1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    А квантна комуникација?
    Инстантна е нели?
    Побрза од светлината...

    Чекај сега ќе го реши проблемот со Теоријата за се', и ќе станеме омнизнајни. :inlove:

    Можи 42 е :D
     
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @WildMk не би сакала да бидам многу off topic, со оглед на неколку мои претходни мислења поврзани со Марксизмот, и поради тоа ќе гледам во објаснувањето да бидат попрецизна и пократка, задржувајќи се само на основното.

    Бидејќи претходно споменав дека според space-like separation, информациите како и се останато, не може да патуваат побрзо од светлината, многумина се прашувале дали е возможна комуникација, односно размена на информации која би била побрза од светлината преку т.н. "квантна заплетканост".

    Одговорот е малку покомплициран, односно ако имаме две електрони кои се блиски меѓу себе,според квантната теорија тие можат да вибрираат истовремено. Ама ако истите тие две електрони се разделат, се појавува една невидлива "врвца" што меѓусебно ги поврзува, дури иако двете електрони се светлосни години оддалечени. Ако едниот електрон се протресе, тогаш другиот електрон веднаш ја детектира вибрацијата предизвикана од потресувањето на првиот електрон побрзо од брзината на светлината.

    Иако EPR експериментот можеби докажува дека информациите, теоретски, би можеле да патуваат побрзо од светлината, сепак информациите што ја раскинуваат светлосната бариера се случајни, што значи дека истите се бескорисни.
     
    На BoneMachine и WildMk им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Урбана заблуда е дека атеистите не веруваат во ништо. Тоа е погрешно. Тоа што некој не верува во Бог, не значи дека не верува и во други работи. Уште повеќе, со самото тоа што некој не верува во Бог, автоматски верува во други работи – кои неопходно следат од неверувањето во Бог.

    Атеизмот е вера во натурализмот. Поради тоа што атеистите априори го исклучуваат постоењето на Бог, тие по автоматизам веруваат во сите натуралистички хипотези за постанокот на универзумот и животот. Па така атеистите веруваат дека целиот овој универзум (со целиот негов дизајн и комплексност) настанал случајно, без присуство на никаква интелигенција во позадина, без план и цел, туку едноставно сам од себе, а потоа бил развиван од, исто така, самонастанатите слепи сили на природата. Едно време веруваа дека тој не настанал т.е. дека си постоел отсекогаш. Потоа излезе теоријата за Big Bang, се виде дека Универзумот сепак имал почеток и тоа ја ревидираше верата на атеистите. Денешните атеисти имаат различни верувања за постанокот на универзумот. Некои веруваат дека тој настанал сам од себе пред конечно минато време, други веруваат дека постојат бесконечно многу (паралелни) унниверзуми, трети веруваат во пулсирачки универзум (кој експандира, па колапсира и така во циклуси). Итн. Тука само би го потенцирал зборот „веруваат“, бидејќи нема апсолутно никаков научен доказ за било која од овие верувања.

    Понатаму, атеистите веруваат во абиогенезата –хипотеза која тврди дека животот настанал со самоорганизирање на слепите хемиски соединенија, водени од слепите сили на природата – иако тоа не било покажано со ниту еден единствен експеримент во науката, откако постои науката! Откако се виде комплексноста на живата клетка и живите системи, малку поразумните атеисти увидоа дека таквиот настан е математички неверојатен, па соочени со овој факт, за да не бидат сметани за „фанатични верници во неверојатноста“, пробуваат да ја заобиколат неа, верувајќи во ткн. „панспермија“ – верување дека животот бил донесен од некоја друга планета или од некоја друга галаксија. Но ова не го решава проблемот со неверојатноста, туку само го премостува од едно на друго место. Тука се поставува прашање: Ако на Земјата животот бил донесен од планетата X, тогаш како настанал животот таму? И таму морал некако да настане нели? Ако и таму бил донесен од некоја трета планета Y, како пак настанал таму? Животот морал некаде некако да настане или да биде создаден. Не можете од тоа да изебгате. Веројатноста никаде нема да биде на страната на натурализмот.

    Понатаму атеистите веруваат дека моралот кај човекот е општествена конструкција и дека е релативен. Со други зборови не постои апсолутен морал, не постои апсолутно „не убивај“, „не кради“, „не силувај“ итн, туку ние луѓето сме се договориле дека тоа е „лошо“ за општа полза. Тие мораат така да веруваат, бидејќи ако веруваат во апсолутен морал, тогаш тоа подразбира и некој што го дефинирал моралот, некој што рекол дека не е ок да се убива, да се повредува, да се изневерува, да се краде итн. Јаглеродот, азотот, кислородот, водата, молекулите, атомите, не го велат тоа. Тие немаат свест, ни морал, ни емоции, ни ништо.

    Атеистите веруваат дека и „доброто“ и „злото“ се општествени човечки измислени категории. Со други зборови, не постои апсолутно добро или зло. Смртта и убиството се само дел од природната селекција, дел од животинскиот синџир. Силувачот и педофилот си делуваат согласно своите нагони и сè што прават е прекршување на човечко поставените норми во општеството. Со други зборови луѓето се тие кои ја нарекле педофилијата лоша, а хуманизмот добар. Во друга цивилизација на друга планета, може тоа да биде и сосема обратно.

    Атеистите веруваат дека љубовта, радоста, тагата итн. се само хемиски реакции во мозокот. Одредени јаглеродни атоми разменуваат електрони со водорот или кислород и вие чувствувате љубов. Толку. Нема духовни категории. Сè е материја, енергија. Солзите се само солена вода плус некои соединенија, продукт на хемиски реакции предизвикани од некакви си таканаречени „емоции“.

    Некои атеисти тврдат дека веруваат само во она што е научно докажано. Ова е самопротивречно тврдење, бидејќи таа изјава не е научно докажана :) Едноставно побарајте им научен доказ за таквата изјава и фаќајте сеир.

    Секако, атеизмот не е систематизирана и формална религија и не постои официјален систематизиран канон на доктрини и верувања, но сепак како што видовме погоре, самата вера во онтолошкиот натурализам повлекува и одредени верувања – кои едноставно автоматски произлегуваат од неверувањето во Бог. Секако дека секој атеист си има и свои индивидуални верувања, претпоставки, сомнежи итн. но тоа е случајот и кај останатите верници (теистите, агностиците, пантеистите). Горенаведените се најчестите со кои јас сум се среќавал.
     
    На LadyD, doubleg и KomP им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Каков куп небулози, еклатантно генерализирање, дехуманизација и демонизација во елоквентна амбалажа.
    Неверувањето во замислено суштество со натприродни моќи не повлекува и неверување во етика, психологија, постоењето на емоциите. Ама во ред, секако slippery slope ти е голем проблем, во тоа се уверивме и во другите твои бројни излагања околу човекови права.
     
    На Gosh, Alisa22, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Толку е тешко да сфатиш дека некој не верува у госпо па мораше непотребниве срања да ги пишеш ко леџит аргументи?
     
    На Gosh и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ај бе не му реплицирајте.
    Вергла исто-па исто цело време.
     
    На Justicija, theowndemon, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па и ако научно се потврди дека универзумот сам од себе си настанал и теистите ќе знаат дека Бог не постои. Ама очигледно науката е на другата страна.
     
  8. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    Не постојат докажани физички ограничувања на мозокот кои би можеле да го оневозможат сознавањето.
    Надворешните фактори би биле пресудно неповолни само ако природата не се темели на логички принципи.

    Со други зборови сите недокажани претпоставки меѓу кои и материјализмот.

    Прочитав повнимателно! Не сум "научник" како тебе меѓутоа имам положено неколку физики така што не ми е проблем да увидам дали некој нешто знае или само се пува. Феномените кои ги наведуваш може но не мора да претставуваат проблем. Особено не се проблем ако просторот и времето не се реалност туку само начин на кои свеста ја согледува реалноста.
     
  9. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    Сето ова е точно но таа точност никогаш никого нема да убеди. Луѓето не се определуваат за некоја опција врз основа на логичко заклучување туку врз основа на афинитетите кои веројатно ги имаат уште од раѓање. Не логиката туку карактерот на човекот решава дали тој ќе биде верник или атеист.
     
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Конечниот капацитет на човековиот мозок, како и човековата интелигенција, од биолошки аспект, дефинирана како когнитивни способности, е комбинација од ограничен број на неврони и синапси, разлики во внемотехничките техники, "лоши" и "добри" мутации кои влијаат на мозочната ефикасност.

    Сите мисли и информации кои ги имаме во нашиот мозок (невролошки или електрични) им е потребна енергија, а енергијата е органичена и со користење на се поголема енергија, се нарушува брзината што предизвикува неефикасност.

    Од друга страна, постојат и многу други фактори кои влијаат врз одредени поединци како повреди на главата и оштетување на мозокот, употреба на алкохол/ дрога, емотивност, неспособност за фокусирање, стрес, средина која не е интелектуално стимулирачка...

    Инаку, природните закони се универзални и постојат и функционираат насекаде во космосот, без разлика на локацијата, вклучувајќи ја и нашата планета.

    Но бидејќи имаш различни сфаќања, претпоставувам дека нема да се согласиш ни со овој став (секако, тоа не го мислам во негативна смисла)

    Терминот материјализам се користи за различни намени. Од една страна, со него се опишува личност која гледа вредност во предмети и работи кои постојат во материјалниот свет. Од друга страна, терминот се користи и за да се опише погледот кон светот дека целата вистина е содржана во материјалниот свет и не може да постои надвор од него.

    Додека првата употреба на терминот претставува вистинска човечка карактеристика, другата употреба на терминот претставува засега делумна вистина бидејќи постојат луѓе, главно верници, кои веруваат во духовниот свет.

    Треба да бидеш попрецизен во која смисла го наведе материјализмот како пример.

    Целосно реална слика перцепирана од страна на луѓето, според мое мислење, не постои бидејќи објективната реалност нема т.н. неутрални набљудувачи.

    Објективната реалност се состои од светот во кои ние живееме, околината во која сме окружени. И самата како таква, секако нема свест за да проценува.

    Луѓето се оние кои имаат свест за да го проценуваат надворешниот свет, но тие проценувања понекогаш се неверодостојни бидејќи психологијата на луѓето знае да биде под влијание на разни фактори, верувања, интеракцијата и впечатоците на другите луѓе кои доведуваат до појава на одредени психолошки когнации кои ја прават субјективна, а не објективна.

    Со други зборови, се доаѓа до заклучокот дека никој човек на планетава нема способност да биде целосно објективен. На некој начин сите сме полуслепи но мислиме дека не сме бидејќи имаме непрецизни претпоставки за светот околу нас.

    Поради оваа причина и постојат толку видови на верувања - агностицизам, апатеизам, деизам, енотеизам иетизам, игностицизам, пантеизам, транстеизам...

    И секоја од овие верувања има свои следбеници бидејќи човекот, како социјално суштество, поради својата несигурност, бара конфирмација за неговото мислење, односно сака да создаде впечаток "дека е во право" и дека не е целосно сам. Сака да најде истомисленици кои ќе го поддржат за да не се чувствува осамен, ранлив и критикуван, особено кога ќе се соочи со поединец со спротивно мислење, односно верување.
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На WildMk и BoneMachine им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Предодредени сме од Бога да не веруваме во него :D

    [​IMG]
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Многу јасно. Не го ни пишувам ја ова за да убедам некого во нешто, туку чисто си дебатираме на форумов, а целта со ова ми беше да наведам неколку од верувањата на атеистите. И јас сум бил атеист и тоа околу 20 години, така што многу добро ми е познат тој светоглед и секако не сум ги заборавил моите поранешни верувања.

    Инаку, не верувам дека некој е предодреден да неверува во Бог од раѓање. Грешноста кај луѓето во соработка со гордоста е таа што ги тера луѓето да се бунтуваат против Бог. Многу мина атеисти повеќе го мразат Бог отколку што не веруваат во него, ама тоа е друга приказна. Секако и негативнито багаж што го носи сето она што влегува во кошот на „религијата“ исто така влијае кај луѓето да не веруваат во Бог, но секако тоа повеќе е изговор, отколку реална причина да не веруваат во Него.
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    Поделбата на луѓето на атеисти и верници создава многу предрасуди. Генерализирањето на тоа како еден верник и атеист треба да изгледаат и да се однесуваат создава многу недоразбирања. Погрешно е да се смета дека атеистите секогаш се луѓе без морал и дека верниците секогаш се луѓе без разум. Но кога еден атеист смета дека се му е дозволено затоа што Бог не постои и кога еден верник мрази се што е несогласно со некои библиски ставови тогаш од такви луѓе не може да се очекува ништо добро.

    Не е битно како човек се декларира. Битно е во што верува односно кон што има склоност. Има такви кои би сакле да живеат во свет кој се темели на принципите на разумност, взаемно помагање, стремеж кон вистина, правда, убавина...а има и такви кои претпочитаат измама, манипулирање и насилство, грабеж, омраза...Не знам дали разликата во склоностите е вродена или стекната преку воспитување ама факт е дека постои, некогаш во црно-бела варијанта а почесто во сива скала.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Верниците не се единствените кои се догматични, постојат атеисти кои се однесуваат презриво кон верници.

    Претпоставувам дека ова се однесува на оние номинални верници кои од култоролошки аспект се сметаат за верници, но не следат строги морални правила.


    Aко некој атеист изјави дека светот би бил подобар без религија. Тоа е изјава која доаѓа како резултат од неговото неверување и некои навистина тоа го мислат. На тоа мислев кога спомнав непасивност.

    Немам ништо против тоа да постојат такви групи, но јас повеќе мислев на атеистичките заедници кои постојат низ светот, во нив луѓето се придружуваат врз основа на тоа што луѓето во нив се идентификуваат врз основа на нивниот атеизам. Сакале или нејќеле, некои атеисти се идентификуваат со други атеисти, тоа е тоа.

    Интересно е што атеистите веруваат во универзалените морални вредности, но не се свесни дека тој светоглед е наследен од монотеистичките религии т.е. христијанството. :D

    Атеистите не се единствените кои се пргонувани, на пример, во Кина и во Северна Кореја се прогонувани христијаните. Не станува збор стриктно за тоа дали некоја земја е религиозна или не туку дали луѓето се придржуваат кон водечката идеологија на земјата.

    Секако постојат различни ставови, но она што ги спојува атеистите е материјализмот т.е. дека ништо не постои надвор од материјалниот свет. На пример, Sam Harris, еден од ведечките атеисти верува во објективни морални вредности, но не знам како тоа би се оправдало доколку некој е атеист, затоа доста други не се согласуваат со него.

    Значи се една подгрупа на атеисти бидејќи самите се идентификуваат како атеисти.

    Аналогијата не е прецизна бидејќи постои разлика помеѓу flying spaghetti monster и религијата, затоа никој не верува во flying spaghetti monster.

    Мислам дека материјализмот во оваа смисла се однесува на светогледот дека ништо не постои надвор од материјалниот свет.
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine
    Па и јас велам дека светот би бил подобро место без религиите - не совршено, бидејќи човекот секогаш ќе најде некаков начин за поделби, инструменти за контрола и моќ, но сепак подобро - и навистина тоа го мислам, имаше и цела таква хипотетичка тема и доста луѓе се изјаснивме така. :) Зад таква изјава стои цела историја последици од религиските догми и поделби, значи конкретни причини и докази. Нема ништо wow и револуционерно тука.

    Што се однесува до моралните вредности, по мое гледиште луѓе ослободени од верските пранги (не мора ни да се декларираат како атеисти, туку и полиберални верници кои тежнеат кон секуларност) одредуваат дали нешто е морално или не според тоа дали некого повредува или не, и тоа е она кон кое треба да тежнееме. Можеби во далечното минато била потребна религија и за самото тоа, но денес тоа не е случајот, а сфатено е дека религијата често пропратно и пречи во тој концепт т.е. се користи за да се повредуваат, осудуваат, стигматизираат луѓе.

    И да, колку и да е лесно за извртување ова :D, свесна сум за постоењето на организациите и активистите кои зборуваат и творат за штетите од религиите и важноста на секуларизмот, неколкумина чат-пат и ги следам - и ги поддржувам, а сепак не го сметам сето тоа како ништо блиску и споредливо со религиозност.
    Самиот убаво си кажа дека со Сем Харис како доста влијателен и познат автор многу атеисти не се согласуваат, па ете ти ја поентата. Еве јас од тие што повеќе ги следам ќе ги кажам - на пример ја имаш Atheist Republic со основачот Армин Наваби, екс-муслиман и активист кој има и напишано книга; потоа Rationality Rules, Genetically Modified Skeptic со видеа и подкасти на јутјуб, итн. Кога сите тие или барем некој од нив ќе почне да биде обожуван без трошка критика од атеисти низ светот, и да почнат нивните книги или излагања да ги користат како прирачник околу кој се врти цел нивен живот, тогаш можеме да ги споредуваме со религискиот наратив :) а тоа ќе биде - никогаш :)
    Вака се само автори, активисти, инфлуенсери :D по модерно кажано, далеку и од статусот на еден политички авторитет, а камоли религиски. Камо и свештените лица да беа така сметани, а и светите книги да се читаа со разум како и останатата литература :)
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Затоа што се однесуваат презриво, тоа ги праив догматични?
     
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Причините на едно бебе да биде атеист (Преземено од Facebook)


    Во утробата на една мајка се наоѓаа две бебиња. Едното го праша другото: "Веруваш ли во живот после раѓањето?", а другото одговори: "Зошто прашуваш? Нормално. Нешто ќе има после раѓањето. Може сме овде за да се подготвиме за тоа што ќе следи подоцна".
    "Невозможно", рече првото. "Не постои живот после раѓањето. Каков живот би бил тој?"
    Второто рече: "Не знам, но ќе има повеќе светлина од таа што ја има овде. Можеби ќе чекориме со нашите нозе и ќе јадеме со устата. Можеби ќе имаме и повеќе сетила за кои сега не можеме ни да си замислиме".
    Првото одговори: "Тоа е апсурдно! Чекорењето е невозможно. И да јадеме со устата? Смешно! Нашата папочна врвца ни ја дава храната и сè што ни треба. Но папочната врвца е многу кратка, така што, живот после раѓањето, логично е незамислив".
    Но второто не се откажуваше: "Мислам дека постои нешто и сигурно е поразлично од овде. Можеби повеќе нема да ни треба тој наш природен кабел".
    Првото одговори: "Невозможно. На крај, и да постои живот, тогаш зошто никој никогаш не се вратил од таму назад? Раѓањето е крај на животот, и после раѓањето не постои ништо, туку само темнина, тишина и осаменост. Тоа не води никаде".
    "Не знам", рече второто, "но сигурно ќе ја сретнеме мајка ни и таа ќе нè заштити".
    Тогаш првото бебе извика: "Мајка? Веруваш во мајка? Па тоа е смешно. Ако постои мајка, тогаш каде е сега?"
    Второто рече: "Таа е насекаде околу нас. Ние сме опкружени со неа. Ние сме дел од неа. Ние живееме во неа. Без неа, овој наш свет не ќе можеше ни да постои".
    Тогаш првото изјави: "Јас не ја гледам, па така логично е дека не ни постои".
    А второто бебе додаде: "Понекогаш ако се стишиш и се задлабочиш, и почнеш да слушаш вистински, можеш да го откриеш нејзиното присуство и да го слушнеш нејзиниот љубовен глас како те повикува од високо".

    Pablo J. Luis Molinero, "Morphogeny"
     
    На doubleg и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    received_260384371437117.jpeg
    И оваа приказна е доказ дека постои Бог? :rofl:
     
    На VoodooGirl, KateKane, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    На Lella, KateKane, Ugly Duckling и 3 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Во тоа патријархално уредување, Марија, како жена, и да сакала не би можела да создаде нова религија и да има следбеници. Повели посочи ми еден пример на жена, што во тоа време, основала некакво религиозно или политичко движење :)

    2. Библискиот пророк Исаија, кој живеел седум века пред да се роди Марија, претскажал 59 детали за Исус. Меѓу овие е и пророштвото дека Исус ќе се роди од девица (Исаија 7:14, Библијата). Марија и да сакала - не можела да има удел во она што Исаија запишал 700 години пред нејзиното раѓање.

    3. Девственото раѓање на Исус не е единственото чудо на Исус, па за да би се сомневале во тоа. Исус направил многу чуда за кои не известуваат, не само христијаните и пријателите на Исус, туку и непријателите на Исус (на пример евреите). Евреите, во нивната света книга - Талмудот, јасно пишале дека Исус правел чуда. (Санхедрин 43а, Ерусалимски Талмуд)

    4. Има добра теолошка причина зошто Исус морал да се роди од девица, со цел да не го наследи Адамовиот грев, за да може потоа да го принесе Своето тело како крвна жртва за гревот на човештвото.

    5. Мемињата можеби се смешни, ама се класична неаргументирана интернет пропаганда.