Извини,претпоставував само , поточно од себе појдов...само традиционално крстена нели... Што се однесува до бизнисот во црквите и до поповите...тоа е јасно,огледало се на народот. Малку вистински верници,малку вистински свештеници...и така... Тоа со Путин,сеуште ми е спорно и мене....плодовите ќе покажат кога ќе се заврши.
Богатите белци од запад се омилени на Господ од некоја непозната причина, другиве не мора да постојат. Хитлер да ти подзавиди со ставов. Не викам дека лупаш, туку истрчуваш и сега ќе се навратам на мислењето што ти го цитирав. Апсолутно е потребно да се дискутира за религиите и не е дека експертите на фемина го спасуваат светот од религиските канџи, туку сосема нормално е да се стави под знак прашалник религијата како концепт. Религијата сервирала догми со години, наспроти тоа нема ништо подобро од слободна мисла. Има безброј теми што ги опфаќа религијата за кои може да се дискутира и да се стават под лупа, почнувајќи од основните принципи на нашето постоење, па сѐ до традиционалните норми и ситници. Тие големи умови што ги спомнуваш имале идеи што не оделе во прилог на зацртаните догми. Следно, ти велиш дека стариот и новиот завет се факти. Повторно едно големо не. Религиозни записи се, едни од најпроучуваните и најанализирани текстови на сите времиња и повторно, остануваат само фикција доколку се гледа низ призма на објективност, на она што досега го знаеме. Тоа не ја намалува нивната вредност како основа на христијанската вера, туку е погрешно да се користи зборот факт за да се опишат. Друго, јас имам приметено дека помлади луѓе, значи моја генерација како малку попреку гледаат на религиозни луѓе, луѓе кои постат, се причестуваат и следат принципи. Во право сте дека верниците понекогаш се непотребно напаѓани, тука се согласувам. Да не зборувам колку често по нет гледам заебанции на сметка на христијаните, е тука исламот не се чепка. Јас гледам(се трудам) да ги почитувам туѓите убедувања но морам да признаам дека не ги сфаќам сериозно луѓето кои се декларираат како верници, а имаат само површно познавање од својата религија, ја темелат на чисти суеверија и безвезни обичаи, а во меѓувреме зборуваат како атеистите ќе одат во пеколот. Другата категорија што исто не ја сфаќам сериозно се луѓе кои не сакаат да бидат асоцирани со религија, се смеат на религиозни, ама знаат да кажат дека веруваат "за секој случај", пак заради тој пекол. И првите и вторите уствари не ни знаат во што веруваат, туку само се водени од наметнат страв. Мислам, сите се плашиме до некој степен...ама убаво е да се најде својот пат, не мора да се следи оној во кој нѐ вовеле. И нешто што сфатив после долго време тврдоглавост е дека атеизмот не е природен за човекот. Посилно е од нас, како да ни е вкоренето секогаш да бараме нешто, без разлика дали се тоа богови или самовили.
Јас офтопик, ама до кога верник ќе идентификувате со (православен) христијанин и со сета догма на христијанската религија? Секој што не се пронаоѓа во тој правец мора да биде атеист? Многу ограничено размислување. Но, барем добро се вклопува во верскиот модел за христијаните против светот, ако ништо друго.
Загинати, раселени лица, уништени домови, луѓе лишени од основните намирници и потреби, иако дел од нив болни и изнемоштени, живот во постојана опасност, тоа се "плодовите". После не чинат атеистите кои да е до нив, не би толерирале такви тортури под разни натприродни изговори за духовни си борби.
Што би направиле атеистите во случајов? И каде виде верници во истиот? Еве јас се трудам да проникнам сеуште...објасни ми....можеш и на соодветната тема...
1. Пишува "атеистите кои...", не пишува "сите атеисти". Се држам до атеистите, обидувајќи се да не бегам од темата. 2. Така и верници има разни и насекаде, зошто би ги немало "во случајот"? Дефинирај верник ако можеш. Верник не е само твојот истомисленик, или само она што си го замислувате како еден верник треба да размислува, или да се однесува, или да изгледа. Ниту сите веруваат во истиот бог, ниту оние што веруваат во истиот го интерпретираат на ист начин, макар биле и дел од иста религиска група.
Секако дека не е верник само оној кој мисли како мене....зарем е можно да некој тоа го мисли,а е верник? Од аспект на вечен живот,во кој верниците веруваат...награда и казна.
И мајка Тереза вака ги учела луѓето. Сега мачи се и страдај за на оној свет да одиш во рај и вечен живот и да бидеш награден. Јас па се чудам зашто светица ја прогласија.
Одлучи се конечно, сите верници веруваат во истото или не? Длабоко во потсвеста ви се врежало на некои дека православието е единствениот пат, а се останато перцепирате како незнаење/атеизам/сатанизам. Во исто време ги мешате овие три поими.
Имаш проблем со православието. Инаку сите верници имаат принцип на награда и казна и вечен живот...не знам што е спорно....христијани,муслимани,хиндуисти,будисти....
Ако си ти религиозен верник, таков човек кој слепо би следел упатство дадено пред 2000 години, сите оние кои веруваат не се од тој калап. Можеш да веруваш во што сакаш и што ќе одбереш, можеш и воопшто да не веруваш. Не се раководи цел свет според тоа попот како рекол, или чисто да се испочитува традицијата на предците.
Зар реинкарнацијата и кармата не се принцип на награда и казна и потенцијално вечен живот? Кажи си во што веруваш или престани да ми се исчудуваш повеќе.