Абе цело Арачиново не плаќа данок, се дила дрога на велико, се фаќаат врски, на вас до Црквата ви дое.Као нешо лошо да ви праат.За данок на имот да, секаде во светот, сите верски храмови се ослободени од данок на имот, а за плати, приходи мораат да плаќаат.Ако не плаќаат е друго, а дека мораат, мораат. Еве успат да видите кои се` се ослободени од плаќање данок на имот, пошо само за МПЦ се фаќате Данок на имот не се плаќа на: недвижен имот во државна сопственост кој го користат државните органи, недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината, органите на општините во градот Скопје и органите на градот Скопје, освен недвижниот имот кој се користи од страна на физички или правни лица; недвижен имот на странски дипломатски и конзуларни претставништва и на претставништва на меѓународни организации, ако се во нивна сопственост, под услов на реципроцитет; недвижен имот во сопственост на Народната банка на Република Македонија; верски објекти во кои се врши богослужба, молитва и други манифестации на верата како храм, амија, молитвен дом, синагога, гробишта и други простории на црква, верска заедница и религиозна група; недвижности кои согласно со закон се прогласени за културно наследство; објекти за заштита на земјиштето, водите и воздухот; објектите на претпријатијата за работно оспособување, професионална рехабилитација и вработување на инвалиди; земјиште што се користи за површински и подземен коп во рударството и за геолошките истражувања; објекти наменети за примарна обработка на земјоделски производи, и тоа: објекти наменети за одгледување на добиток и риби, за сместување на опрема за следење на квалитетот и безбедноста на примарните сточарски и земјоделски производи на земјоделско стопанство, за сместување и одржување на земјоделска механизација, приклучна опрема и други превозни средства и опрема на земјоделско стопанство, објекти за складирање, прием, чување и пакување на примарни земјоделски и сточарски производи и храна за животни на земјоделско стопанство, објекти, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија, резервоари за вода поврзани со активности во земјоделско производство на земјоделско стопанство и објекти за третман на отпад од активности во земјоделско производство на земјоделско стопанство и земјоделско земјиште што се користи за земјоделско производство. @Ajronmen дали ко еднинечна црква или ко МПЦ, исто е.Не не` тера на ништо. Се тепате овде за голи цицки, за либерализам, за вакви такви права, а у 21ви век уште се расправате со некој што верува во Господ, и упорно пробувате да го убедите дека Господ не постои или дека не` мафтаат... епа шо поише. Ви паѓа либерализмот у вода
Ја промашуваш смислата. Не реков дека Бог не се носи во срцето. Тоа е прво и основно. Да точно, без таа констатација тогаш оди клањај се кај сакаш оти не ти е важно дали е црква, џамија или синагога. Црквата (пак ќе кажам, со големо Ц) е Самиот Христос. Ти таму се доближуваш на еден поинаков начин преку Светата Евхаристија. Исус Христос секоја недела, на секоја Литургија пак се распнува и воскреснува и ни се дава нам исто како и пред 2000 години. Секоја недела е малечко Воскресение (Пасха). Затоа служи Црквата.
Ти да не си потпарол на црквата? Арачиново може не плаќа данок, оти не се спроведува законот, а религиозните институции со закон се изземени од плаќање даноци. Секаде во 'цивилизираниот' свет. Дууури и онаму, каде што нема Арачиново.
Еве најди кај пишува. Ја знам кај прочитав.А ида е по твое, да се изземени, шо се криви верниците за нешо шо го донела државата? Не разбирам?
Не реков дека се криви верниците, туку дека црквата добива поголема моќ со тоа што не одговара пред никој. Ова не зависи ни од вера, ни од религија, туку каков човек е татко ти. Ако е насилник, нормално дека ќе се плашиш да му кажеш, ако има разбирање, ќе бараш помош од него.
И ти ја промашуваш смислата. Под "Татко ми" не се мисли на нашиот биолошки татко туку на Бог (Отецот) кој има разбирање за нас колку и да грешиме дека пак ќе не прими во прегратки ако му пристапиме. Ова е поврзано и со параболата за блудниот син. Ако ве интересира можете да ја прочитате, ако не не морате.
Abe kako objasnuvate ko site na teologija da ste diplomirale, praite copy paste od net Sigurna sum deka mnogu pojke znam za vasata religija od vie samite, zosto covek ne moze da stane ateist ako nema dovolno soznanija za religijata, dosta propovedate dosadni ste
Црквите и поповите во Македонија не се ништо друго освен лопови. Ама поголем дел од верниците не сакаат да го прифатат ова.
Koja e poentata postojano da gresis i nekoj da ti prostuva haha, treba da se stremis da ne gresis na sovrsenstvo ona so vie go narekuvate bog, a jas go vikam covecnost
Има логика, ко така. Црквата (религијата) владее со стравот од смртта и реперкусијата од гревовите. А како знаеш дека баш Православното Христијанство го проповеда вистинскиот пат до Бога? Што ако се Јудеистите во право? Или пак Хиндусите?
Ова ми нема логика некако. Дали поентата на ова е дека сите останати религии освен христијанството учат на страв од казна, дека христијанството учи на препознавање на гревот и покајување, не знам, може да подобјасниш? И бо кој контекст е спомнато во смисла на разликата помеѓу религијата и верата, христијанството е вера, а сите останати се само религија?
Za sekoj religijata vo koja porasnal smeta deka e prava religija vera sto i da e, to e jasno kako den a za nas ateistite smesno
Прва работа шо би сакал да ја кажам е дека само дадов дефиниција за тоа што е црква. Обично избегнувам да влезам во дискусии околу религија бидејќи не сметам дека водат кон некаква конструктивна цел. Ама еве некако се осеќам прозван, како борец за либерализам (ти ме стави во тој кош, иако не се осеќам така). Од тука би поентирам со втората работа. Сакам да те прашам, дали ти си само верник, во смисла веруваш дека постои Господ, или пак се идентификуваш како припадник на некоја религија/религиозна заедница/црква, или што и да е друго? Ако си само верник во Господ, чему религија? Зашто толку нападна во одбрана на религијата? Исто така, доколку се идентификуваш како православен христијанин (претпоставка), дали сметаш дека ја почитуваш црквата/религијата на која припаѓаш? Би сакал да истакнам дека ако си православна христијанка (претпоставка), не би требало да имаш секс пред бракот (како што велат и повеќето останати религии). Не би навлегувал во твојот живот, ама судејќи по коментарите во тема секс, ми изгледаш на прилично сексуална личност. Ако постои Бог, и организираната религија е патот до него, зошто не си послушна? Или кога имаш секс Господ не постои? Или можеби си, да не речам, либерална? Исто така, ако постои Господ, дали сериозно мислиш дека гревовите ќе ти ги опрости на темел на едно литро зејтин и свеќа?
Совршен е само Бог. Ти не грешиш постојано? Поентата која ти ја бараш е милосрдноста на Бог. Мајка ти не ти простува кога ненамерно ќе и згрешиш, ќе ја повредиш со нешто не сакајќи? Па ако требаше досега Тој да не казнува не ќе останеше човек на земјата. И да се согласувам со тебе дека треба да се стремиме да не грешиме ама сето тоа е во нашата природа. Нема безгрешен човек на планетава.
Смешно, не смешно, не ми е битно. Искрено ме интересираат религиите, ама сите, не само христијанството. Затоа прашувам, сакам да знам повеќе.
Со ова не можам да се сложам оти Православието учи дека ако се покаеме за гревовите кои сме ги направиле кон нашите ближни и им простиме нив за тоа што ни го згрешиле нам, тогаш се ќе ни биде простено од Бога. Оти како проштеваме така ќе ни биде простено. И тогаш нема за што да се плашиме од смртта. Еве, објаснав погоре.