Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини да се биде атеист

Дискусија во 'Религија' започната од Alchemist, 17 јули 2010.

  1. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Не.
     
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Ај објасни,да не грешам повеќе.
     
  3. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Нема награда и казна во кармата. Значи сам си одговорен за последиците од твоите дела. Или што би рекле нашите стари, „што си посеал тоа ќе жнееш“. Тоа и ќе ти се пренесе во наредната инкарнација. Целтата во тие две религии е спас од вечниот живот (реинарнацијата) преку постигнување нирвана (просветление). Самсарата (вечната реинкарнација) се прекинува со нирваната.

    Значи сосем спротивно од аврамските монотеистички религии.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Православен верник кој остро ги отфрла концептите на карма и реинкарнација, сега ќе ги користи како аргументи?

    Нема тебе да те послушам каде што да пишувам. Ти не пишувај ако не сакаш да те цитираат, или ако немаш одговори, многу е едноставно.

    Јас сум имала проблем со православието, затоа што рандом декларирани православни си земаат за право да ми сугерираат дека треба да верувам во нивното учење, во спротивно... казна и вметни етикета. Мој проблем било тоа.
     
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Ахх....каков след вообичаен...јас навистина немам многу одговори,но се трудам,блесава работа...
    Награда и казна или што си посеал тоа ќе жнееш....јас така разбирам.
    Но да си се држам јас до православието,со овој ограничен мозок,Господ на добро место ме поставил:sweat:
     
  6. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Дека не разбираш, затоа така разбираш. Не, не се сите религии исти и немаат исти „награди и казни“ Нема бог таму (во будизмот па и воопшто нема) кој ќе те награди или казни. И „наградата“ е прекин на вечниот живот а вечниот живот (постојаната реинкарнација) е казна. Не е толку тешко да се разбере.
     
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Забегавме...секако дека не се сите религии исти...воопштено кажав....но муабетот беспотребно се разводни..
     
  8. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.169
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај причини да се биде атеист, ова може да е една, да ја прочиташ Библијата.
     
    На Ambitious, Bezimenka90, fbaby и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Ме потсети на ова:
    upload_2022-3-26_19-58-16.png
     
    На WildMk, Angelllla, Mikha4 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Во Библијата пишува лоши работи ли?
     
  11. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Да.
     
  12. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Почнувате веќе да навредувате.
    @RainBow реагирајте.
     
    На Feminka22, Hande24 и Bal4 им се допаѓа ова.
  13. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Факти се тоа. Не се навреди.
     
    На WildMk, staycalm и Pixi5 им се допаѓа ова.
  14. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    12.013
    Пол:
    Женски
    Тоа што најмногу ме тригернува, не се оправдува абортус и со тоа се набива вина и осуда кај жените.
     
    На WildMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.169
    Пол:
    Женски
    Зависи кој како ќе си толкува.
     
    На Bezimenka90 и fbaby им се допаѓа ова.
  16. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Кои се тие факти? Баш ме интересира. Верувам дека не ме навреди само мене туку и сите верници кои се христијани.
     
    На Hande24 и Bal4 им се допаѓа ова.
  17. Tiktaalik

    Tiktaalik Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2019
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Тоа е најмалата работа.
    Не верувам туку знам дека ќе те разочара одговорот. Фактите се во самата книга. Книгата (таканаречена библија) е неморална книга.
    Прочитај Битие 19:8
    Битие 19:31-38
    Излез, 21:21
    Второзаконие, 22:28-30
    (ова е само набрзина што можев да најдам, инаку има многу вакви)
    Си ја зела ли некогаш библијата в рака? Не дали си ја читала, дали знаеш како изгледа?
     
    На Mikha4 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Од интерес како и за се' останато во животов, бидејќи повеќе знаење е бенефит, не е на одмет.
    Мене ме интересираат сите религии од аспект на историски, етнолошки, антрополошки, па дури и уметнички аспект. Како историчар на уметност влегувам во цркви и храмови бидејќи ме интересираат архитектурата, фрескоживописот, иконите и останатите детали на објектот. За мене религиите се интересни зошто се дел од културата на народите, зошто сите цивилизации имаат тенденција да си смислуваат разни објасненија за прашања на кои не можат да дадат реален одговор, си смислуваат обреди, ритуали, даваат разни значења на симболи и предмети, одредуваат одреден изглед на облека, архитектура, итн.

    Или класиката за мал милион нешта - "демони те опседнале".

    Ако се задлабочиш подлабоко, ќе видиш дека и не е баш либерална. Барем не оригиналното христијанство.

    Ова е доказ дека религиите се менуваат со тек на времето како што им одговара на моменталните народи, се моделира по моменталното општество.
    Што укажува дека еден ден со тек на времето и христијанството ќе изумре како што претходно изумреле други религии/вери/култури. Еден ден луѓето во иднината ќе гледаат наназад на овие години и ќе раскажуваат сегашните луѓе во што веруваат, исто како што ние раскажуваме што верувале Египќаните 2 ипол иљади години пред наша ера.

    Значи може да се прогласи за мртва религија и луѓето треба да престанат да лажат дека се христијани затоа што прават што сакаат. Не можеш да тврдиш дека си дел од религија, а да не ги почитуваш правилата. Тука лежи проблемот со повеќето луѓе што тврдат дека се верници, си бираат што им одговара од одредена религија и прават само тоа, а се' останато отфрлаат и таквото отфрлање го оправдуваат преку покајување (и автоматско опростување зошто се покајале, па чиста им е совеста), одење во црква, прекрстување, молење, оставање пари на икона, оставање други подароци, постење, вапцање јајца на велигден, итн. Тоа се вика cherry picking. Тоа не е вистинка посвета без разлика колку и да се убедуваш сам себе дека е, само затоа што веруваш дека постои господ.

    Фала богу за еволуцијата. :wasntme:

    Ама реално и денес кога би го правеле тоа би завршиле во затвор доживотно.

    Нормално дека на Македонски форум каде што во држава најзастапено е православното христијанство ќе се зборува само за таа религија.
    Бидејќи религијата не е наметната зависно од тоа каде си роден. Ич не е.

    После кажи дека не е култ.
    Туку, од каде знаете дека овој живот не е рајот? Можеви оваа планета е господовиот рај (бидејќи е прекрасна со се' што нуди), а ние луѓето го уништуваме неговиот рај.

    Кога почнува да се зборува за друга религија, тогаш забегавте и дим да ме њема. Ама кога зборувате за вашата во тема за атеисти, тогаш не сте забегале.

    @Босилче
    Ако си 100% сигурна во тоа што веруваш, нема мислењето дека во библијата се пишуваат лоши работи да го сметаш за навреда. Би го сметала за глупост. Ако цврсто и самоуверено веруваш. Ако некој те нарече глупа, а ти знаеш 100% ти не си глупа, ќе се навредиш на тој коментар? Или ќе ти биде само смешен коментар кој е невистинит?
     
    На Lella, Bezimenka90, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.795
    Пол:
    Женски
    Остави ги, кога за лгбт некој ќе пише дека не е тоа природно и нормално, одма скокаат, тоа било навреда, не требало да се изразуваме така, а викам јас тие ич не бираат зборови кога го искажуваат своето неверување и викаат не е тоа навреда, вистина е, факт е. А бараат ние да пазиме да не ги навредиме и повредиме нивните пресвети, преважни чувства. Лицемерие до даска. Затоа не им се замарам јас веќе, си живеам како што си живеам, со моите верувања, со се'. Ти па во тема за атеизам најде да докажуваш за вера и религија. :D Уживај си, терај си го твоето.
     
    Последна измена: 26 март 2022
    На christinnn, Feminka22, Bal4 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Босилче

    Босилче Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Вака, прво и основно никогаш никому не полагам есап ама еве ќе направам исклучок. Фала Богу Библијата ја имам дома и ја имам прочитано. Знам што е напишано во неа и точно знам кои цитати си ги извала. Во врска со нив, Стариот Завет не важи кај католиците и православните бидејќи го имаме Новиот Завет кој е исполнување на Стариот со доаѓањето на Исус Христос и Неговото принесување како жртва за човечкиот род. Се водиме по Новиот Завет. Стариот поточно првите 5 книги ги користат евреите но тие не се христијани.
    Под навреда мислам на тоа дека некои верници (не мислев конкретно на себе) немаат толку цврста вера па се колебливи. А членката реплицира на 15 годишно девојче кое верувам дека сеуште некои работи од Светото Писмо ги нема сфатено точно како што треба да се сфатат па можете да ја наведете на погрешно мислење и размислување. Повеќе не дискутирам.
     
    На Hande24 и Bal4 им се допаѓа ова.