Да да, и навечер на колена се молиме на Биг Бенгот шо се саморокнал па постоиме, и му иаме црква изградено и зејтин и ситно му носиме.
Plot twist, Исус е труден и ние сме во неговата утроба. Also, сигурна сум дека има виц што почнува "Во утробата на една мајка се наоѓаа две бебиња. Едното го праша другото..."
Не си ласкајте дека биг бенгот е „ваш“. Основачот на Биг Бенг теоријата е белгискиот свештеник Жорж Леметр Вие можете од Дарвин и Докинс и Маркс да си направите атеистички олтар и да му се клањате. А и веќе некои го прават тоа, безрезервно цитирајќи нивните фори - без критички да ги истражат. ЕДИТ: Заборавив, Дарвинчо сепак верувал у Бог. Ни тој не е „ваш“
Атеистиве верувале дека животот се создал сам по себе, а верниците веруваат дека животот (во матка) се создава сам по себе. Што е разликата уствари овде? Или јас сум негде грешка?
https://www.facebook.com/barbavalter/videos/2308271342621877/ Вакви видеа од крштевки кога ќе видам (вознемирувачко е како и сите вакви, посебно за оние осетливи околу деца), не да ми се смешни ко на доста луѓе, туку таков бес ме фаќа што да присуствувам на ваква шарада at this point сигурно не би останала рамнодушна. Да беше некоја бебиситерка на местото на брадосаниве идиоти, физички да третираше нечие бебе со исти вакви потези - родителите ќе ја гонеа кривично, ќе беше во широката јавност со снимка обележана како монструм (и со право). Ама овие остануваат да бидат рачунати ко божји луѓе, да им се клањаат, а видеата само се критикуваат со гадење воглавно во „исмејувачките“ групи на атеистите „што се прават паметни“. А во самиот момент додека вака се однесуваат со бебе, родителите и сите возрасни таму стојат ко зомбија со исперени мозоци, шуќур во ова видео на мајката на крај ѝ светнала сијаличката да реагира. Не само што е моментално насилство и злоупотреба на деца, туку можам да замислам во каков покорен дух ќе ги воспитуваат тие бебиња ваквите родители што сѐ им е прифатливо од Бога и „божјиве луѓе“, покорни и кон нив и кон догматскиве небулози. Во исламот, пак, уште е стандард и во поразвиените земји, да на мали деца без согласност и свесност, им се врши непотребна мутилација. Е на тоа сме лути и тоа мразиме ние атеистите, а не Бог како фигура. Апсурд е да мразиш нешто во што не веруваш. А родители атеисти кои намераваат во секуларен дух да си ги воспитуваат децата, што прават? Ги поштедуваат од овие работи, плус психички од ограничувањата, стравот. Догма и недостаток на догма - баш споредливо, за во ист кош, ма никаква разлика нема... мммда.
Па не е баш исто. Атеистите веруваат дека хемиските соединенија самите се создале, па се поврзувале и создале ДНК, РНК, протеини, ензими, јагледни хидрати, липиди, па продолжиле да се врзуваат и создале клетка која магично оживеала. Никој до сега не успеал синтетички да го направи во лабораторија, али затоа слепите природи у пештерата знаеле како да го направат тоа Од друга страна, животот во матката не се создава сам од себе. Во матката имаш оплодена јајце клетка со целиот програмски код што е потребен за „инсталација“ на бебето. Во тие хромозоми имаш интелигентно скроени информации - 3,2 милијарди букви, или 5600 книги софтвер.
Атеизмот, не е ништо поарен. Можеби родителите атеисти ќе ги поштедат децата од едно „вонредно бањање“ како мали, или од сунет, ама затоа потоа цело детство ќе им ги трујат мозоците со атеизам. Нашите родители беа индоктринирани во атеисточко општество, со Марксизмот како задолжителен предмет, па видовме какви вредности им пренесоа на следната генерација. Мито, врски, корупција, снаџи се па живи, „не биди со крстот на чело“ (демек кради и ти), пуши, пиј, учи за да седиш на фотеља и да не бидеш „прост работник“ итн. И ајде да им направиме тест на Боки 13ка, Катица, Грујо, Мијалков и другиве што ги слушавме на снимките. да видиме колку од нив се навистина верници, или пак атеисти? Дури и тие од нив што се прекрстуваат со рака и палат свеќи, го прават тоа од традиција, а живеат апсолутно атеистички живот.
Денес интензивно ве шибаат нечестивите а? Дека многу жешко изгледа, па во вас се осеќаат "како дома да се".
Тоа е тој мазохизам кој потекнува од приказната за Адам и Ева, „оригиналниот“ грев и казната за него, и критериумите за природност. Посебно насочен кон жените. Се согласувам дека е far-fetched да се каже дека науката им припаѓа на атеистите, но и верниците кои допринесуваат во неа, тоа го прават зашто со својот сопствен морал и емпатија се подобри од она што им го налага религијата.