Ахам, важи. Повеќе може за другото да се збори во теории на заговор уствари, ама ние атеистите имаме попаметни работи, извини
Не, немате. Да имавте не би трошеле неколку часа секој ден на тоа како Бог не постои а ние сме настанати од мајмун кој настанал од нешто друго и така сѐ до.... Клетки, ткива. Сѐ уште нема одговор од никој како започнала таа "еволуција" на клетките. Не, немате попаметна работа.
Um..не. По две илјади и стоти пат - човекот не настанал од мајмун. Еволуција и почеток на живот се различно нешта. Еволуцијата во два збора значи - прилагодување на промени на средината. Да, еволуцијата го вклучува и почетокот ама е многу повеќе од тоа. И јас се' уште не добив одговор кој го создал господ. Дека нели, не може нешто од ништо да се создаде Она во кое пркосат религијата и еволуцијата всушност е дали видовите од создавањето се менуваат или не. Значи религијата по некоја логика го негира изумирањето на диносурусите. сите преодни форми, сите предци на секој вид. Зашто еволуцијата го изучува токму тоа, како се менуваат, како влијае варијабилноста, како се менуваат гените во популациите, правци на природна селекција и каде дејствувале, микро и макроеволуција на видови, масовни изумирања итн. И сето тоа низ милиони години. А почетокот еволуцијата признава дека не е познат
Немаме доволно развиена свест да го претпоставиме тој одговор танче. Кој го создал господ што нѐ создал нас... Едноставно немаме. Теории има за време и простор но докази не се нашле. Моја теорија е дека, сѐ во универзумот (посебно времето и просторот) се создадени од таква сила за која физичките закони се едноставни како за нас состојки за готвење. Човештвото и сѐ останато е како еден едноклеточен организам во однос на нив (креаторите, креаторот).
Со нас има врска, немаме доволна свест да сфатиме дека постои, да го сфатиме начинот на кој Тој е "создаден". Во бабини деветини и јас не верувам, како на пример тогаш се мрси тогаш се пости, тогаш се работи тогаш не, но една научна анализа во баш тие денови, каде се наоѓа месечината, колкави се воздушните маса и притисок, испаѓа дека во право биле одамна донесените "верски правила". Сте чуле за Александриската библиотека? Огромен, огромен дел од тоа знаење е сокриен во Рим, а денешните "верски правила" се всушност од многу одамна, од многу понапредни цивилизации од нашата и со многу едноставна цел - одржување ред во човештвото. Го замислував цел свет како атеисти еднаш, и го замислував цел свет како една или неколку верски заедници. И во двата случаи би се уништило сѐ, со што денес горедолу е нешто подобро од најлошото, преживуваме. Сакам да ги прашам атеистите како им веруваат на магионичарите кои сечат луѓе на два дела во циркус кои останале живи, а не им веруваат на Божјите Способности да создаде сѐ што постои
Кој тоа постар од ~10 години и при здрав разум верува дека магионичарите стварно сечат луѓе на два дела и остануваат живи?
Коперфилд, пешачи по вода или? Оди на јутуб и ќе видиш дека во базен под него пливаат девојки а тој пешачи на површината. Може видео монтажа е, не знам. Причина за да бидам атеист е тоа што не сум го видел Бог. Ух... Тоа го споредувам како, причина да не верувам во татко ми и мајка ми е што сум сѐ уште во матката и не сум роден, така му доаѓа. Човекот е недоволно развиен сонси, за да го сфати постоењето Негово. Едно е попски правила, друго е дали постои или не. Дај полесно е дел по дел да почнеме со по некој факт, вака многу ми е на сеир муабетов.
Коперфилд е илузионист кој се служи со трикови, како таков е познат на цел свет. Споредувајќи го Исус со него, ти уствари ги негираш неговите супермоќи и малтене го прогласуваш за еден од најголемите измамници во човечката историја. Додека си сè уште во матката и нероден нормално не си свесен за ништо, а и некое време откако ќе се родиш. Потоа кога ќе почнеш да разбираш за работите околу тебе, родителите се покрај тебе, реални, допирливи. Нивниот процес на оплодување е реален и општопознат. При специфична ситуација кога луѓе се сомневаат околу нешто во фамилијарните односи, може преку ДНК анализа да се докаже. За Бог никој нема докажано дека постои во било која форма, додека настаните во светите книги (кои реално се основа на мејнстрим религиите, дури и да не ја почитуваш црквата и свештенството како институција) активно се косат со здравиот разум и науката, а и со хуманистичкиот и слободарски морал. Тоа мене ме прави од разумна гледна точка атеист, а од емотивна и морална - дури и да се докаже неговото постоење, не би го почитувала и славела поради сите зла во светот што хипотетички би можел да ги спречи ако е семоќен, а не го прави тоа. Не е никаков сеир, јас сериозно не можам да те разберам што сакаш да кажеш, многу си конфузен и споредбите ти се скроз нелогични.
Леле Исус и Коперфилд сум ги споредувал како не го приметив тоа. Споредбата неродено бебе и човечка свест и логика, ми беше метафорична. Кажи ми, каков доказ ти треба за да поверуваш дека Бог постои?
Докази нема да има и животот е многу краток чекајки ги нив зошто нема да ги има. Некој ќе каже, не е краток имаме задгробен живот. Зошто да чекаме на задгробен живот за кој што само може да веруваме дека постои и ништо друго и притоа живеејки неисполнет земен живот само колку да се рече? Зошто да живеам во страв од божја казна и да правам дела само за да не "налутам" или да "задоволам" нешто што не знам дали го има? Напротив ќе живеам живот во кој ќе правам добри дела и ќе се однесувам добро и хумано од сопствена волја и од срце, бидејки јас така сакам, а не само поради тоа што треба да си обезбедам карта за во рајот.
А зошто мора да има некој кој ќе го шири "словото божје " или што и да е..како за нешто кое го сметаат за ултимативна вистина верниците, многу ПР им треба. Место етика , во училиштата порано имаше и веронаука...јас као агностик велам "бог да чува " на тоа. Познавам верници кои престанале да бидат тоа и атеисти кои почнале да веруваат. Ама некако овие вторите ми звучат понадобудно. Немам никој во фамилија да ме замара со причи ама скоро секој изблик на екстремизам досега што сум го чула, прочитала, потекнува од такозвани верници. А најгласни се прикриените "грешници". Нр мислам само на алахуакбарите или свештениците, поповите, гнасните углавном амерички конзервативци, туку и на гај/грл некст дор. Многу презир им се собира кон "неверниците". Живеам во земја каде мање више не ме замараат со релиџн и само вака ми текнува дека има некои кои ова го живеат секој ден.
Колку и да е реално и не реално, мора да веруваш во нешто. Генерации пред мене сите верувале во бог така да и јас верувам. Штом цел свет верува во бог, значи постои. Атеизмот постои од кога се појави комунизмот, комунистите го ширеа. А комунизмот го создадоја евреите кои не веруваат во бог и се уште го чекаат месијата. За атеизмот се криви евреите: Карл Маркс и Фриндрих Енгелс. Додуша и христијанството го создадоја евреите, така да светот е во рацете на евреите и Израел и прават се за да го уништат светот, ама во библијата па пишува: Евреите се избран народ од господ. Фала, чао. Не сакам реплики.
@Волшебникот Calm down, пријателе, форум е и секако дека ќе има реплики. Чим си го пишал тука мислењето треба да си спремен на реплики. Нема да должам зошто се гледа дека не сакаш дискусија, само едно ќе кажам. Од каде тоа дека МОРА да веруваш во нешто? Мора инаку ќе ме каменуваат? Од каде тоа дека мнозинството треба да ми го диктира моето мислење? Сега треба да се преправаме дека го носиме бог истетовиран на душата, дека сме тешки верници само за да се вклопиме во мнозинството и да не сме "црни овци" и само зошто прадедо ми и чукун дедо ми верувале у него? Атеизмот од секогаш постоел. И никој не е крив за ништо. Никаков комунизам никакви евреи. Или веруваш или не веруваш. Од внатре ти доаѓа.
Океј не се мешам, ти така го сфаќаш тоа некој друг поинаку т.е секој си има слободна воља на избор и мислење. А за атеизмот секако дека се криви евреите, односно Карл Маркс и Фриндрих Енгелс = луѓето кои работеле на самоуништување на светот и ден денеска е тоа. И го потврдувам фактот дека атеизмот има замав и е голем, да ја вклучиме Кина, Виетнам, С. Кореја и сл. за кој е заслужен комунизмот и комунистите.
Ниту сега верува цел свет во Бог, а пак од претходните генерации пред тебе всушност доста луѓе ја величаат баш Југославија и комунизмот. Неверување во богови постои уште кај некои филозофи во античка Грција. Како и да е, одамна немав прочитано нешто позбунето и измешано, намали малку со тоа теориите на заговор
Знаеш зошто ја величат луѓето југославија? Бидеќи економскиот, здравствениот, образовниот, работничкиот систем беше поинаку. Луѓето ги уживаа сите права, работата се ценеше, не беше Капитализам а не поради комунизмот ја сакале југославија и плус Југославија никогаш не беше комунистичка, беше Социјалистичка земја со идеологија наречена "Титоизам" и беше земја која се спремаше да биде комунистичка ама не успеа т.е се распадна комунизмот и југославија се распадна. И јас кажав: ОКЕЈ, НЕ СЕ МЕШАМ СЕКОЈ СИ ИМА СЛОБОДНА ВОЉА. Никого не го убедувам, ниту го присилувам да верува во нешто ама ниту сакам некој мене да ме убедува дека и господ не постои. Ама жив пример е, кога си во невоља сите го барате господ а инаку сте атеисти ко ќе вие добро. Јас го кажувам моето мислење бидеќи тоа е мое ѓраѓанско право и јас истото го уживам право и сакам да се почитува како шо јас го почитувам туѓото/твое мислење.