Mila najiskreno ke ti kazam dzabe si gi trosis zborcinata kaj nas tie pojasnuvanja ne pominuvaa, ne se macete i ne se borete da ni dokazuvate nas kako da ste nekoj propovednici od gore orateni da sirite deka hristijanstvo e edna i prava vera
Епа зошто прашуваш кога не сакаш да добиеш одговор? Тогаш не прашувај веќе. Ти посакувам убава вечер.
А ако му грешиш на Господ? Или може да си правам се што сакам цел живот, ама битно е да се каеш, да речеш извини жал ми е, грешен сум.
Додека јас сум го пишувала мојот коментар, ти го имаш напишано твојот со објаснувањето. Јасно ми е твоето гледиште. Морално е и хумано ако некому му погрешиме, да побараме од нему опростување кога ќе се покаеме што сме му погрешиле. А ако себе си си погрешиме, да си бараме од самите себе си опростување. И секако да извлечеме поука од грешката со намера да не ја повторуваме. Тоа е чувството и потребата за морал и позитивни вредности, нешто што постои и без религија/вера/господ. Патем, премногу акцент се става на христијанството, што е со останатите религии?
Напротив. После каењето и исповедта треба да се трудиме да не паѓаме во истите гревови оти тогаш прераснуваат во страсти. А ако паѓаме од немоќ тогаш да не очајуваме туку секогаш кога ќе го направиме истиот грев да бараме прошка. Целта е да не очајуваме оти сепак сме грешни туку да пробуваме од срце да не ги повторуваме веќе покаените и исповедани гревови.
Не сакам да звучам лошо, не те напаѓам тебе или било кој верник, само си дискутираме и си го кажувам мојот став... Ама лично мене ова ми звучи ко играње мајтап со Господ. Едит: Шо може и пострашно е ова неголи да не верува некој. Ако некој не верува, Господ можда си вика океј овој не верува во мене не ме запознал, ми греши, ама мисли не постојам. А другиве ем знаат дека постои, и пак му грешат.
Гледам коментари за изземањето од данок. Често размислувам на темата. А како би се извело тоа стварно не сфаќам. Кога ставаш пари на икона не добиваш фискална секако, што значи оданочливи би биле само парите за свеќи и икони. Ама кешот што оди на икона, нема начин да се контролира. А таму се најголемите приходи уствари. Да не сум офф На верник не му треба причина или доказ за да е верник. Веќе сум го зборувала ова. Самото чувство дека има сила (Бог) која ми помага, ме чува, ме "сослушува" кога ми е тешко, ми дава насоки - ми дава трепние и желба да сум подобар човек утре. Не ми треба доказ за ништо, тоа се чувствува во душата. Секако не би наметнувала мислење на никого, ако некој одлучил дека ќе е атеист, тоа е негово право. Зборот ми е дека на верникот, оној кој се сплотил со верата, Господ, не му треба доказ. А за Црквата има многу што да се дискутира, само ќе кажам, мојата љубов кон Бога, е независна од Црквата, не ми треба институцијата за да верувам во Бога. Ниту па грешките на институцијата треба да застанат на мојот пат кон верата. Тоа е како да немам трансакциска во банка, затоа што банките имаат големи профити и профитираат од фиктивно оддржавање на сметка.
Напротив, мило ми е дека дискутираме и не ми изгледа како напаѓање оваа твоја констатација оти и јас сум размислувала на оваа тема. Единствено што сум сфатила е дека секој пат кога ќе Му пристапиме со вера за простување дека ќе ни прости. Дека чека да пристапиме и да се каеме оти колку пати што ќе падниш толку треба и да станиш нели? А ако сакаше да не казни дека "си играме мајтап" со Него тогаш немаше да се будиме секој ден оти нели, секоја секунда грешиме. Тој да ја сакаше веднаш смртта на грешникот тогаш човек немаше да остани по земјава. Ова време што сме здрави и живи секој ден е Неговата милост пружена за наше покајание. Јас размислувам вака. Се надевам дека на некој начин ме сфати.
Да бидам искрена, вистина сум немала соодветен погреб до сега. Не знам дали некој имал од темава. Малку страшна помисла, ама читајќи ја темата за необјасниви случки, не би ме чудело.
Господ да чува ми е узречица. Се обидов и со еволуцијата да чува ама дури да го кажиш замина поентата и пола нема да те сфатат. Исто за деца не велам крштевање туку именување. За погреби, лично би сакала пепелта на планина, ама сеедно. Венчавки, јас не би сакала и искрено не знам колку сакам да попуштам, ќе видиме. За верски објекти, обожавам да влегувам во сите од уметнички аспект. Во глобала за ова прочитав дека пишевте.
Јас немам ништо ни против верници, ни против атеисти. Ако сакате да бидете верници, бидете си, никој не ви брани да сте верници. Истото важи и за атеистите. И за другите. Јас мислам дека имам кажано во темата „На која религија припаѓате?“ дека сум православна христијанка, односно така се декларирам, но не сум многу религиозна, а и сега е така. Морам да напоменам дека читам многу навреди од страна на верници кон атеисти. Не дека нема и од обратната страна, ама првите како да се повеќе. Во темата за тоа на која религија припаѓате, прочитав од еден член дека немал почит кон атеистите. Зошто? Нели сакате вашата религија да биде почитувана? Исто така ги осудувам и тие што ги нарекуваат верниците „заостанати“. Факт е дека многу ги има, но не треба да генерализираме, нели? Причини да се биде атеист? Секој си има право да си биде што сака и да верува во што сака, се' додека ги почитува и не ги повредува другите. Религијата е избор. Толку.
Колку што се сеќавам историја - одделувањето на Римокатоличката и Православната Црква се случи 1054 г. а Првата Крстоносна војна беше ако не се лажам околу 1090тите години а понатаму и останатите Крстоносни војни, што значи околу 46 години подоцна од одделувањето на двете цркви. Инквизицијата околу XII/XIII век, спалувањето на вештерките од XIV/XV век па натаму. Тоа нема врска со Православната црква туку со Римокатоличката.
Тогаш беа една црква, да. Се поделија заради политички причини, по распадот на Римското Царство, не поради религиозни.
Не би се согласила дека се случил само поради политички причини, има дел и од религиозните како што е промена на еден дел од Символот на верата (да не објаснувам надолго и нашироко) но и тоа дали постои чистилиштето, кое според Православието не постои туку постојат само Рајот и пеколот а Римокатоличката црква го прифаќа и го воведува во своето учење. Но да не навлегуваме во детали оти тоа е посебна тема и нема врска со атеизмот.
Ама чим има удел и политика, тогаш е само уште една институција. Според мене, институционализирана религија не треба да постои. Сметам дека спиритуалноста е интимна проблематика и е различна за секоја индивидуа.