј Дидахето Псевдо-Тома Мара Бар Серапион Климент Александриски Пастирот од Хермас Игнатиј Поликарп Папиј Маркион Јустин Исповедникот Диатесаронот Муратовиот Канон Исус се спомнува и во Ерусалимскиот и во Вавилонскиот Талмуд. Очекувано е опишан во негативно светло (евреите го распнаа нели), ама сепак се спомнува и неговата смрт. Горниве вон-библиски спомнувања на Исус се само од 1-2 век, како најблиски до животот и делото на Исус. Веројатно има и други од 1 и 2 век, али не ми текнуваат сега, а кој знае колку имало што не преживеале до ден денес како и многу други антички документи, а башка тоа што во првите 3 века христијанството било илегална религија (до 312 година), прогонувана од римјаните кои веројатно им ги палеле и книгите. А Новозаветните извештаи за Исус се пишувани од луѓе кои лично го познавале Исус или пак лично ги познавале апостолите. Нивната историска веродостјност е неспоредливо посилна од која било друга античка книга/личност.
И Discworld е колекција од 41 главна книга и уште еден куп пропратни книги, изданија и колекции, па не видов по Discworld да правиме религија. А баш има еден куп луѓе што веруваат дека живееме на рамна планета што ја држат животинки
1. Така е љубави, со таа разлика јас 1000 пати поголем маж сум од тебе, не напаѓам и не смарам девојчиња и не нудам усбиња на странци. 2. Од господава што ги наброи Маркус Аурелиус умрел 180 годинa , а Џисз 33 годинa. 150 години разлика. Од Маркус има неколку бисти, скулптури, човекот го знаеле како изгледа, точно историски каква политика водел и каде владеел. За Џизс нема ниту една биста, а ќе речеш водич на нешто тооолку големо. Дај баш да видам кај го има спомнато Маркус Аурелиус Џизс и во која конотација. Oд другиве веројатно мислиш на Галериј кој гонел христијани, за него знам дека со Диоклецијан биле силни противници на христијанството. Како и многу други, нормално е дека ќе го спомнуваат него, веќе збориме за 300 и некоја година од нова ера. За другиве немам никакви информации, некои прв пат и ги гледам, гарант ги имаш најдено од негде и ги имаш лупнато, па ај ако не те мрзи сподели точни историски податоци на тоа како се поврзани едните со другиот.
Ако некој атеист пишува у темите за Госпо дотичниот се буни, не им било таму местото. А он тука може да продава му*а за бубрези. Двојни аршини
@DAngel & @WildMk Колку што ве имам читано, вие донекаде верници сте, или грешам? Сите вие кои барате доказ дека Исус постоел, каков доказ барате, за Библијата се исмевате, е што да не треба селфи да најдеме од Исус за да докажеме дека постоел
Сакав да мислам за себе дека сум верник, додека не слушнав дека за црквата не постои силување во брак. Атеист може не сум, ама христијанството никогаш нема да биде моја религија. Посебно не православното.
Не ти се мешам тука, твое право, не ми се лути...само прашав бидејќи те имав читано кај што кажуваш дека си верник...затоа и Вајлд ја прашав.
Ти кажав. Сакав да сум, ама постоано да слушам како ја понижуваат жената - нема теоретски шанси. И да, и ти. Колку пати си слушнала дека жената мора секогаш да му даде на мажот за да не ја изневери случајно, оти ако ја изневери нејзин ќе биде гревот?
Имам слушнато за тоа, и не се согласувам со тоа... Знам дека во Библијата на некој начин жената е нивоа под мажот, ама јас лично не се осеќам обесправена поради тоа, иако сум верник, не сум дозволила досега да бидам под "команда на маж", да се изразам попросто....
Не ми е во ред, ама кажав овде за мене лично дека не се осеќам така, јас можам да зборувам само во мое име... Се сложив со тебе погоре, дека не треба да се присилува на секс жената кога не сака, и не треба да се обвинува ако мажот и шврља ако не бил задоволен дома.