Верата не е заснована на докази. Верата започнува таму каде што знаењето запира. Еден светител (Св. Силуан Атонски) рекол - кој сака да го познае Бога со умот преку наука, во прелест (заблуда) е. Бидејќи Бог се познава единствено преку Светиот Дух. Не можеш да бараш доказ. Бог нема магично да ти се појави бидејќи сите сме грешни. Не сме го достигнале тој степен на очистување на нашите души и совршенство па затоа не може да ни се прикаже. Не би можеле да ја издржиме неговата енергија и големина кога тој би се појавил. Не зборувам од памет туку ова се кажувања од светите отци, едно од нивните учења кои се полезни за нас.
Вие мислите дека ова се приказни затоа што не сакате и не пробувате да сфатите а не дека ние не можеме да објасниме. Нејсе. Како што кажа @Босилче, никој никого на ништо не може со сила да го натера а и не ми е тоа целта. Тоа не е суштината на вербата во Бога оти тогаш се губи целата смисла за учењето на Исус Христос а општо и на сите религии.
Не кажува црквата.Религијата кажува, цркавата, џамијата се свети храмови каде верниците се поблиску до Бога.Уште политеистичките религии кога се појавиле не постоеле од одма храмови.
Институции се. Кои ја користат религијата за контролирање на народните маси. Пари земаат. Даноци не плаќаат.
Убаво кажа @Feminka22. Црквата (со големо Ц) е Самиот Христос а црквата е храмот во кој одиме за службите, таму се соединуваме и сме поблиску до Бога. А темел на Црквата е Христовото учење кое пред се не учи на љубов а не на ограничувања. Ограничувањата се од религијата. А религија и вера не е исто @WildMk
Плаќаат Го иаме зборено ова у соодветната тема.Како приватњаците плаќаат, така и они. Отвори ја темата ќе видиш. Зашо да нѐ контролира еве? Не ми вика ,,тепај ги атеистите” ,,мроа да веруваш во Господ” ,,ако не веруваш во Господ ќе умреш” ,,разнеси се у црква” Како мене ме контролира црквата? Еве јас не се осеќам дека ме контролира.Живеам исто толку слободно ко и ти и било кој
Вајлд не мисли на објектот. Туку на структурата на одредена религија, особено во христијанството. Зборот црква не се однесува само на објект, туку и пошироко, на пример, служба во храм, или "организација што раководи со религиозниот живот на христијаните" (ова во наводници е дефиниција).
Не плаќаат данок религиозните институции. Никаде. Иначе, како инстиуција, ве ставаат под иста капа и ве претвораат во заедница, која може да се насочува по потреба на таа институција. Еве муабетов е пример.
Koj vo so saka si veruva ili ne veruva nema potreba od diskutiranje sekoj veruva deka vo toa so veruva ili ne veruva e tocno dzabe e diskutiranje se toa se filozofii na zivot i normalno e vo svetov da ima razliki ne bi bilo interesno site da sme isti, ke nemase za so da zborime
Во воведот на темава така пишува, дека не веруваат во бог. Се прашувам дали и будистите се атеисти, бидејќи во будизмот нема бог. Дали тогаш станува збор за спиритуалност?
Ako go imas bog go nosis vo srceto ne ti treba crkva, ako go nemas dzabe e kade i da odis i da se klanjas
Ама храмовите се во сопственост на црквата како институција. Тие одредуваат кои празници се слават и како, како течат обреди, кои се цените, кои се постулатите на религијата. И како да знаеме која религија е во право? Во светот има илијадници различни религии, кои единствено се разликуваат по моќ. На пример, Католичката црква е најмоќна.
Ме смирува и ми дава убаво чувство самата помисла дека има “ некој над мене” шо ме чува и ми го отвора патот. Убаво се осеќам како верник, ја сакам религијата, самата посета во црква (иако одам ретко за жал) ми дава некој спокој и мир. Не знам само зошто толку радикално пристапувате спрема нас кои се декларираме како верници? Буквално ко да сме некои фанатици со закоравени сфаќања и живееме во пештери. Самото прашање погоре зошто ни требала институција да ни каже во што да веруваме, е навредливо. Ко да збораме за УЈП или Основен Суд, Боже сачувај.
Не е навредливо, вистина е. Првиот пасус што го пиша, е она што е битно. Како ТИ се чувствуаш во врска со твојата конекција со таа Виша Сила. Не мора ништо да и' плаќаш на црквата за да се чувствуваш блиску до Бога. Патот треба да е индивидуален за секого. Оксиморон