Прејако е како Господ те слуша и услишува иако за возврат не добива многу. Дури малку како не фер ми изгледа. Испаѓа дека само коа имаш потреба бараш. Во смисла, ти се молиш да ти пише некој и тој предизвикува да ти пише (се прашувам дали влијаел на слободната волја на тој што ти пишал, што реално е спротивно на Библијата, бидејќи според неа, сите имаме слободна волја и тоа не разликува од животните, односно роботите). Исто така, прејако ми е како Бог предизвикал да не врне дожд само ради тебе, а во меѓувреме храната на луѓето зависи директно од дождот, ама нема везе. Исто, прејако ми е како Господ ги услишува молитвите на верниците од западниот свет, и им помага да си купат кола или стан, им помага да се снајдат на работа, им помага да им пише некој на телефон, им помага да соберат пари за одмор или што уште не, а во меѓувреме не одговара на молитвите на верниците во Африка кои немаат основни работи. Дај моли се следен пат, дождот што престанал тука, да се префрли и падне во Африка. Верувам дека ако постои Бог не се замара со тоа дали некој ти пишал или не, барем не се замара повеќе со социјални мрежи отколку со дождот во Африка. Не те напаѓам, ама со оглед на тоа што сѐ се случува во светот, ми изгледа себично да молам за лични неживотоважни потреби. Затоа и не верувам дека тие работи ти се одговор од некоја сила. Али нема везе, знам и разбирам дека ти можеш да си веруваш така, и твое право си е. Само кажувам зашто вака од страна коа ќе го прочиташ, не држи вода. Монотеистичките религи постојат 20тина века п.н.е. На пример, Јудаизмот е една од првите (христијанството на некој начин произлегува од тука, или барем е како продолжение, да речеме). Едит: веројатно збориш конкретно за христијанството.
Не знам ама мене најодвратно нешто кажано од верници ми е кога за починат човек (особено ако е дете) ќе речат така сакал господ/така требало да биде, или па 'на подобро место е'. Особено кога на близок на починатиот ќе го кажат ова. Ич не утешувате со тоа, ама ич. Мислам...
така е. од корист е у право си И кога ќе кажам фала за посаканото, или се молам за нечиво добро исто е од корист. А тоа услишување молитви не знам што е, корист изгледа исто. Верувај брат у шо сакаш, ја не ти оспорувам. Вие на нас ни` оспорувате тоа викам, се праите овде либералисти сите, а у 2022 уште судите на некој зашо верувал во Господ.. мислам... можете да ни` забраните? или вака ако се прекуцаваме дека ја ќе речам еј да, анонимецот Ајронмен или друг некој рече дека Господ не постои, и стварно не постои. Абе не ви ги ни зиам здраво за готово мислењата, ама некад ме нервирате што немате осет. затоа ко збрлавена пишувам
Во ниедно мое мислење не тврдам дека не постои Господ. Само хипотетички велам дека односот со Господ не може да биде еднонасочен.
Верници зборат како атеисти и забранувале на нив нешто и ги суделе, а уствари верниците се тие што од постоењето на религијата до сега забрануваат на други луѓе свашта и ги судат сите можни малцинства. Хипокризија на ниво.
Кога Бог исполнува ситни и навидум небитни желби,тоа го чини за да те зајакне во вербата. Секако ако истите се побарани со чисто срце и моментално барем јака вера. И секако ако истите не му штетат на некој друг. Зошто молитви за нечии тешки маки не исполнува е поради приказната која сите ја знаеме,а тоа е " секој со својот крст ". Нема причина да се негира нечија вера,само поради сопствена невера.
Те молам да ми пише? Предизвикува да ти пише. Те молам храна да иаме? Ее извини секој со својот крст. Или ваљда помалку вера имаат вториве у Африка.
Епа ја реков, или е од потсвеста или е до Него.Ја препишувам дека е до Него.Пошо било и за природни појави моето. шо точно бранат?Знаеш дека има луѓе и нелуѓе така? ама мора да се меша религија логично. Христијанството е една од полибералните религии.Во Исламот имаш многу повеќе забрани.Единствено за хомосексуалноста имаше спротивставување, али како шо читав, во некои цркви веќе се добредојдени. Кога некој од нас овде што веруваме во Господ, ви рекол нешто? Чоек не можеме да ви забраниме ништо, или да ве замараме. Како и вие на нас.
Не знам колкава е нивната вера и зошто мораат да се мачат. Сочувствувам секако. А за ова првово ти напишав....таа моли навидум безначајна желба,со чисто срце и вера дека Бог ќе и ја исполни...и добива...што е тука спорно?
буквално. Ја верувам во тоа што го барам и го барам со чиста душа и срце. Не барам смрт или нешто лошо. Со чисто срце и со верување дека ќе се деси го барам тоа.
Јас го делам мислењето на @Ajronmen Често слушам како некој почнал да верува во Господ после одредена ситуација, пример сообраќајка. Ме спаси Господ, значи ме сака. А во истата несреќа загинале неколку други. Зошто и тие не се спасени? Нели Господ сите не сакаше еднакво? Вака излегува тебе те сака и те спасил, другите не. Исто и за примерот во Африка што го даде. Зошто има толку сиромашни места, а дозволува други да се богатат до безкрај, и тоа често неправедно, нечесно заработени пари. Војната во Украина, и сите други војни. Толку уништени животи и болка. Којзнае и тие колку се молат да престане. И тоа не се лоши желби, не посакуваат никому зло. Ама не престанува. Семоќен е, а сепак дозволува толку неправди. Тоа не ми е јасно, најсериозно.
Расизмот меѓу верниците е многу поголем споредбено со неверниците. Хомофобија, бифобија, трансфобија се многу поголеми меѓу верниците споредбено со неверниците. Луѓето што се против абортус и други права на жената се во многу поголема бројка кај верници отколку кај неверници. Луѓето што скратуваат човекови права на други луѓе различни од нив се се во многу поголема бројка кај верници отколку кај неверници. Жени биле палени на клада оти се „вештерки“, мажи биле убивани оти биле педери, а ваму истиве што посакуваат смрт на други потајно или јавно, проповедаат мир и христијанска љубов. Сега убивањето е сведено на минимум (освен во исламот), ама затоа постои ужасно сеење омраза на се' „нехристијанско“. Тоа што исламот е поголемо зло, не ја прави твојата религија добра. За крај, ја не видов некој овде да ви забрани да верувате во што сакате, едноставно на многу луѓе ни смета што ја претставувате религијата како нешто чисто и безгрешно кога не е таква. Особено смешно е што мнозинството тврди дека малцинството нив ги дискриминира и осудува.
Поентата ми е оваа:верувањето во бога значи во христијанството е начин на живеење според религијата, нели има 10 божји заповеди така? Што ако познавам мн такви фанатици кои се блудници, крадат лажат се занимаваат со недозволени работи од бога а се први во црква?Навечер излезени у минич со женат човек сабајлето забулени први во црква За ваквите глумци зборував, секако дека не генерализирав, си постојат фини и поштени луѓе фала богу Бизнисот по црквите што се прави тоа ги одбива и на оние кои се на крстопат и оние кои се сиромашни, има мн киксови што треба самите христијани да го ставаат прстот на чело и да се обидинат Патем каде е Руската православна црква да му изврши притисок на Путин и јасно да се изјасни дека е за мир во светов а не за војна и такој даље Патем ме навреди со тоа што ми рече дека не сум била од мала христијански воспитана али луѓе сме грешиме па ќе ти опростам
Многу нормално и разбирливо дека ќе има атеисти во свет кој е во очајна состојба, а над кој наводно бдее добар, семоќен и сеприсутен дух, за чие постоење нема никакви докази, ама затоа науката укажува на процеси поинакви од оние опишани во светите книги. Што очекувате вие, сите да бидат верници? Зошто не се остави темата како простор атеистите да ги искажат своите причини? Јас не сум атеист, ама не сум ни припадник на "мејнстрим" религија и мислам дека темата треба да се препушти на атеистите, барем оваа една тема.
I vie nas ne osuduvate zosto ne veruvame, toa nema kraj veruvaj sprotivni stavovi sekoas ke ima debati ali so fajde od tie debati sekoas na kraj sekoj si drzi za svoeto, kolku so ke ubedis musliman da e hristijanin ili obratno tolku i ateist da e vernik i obratno, najpametno e sekoj za svoeto da se drzi a ne da ubeduva nekogo imaj ja ili nemaj ja verbata vo sebe za sebe. Nemane niso polezno od komflikti zamo si nastetuvame so spored mene ne e vo red.....Da se pocituvame i da si gi prifatime razlicnostite od svoeto mislenje e najbezbolna opcija i najracionalna
Почитувам абортус, почитувам хомо, бисексуалци, трансџендери, знам хомосексуалци/бисексуалци/девојки што абортирале, знам трансџендери, и со СИТЕ СУМ ОКЕЈ и НИКОГАШ не сум ги осудила.Пошто Господ рекол, љуби го ближниот како самиот себе, не рекол мажот треба да ја сака жената.Почитувам ако другар/ка се фати со некој од друг/а вера, националност, раса, иако ја со некои не би.И ? дали и мене ќе ме сместиш у тие шо ги наброја?Ја веќе не ни знам затуцани некои верници.И дечки шо знам шо секој викенд идат по цркви, не зборат лошо ни за хомосексуалци, ни за муслимани, ни за атеисти.Светот еволуира едноставно.Тоа може кај некои планински луѓе, шо нема допир со луѓе, нема комуникација, и си тера по свое. Значи затоа ти реков има луѓе и не луѓе.Ја сум растена по Христијанство, ама сум растена да ги почитувам сите и да не се расправам на тема религија, кој колку плата зима, за националност, за кој е поважен.Тоа шо јадам трици у одредени теми, за одредени работи, јадам пошо сум имала непријатно искуство со тие луѓе, не пошо Господ или моите ми рекле да не ги сакам.Субјективно мислење е. Знаеш дека жените ги палеле пошо им било чудно шо се паметни, шо читаат и сфаќаат? И ради тоа мислеле дека се вештерки. А веќе во христијанствово е искрено се` дозволено.Кој шо сака праи. Христијанка да видиш со Албанец, никој нема да рече еј оваа курва е, прљава е, неверник.А обратно? Затоа реков дека е полабава религија.За другите не можам да зборам, пошо не им го сфаќам ни јас менталитетот, и мноогу работи ми пречат.Во 21ви век жените во некои земји уште искачаат со придружба, завршуваат само основно и остали работи..ама да не ја должиме.Се` повеќе се нормализираат некои работи, паралелно со еволуција на човештвото.Дека палеле жени пред кузнае колку години, палеле, пошо биле прости и глупи.Денес немаш такви идиоти. Ај сеа, за се` ќе се враќаме назад.Затоа со напредок на човешството треба да се сведе мржњата и сегрегацијата на минимум, ама не треба да се фаќате за минатото ако сакате да ја смените сегашноста и да ја подобрите иднината.Иначе ќе тапкаме у место Ко сеа ја да ти речам, абее Хитлер беше Германец, имаше Македонци у концентрационен логор, не иди у Германија да работиш??? паралелава е у смисла, ако се враќаме назад нема нишо да напраиме, пошо денес Германија е друга земја, ослободена од синџирите на Хитлеровите срања. Исто како шо во православието веќе жените не се вештерки пошо се начитани и паметни
Девојче, кој те суди бе? мислиш ќе се замарам дали анонимусот од Фем форум Ангела верува во Господ или не? и то ме заболе искрено.Твој живот, нема да ти се мешам.Иам атеисти околу мене, еднаш не сме збореле за тоа.Сум рекла, не веруваш? океј, не ми се мешај само и ќе иаме супер дружба мене не ми смета ниеден атеист се дур не почне да ми збори дека Господ не постои дека верувам во глупости, дека Црквата или Христијанството не` контролира итн, пошо тоа е веќе навреда.
Како атеист ниту еднаш не сум осудувала ничија религија и верување, јер нивно право, ама од поголемиот дел верници не сум добивала таква почит како што добивале тие од моја страна. Религија како религија не ми претставува некаков проблем, туку испрани мозоци и верски фанатици. Во нив е проблемот.