Бидејќи Бог навистина постои, секој ареист, од резултат на своето верување и по мн. испитувања наназад, доаѓаат до една точка, каде што повеќе немаат одговор и тоа го нарекуваат енигма, микроорганизми..... и сл. Што и да е, мора и над тоа да постои нешто посовршено за да биде создадено, па макар и да е тоа и мајмун или мокроорганизми или, или... Нема логика, нели? Но, како и да, не коментирајте повеќе на ова, нема да се најдете во разбирање, само ќе се шират расправии без причина. Aтеизмот и верата немаат никаква допирна точка. РИМЈАНИТЕ 12:21 " Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро." Ашлиг иако не веруваш во Писмото, сепак можеш да ја прифатиш пораката, бидејќи е добронамерна POZZ
Фарела Она што ме насмеа беше тинејџерското раѓање на Адам и Ева. Па кој го рекол тоа? Во претходен коментар пишав дека верувам во виша сила и во постоењето на некој кој не создал,ама дека директно е создаден човекот од Господ, не .. бидејќи има докази зошто не е така. Кога ќе докажат како воопшто настанало се', тогаш ќе бидам атеист, а сега ќе верувам дека постои Господ, иако ме интересира и него кој го создал, сам по себе не може сигурно нели? На прашањето зошто невини страдаат? -За гревот на сатаната. На прашањето зошто не си верник, ќе плаќаш долгови на небото? -Ангелите се молат за нас. Голема контрадикторност. Господ не' мрази колку што не' сака. Боа http://en.wikipedia.org/wiki/Irony http://www.youtube.com/watch?v=mdplzZzccMM
Гледам веке неколку пати го споменуваш изгледа доста те закопка...Мојсеева прва 2:7 Господ Бог го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките....малку подоле 2:15 Господ Бог го зеде човекот и го постави во Еденската Градина за да ја обработува и да ја чува...2 :21 Тогаш Господ Бог му нанесе длабок сон на човекот та тој заспа и му извади едно од неговите ребра а местото го исполни со месо.Од реброто што го зеде од човекот Господ Бог обликува жена зашто е земена од мажот ...А обајцата беа голи,човекот и неговата жена но не се срамуваа...и потоа следи падот во грев...зар ке збираше Ева плодови ако беше ембрион или 1 годишно дете...што велат научниците за 1то ребро повеке во телото на жената ??
Фараша искрено веруваш дека постоел Аладин? "You can take the bible literally or you can take it seriously." http://www.creationtips.com/ribs.html http://www.creationtips.com/6_myths_bible.html as i said не ми вади зборови од контекст,што не сум ги кажала или помислила. затоа што: Три за среќа де
Почнав со читање на коментариве и за глава се фатив, не можам веќе. Што ви е бе, каде воопшто видовте дека ве труе некој? Исто како што за мене е можеби труење темата Библија, за вас е да бидеш атеист. На форумов сите си кажуваме свое мислење, и нема забрана за машко/женско. Ако веќе има, тогаш што ги поддржувате другине машки на форумов? Или ви се допаѓаат само оние кои одат по вашето мислење?
Јас сум атеист и јавно го исказувам тоа изјавувам и сите што ме знаат го знаат тоа. Меѓутоа не навлегувам во дискусии, освен ептен некој ако не ме испровоцира, не наметнувам мои ставови, ниту пак сакам некои да ми наметне негови.
Не сум нешто строго определена но сепак може да се каже дека сум Атеист.Читав што сте напишале и мислам дека оваа дискусија нема да има крај.Секој има свои ставови и свои верувања.Јас моето го искажав но воопшто не сакам да ‘‘терам’’ некој да го дели тоа мислење со мене. Секој со своето мислење - тоа е она што ценам најмногу.
Dosta pati od Ateistite ke slusnes deka edna od pricinite zosto ne veruvaat vo Sozdatelot e taa sto ne Go gledaat. Poucno kazuvanje za svetot koj navistina postoi,a se pojavuva kako nepostoecki.I za svetot koj navistina ne postoi a se pojavuva kako postoecki. Toj Bog ) dava da nepostoenjeto se pojavuva kako postoecko i velicestveno; Toj dava da postoenjeto vo nepostoecki izgled se pojavuva. Toj,Moreto go sokril a penata vidliva ja napravil; Toj,veterot go sokril a tebe prasinata ti ja pokazal. Prasinata vo vazduh se vrti,visoko,kako minare: Zarem moze prasinata da se vozdigne bez veterot ? Vo visinata prasinata ja gledas,o ti,so so nemoken vid: Veterot ne go gledas,osven preku znaenje. Gledas kako penata vo site smerovi se dvizi: Penata bez moreto nemoze da se dvizi. Penata ja gledas so setilata a Moreo preku znaenjeto: Mislata e sokrivena a govorot ocigleden. Teloto go gledame a dusata ne. Koga dusata go napusta teloto,togas znaeme sto e zivo a sto e mrtvo. Svemirot cel se dvizi; Moze li da se dvizi bez sozdatelot ?
темава воопшто не ми се допаѓа, 11 причини да бидеш атеист! како некоја пропаганда ми звучи насловов ако некој си е атеист,ок, негов избор,ама немора вакви теми да се отвараат
1. Ниту може да постои доказ дека постои Бог, зошто Бог е љубов а неа не можеш да ја видиш, само можеш да ја почувствуваш. 2.Тоа што велиш дека личи на човек, се лажеш и си во контрадикција со бр. 1 нели рековме е невидлив и не можеш да заклучиш дека личи на човек по холивудските филмови. со најпрост речник ЕНЕРГИЈА. 3.Како тоа Религиските догми се во контрадикција??? Точно е дека човекот знае дека ќе умре и можеби знае дека нема задгробен живот, НО исто така ТРЕБА ДА ЗНАЕ дека секое човечко тело го движи енергија, а ако добро сте слушале на часовите по физика, ниедна енергија не изумира, само се претвора од еден вид во друг. тоа е природа . Никој никого не тера да ја одвере токму оваа религија, можеш да немаш религија а да веруваш во некоја виша сила. Велиш злото постои а Бог е пасивен и немоќен, но јас ќе ти кажам дека зло не постои , тоа е само недостаток на добро и нормално ако сам на себе не си помогнеш да бидеш добра личност, не можеш да очекуваш Бог да ти помогне. Велиш невини деца страдаат или умираат, па тоа не го прави Бог ниту пак е некој со магично стапче кој може да го спречи тоа. 4. Прошка за она што сме го зрешиле можеме да добиеме само и единствено од самите себе, доколку се покаеме и искрено пред себе признаеме дека тоа што сме го направиле не е во ред, а тоа што велиш ни ветува религијата вечност, мислам дека погрешно е сфатено. Повторно ќе ја спомнам енергијата која не умира само се трансформира од еден облик во друг. 5. Кој те тера да клечиш??? Каде е тоа запишано??? И зошто да бидеш понижен, тоа не е воопшто понижување. можеш да се помолиш стоечки, седејќи, лежејќи. никој не ти кажува како да го правиш тоа. 6. Христијанството учи на резигнација, на покорност, ова е сосема погрешно, никој овде никого не покорува, никој не може никого да натера да веруваш или да му се поклонуваш на нештото. А тоа дека ствара нетолеранција исто така не можам да се сложам. почитувај го оној кој те почитува, без оглед на тоа дали верува во Бог, теле, слон, Буда или Алах. 7. Точно е дека науката оди напред и ќе оди , но сепак не можам да речам дека стигнала до места каде Бог не стигнал, а и науката не може никогаш да стине до таму. 8. Да ги разграничиме поимите религија и верба. Религијата е створена за широките сиромашни маси, на кои им е потребна надеж за спасение, но вербата е сосема нешто друго. Ти можеш да си верник, но немора и да си религиозна личност. Пример, верувам во Бог и виша сила, но не верувам во лицата кои себе си се сметаат за определени да го проповедаат Божјиот збор т.е. поповите. 9. Точно е дека треба да се задоволува човекоот и неговите потреби за напредување на човештвото, но дали тоа треба да се прави на начин како што денешниот човек го прави. Ги искористува сите природни ресурси кои му стојат на располагање, односто ги злоупотребува. Сето ова што нам ни се случува во моментот не го прави Бог, го правиме самите ние, луѓето. Глобално затоплување, земјотреси, цунами, поплави, пожари и сл. Прогуглај и видишто се случува во Швејцарија, проектот се вика ЦЕРН , научници сакаат да го направат големиот тресок односно да го рекреираат светот, со спојување на атоми, според теотијата на Ајнштајн и Стивен Холкинг. Ќе ти стане јасно зошто сето ова се случува со светот. 10. Велиш многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник, а јас прашувам зошто. Па зарем јас како верник не се соочувам со проблеми на кои барам решение, јас не чекам Господ Бог со магично стапче да ми ги реши. Но со душевен мир и верба, го наоѓам вистинскиот пат. 11. На ова ќе се воздржам од коментар.
Како прво живееме во демократија ,секој може да постира каква тема сака.Ако се чувствуваме дека некој не тера да го смениме нашето мислење за бог(на неговото непостоење) немора да продолжиме да го читаме,а камоли да го осудуваме(нели тоа го може само бог)да го судиме за неговиот став кон атеизмот малку е безвезен тој пристап. А од друга страна се сметате за добри верници.А за нешто да коментираме треба добро да сме упатени во тоа,и да со наши глави да размислиме дали има или нема бог. Мој личен став е дека не сум многу голем верник, верувам дека има некоја виша сила, да. А никако не ги осудувам ни атеистите, тие според мене не треба никого да наведуваат на атеизам. НЕ веруват во сатана едноставно не веруват во ништо. А во изминатите постови што ги прочитав,вие (верниците)бевте тие што ги теравте повторно да веруват во бог, на индиректен начин ...кој како сака нека си свати .Јас лично немам против нив ништо, а не сум и со нив, во христијанска црква сум крстена, а не верувам ни во поп, ни во црква. Поповите се тие што се многш грешни исто така (со исклучоци) како е тоа можно? Нели тие треба да ни служат за пример и да ја преповедуваат верата, а некој од нив немат ни 1% морал жално, имам гледано документарци што стварно и нај големиот верник ќе се запраша дали има нешто вистинско во тоа што ние веруваме.
не сум атеист..но не не сум и некој преголем верник во семоќниот но кај нас..на балканот а посебно во нашата мила Mакедонија (заглавена во турско) сеуште се осудуваат оние кои се поразлични. Неможев се да прочитам но видов дека повеќето ги осудуваат атеистите..оние кои не веруваат во вашите убедувања и верувања веднаш ги сметате за синови на сатаната..или како атеистите се луѓе без морал и етика.МОРАЛОТ и ЕТИКАТА доаѓаат од дома и од домашното воспитување а не од верувањето во бог или во било која негова форма..познавам неколкумина кои се во вистинска смисла атеисти затоа што во мојата генерација постои еден вид на мода да си атеист а уствари и незнаеш што значи самиот збор. Верувам дека постои нешто поголемо,нешто духовно..но некои работи се подобро објаснети од науката и затоа сум воздржана и не ги осудувам ни едните ни другите немојте ни вие.PEACE xD
Вербата во Бог е крајно лична и интимна работа, и затоа сум многу против вакви популаризирања на атеизмот и го ставам во ист кош со фанатичното верување и погрешно интерпретирање секакви свети книги. Не гледам ништо лошо ни во тоа да се биде верник, ни во тоа да се биде атеист. Whatever helps you sleep at night. Ама, заради ваквите глупости, многу млади и зелени умчиња ќе си нафрлуваат потреба да бидат кул и демек паметни, па со сила ќе се прават нешто што не се, атеизмот ќе го поистоветуваат со потребата за плукање по Бог и жолчно ќе се противат ако некој им каже поинаку.
Наталија, тебе ти се помешале многу работи бре Атеист под дефиниција е човек кој не верува ни во Господ ни во каква било друга натприродна сила (вклучувајќи го и сатаната тука нормално ). Е сега оние кои веруваат во сатана се викаат сатанисти, а не атеисти. Капиши? Немаат врска атеистите со никакви црни сатани едит Мислам дека насловот на темава треба да се промени еве на пример во Атеизам нека е, зашто вака делува некако пропагандистички, па и несериозно, кога ќе го види човек си мисли чита некоја тема во насмевка, а тука може да се дискутира всушност на посериозна тематика. Моја сугестија само. И темава е интересна само нема смисла толку напнување, де Не е погрешно човек да биде религиозен, нема потреба некому да му пречи нечија верба, исто како што нема ништо погрешно и во тоа човек да биде атеист, атеизмот не е никакво општествено зло и нема потреба да се гледа како такво Спојлер По четврти пат едит бреј што ти е ненаспан човек
(Атеист сум) aма сепак нема ништо друго нема да напишам, бидејќи нејќам да бидам осудувана, навредувана, убедувана, полна со мислења од ваша страна. Да, точно, не треба темава да е во религија бидејќи атеист е спротивното незнам што бара тука. А сеа ако ми кажете атеист, а отвара тема религија не, ја видов темата во ''Нови мислења''. И да не продолжуваме со дискусии безмислени зошто никој неможе да ве натера (да ме натера) да веруваме или не веруваме во нешто. Секој си се одредува со своето растење, созревање. А и насловот не ми се допаѓа, бидејќи самиот наслов е (кажување) БИДИ АТЕИСТ што не е правилно
Да се разбереме ,немам ништо против атеизмот,секој сам си бира во што ќе верува,ама имав случај едно дете ми твдреше дека е атеист,а после зема за Луцифер(сатаната)да ми зборува.Затоа ве прашав дали вие атеистите всушност сте поврзани и со сатаната
Претпоставувам за кои документарци зборуваш.Научниците говорат за работи кои ги побиваат веќе постоечките докази за христијанството - библијата, евангелијата, според нив не постојат само 4 евангелија, евангелие по Тома, Марија Магдалена, Јуда итн., пронајдени во Египет.Сега врз основа на тие кои истите се најдени во фрагменти, тврдат сосем друга приказна од таа што е напишана во библијата, а пак и се ослонуваат на книгата Кодот на Да Винчи, посебно за сликата на Леонардо.Не разбирам како може на таа книга да се собираат неосновани податоци кои притоа да се земат како релевантни за верифицирање на нивните тврдења.Како прво, многу делови од животот на Исус недостасуваат, односно годините после неговото детство, а потоа и годините пред неговата проповед,неговите чуда кои ги правел, а што можеби и е чудно за истото да се истражува па да се утврдува нешто што е неосновано, но не е нешто што ќе го натера човек да се посомнева.Ова не го зборам напамет или зошто така ми текнало.А, бидејки нормално е за нешто што нема податоци, истото да не се истражува, бидејки нема темел за таквите истражувања, во сооднос на ова сите тие документарци што ги тврдат своите теории пропаѓаат во вода.Незнам зошто воопшто научнициве така размислуваат, односно својот современ начин на размислување го поклопуваат со тогашниот начин на живот, а што нема никаква логика, туку само намера за да се докаже дека тоа што го пишува во Библијата не е вистина.На крајот на краиштата, наместо да ја утврдуваат веродостојноста на светите книги, до сега можеле да помогнат некому, бидејки секоја религиска книга не учи на лошо, а наместо да разберат што е напишано во нив, тие се занимаваат со точноста на историските податоци на тие книги.Има уште многу работи, но доста е многу ќе фати Имам споменато дека според мене Бог е енергија, во однос на првото прашање во постот, енергијата е невидлива, а постои.Во светот човекот е тој кој војува, но и истиот кој може да помогне некому, не дека Бог е пасивен, немоќен.Религиите постојат за да го научат човекот на добро, не на лошо, хуманизмот е темел на истите.Вечност, душата или духот како сакате е вечен.