Истово ќе го додадев, јас би одела дотаму дека поимите „сатанисти“ и „сатанистички“ за мене воопшто не се ни slurs, ама кај нас тоа е доста контроверзно да се каже, посебно членов со своите познавања не верувам дека би се заинтересирал или разбрал The Satanic Temple, кои се сега активни во САД, се всушност нерелигиозна политичка организација која се залага за религиска слобода и разни каузи од областа на секуларизмот. И не, не веруваат во ѓаволот, ниту му се клањаат, ниту прават некакви ритуали или вршат насилство. Туку тоа се нерелигиозни луѓе кои си ја сфатиле слободата од религијата и борбата против религиозното биготство на наредно... trolling и пародично ниво Ликот на Сатаната, како и секој друг фиктивен лик во литература која различни луѓе е општествено прифатливо различно да ја толкуваат - тие го толкуваат како прв борец за еднакви човечки права, и како таков го зеле за свој симбол. Малку превише edgy за мој вкус , но во секој случај, не сум против нив и многу погрешно сфаќање има за овие поими. Еве набрзинка извадок од статија што најдов: Спојлер "Words like 'spiritual' or "holy," I think — one of the first things that people need to realize about us is that we don't advocate for any supernatural beliefs. We're a nontheistic religion. We don't subscribe to supernatural explanations or accept them as legitimate," Greaves said. He explains that while members of the Satanic Temple see the mythological, and literary, figure of Satan as a symbol of rebellion against tyranny, they do not worship Satan in any way. "This idea of worship, it's usually kind of insulting to people who identify with Satanism, because that implies a sense of servility. Satanism is about personal sovereignty and independence and freedom of will," he said. А имало и документарен филм за организацијава, баш би го погледнала некој ден
Ги читам твоите мислења поназад, ги напаѓаш атеистите дека биле сатанисти и делови од секта, си носиш сам заклучоци за нивните (не)верувања, искажуваш омраза против еден цел народ и на крај викаш јас почитувам сечие мислење?
Каква утопија бре бре. Што знам, тешко ви беше да прифатите туѓо мислење и избор, на пример за проблематиката со законот за абортус. Дури и заборавивте на секуларноста, кога пробавте да спречите изгласување, па за среќа претставниците ви, бакнаа затворени врата, како што и секогаш треба да биде.
Ќе ти дадам некои тези па одговори ми. Зошто ти ко верничка си деградирана и ти забрануваат влез у црква за време на циклус? Зошто си помалку вредна со тоа што те создале од машко ребро? Како се осеќаш ко носителка на првиот грев?
А не си? Сакам објаснување од атеистите како вас: Како настанал светот, кој го создал светот, кој го создал човекот и кој раководи со светот (од универзумот, не чоечки фактор)
Мора да е или-или,црно-бело,наука/атеизам или религија,вмро или сдс никогаш трета опција не постои и можност да има и вистини и фаличности и во едното и во другото м ? Ок. #разделиивладејбејбе
Епа тогаш кој? Сакам разложение околу тоа каква е теоријата на атеизмот околу создавањето на светот човекот. Јас ја прифаќам теоријата од светите книги (пр. библија) и дел од социологијата-науката и велам: Да тоа е прифатливо и крај. Ама атеистичка идеологија околу светот нигде нема никој кажано.
Атеизмот нема сопствена теорија туку почесто атеистите се свртуваат кон науката. Науката нуди образложувања и теории и за "раѓањето" на универзумот, и за настанување на планетите меѓу кои и нашата, па и теории за настанокот на човекот, почнувајќи од теоријата за the Big Bang, па до теориите за еволуција на организмите. Тоа се сознанија од најразлични области кои можат детално да се проучуваат и истражуваат, а не религиозни догми на кои треба слепо да им веруваш.
Кога атеист би се свртел кон науката, многу брзо би станал верник во Бог, бидејќи сите природни научни дисциплини јасно покажуваат дека овој свет е создаден, а не случајно настанат. Она кон што реално се свртуваат атеистите е филозофијата на натурализмот. А во пракса, модерните атеисти се свртуваат кон исмејувачки мемиња со кои сакаат да плукаат и да ги навредуваат со сите што различно веруваат од нив. И најчесто тие мемиња немаат допирна точка со реалноста и можат да имаат ефект само на некој кој нема основни познавања од христијанството. Сабајлево баш пишав пост за едно меме кое атеистите често го постираат, поточно ова: Ова е познато атеистичко меме кое имплицира дека верниците се неписмени и читаат само една книга (рецимо Библијата), а библиотеките наводно се атеистички храмови и атеистите се тие што читаат многу книги. Иронијата е што сликава од мемево е невнимателно избрана од библиотеката во Trinity College во Даблин (Trinity = Тројство) , чие официјално име е „Колеџ на светата и неразделна Троица...“, колеџ основан од христијани.
Ова со мимовите ти е тупење на велико. Во групана на фб на секој можен мим реплицираш со убедувања зошто мимот е глуп и не држи логичка вистина. Верувај, ниеден од атеистите што постира мимови не смета дека се валидни аргументи кои ги ,,рушат" сите верници. Мимовите за тоа постојат, за да бидат глупи и за идиотски да се смееме на нив, а фала богу ако станува збор за сериозна дебата сите знаат дека мимовите не се валидни. А тоа што ти реплицираш на нив ко некој сериозно да ги зема предвид, само тебе те прави парти пупер. Да не зборам па колку не ти е океј муабетот ,,секој што не сака да оди јавно на дебата против мене, покажува дека нема аргументи/муда/интелектуална способност". Тоа е само чукање во гради на некој што има повеќе слободно време. Олабави, дозволено им е на луѓето кежуали да не веруваат, и да си постираат фалични мимови знаејќи дека се фалични. Многу нормално, и тебе ти е дозволено да си коментираш по мимовите, ама само ти кажувам дека изгледаш смешно од страна и затоа си играат мајтап со тебе. Дали стварно сакаш да бидеш личноста што дебанкира мимови ко Ортофил што правеше на времето?
Напротив, мимовите се новата онлајн аргументација. Тие воопшто не се наивно скроени. Мимовите се типичен современ пример за пропаганда. Нивната цел е да промовираат некаква идеја/порака во лесно дигестивен формат кој е прифатлив за широката публика и да се шири како вирус низ социјалните медиуми. Затоа и се дозираат со хумор, за да ја постигне целта на виралност на мимот, за да се шерува полесно. Цел социолошки моментум има зад мимовите и виралните постови/слики. А доказ дека луѓето стојат зад пораката на мимовите се дебатата и дискусијата што се развива во коментари и во која тие сериозно ја бранат пораката содржана во мемето. На прсти се бројат мимовите каде што некој признал дека тоа било обична шала и дека ни самиот не е убеден во вистинитоста на мимот. Но, многу добро знам дека на некои им пречат репликите на тие мимови, бидејќи ги разобличуваат лагите скриени во нив, па затоа велат: ама тоа ја на шала го пишав, ејјј па и ти не сфаќаш шала, парти пупер дрн дрн. А што друго му преостанува да каже? Признавам глуп сум? Иронија е што атеистите најчесто се оние кои велат дека верниците им вршат пропаганда кога тие отворено зборуваат за верата, а самите тие се служат со пропаганда преку шерување мимови.
Прво, од атеистички аспект ова е meme, повеќето не го сфаќаат озбилно дека науката и литературата припаѓа само на атеистите, туку поентата е дека ниедна книга не ја величиме како света без никаков критички пристап и простор за поинакво толкување од мејнстримот. Второ, Trinity College е основан на крај на 16ти век, во Елизабетанска Ирска. Како и многу други универзитети и образовни институции основани во средниот век, нормално дека е основан од свештенството, кое во тоа време имало најголема моќ во општеството и од истото излегувале интелектуалците и школуваните луѓе. Меѓу функционирањето на тие образовни институции и пристапот кон науката во нив тогаш и денес има огромна разлика. Така да, тоа што се вика Trinity и е основан од христијани - не докажува ништо од друга страна за христијаните, не говори ништо за релевантноста на христијанството во образованието и науката во денешно време. Еве ти дефиниција за пропаганда. Ајде сега ти објасни ми како, зошто и кон кого може со атеистички мемиња да се врши пропаганда конкретно во група за атеисти. Како може хумор споделен со истомисленици кои многу добро знаат во каква група се и се таму каде што им е местото, да влијае на нивното мислење кое веќе го делат со тебе? Во меѓувреме, ти во истата група како верник провоцираш, разглобуваш секоја шала, иницираш нишки од по 255478 коментари, смислуваш идеи за анкети со кои треба да ги претставиш атеистите како перверзњаци или аморални, па дури и сопствената книга за христијанска апологетика ја испромовира. И ти на крај зборуваш за пропаганда?