Причини да се биде атеист

Discussion in 'Религија' started by Alchemist, Jul 17, 2010.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Нема ништо спорно, двосмислено или нејасно во речениците: "атеистите не веруваат во бог" и "атеизмот е недостаток на верување во бог". It's not rocket science...

    Секој исказ контрадикторен на ова претставува само еден голем mindfuck...

    Мене повеќе ме интересира вистинскиот, прикриен мотив зад парадоксот на верниците кои тврдоглаво се обидуваат да пронајдат шема меѓу атеистите, освен атеизмот. Бидејќи навистина е абсурдно да се бара шема за нешто што не постои.

    Целта е да се создадат неосновани тврдења за атеистите за да одземе самата суштина на атеизмот, а тоа е неприпадност и непрактикување на одредена религија, се со цел атеизмот да изгледа како "изедначен" со структурата и составните елементи на религијата како систем на верувања.

    Тоа не е возможно бидејќи секуларизам и религија се сосема спротивни концепти по своите фундаменти.

    Верниците не сакаат да го прифатат атеизмот бидејќи тоа би значело дека нема автоматска валидност на тврдењата на нивната сопствена религија.
     
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,250
    Likes Received:
    39,631
    Gender:
    Female
    Кои се тие заеднички работи од еден до друг атеист па надаље цела група на луѓе ?
     
  3. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Не се разбираме. Јас не велам дека науката треба да ги истражува теолошките аспекти на религијата. Велам друго - христијанството како појава, реалност, феномен...е факт. И тој факт треба да биде научно истражуван (впрочем и е истражуван) и историјски и антрополошки и психолошки и социолошки и...

    Ти благодарам што ми објасни дека постојат природни и општествени науки. Сега мене ми е ред да ти објаснам дека улица се преминува на пешачки и на зелено...
    Убаво е да си научник а особено млад научник. Само ме чуди твојата активност и во природните и во општествените науки. Колку што мене ми е познато и покрај одредени мултидисциплинарни студии научната работа најчесто е многу тесно специјализирана.
     
  4. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Историјата на развојот и ширењето на христијанството е прилично обемна веројатно затоа што црквата покрај идеолошка долг историјски период била и политичка институција. Причините за ширење биле разновидни. Првите општини несомнено се создадени поради идеолошки и алтруистички причини. Подоцнежното христијанизирање на паганите е резултат на политички интереси. Во секој случај во христијанската идеологија постојат и активната и пасивната компонента, и помагањето на ближниот и повлекувањето од светот што е институционализирано во монаштвото.
     
    WildMk likes this.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,250
    Likes Received:
    39,631
    Gender:
    Female
    А денес каква е ?
     
  6. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Секој поим може подобро да се образложи и објасни. Исто е и со атеизмот. Јас, на пример, не сум религиозен, не верувам во институционалните религии ама не сум ни атеист - верувам дека постои она што е вечно и нестворено. Значи. во која категорија спаѓам?
     
  7. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Можеби и идеолошка и политичка ...а можеби ни идеолошка ни политичка...
     
  8. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Joined:
    Dec 6, 2014
    Messages:
    862
    Likes Received:
    3,382
    Но што e со оние атеисти кои сметаат дека нивниот поглед кон светот е повалиден и дека светот би бил подобро место ако не би постоела религијата, тие активно се залагаат за тоа преку пишување книги и дебати?
    Тоа е спротивно од она што го напиша @Lella дека атизмот е пасивна работа.

    Сакале или нејќеле луѓето ќе оформуваат групи ако делат зеднички светогледи, атизмот не е исклучок.

    Исто така, атеизмот не е непристрасен со тоа што подразбира неверување туку е јасен став кој гласи дека не постои создател на универзумот.
     
    EvAngelos and LivingGlam like this.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,301
    Атеизмот е повикување на докажани факти и логично концепирање на реалноста и физичкиот свет.
    Нема 'скриена мисија', туку е само начин на кој се гледа светот.
    Ако научно се потврди дека постои Бог, атеистите ќе знаат дека постои.

    На верниците, не им требаат факти, доктрината и догмата им се доволни.
    Таквиот начин на концепирање на нештата, се коси со разумното расудување, односно е нелогично.

    И нема луѓе кои се 100% атеисти, или 100% верници.. сите припаѓаме на спектар, кој е измеѓу тие прецизни вредности.
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
    Со еден збор речено, релативизирање - тоа е целта. Релативизирање и негирање на штетите од религијата, изедначување и префрлање на топката на другата страна...

    @BoneMachine, многу спинуваш. Пасивност не мора да значи целосна рамнодушност и апатија, мислам дека ни Лела не го подразбира во таква смисла.
    Атеизмот во огромен дел од светот е нешто спротивно на нормата, почнувајќи од дилемата на малолетници дали и како да (по)кажат пред семејството дека не веруваат заради разни можни непријатности, па сè до сериозно кршење на човекови права поради религиите. Групи на социјални мрежи и организации постојат за поддршка околу сите тие ствари, да укажат и се спротивстават на мешањето во општеството и државите кое оригинално верските заедници го прават. Во Bible belt-от од Америка во 21 век се донесуваат страотни мизогини закони во согласност со христијанството, во арапските земји се прогонува, затвора и измачува секој што „богохули“ против Алах и Мухамед, во Индија нехуманата поделба на општествени слоеви - касти е заснована на хиндуизмот, итн... па треба ли да се ќути за сè ова?
    Сепак, си стои тоа дека и меѓу авторите на книги и активистите на јутјуб постојат разлики во ставови, а да не зборуваме за сите луѓе атеисти низ светот. А да не зборуваме колку е непостоечка заканата од насилство, диктатура и геноциди поради нив...
     
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    Тие се антитеисти.

    Работава ко за обични луѓе да викаш дека не се пасивни туку дека имаат јасен став дека не постои flying spaghetti monster.
     
    WildMk likes this.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2015
    Messages:
    1,812
    Likes Received:
    10,933
    Gender:
    Female
    Многу ме нервираат луѓето бидејќи тие создаваат некои нивни работи,и прават да изгледа како сето тоа да се правила од Господ.До пред некое време толку бев разочарана во луѓето и во тоа што религијата ја мешаат во се што навистина почнав да осеќам дека неверувам во Господ.Дека и јас сум атеист.Но сонував еден сон кога беше ПетровдеН.Сонував како на сон ми се појавува Господ и беше премногу реално и го осетив неговото присуство.Од тој ден верувам уште повеќе во него.Можеби нема врска со темава но сакам да кажам дека некои работи се измислени од луѓето само за да не стават во "ред".Но јас сметам дека постои Господ.
     
    KomP likes this.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Ietsist/ SBNR
     
    KomP likes this.
  14. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Изгледа постојат два вида атеизам.

    Првиот е атеизмот на уверените материјалисти кои сметаат дека материјата и нејзините случајни комбинации се единствената причина што светот е таков каков што е. Проблемот на овој атеизам е што нема објаснување за тоа што е материјата и зошто таа постои.

    Вториот атеизам е реакција на религиите односно произлегува од несогласување или аверзија кон некои религиозни ставови, постапки и обичаи. Проблемот на овој атеизам е што несогласувањето со некоја религија не го докажува непостоењето на Бог.
     
    EvAngelos likes this.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    А кој вели дека мора да има? Не можат сите прашања да бидат одговорени.
    Не може да се докажува нечие непостоење. Ајде ти докажи ми дека не постои Дедо Мраз, или вонземјани. Не може. Тие работи се сметаат за непостоечки сè додека не се докаже спротивно. Религиите како организирани верувања не го докажуваат постоењето на Бог. А атеистите не мора ништо да докажуваат, затоа што не тврдат ништо.
     
    violetblue, WildMk and lovestoneddd like this.
  16. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    За да биде докажан мора да одговори на секое прашање. Во спротивно е само недокажано верување.

    Да, непостоењето не се докажува. Меѓутоа и верниците, исто како и атеистите, не тврдат дека знаат туку само веруваат дека Бог постои.
     
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Ограничената човекова интелигенција не може да се дефинира како "проблем" бидејќи истата претставува универзална карактеристика за целото човештво.

    Со други зборови, постои максимална количина на информации кои можат да се зачуваат во човековиот мозок кој е конечен: имаме 10¹¹ неврони и 10¹⁵ синапси, кои во споредба со видливиот дел од универзумот кој содржи 10²² соларни системи, значи дека само еден дел од нашиот унививерзум кој ни е познат, содржи повеќе информации кои човековиот ум може да ги процесира и да ги претвори во когнации, а да не зборуваме за остатокот од универзумот.

    Терминот Omniscience ја преставува способност да се знае се, додека во монотеистичките религии omniscience претставува атрибут кој му припаѓа на бог. Според својата природа, omniscience е нереален и контрадикторен концепт во споредба со органичената човекова интелигенција.

    Единствениот вистинскиот проблем овде е тоа што врз човештвото му се врши притисок да ги дознае одговорите на буквално сите можни прашања, односно да се стекне со omniscience како универзален атрибут, кога тоа во реалноста не е возможно.
     
  18. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Зошто сметаш дека е невозможно? Тоа што бројот на појавите далеку го надминува капацитетот на мозокот не значи дека зад тие појави не стојат неколку основни принципи. Кога човек не би тежел да одговори на секое "зошто" не би постоел развој во науката а и во секојдневното живеење. Човек станува посвесен и се ослободува од предрасудите само поради тоа што сака да си одговори на секое прашање и недоумица. Не е проблем желбата да се знае повеќе. Проблем е кога таа желба не постои и кога човек упорно се држи до недокажани претпоставки.
     
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Ова е подразбирливо и јас никогаш не ја оспорував човековата љубопитност и желбата за знаење.

    Главната поента на мојот пост е фокусиран на физичките можности на човековиот мозок и ограничената интелигенција, како и надворешните фактори кои оневозможуваат човекот да го има атрибутот на omniscience, карактеристичен само за бог.

    Со други зборови, религиските верувања.

    Според принципот на неизвесност на Хајзенберг, човекот никогаш не може да има прецизно и точно познавање на позицијата и моментумот на било што истовремено: ако ја знаеме позицијата, не можеме да знаеме ништо за моментумот и обратно. Ова е резултатот од стандардните девијации на позицијата моментумот на квантната честичка мора да биде поголем од намалената Планкова константа.

    Со тоа што мериме еден аспект (позиција или моментим), се нарушува другиот аспект а самото тоа ја создава неизвесноста и ограниченото знаење кај човекот.

    Исто така, во областа на физиката е позната т.н. space-like separation, која претставува голема пречка за можностите човекот да биде omniscient.

    Познат факт е дека ништо не може да патува побрзо од светлината, гледано според космичка скала. Додека самиот овој факт произведува повеќе последици, една од релеватните последици во овој случај е тоа што секој објект во универзумот има "светлосен конус" - кореспонденција меѓу излив на фотони кои излегуваат од нас и се движат во секоја можна насока и прилив на фотони кои пристигнуваат до нас од секоја можна насока.

    Меѓутоа, ако ги земеме во предвид објектите во универзумот кои не припаѓаат, односно се наоѓаат надвор од тој наш "светлосен конус", тоа значи нешто што е подалеку од нас во вселената отколку што светлината може да патува во времето помеѓу двата настани (space-like separation). Ова ја докажува ограниченоста на човековата интелигенција бидејќи буквално ништо, вклучувајќи ги и информации, не може да патува побрзо од светлината - ние не можеме да дознаеме ништо за она што се наоѓа надвор од тој "светлосен конус", освен ако евентуално тој "светлосен конус" не се поклопи со нашиот "светлосен конус".
     
  20. KomP

    KomP Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2019
    Messages:
    49
    Likes Received:
    50
    Повторно од невозможноста да се знаат сите појави изведуваш заклучок дека сезнаењето е невозможно. Можеби е така, но можеби откривањето на принципите кои стојат зад појавите кои ни се познати е доволно. Како и да е, немам повеќе време да го прочитам постов повнимателно. Утре...