Причини да се биде атеист

Discussion in 'Религија' started by Alchemist, Jul 17, 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,253
    Likes Received:
    4,311
    За повеќето научници не е спорно дали постоел Исус како историска личност. За верниците уште помалку е тоа спорно.

    Но она околу кое многумина спорат - како верниците, така и научниците - се деталите за неговиот живот и учења, што навистина кажал? И од тоа кое навистина го кажал, што всушност сакал да рече? Што од сето тоа (не) било направено во Негово име?


    За мене тој бил реална историска личност кој донел прекрасно етичко учење кое ниту денес не губи од својата актуелност (на пр.: Она што сакате другите да ви го прават, правете им го вие на другите).
    За мене тој е и реална духовна личност која постои и продолжува да постои испраќајќи повремено телепатски пораки до човештвото преку вистинските пророци (вид духовни медиуми).
    Но Него како лик во подоцнежните векови па сè до денес, државно-црковните апарати на моќ го имаат изразито злоупотребено со брутални последици по целото човештво.

    Затоа правам разлика помеѓу Исус сфатен како духовен револуционер и Исус сфатен како црковна фигура за манипулација на народните маси.
     
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Па реално, доказите за постоењето на Исус не се ништо полабави од доказите за постоењето на други личности од античкиот период. Треба и во нив да почнеме да се сомневаме.
     
    Rama likes this.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Еден, ама со 100% доказ, неоспорен од никого во научната заедница.
    Практично, бил филозоф.
    Да направиме религии по сите филозофи, ако не...

    Ваљда се различни доказите за различни историски личности, посебно од пред 2000 години.
    Не за секого било водено евиденција, ко денес со лични карти
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    20,269
    Likes Received:
    189,654
    Направени се бе Вајлдке. И Буда бил филозоф на пример. За Мухамед незнам сигурно, ама во основата на секое религиозно движење е некоја филозофија, доктрина. Е после кој што разбрал од таа филозофија, тоа е веќе проблем. Особено е проблем кога луѓе без фат за филозофија, да не речам интелект, ќе почнат да ја тумачат истата(facepalm)
     
    lovestoneddd, DAngel and WildMk like this.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Ете баш тоа ми беше поентата.
    Чеј дали ќе сфатат сите :lol:
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Joined:
    Aug 9, 2017
    Messages:
    5,943
    Likes Received:
    19,773
    Gender:
    Female
    Не верувам во нешто што не сум го видела и нема научни докази :emo: мислам дека религиите се измислени за да го поделат народот .... теистите нека ми го престават лично господ за да верувам али тие глупости мојсеј му шепнал на аврам марија е трудна а е невина и какви се глупости ве молам поштедете ме
     
    lovestoneddd likes this.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Јас сериозно ти велам дека штом се сомневаш во еден случај, треба општо начинот на кој се претставени историските личности и настани да го земаш со резерва и тоа се протега многу понатаму од антиката, ене некои се сомневаат во идентитетот на Шекспир како ти во податоците за Исус. А да слушнеш какви теории постојат поврзани со Втората светска војна, иако завршена пред само неколку децении...
     
    EvAngelos likes this.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Дефинирај ми „научна заедница“. За научници се сметаат и луѓе што го негираат холокаустот, луѓе што негираат дека Земјата има сферичен облик, негираат гравитација итн.
    Мислам дека знам каков доказ и каков извор би сакала ти. Извор кој што е независен од христијанството, независен од Новозаветните текстови, да не е од следбеник од Исус и да е од признат и познат историчар. Еве ти го Корнелиј Тацит, врвен римски историчар од 1-ви век. Јудеја, каде што живеел Исус, била под Римска окупација, така што тој е вистински извор. Википедија уште во првите реченици за Тацит вели дека е еден од најголемите римски историчари. Тацит има позиција на Римски сенатор, непријател е на христијанското движење што се развива таму - така што верувам дека тоа ќе ти биде доволно да го гледаш како непристрасен историски извор за Исус, секако со непријателски став кон него. Тој во своите Анали, опишувајќи го пожарот што се случил во Рим, ги спомнува и христијаните кои императорот Нерон ги прогласил за виновници; затоа тие биле и главните жртви. Еве што вели:

    „Императорот Нерон ја насочи вината и им нанесе екстремни мачења на една класа луѓе омразена заради нивните гнасотии – наречени христијани од народот. Христос, од кого поттекнува нивното име, претрпе смрттна казна за време на владеењето на Тибериј под власта на еден од нашите прокуратори Понтиј Пилат. Па така, запрено за момент, ова најопасно суеверие повторно почнало да се шири не само низ Јудеа, изворот на злото, туку дури и до Рим… Беа изложени на потсмев од секаков вид како додаток на нивната смрт. Беа облекувани во кожи од животни и растргнувани од лавовите и погубувани, или распнувани на крстови, или спалувани на клади и служејќи како светилници во ноќта кога дневната светлина ќе ја снемаше.“ (Тацит, Анали 15.44)

    Значи, Тацит спомнува 4 факти:

    1. Исус неспорно постоел.
    2. Бил осуден од прокураторот Понтиј Пилат.
    3. Кратко по Исусовата смрт, христијанското движење почнало повторно да се шири
    4. Христијаните биле маченички убивани

    И тука би поставил две прашања за размислување:
    1. Што е тоа што ги натерало Исусовите следбеници да продолжат да ја шират веста за Исусовото воскресение (тоа значело ширење на христијанството тогаш)?
    2, И како е можно да убедиш стотици луѓе дека мртов човек оживеал и да ги убедиш до таа мера да тие маченички и громорозно бидат убивани, но сепак да не се откажат од својата вера во воскреснатиот Исус?
     
    Rama and sjdgo like this.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Па и Карл Маркс бил филозоф, а и Владимир Ленин. Нивната филозофија создаде атеистичко движење. нашите родители и баби и дедовци беа индоктринирани во марксистичката (атеистичка) идеологијана комунизмот. Во социјалистичка Југославија, марксизмот бил задолжителен предмет во сите средни училишта.
    Марксизмот учел дека религијата и верата во Бог е за слабите и немоќните, дека тоа е илузорна надеж на безнадежните, кочница за развојот на човештвото, опиум за народите и алатка за владеење на простата раја. На учениците им ги переа мозоците со смешна историја дека христијанството било направено од властите со цел подобро да владеат со рајата. Овој систем го индоктринираше и образованието, правеше цензура на биографијата на научниците, вработуваше речиси само атеистички професори или номинални верници, а верниците биле означени како „политички неподобни личности“ и затоа бил попречуван нивниот влез во просветителната дејност.

    Сталин и Ленин ја имплементираа марксистичката идеологија во поставувањето на атеистичките темели на советскиот сојуз. Мао Це Тунг го направи истото во комунистичката Кина, а Пол Пот во комунистичката Камбоџа. Како потоа ова се одрази врз општеството - добро знаете. Најголемите и најмасовните геноциди во човековата историја се случија токму тогаш.

    Од друга страна, доколку Бог постои и решил да му се објави на човештвото преку личноста на Исус Христос, сигурно дека тоа ќе биде попратено со одредена Божја порака, со одредена „филозофија“ на живот, морал, етика. Тоа што постојат и други ткн. „филозофи“, воопшто не ја негира божествената мудрост на Исус. Ова го потенцирам затоа што некој читајќи те лесно може да дојде до ваков заклучок: Секој филозоф си создал свои следбеници (религија), а атеизмот не е последица на некаква филозофија. И те како атеизмот е дел од светските филозофии, иако за жал многу не се запознаени со тоа дека филозофската платформа на атеизмот е натурализмот, или метафизичкиот натурализам. Не дека атеизмот почнува од Карл Маркс, ама тој е еден од главните фаци кои го промовирале од поновата историја, а неговата филозофија се проповедаше и во нашите училишни клупи до пред 3 децении.
     
    Rama likes this.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    :rofl:
    И ти се сметаш за научник, па не си :D
    Од самопрогласени научници до научници има разлика и мислам дека е многу убаво дефинирана.
    Што е следно, сета наука ќе ја негираш?
    Ангеле бе, Ангеле... Ова и за тебе е ниско...
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Всушност, обратна е ситуацијата. @sjdgo и јас сме тие што се повикуваме на науката (историјата), а атеистите погоре се тие што ја негираат науката (историјата) само затоа што не им одговара Исус да постоел.

    Историските факти не смеат да бидат заложници на нечиј светоглед, убедување, филозофија и сл. Ние треба да ти следиме фактите без разлика каде тие не водат, а не да ги прилагодуваме фактите за да се вклопат на нашата идеологија, филозофија или вера.
     
    sjdgo likes this.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Бате, историјата не е наука.Не во терминот на science, кај што спаѓаат природните науки со непобитни факти. историјата е социолошка наука, како економијата, лингвистиката, политичките науки, филозофијата. Тука не постојат непобитни факти (така е и така мора да биде).
    Исто како сите други дисциплини погоре, и историјата е непостојана и променлива.
    Немој да израмнуваш историја со биологија :D тотални различни дисциплини се.
     
    crimson, Lella, KateKane and 2 others like this.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    И на двете прашања:
    Сиромашен, гладен, угнетен, неписмен народ, многу лесно може да поверува во било што.
    Нема да се откажат, оти им ветува 'вечен живот во Рајот'- примамлива мисла за сиромашен, гладен, угнетен, неписмен народ.
     
  14. Alita

    Alita Истакнат член

    Joined:
    Apr 8, 2019
    Messages:
    197
    Likes Received:
    1,285
    Gender:
    Female
    Случка од пред некој ден.

    Верник упорно ме убедуваше дека Светите книги биле ,,спуштени oд горе'',а не напишани од човечка рака.8-|

    Човече. Ме просветли. :drunk:
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Сум имала иста случка, ама со муслиманка. Куранот бил од горе во златен кафез спуштен, затоа бил единствена вистинска книга :D
     
    KateKane, Alita and WildMk like this.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Не го ни спомнав зборот „биологија“ у цела дискусија, а не па да израмнувам. Историјата не е природна егзакна наука, но Е општествена наука. За жал не можеш да докажеш постоење на ниту една личност од историјата со помош на математичка равенка или во хемиска лабораторија. И тоа не е случај само за Исус, туку буквално за секоја историска личност. Ако не верувате во историјата, тогаш вие не би требало да верувате не само во Исус, туку и во секоја историска личност. Но не верувам дека е така. Затоа мислам дека атеистите кои не веруваат во историчноста на Исус се силно пристрасни, а тоа е затоа што нивниот атеизам им го ремети погледот на историјата.

    Но, иако историјата не е природна наука, таа сепак си има одредени методи со кои може да потврди или оспори одредена историска личност или настан. Колку повеќе независни историски извори постојат, толку е поголема веројатноста за точното потврдување или негирање на личноста или настанот.

    Некои од историските критериуми се следниве:

    • Временска близина на авторот со случките за кои пишува
    • Географска близина на авторот со случките за кои што пишува
    • Колкав број на ракописи се најдени од тоа време
    • Од кое време датира најстариот преживеан ракопис и колку е тој близок со оригиналниот
    • Дали писателот бил директен сведок на настаните или од прва, втора или трета рака дознава за информациите
    • Какви биле мотивите на авторот за делото што го пишува (дали бил позиција, опозиција, неутрален, дали имал лични придобивки од напишаното)
    • Дали е хармоничен текстот или пак си противречо сам на себе
    • Дали спомнува владетели и други влијателни луѓе од тоа време, парични единици од тоа време, мерни единици, големи настани од тоа време
    • Дали јазикот/дијалектот на текстот соодејствува со времето кога е пишуван? Јазикот е менлива категорија. Ние не збориме како нашите баби и дедовци, а сме само 50 години дистанца од нив.
    • Ракописот или „фонтот“ на буквите порано не бил унифициран и текстуалните критичари можат и според начинот на пишување на буквите да одредат од кој предел е, од кое време е.
    • Дури и според хемиската анализа на мастилото што се користело за пишување на ракописот може да се одреди дали соодејствува со времето и местото на пишување.
    • Понатаму, дали постои некаква реакција на делото од современите засегнати луѓе од тој текст. На пример, очекувано е евреите да реагираат на „бунтот“ на Исус. И навистина гледаме дека во еврејскиот Талмуд се спомнува Исус и тоа со навредливи зборови. Грчкиот филозоф Целзо (кој бил непријател на христијаните) исто така реагира на Исусовото учење и чуда и им дава поинаква интерпретација (ги нарекува „магии што Исус ги научил во Египет“).
    Итн. Ова не е исцрпна листа, но само сакав да ви покажам дека историјата, ако се има сериозен приод, не е само рекла-казала, туку има многу јаки методи, особено кога е во соработка со текстуалниот критицизам, и со кои може „инспекторски“ да пристапи на одреден настан и да го докаже или негира. Тоа што на балканот историјата е исполитизирана, тоа не значи дека историјата сама по себе е „рекла-казала“.

    Повели убеди ги сиромашните роми дека Тоше Проевски или Мајкл Џексон воскреснал, ама убеди ги до таа мера да тие бидат спремни и животите да си ги дадат за таа вера.
    И не е само убедувањето во прашање. Тие луѓе биле лични сведоци на воскреснатиот Исус. За воскресението на Исус и за чудата на Исус има и старозаветни пророштва кои биле напишани 700-800 па и 1000 години пред Исус да се роди. Човек мора да е заколнат атеист за да ги негира сите докази за Исус.
     
    sjdgo likes this.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Можиш, ако сакаш и се инвестираш во тоа... Како ти што пропагираш наоколу.

    Немам проблем да веруваш во се' што пишуваш.
    Можеш и во сирени да веруваш, и во бигфут, и во што сакаш.
    Има 'сведоци' и за тоа...
    Слободно, терајте, само оставете ме мене, да верувам во факти.
     
    lovestoneddd likes this.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Ме мрзи да пишувам. Само за ова ќе прокоментирам.
    Така е докажано дека делови од библијата веројатно се пишувани многу подоцна од кога се кажува дека се.

    Малку помалку да извртуваш зборови можеби некој и ќе те сфатеше озбилно. Сите знаеме колку е "научно докажано" постоењето на било кој лик од тоа доба. Башка што и да е како што е, од обичен филозоф да направиш религија.
    Ес ај сед: "ју куд мејк а рилиџн аут од дис". :D
     
    Alisa22, lovestoneddd and WildMk like this.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,243
    Gender:
    Male
    Ајде да видиме каде се фактите. Јас можам да наведам 30 историски извори од 1-ви век и уште 20-тина од 2-ри век кои го спомнуваат Исус како реална постоечка личност.
    Повели ти наведи еден единствен историски извор кој тврди дека Исус бил митска личност, дека не постоел.
    Ако резултатот е 50:0, жива иронија е да речеш дека ти следиш факти, а јас не.
     
    sjdgo likes this.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Ова во стил да седнам јас сега и да пишам историја: "Да 2000 години од сега некој ќе рече дека имало некој човек што се викал Марко и ќе направи религија по него. Да не верувате. Ова е историски запис од 2019 година што вика дека нема Марко."
     
    Animali and WildMk like this.