Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да де, доброволно се заветуваат на силување.
    Па не е ништо ново дека токму семејството е најнебезбедна околина за една жена и дека најголемиот број на сексуални, физички и психички напади се случуваат токму во семејството и најчесто и останувата таму затоа што се "домашни работи". Извештајот на ОБСЕ го имаш, ако не ми веруваш :D
    Бракот е иституција чија најголема улога е зацврстување на машката надмоќ, pater familias-от да си покаже како е тој над сите ;)
    Не за џабе феминизмот се залага за укинување на институцијата брак. :D
     
    На Alisa22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Муабетов има смисла само таму каде што некоја жена принудно е влезена во брак или била принудена да го даде брачниот завет. За такви случаи и јас сум за ослободување на жените од таквиот брак, макар требало и со оружје да се ослободи од силувачот.

    Токму затоа велам дека ЛГБТ движењето воопшто не треба да бара нивната заедница да се вика „брак“. Бракот не е цимерство и делење на сметки. Бракот, особено христијанскиот брак е завет помеѓу 1 маж и 1 жена дека тие ќе се љубат во добро и во лошо, во сиромаштија и богатство, во здравје и во болест, несебично и пожртвувано. Христијанскиот брак е спојување на две тела во едно тело - најголемото заедништво што може да постои на овој свет.
    Бракот, особено христијанскиот брак е света работа и не е за секого, туку само за оние што се спремни и знаат како да љубат несебично и пожртвувано.
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Христијанскиот брак е заедништво од телото на мажот, сопругата, и уште неколку женски тела успат :rofl::rofl::rofl:
     
    Последна измена: 11 јули 2019
    На Alisa22, VoodooGirl и DAngel им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да де. Ако сама си си избрала да се мажиш со некого ќе трпиш и малтретирање и тепање и силување. Оти не си влегла во брак принудно.
     
    На theowndemon, crimson, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Или машки :D
    Неретко е мажи во хетеросексуално бракови да бараат мажи на страна.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Од кај ви е идејата дека во бракот е дозволено и оправдано силување? Ако добро го прочитате цитатот на апостол Павле и обрнете малку внимание на ова: Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност, може да заклучите дека всушност партнерите можат да се договорат на апстиненција, ако едниот не сака секс, другиот да го почитува тоа, а не да го принудува. Какво е тоа искушување на сатаната заради невоздржаност, му текнало на некој? Епа, принудата или силувањето е едно од тие искушенија. Религијата, барем христијанството, е против разврат, а разврат не е само блудот, разврат е распуштеност која може да се појави и во бракот, и тоа дефинитивно не е одобрено и дозволено.
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да де, од страв за да не те силува дај си му сама. :D
    Жалам Битер, тоа е исто така психички напад над личноста. И е принуден секс.
    Снимки имам, предавања од православни отци, како кажуваат дека треба да попуштиш ако ти постиш, а мажот ти не. За да не падне во искушениe :D
     
    На Someonespecial и Alisa22 им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Никаде нема такво правило како што кажуваш. Има правило да се почитува волјата ако едниот не сака секс, а не дека ако едниот сака, треба да се натера и другиот. Бракот е компромис а не желботека. Изгледа ова е кој како си сфатил.
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Така било Битер, сега не е така. Се прилагодуваат поповите. Очигледно премногу мажи им се жалеле дека не им даваат партнерките.
    Кој дел од "имам снимани предавања" не ти е јасен?
     
    На Someonespecial и Alisa22 им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.646
    Пол:
    Женски
    Имаш снимени предавања, супер. Е јас немам снимени предавања ама имам разговарано при што сум добила одговор како што напишав.
    И не е како што велиш, од страв да му се даде. И стравот е нешто што не треба да постои. Не знам, не сум јас од тие жени што би се покорувале и исполнувале желби по секоја цена. Уствари не ни гледам некаде правило дека треба да биде така. Ако ти така си сфатила, тогаш твое право да се оттргнеш од мпц и она во кое си верувала.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    МПЦ никогаш нема да понуди автономија над женското тело. Се додека жената не е слободна да одлучува што ќе прави со сопственото тело, а мажот е - жената ќе биде опресирана.
     
    На Lella, Alisa22, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.581
    Допаѓања:
    62.842
    Пол:
    Женски
    А археолошки остатоци од Џизс? Еве не мора биста, скулптура, некаков археолошки доказ дека постоел. Пошо од сите тие кои ги наброи има археолошки докази каде живееле, твореле, остатоци зад нив. Зад Џизс има само муабети.

    А ако муабети ти се чист и цврст доказ - има многу кои го негираат неговото постоење, некои сметаат дека биле група луѓе кои собрале следбеници, некои дека бил псеудопоп, некои дека бил урбана легенда.

    Факти:

    • Најраните податоци за Џизс се преоскудни, со тек на време се шират за денес да ја имаме фул библијата.
    • Евснгелијата на Матеј, Лука, Марко и Јован се менувани, односно после се допишувани од втора рака.
    • Во самите евангелија има различни податоци за него кои се косат едни со други.

    Можеме ние до утре вака - ама цврст доказ нема, се е рекла казала муабети.
     
    На Alisa22, Someonespecial, John Snow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Каде бе?
    Не сум сретнала?
    Во кое одделение?
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Каков археолошки доказ или остаток сакаш од човек? Заб од Исус на кој што ќе пишува Исус? :) Па и таков да се најде, ти пак ќе речеш „Ама некој го допишал тоа, или тоа бил некој друг Исус или сл.“ Римјаните правеле скулптури или бисти од императорите и другите луѓе на висока позиција, но Исус не бил император па од него да направеле биста или скулптура.
    Пишаните историски документи се уште подобар доказ од некаква уметничка скулптура. И за Исус се знае каде живеел, каде творел. Не се тоа муабети, туку цврсти пишани историски документи. Додека од делата на Хомер, Херод, Тукидид, Аристотел, Тацит, Плиниј, Јулиј Цезар, Софкле, Светониј итн. имаш само по 10-тина преживеани ракописи од кој најраниот е 1000 години оддалечен од времето на пишување, од Новозаветните документи имаш околу 24.600 ракописи (5300 грчки, 10.000 латински, и најмалку 9.300 други рани преводи). Сите овие се најдени на три различни континенти (Европа, Азија, Африка). Мнозинството од нив датираат од 1ви па се до 4ти век – во времето кога црквата не ни била институционализирана и хиерархиски организирана. А дури и кога би била таква, теоретски е невозможно толку ракописи распространети низ 3 континенти ни да ги изброиш, а камо ли па да ги едитираш сите едновремено и усогласено и без тоа да биде забележано. Тоа е Mission Impossible – невозможна мисија. Немало тогаш фејсбук па да направи папата групна порака со сите црковни лица и да им каже променете таму и таму. А и да имало фејсбук, не биле сите овие 24,600 ракописи под контрола на Католичката црква. А и кога би успеала Католичката црква да ги промени сите на пример во 7ми век, во тој случај ракописите од 7ми век па натаму би се разликувале со оние ракописи кои датираат од 3-4 век. Но, не е така. Сума сумарум, тоа е невозможна мисија дури и за љубителите на теориите на заговор.


    До 18-ти век не постои никој што го негирал постоењето на Исус. Значи збориме и за првите векови кога христијанството била илегална религија и имало еден куп непријатели (римјаните, евреите). Значи дури ни непријателите на христијанството, дури ни неутралните (како грците) не го негирале Исусовото постоење. Зошто? Затоа што бил општ факт. Тоа би било исто како денес да идеш и да ги убедуваш луѓето дека Тоше Проевски не постоел :D

    Значи за Исус имаш докази и од христијански и од нехристијански, па дури и непријателски извори.
    За Исус имаш докази и од римјаните и од евреите и од грците.

    1. Воопшто не се оскудни. Доволно ги има и тоа од многу независни групации (христијански, нехристијански, римски, еврејски, грчки, од правници, од историчари, од филозофи, од следбеници на Исус, од луѓе на власт итн)

    2. Ако мислиш дека се менувани, повели приложи доказ: Кој, кога и каде менувал? Паушални обвинувања не се сериозни. Нема никаков доказ дека некој ги дополнувал. Напротив, како што кажав погоре, таквата претпоставка, кога ќе земеш предвид дека постојат 24,600 ракописи распостранети на 3 континенти, таквата теорија е Mission Impossible.

    3. Постојат мали варијации, како што постојат и мали варијации и во новинарските извештаи за некој настан. Ама баш тие мали варијации (кои воопшто не се косат едни со други) се доказ дека евангелијата не се подоцна едитирани, усогласувани, дотерувани, сечени, лепени итн.
     
    На Rama и sjdgo им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Не знаеш кога учевме за антика? Петто одделение и прва средно.
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Прв пат слушам...
    Можда пишувало, ама и да пишува, не значи дека е дочно.
    Емприски е докажано дека македонските учебници, може кој сака-како сака да си ги пишува... Само да е врзан со тие луѓе што треба
     
    На lovestoneddd и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Со језуитите?
    Сигурно дека не се изучува појавата на христијанството само во училиштата низ Македонија.
    Официјална верзија е дека имало човек кој бил казнет со смрт во Јудеја и неговите следбеници и почитувачи започнуваат религија. Останати претпоставки не се доволно поткрепени и се сметаат за теории на заговор.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Појма немам за ова.
    Баш ме интересира дали постоел како историска личност.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Ааааа
    You could make a religion out of this :D
    :rofl:


    10 step program :rofl:
     
    На Lella и WildMk им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Колку историски извори ти се потребни за да прифатиш дека некој постоел како историска личност?
     
    На Rama и sjdgo им се допаѓа ова.