1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Случајно го видов ова и две поенти сакам да истакнам.

    1. Нема историски документирани податоци дека Католичката црква била против анестезија. А има многу дека ја поддржувале, дури и од врвот на црквата. Што значи дека ова приказна (што денес се шири преку мемево) најверојатно е атеистичка измислица, како што се атеистички креации и многу од „христијанските“ мемиња. Еднаш на асоцијацијата на атеистите давав примери за мемиња кои се креирани од атеисти и презентирани како да се од христијани само колку атеистите да имаат материјал за исмејување - бидејќи тие се хранат со исмејување. Некои од атеистите признаа дека станува збор за местенки.

    2. Цитираниот доктор што ја креирал првата анестезија - Dr. Simpson - бил христијанин. На Википедија пишува дека бил „devout adherent of the Free Church of Scotland“.
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.623
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1568459426963.jpg
    Божја работа, м? :)
     
    На Dentina, candy.cane, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Испаѓа дека повеќето се атеисти не од причина што нема доказ за постоењето на Бог, туку, не им се допаѓа тоа што во светот се дешава. Не е Бог одговорен за сите овие катастрофи во светот, како да ви кажам. Ако очекувате живот без болести, без неправди, без сиромаштија, глад и жед, сте претерале малку. Сите сакаме убаво да биде, да, ама е премногу идеално за да биде вистинито. На сите страни во светот луѓето не напреднале еднакво, нема цивилизација, дали треба да речеме дека за нив нема Бог?
    Два пати и' поставив на една членка прашање, да видам нејзино мислење, зошто мене животот ме претвори во верник а неа во атеист, одговор немаше. Јас сум споила некои работи, сум разбрала и нашла смисла. Некои не наоѓаат. И океј е, станува збор за (не)верување.
    Не го пишувам коментаров за да почнеме да се контраме, оти нема смисла, се' е веќе напишано и секој си е со своето. А нема ни потреба од контрање оти не сум тука за да убедам некого во нешто. Го пишувам само својот заклучок од неколкуве страни поназад.
     
    На worrieddd и EvAngelos им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Знаете што е заедничко за сите овие „конверзации“ што ги шеруваат атеистите? Речиси никогаш не доаѓаат со линк до изворот на конверзацијата, па така не знаеме кога е атеистички пранк, а кога реална конверзација. Не велам дека нема вакви пациенти меѓу две милијардите христијани на планетава, ама добро знаеме дека има и многу вакви кликбеит атеистички местенки (ко демек праат муабет пастор и верник, а уствари атеистот пишува во име на двајцата ликови во драмата) со цел да се добие посакуваниот ефект, шерови, лајкови. И оваа искрено ми личи на таква местенка.
     
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    IMG_20190920_183718.jpg
    Goosebumps... Прекрасно напишано :bow:
     
    На Dentina, Alisa22, John Snow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Не знам кај да си го искажам мислењето ама сметам дека ова е идеална тема. Јас верувам во Бог. Многу пати имав случки кои ме "натераа" да верувам во Бог но има тука на земјата случки кои ме нервираат за што подоцна прават да се чуствувам неверник и да не одам во цркви манастири по куќни слави... Славите ги напраја собиранка за пијанчење а не слава светец. Божјите храмови ги напраја центар за тргување со пари. Она што ние го приложуваме на Бога за здравје тие го тезгарат. Епа не можам. Света вода - 50 денара свеќа -15,20 денара аман бе луѓе. Нека прости Господ подобро себап ќе направам ќе дадам на сиромаси одколку во црква.
     
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Жена Исус го родила, жени (прогласени за светици) после тоа направиле најголеми обиди да го пренесат знаењето и верата прибидејќи имало паганизам до бесконечност.
    Ти ќе нѝ откриеш дека верата во Бога била контролирање на жените каде им е местото. Ти појма немаш што е вера, нити што е атеизам!
    Дојди во некоја тема за физика, наука и вера да видиш како ќе се избламираш. Патријархални бљувотини, комплекс и психичка недоразвиеност.
     
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не мораш воопшто да одиш во црква за да докажеш верување во Бог. Црквите, славите се само манифестација на организираната религија, и се токму тоа што го опиша. Алатка за вртење пари. Твој избор е дали ќе сакаш да си дел од тој систем. Можеш комотно да веруваш во Бог и без да одиш на црква, никој не може да ти го одземе тоа право.
     
    На DAngel, Someonespecial, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Замисли маж да го имал родено
    Јаки4ко ќе беше 1111 :rofl::rofl:
     
    На RoseRain, VoodooGirl, stetoskop и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Замисли ти хемафродит да беше.
    Или...
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Замисли хехехехе
     
  12. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Еве одма.
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    во право си. Ама стварно бев револтирана и морав негде да го искажам гневот. Од одење во црква доволно е еднаш во неделата на недела литургија. Ни пари бараат ни даваа ни земаат. Собираш духовен мир и палиш свеќа ако сакаш или кога сакаш
     
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.983
    Причини да се биде атеист?
    Секој си одлучува во што ќе верува. Како што јас не можам да го убедам оној кој си нашол смисла во најдоброто сценарио од кога постои хомо сапиенс, така ни верник мене не може да ми ја пренесе верата во кој и да е.
    Верувам во човекот. Дека е способен за многу нешта. Пре би рекла агностик дека сум. Порано им завидував по малку дека имаат утеха некаква и стално некој во главата е со нив, после видов дека таа утеха е за мене невалидна.
     
    На lovestoneddd, stetoskop и Purplelilac им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Патријархалните бљувотини ќе ги најдеш во Библијата колку сакаш. Од создавање на жената од ребро како друштво на мажот и обвинување на нејзината љубопитност за оригиналниот грев на цело човештво, до разни предики за нејзина скромност, потчинување под мажот, порака дека треба да биде тивка и не смее да подучува во еден цитат итн. Ниедна жена која подлабоко и попосветено си држи до својата рамноправност и женски права, не може да се помири со Библијата. Подобро ти истражи ја за да не се бламираш тука.
     
    На teddi, theowndemon, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Причина...
    Пример, хашкиот трибунал од своето постоење, има осудено 161 обвинет за воени злосторства.. сите до еден се имаат изјаснето дека се верници, без оглед на вера и религија.... ниту еден не се изјаснил како атеист.
    Секој има право да се изјасни како што сака и се чуствува... многу мразам осудување за некој што не се чуствува или изјаснува како што другите сакаат или како што прави мнозинството во околината...
    Пример, комшиката ме гледа преку ограда како нешто работам во двор и кога ми скокна, абе знаеш ли дека денеска е тежок ден, не се работи, не знам, свети некој било... и викам, не верувам јас во тоа, тоа го измислиле тие како тебе, што ги мрзи да работат па наоѓаат изговори во форма на празници, тешки денови и слично.. еве, уште не правиме муабет.. :lol:којзнае за каков неверник ме преставува...
     
    На Asparagus, Dentina, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ivanоо7

    ivanоо7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    1.Господ му дал на човекот слободна волја не го присилил да верува туку му дал 10 заповеди сакаш поштуј ги сакаш не никој не те тера со сила.
    2.За голем број на слушателите, современиците на Христа, тоа учење било сосема ново и неразбирливо. Поради тоа во главите на тогашните Христови слушатели се јавувале многу прашања. И токму заради тоа Господ Исус Христос започнал да го објаснува своето учење преку приказни, односно со прости примери земени од секојдневниот живот.
    3.Царството Божјо е како сејач кој излегол да сее семе. Сеејќи, едни зрна паднале покрај патот; долетале птиците и ги исколвале. Други паднале на камено место, каде што немало многу земја, и набргу проникнале, оти земјата не била длабока. Но, штом изгреало сонцето, тие свенале, па бидејќи немале корен, се исушиле.

    Некои паднале во трње и израснале трњето и ги задушиле. Други паднале на добра земја и дале добар плод; едни сто, други шеесет, а трети триесет.

    Кога Господ Исус Христос ја кажал оваа приказна за Сејачот и семето, ниту Неговите ученици веднаш не ја разбрале што таа значи, затоа и Го прашале: „Зошто во приказна им зборуваш?” А Он им одговорил: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Небеско, а ним не им е дадено. Вие, пак, чујте ја приказната за сејачот. Сејачот е Синот Божји, а семето е Неговата наука, која Он ја проповеда на народот заради спасение. Местата на кои, според оваа приказна, паѓаат зрната ги означуваат луѓето кои ги слушат зборовите на Синот Божји, но не ги примаат подеднакво.

    Местото покрај патот – ги претставува оние луѓе површни и лесномислени, кои не се трудат за своето спасение и кон Божјата наука се однесуваат сосема рамнодушно. Тие ги слушат Божјите зборови, но веднаш доаѓа лукавиот и го граби посеаното од срцето нивно; ете, тоа го означува посеаното покрај патот.

    А посеаното на камено место – ги означува неодлучните и непостојаните луѓе, кои ја слушаат науката за спасението, и веднаш со радост ја примаат, но нема во себе корен и е непостојана, па настане ли жалост или гонење заради Христовата наука, таквите веднаш се соблазнуваат и повторно започнуваат да го живеат живот како и порано непобожен.

    Посеаното, пак, на местото со трње ги означува оние луѓе, кои исто така ја слушаат науката за спасението, но грижите за она што е од овој свет и минливо, како и желбите за примамливото богатство и задоволствата ја задушуваат науката и таа останува без род.

    А посеаното на добрата земја ги означува оние луѓе, кои ја слушаат Божјата наука, и со добро и чисто срце живеат според неа, и таа дава плод, кај едни сто, кај други шеесет и кај трети триесет”.

    Царството Божјо секогаш започнува во душата на човекот. Тоа се појавува во срцето како мало семе. На почетокот е скоро неприметливо, а потоа одеднаш ќе го измени внатрешниот изглед на човекот и како големо растение ќе постане видливо за секој еден.
     
    На zoran43m.k и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  18. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Не, патријархални бљувотини се измислени од атеистички бљуватори. Еве тука може да прочиташ мал дел од она што сакам да ти кажам. Ако не ме разбираш мене, во мене е проблемот, ако не го разбираш текстот од линкот што ти го приложив, во тебе е.
    Со верските водачи не се согласувам од проста причина што преводот не им е добар. Има ту мач генетика во светите книги, лошо преведена и денес читаме за ребра, за камили, за забрането месо, и уште многу. Почитај и за движењето Rael но немој да тргнеш по тој пат, ќе забегаш. После наместо да те трпиме со напади за бламирања ќе те трпиме со спамирања како сведоците од кулата :)
     
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Те разбирам многу добро и тебе, и текстов, не е ништо ново ниту тешко за разбирање. Ништо патријархално не е побиено со текстот, напротив е одбрането и потврдено дека треба да се следи со покорност кон имагинарно суштество. Всушност ти и немаш никаква реална претстава за што е патријархално, а што родова еднаквост, си тераш свој шовинистички филм во обланда на „смирение“, „џентлменство“, величење на типична женственост и почит кон жени кои се согласуваат со тебе, што не ме ни чуди дека ти е поткрепено со православие.
    Какви атеисти што измислиле, кои преводи, каква генетика, дали се следиш воопшто што пишуваш човеку? :D Не звучиш мудро и филозофски, туку скроз изгубено и без логичен след.

    Религијата е најголем непријател на жената, и изворот на тоа е и во самите свети книги, не е само до водачите. Исламот сè уште активно ги опресира жените, а христијанството е спречено во тоа (барем делумно, не сметајќи ја на пример Америка и библискиот појас каде во 2019 донесуваат закони со кои жената се сведува на машина за раѓање малтене) благодарение на истиот цивилизациски развој на западот што носи и естетска слобода која ти ја плукаше до пред некој ден. ;)

    Библијата на сè помалку жени ќе им „кажува како да бидат жени“, драги, а со тоа и таквите како тебе сè потешко ќе ги контролираат. Помири се со тоа :*

    [​IMG]
     
    На Asparagus, Dentina и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Тоа за религија vs жени може да го разговараме на друго место.
    Тоа за генетика и верски книги, па... Убаво ти пишав за Раел движењето ама си побрзала за ме направиш чуден као не знам :) над 400 книги сум прочитал сонси. Точно знам за што пишуваме.
    Некаде е ребро, но некаде е ДНК манипулација од, пф, па... вонземјани "чиј лик го носиме", а некаде е само еволуција (мајмун-човек). Во сите случаи, има Бог. Создател и создадено. Правилата кои во Никеја го зашетале правецот на Евроазија и американскиот континент, се 95% напишани од луѓе. Претпоставувам од атеисти инфилтрирани во верски редови, како и денес (педофили во католичката црква, бизнис криминалци во православната итн). Ама кој сум па јас да претпоставувам нели?