Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    За тебе не е, ама за црквата на која припаѓаш е. Црквата е избор, и ти си избрала да замижиш пред мизогинијата со која се соочуваат жените во црквата.
     
    На candy.cane, lovestoneddd, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    А што да правам тука јас?
    Не можам да барам да изменат стара книга пишувана пред 2000 години.
    Иако припаѓам на таа црква, со многу работи не се сложувам, и јас како прво ги прекршувам тие некои си нејзини правила....Сум имала нели куп "блудства", не сум се ни чувала за до брак, пред маж не сум наведнала глава и да го слушам само неговиот збор, и тоа е тоа, затоа реков јас можам да зборувам само во мое име тука.
     
    На cresa-jagoda и doubleg им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Рама, тоа се вика cherry picking, игнорирање и занемарување на работи што се очигледно погрешни, штетни и навредливи во верувањето со кое си многу поврзана, т.е. е пишано директно во Библијата. Без чери пикинг на делови по свој избор, авраамските религии апсолутно не би биле прифатливи за ниедна разумна личност во ова време - но ете, предлабоко се навлезени во општеството и емотивно во индивидуи, па тоа е најкомотен потег за верниците.
    Тоа што ти лично не си дозволила да бидеш под команда на маж е твое достоинство и заслуга, и не го бели никако образот на црквата која ја посетуваш и од која си дел, ниту пак на самото христијанство.

    @DAngel, ништо нема да пропуштиш и нема зошто да ти е криво за верата. Ниедна религија не е компатибилна со феминизмот (башка и со науката, која исто знам колку ти е важна), дури и еден Далај Лама на другиот крај на светот изјавил дека ако има женска наследничка би требало да е атрактивна оти нема да сакаат да ја гледаат луѓето иначе. Не мора никако да се декларираш ако не сакаш етикети, но и атеист не е лош збор од кој треба да се оградуваме :)
     
    На lovestoneddd, Srckata28, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Спец јас можеби не се сложувам со се напишано во Библијата, и не практикувам се од внатре, ама има доста луѓе што достојно го следат секој збор, јас сум далеку од нив, иако ова не е тема за Библијата, ама знаеш дека милувам да кажам дека јас во многу работи од Библијата го наоѓам внатрешниот мир и гласот кој не ме пушта да потклекнам, забегав малку, не е ова темата, ама само се надоврзав....
    Пак ќе повторам, јас лично како жена сум многу далеку од она што го бара Библијата, и пак ќе повторам дека не се согласувам со тоа жената да биде нивоа под мажот.
     
    На candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не ми е криво. Ниту се оградувам од атеизмот. Само повеќе се сметам за агностик отколку за атеист. А дека ќе бидам вечен противник на религиите, тоа сигурно.
    Има што да правиш. Проблемот е што не сакаш да направиш ништо. Сакала или не, факт е дека припаѓаш на религија која ја понижува жената. "Не е до мене" и "не можам јас ништо да сменам" не е изговор. Оти ако сите бидеме пасивни никогаш нема ништо да се смени. На страна приказните, ситуацијата во државата никако не е сјајна. Секоја втора жена во некој дел од животот била жртва на некое насилтво. Во религиозна држава како нашата, религијата игра огромна улога во сфаќањето дека можеш со жената да си правиш што сакаш.
    Најголем дел од насилтвото и потекнува и останува во семејството. Целата институција семејство и брак е оправдување на насилтвото врз жената.
    "Ја силувал, што барала да има однос со него пред брак"
    "Како ја силувал ако се во брак. Сексот обврска им е."
    И двете ги имам слушнато од хардкор верници. Имам снимки од попови како кажуваат дека жената мора да му даде на мажот секогаш. Снимки од верници како викаат дека жена не смее да абортира ни ако е силувана.
    Религијата е политичка структура. Сами бираме каква политика ќе водиме. А политиката која ја водиме смее да ни биде критикувана.
     
    На Mishela, crimson, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Биди сигурна дека од мене никој никогаш не слушнал и нема да слушне дека обврска на жената е постојано да му удоволува на мажот сексуално, ниту пак што ако ја силувал, во брак се, или зошто имале секс пред брак, за последново лицемерна би била посебно бидејќи и јас сум го направила тој фамозен чин...

    А како тоа тврдиш дека има што да правам а не сакам?
    Јас мислам дека јасно кажав дека се оградувам од ваквите ставови за жената и не го делам тоа закоравено мислење, и нормално дека секогаш би и пружила совет и поддршка на жена која минува низ таква тортура, како и за се друго што правам уствари...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Од тебе не слушнал, ама од тие до тебе ќе слушне.
     
    На KateKane, Someonespecial, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Кога веќе сме кај Библијата.... :inlove:

    lol.png
     
    На KateKane, lovestoneddd, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Секако дека не збориме за очевидци од 2ри век. Очевидците се во 1ви век и нивните записи подоцна се влезени во она што денес го знаеме како Нов Завет.
    Императорот Марко е роден во 120 год, така што кога имал 20 години, тоа е дистанца од само 100 години од Исусовата смрт, а при тоа не заборавај дека луѓето што го гледале и слушале Исус биле живи долго после Исусовата смрт. Така што се уште постоеле луѓе што би можеле да знаат од прва рака од очевидците. Во такви околности не можеш да создаваш митови и легенди.
    Ако мислиш дека неколку десетици години се голема дистанца, сети се дека многу антички дела се пишувани стотина годиа подоцна, а најраните пронајдени ракописи им се 1000 години подоцна. Најраната копија на делата на Аристотел се 1400 години после неговото пишување. На Демостен 1300 години. Најстарата копија од Тетралогијата на Платон е 1200 години после неговото пишување. Па никој историчар денес не се сомнева во нивното постоење.

    Но, доколку сакаш ептен близок и апла непристрасен историски доказ за Исус, ти го препорачувам Корнелиј Тацит. Тој е роден 56-та година :) Таицит бил римски сенатор и врвен историчар. Тој во своите Анали, опишувајќи го пожарот што се случил во Рим, ги спомнува и христијаните кои императорот Нерон ги прогласил за виновници; затоа тие биле и главните жртви. Еве ти директен цитат:
    Императорот Нерон ја насочи вината и им нанесе екстремни мачења на една класа луѓе омразена заради нивните гнасотии – наречени христијани од народот. Христос, од кого поттекнува нивното име, претрпе смртна казна за време на владеењето на Тибериј под власта на еден од нашите прокуратори Понтиј Пилат. Па така, запрено за момент, ова најопасно суеверие повторно почнало да се шири не само низ Јудеа, изворот на злото, туку дури и до Рим… (Тацит, Анали XV, 44)

    Постоењето физички опис на некоја историска личност, ниту ја потврдува, ниту ја оспорува нејзината историчност. Постојат многу личности од историјата за кои исто така немаме опис за нивниот физички изглед. Од друга страна пак, постојат физички описи, слики и скулптури на општо прифатени митски личности од грчката и египетската митологија, литературни јунаци и анимирани личности како што се: Афродита, Изис, Дориан Греј, Црвенкапа, Петар Пан итн. Па сепак никој, заради постоењето на физичкиот опис, не тврди дека тие реално постоеле овие личности. Значи, физичкиот опис воопшто не е аргумент кој ја потврдува или порекнува историчноста на една личност.
    Ако сепак бараме причина зошто Исусовите следбеници не го сликале ниту пак запишале физичкиот изглед на Исус, веројатно одговорот лежи во идолатријата. Добро ни е познато што се случи со иконите, кои од уметнички творби набрзо преминаа во предмети на обожавање кај верниците кои ги употребуваат и покрај јасната заповед во Библијата против обожавање и поклонување пред слики.

    Не, не направив печатна грешка. Галериј е еден, Галениј е друг. Галениј бил грчки доктор и филозоф. Познати ти се четирите темпераменти: колерик, сангвиник, меланхолик и флегматик? Епа тие се негова креација. Тој живее и твори во 2ри век и неколку пати го спомнува Исус и христијаните како општо прифатени факти, без никаков сомнеж за Исусовото постоење.

    Хахаха не. Имам семинарска од 20 страни пишувано под наслов „Историчноста на Исус“ во моите теолошки студии. Долга е темава, а гледам почнаа да си чатаат со зафрканции, така што не знам дали да спамирам со долги цитати од овие историчари. Ако се уште имаш интерес, мене не ме мрзи. Ако сакаш и семинарската ќе ти ја пратам некако, па читај се 2 саати за историските докази за Исус. И како што ти кажав, сериозни историчари (дури и атеисти) не се сомневаат во Исусовото постоење. Да имаат различни ставови во однос на тоа кој бил Исус, но не и дали постоел.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Извинете што ви се мешам во дискусијата, ама само да спомнам дека вакво нешто нема во Библијата. Единствено нешто што во Библијата се спомнува на оваа тема е следниов цитат на Павле:

    „Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот! Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:3-5, Библијата)

    Тука апостол Павле подеднакво ги советува и мажите и жените да не бидат себични во бракот и да си ги исполнуваат брачните должности. Исто така ги советува да не апстинираат предолго, затоа што ако на пример мажот може да издржи цела година, жената можеби не може повеќе од 1 месец. И секако овде се зборува за здрави луѓе со здрава сексуалност. Не може едниот да му свирне у глава сега ќе постам цела година и не сакам да имам односи, чао пријатно. Вакви работи се кажуваат пред брак, за да си знае другиот партнер со кого си има работа и потоа да си одлучи дали ќе влезе во брак. А ако од икс здравствени психо-физички едниот партнер го изгуби либидото или слично, тоа е веќе друга приказна и Павле не збори за тоа.

    Во христијанството за брачните партнери се верува дека се едно тело. И ова не е само „поетски“, туку тие навистина се трудат да функционираат како едно тело. За илустрација, кога едната нога ти е скршена, другата нога не и вели на првата: „Ми е гајле, твој проблем, јас нема шанси да носат поголем терет од половина од тежината на човекот“, туку веднаш ја надоместува функцијата на другата нога. Како што органите во сечие тело си служат еден на друг, за добробит на целото тело, така и во бракот брачните партнери си служат за секакви потреби, и секако тоа од љубов, а не од принуда или силување. Силување во брак искрено прв пат прочитав и не сум го сретнал како учење или пракса во ниедна деноминација, дури и меѓу оние позабеганите.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И ти промовираш силување во брак. Да натераш некој на однос кој не го сака е силување. Било тоа во брак или надвор од него. Ако јас од било која причина не сакам да стапам во однос, не треба да чувствувам дека тоа ми е моја должност. И тоа здрав и нормален партнер го знае.

    Друго, не можеш да зборуваш за слобода без автономија над сопственото тело, а не гледам дека на христијаската жена баш и е дозволено да прави што сака со телото.
    Едноставно е, во христијанството жената е сведена на машина за расплод.
     
    На KateKane, lovestoneddd, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Изгледа со некој чуден човек имаш правено муабет на темава и ти ги всадил овие предрасуди кои немаат врска со христијанството. Никој не е приморан за однос. И еве веќе 16 години сум христијанин и не сум слушнал за „силување во брак“. Додуша ни кај нехристијани немам слушнато за вакво нешто, ама ај.

    Она што јас погоре го цитирав е поврзано со постот. Како што знаеш, верниците понекогаш постат. При тоа се одрекуваат од јадење (делумно или целосно), ама и од телесни задоволства. Е сега, кога си сингл, сам можеш да си одлучуваш кога и колку ќе постиш. Во брак, христијаните се договараат кога и колку ќе постат. На пример, не може мажот да му текне да пости од секс цела година, доколку жената не е спремна или едноставно не сака да прифати толку долга апстиненција. Ја сфаќаш ситуацијата? Значи жената сака секс, а и мажот сака секс, ама ете така во главата самостојно си решил да пости цела година и кој ја шиша жената. Ова не е брак, барем не христијански. Друго е мажот да има здравствени проблеми, па жената да го разбере и да не го „силува“. Ама ако од аздисаност решил со сила да апстинира, епа извини, ама такви себични налудничави идеи и намери се кажуваат пред брак. У таков случај ја би го пратил мажот на советување, да се види од каде е коренот на таа себичност или налудничавост, дали сега се пореметил у главата или пред брак ја криел оваа особина, па сега ја манифестира. Ако е второто случајот и ако мажот нема здравствени проблеми ама од инает не сака да има секс со жената, во тој случај жената не е должна да биде заложник на тој брак и да биде психички силувана (у мозокот) од мажот и може да си отиде од него.
     
    Последна измена: 11 јули 2019
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не си слушнал затоа што не постои како концепт.
    Во брак не може да се силува :D
    Како ти извира мизогинијата, не е могуче. :D

    @EvAngelos кога некој не сака секс, која и да е причината, па макар и пост, не смееш да го принудуваш ни физички ни психички. Принуда на секс=силување.
    Мило ми е што си кажа дека си потенцијален силувач.
    Дискусијата е завршена. Не можам да те учам и силување што е :x
     
    На Amellie13, KateKane, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Со други зборови: Не е точно дека во Библијата се дозволува силување на жена ти. Се дозволува и силување на маж ти. :D
     
    На crimson, VoodooGirl, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А мубаетот од попот беше: "Ми доаѓаат верници да ме прашуваат, попе еве јас постам ама МАЖ МИ не."
    Што е многу нормално, пошо мажите се оние агресорите. Жена ќе прифати дека неќе секс и нема да притиска. Мажот е оној што мора секс, нема неќеш, должност ти е.
     
    На VoodooGirl, lovestoneddd и Alisa22 им се допаѓа ова.
  16. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Да постои и веруваам во виша сила нешто како споено со нашите души..За мене Бог е небото, вселената, галаксиите, ѕвезди и тн.. А не Исус, Алах или не знам што.
    Па нека одлучат луѓето дали сум атеист или не.
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Завршена работа е „распампарувањето“ одамна :D, во сите учебници по историја каде е обработен периодот на римското владеење, го има распнувањето на Исус и појавата на новата религија.
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ама никој тука не збори за принудување. Ни физички, ни психички. Жал ми е ако си зборела со некој чуден поп или со кој и да си зборела, па си го добила ова мислење за христијаните. И самата верувам знаеш дека тој е чуден исклучок и тоа веројатно исклучок кој можеби и само ти го знаеш. Синоќа прашав двајца христијани дали чуле за вакво учење (принуден секс во брак) во некоја црква (православна, католичка, протестантска) - се чудеа на прашањето. Не само што не чуле за такво учење или таков случај, туку и чудно им е дека е можно нешто такво да постои во христијанството. Баш ме интересира од каде го имаш слушнато ова?

    Сепак, мотивацијата е сосема различно од принудување. Христијанството ги мотивира брачните партнери да не бидат себични во бракот. И ова не се однесува само на сексот, туку за се. Бракот подразбира давање (време, енергија), жртвување, несебичност, ставање приоритет на другиот. Да љубиш значи да не ги гледаш само своите интереси, потреби и желби, туку и интересите, потребите и желбите на партнерот/ката. И ова се однесува подеднакво и на мажот и на жената. Мажите во Библијата се повикани да ги љубат жените со истата таа пожртвуваност како што и Исус ја засака црквата и го даде Својот живот за неа. Тоа значи дека, доколку жената има било каква потреба, мажот, ако може, треба да даде се од себе за да ја задоволи. Сексот е смешна ситница што мажот треба да ја даде. Ако жената има потреба од бубрег, мажот треба да даде. Ако има потреба од два бубрега, мажот треба и двата да ги даде, па макар и не преживеал потоа.

    И крај краева, не мора секој да биде во брак. Ако некој не е спремен, да го дели своето време, енергија, ресурси, да се жртвува... едноставно да љуби некој/а како себе си, не мора да влегува во брак. Бракот не е договор за делење кирија со некоја личност. За таква работа се бара цимер/ка.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    :D
    Еве од тука.
    Ако јас решам од било која причина и година дена да немам секс, спротивставување на тоа мое решение е принуда.
     
    На theowndemon, crimson, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не е тоа принуда. Тоа е јасно расчистено во брачниот завет каде што партнерите доброволно се заветуваат дека ќе се љубат и во добро и во лошо, во сиромаштија и во богаство, во здравје и во болест. Ако едниот од партнерите лажел при давање на заветот, другиот не е принуден да остане во тој завет.
    Принуда е да принудуваш некој да сака да остане во брак со тебе и покрај таквата мазохистичка себичност.