Ако не верувам во нешто не значи дека не сум го истражил претходно или пак дека не го знам. Исто така, не знаеш дали некогаш сум верувал или не . За да верувам или не верувам во нешто, прво сметам дека би требало темелно да се проучи нештото.
Точно така сите атеисти шо сме прво буквално ја имаме простудирано цела религија пред целосно да ја отфрлиме, затоа и се изјаснив претходно џабе проповеди се знајме уше пред официјално да се декларираме како Атеисти. Никој не станал атеист преку ноќ, и не збори на памет работи како религиозните.
Не треси глупости Жити се не треси Уште пред Исус, луѓето си барале причини за временските погоди и непогоди шо им се дешавалњ, и почнале да мислат дека има виша сола која го прави тоа и која може и да го спречи тоа.Па почнале со тотемизам.Христијанство, ислам, се од 2000та година навака создадени.Првата црква е напраена негде измеѓу 200тата и 300тата година од ОВОЈ век, Не му текнало на некој рандом еј абе ќе напраам религија да ги зафркавам луѓето, сами си го напраиле.
Никој не знае што е точно, а што не, затоа што никој нема егзактен одговор. Кога ќе има науката, тогаш ќе знаеме. Сега за сега можеме само да веруваме, да не веруваме, или доблесно да признаеме дека ништо не знаеме.
Мила, ова е само мое мислење, нема потреба толку да се потресуваш, ова е анонимен форум и може секој да се изјасни шо мисли. Поздравче
Нене, знаеш што е најјакото, шо светов постои 2000 и кусур години, се родија и умреа ГОЛЕМИ мозоци, Папи, научници, важни особи.Ама на Фемина експертите им текна во 2022ра дека они ќе го спасат светот од големата лага наречена религија и Господ значи у 2022 години не се нашол толку паметен човек.А пази, овде ти бараат факти, за ДУХОВНА работа.А не е дека Стариот и Новиот Завет не се доказ, а у темана за војната кога ќе постираш докази, ти викаат дека не ти се точни или дека ти е грешен изворот, или дека си русофил.Абе овде имаат моќ за извртување на работи, зборови, реченици, како шо ни Господ нема, остај ти. Овде при докази ти бараат докази, а таму при докази ти викаат ,,не важи” пошо не им чинат Овде некад на форумов, само тролање, и превод заебавај се со нив.Пошо од секоја тема мора кавга да се напраи.И не моеш да дискутираш веќе.
Извини ако погрешив, но мислам дека погоре кога дискутираше ми остави впечаток на неверник. Немам ништо против неверниците, само ме интересираше зошто неверник истражува за верата. Не велам дека немате право да истражувате, сакам само да знам зошто.
Така е. Факт е дека не знаеме. А секој оној што ги базира своите ставови на постоење или не постоење на креатор е верување затоа што одговор нема ниту една страна. Верникот верува дека постои. Атеистот верува дека не постои.
То е така за тебе и твое искуство оти си во позиција на верник. Еве on top of my mind, субјективно најлошо шо ми е речено е дека ќе горам во пеколот лол. Во мое субјективно искуство, во позиција на неверник, многу работи ми биле кажани. Знам дека праша шо можи верник да речи, па еве ти кажав едно од полошите работи. Кога некој ми збора со доза ароганција и супериорност ради свое верување со тек на време научив да игнорирам. Иако ароганцијата е скроз condescending "шо знајш ти", "Бог те тестира ја шо ти викам јас знам", "Бог нека те чува со овај памет *се крсти*" и слични фрази. Шо нарочно не ги кажав во најлошо нешто речено, само премногу condescending се и ако порано и ме навредвале сега ги игнорирам оти луѓе со вакво однесување - за нив збора. Не за мене. Најлошо речено ми е дека ќе горам во пекол, дека не сум морална оти немам Бог, чоек во прегратки на сатаната, сатанист ( зато и се насмеав на мислењето претходно шо коментирав за пентаграмот, не, то шо не вервам не значи дека вервам во нешто друго). И многу други вакви примери. Смешна приказна за ова со сатанизмот, една во средно, ко бев "таен атеист/ агностик/ неверник" ( нарочно велам неверник, неќам да клам преголем лејбл на мојот нерелигиозен живот, едноставно си живеам) и та случајно знаеше оти дојде в друштво - ме праша како да е сатанист ко мене, и јас бев ко ????? Поентата на ова ми е, нормално е ти да мислиш дека има поќе напади кон религиозни луѓе и нормално е јас да мислам спротивно. Пошто различни работи и коментари не погодват и имаме тенденција да забележваме поќе то шо не засега. И то е океј. Јас знам шо атеисти велат кон религиозни, впрочем една и тука ја цитирав дека јас го не би рекла и сметам дека е основа за омраза. Сакав само да споделам еве и од друга страна како е и шо ни се вели ако си "отворен" неверник. И апсолутно не велам дека нас не вреѓат поќе или обратно. Велам дека сегде има вакви и такви луѓе и ова беше поќе за делот шо го болдирав во твоето мислење. И мислам дека најгласни, од двете групи, се оние шо се спремни за конфликт и кавга. И со та гласност носат генерално мислење и стереотип за цела група. За жал.
Глеј брат.Ја од мала сум учена дека Господ постои, моиве сите се верници у блиска и широка фамилија.Славиме имендени празници. Идев у црква секој голем празник пред пандемијава, некад и почесто кога чувствував потреба. Господ ми има спасено родител, не беше науката во која шо сите веруваме, пошто докторите и БП многу потфрлија тогаш во тие клучни минути.Татко ми е жив ради виша сила. Имам прекршено некои од заповедите не викам не.Али како да ти кажам дека сѐ шо не ми се десило вака, а сум го побарала од Него, после тоа ми се случило.Дали е случајност, дали потвсест, не знам.Значи од тоа дожд да прекине да врне до некој да пише.Било шо И тоа ми ја зголемува вербата.Има разлика меѓу религија и вера. Ја не правам сѐ како што налага религијата, точно.Ама верувам во Господ
Ко друг неверник шо знај нешто едноставно ко стар и нов завет ќе ти одговорам. Растена сум во религија, имам читано библијата како и други книги од светци и учења, зборање и славење со свештени лица и разговори со нив ( најголем дел блиски пријатели на чичко ми, од таму ми е порелигиозниот дел од пошироко семејство). Дел од фамилијата ми се ќежуал верници, дел ми се хардкор ако веќе морам да ги поделам. Потесно семејство ми е некако измеѓу, некогаш доминира полабавоста, некогаш построгоста. Иако мислам и да не вервав ко дете и да бев растена во друга религија, неминовно е да знајш за библијата. И иако дел преќинуваат да веруваат оти проучиле и читале, шо е многу често уз муабети шо читам од луѓе ( чита и не му прај смисла и се оддалечва, има период на криза ради ова, па евентуално оддалечвање), дел едноставно не веруваат и стига до недостаток на чувство. Поентата ми е, не е црно бело, оти знајш ко не верваш, а има низа причини зошто би знаел нешто. Па барем за то шо ја состои библијата е општо знаење.
Зборам за од коа се монотеистичките религии Сум се збунила нешо Лапсус на векот ми е ова Сеа препрочитав
На кого да му глумиш? Ако сакаш да го запознаеш Бога, биди стрплива и оди полека...нормално е и мачно да биде,бидејќи веројатно не си воспитувана во Божји дух од мала... Ниедна друга сигурност не се мери со Божјата. Но,секако предност е да бидеш добар и чесен,иако неверник...Божјата одлука кој ќе биде спасен е тајна. Сепак мене песнава ми вришти од желба да се осознае Бог,иако навидум бунтовна. @Feminka22 многу си паметно девојче
Ако,младичка си...сето тоа е нормално...но на озбилни теми размислуваш и анализираш зрело и своја си...и така..
Си имам став и си држам до него.А за религија одбегнувам да се препуцавам, ама некогаш не се преќутува на глупости.