Во право си. Гледам дека имаат двојни аршини и лицемерие до немајкаде. Нека сметаат дека сме заостанати и глупави. Проштеваме ние. Такво ни е учењето. Ти посакувам убава вечер.
Тоа што си напишал дека не важи стариот завет со твојот духовен отец да си дискутираш, не со мене. Значи за тебе Бог не го створи светот за 6 дена? Не важат 10-те божји заповеди на Мојсие? Не важи прикаската за Адам и Ева и гревот? Составен дел на библијата е и стариот завет. Без него не бива новиот. Ако сакаш можам грозоти и во новиот завет да најдам, но безцелно е.
Членката решила да се пушти на форум, да дискутира, да чита, да пишува. Тоа е нејзина одлука, нејзин живот, нејзин пат што треба да го изоди и да извлече поука. И надвор од форумов ќе налетува на разни луѓе, ќе прави разни муабети, ќе слуша разни мислења. Така се гради перспектива, став, мислење. Можеби сега ќе и се промени мислењето во одредена насока, а утре во сосема друга. Можеби ние тука на форумов сме тие што ќе ја наведеме на погрешно мислење и размислување, а можеби на правилно. Кој може да каже со сигурност што е грешно, а што правилно? Веќе кога велиш "можете да ја наведете на погрешно мислење и размислување" истото може да важи и за тебе.
Точно, но за сѐ друго може некој да ме завлече во погрешна насока, но за религијата никој. Цврсто сум убедена дека Бог постои. Никогаш нема да го сменам мислењето дека Бог постои. Ниту еден "неверник" ниту сатанист не може да ме придобие кога Бог ме чува. Се уште немам сѐ научено од областа на Веронауката, точно е тоа, но се учам. Искрено, поубаво ми е да живеам според Библијата, отколку онака како распуштеничка некоја. И да не верувам во Бог, подобар ќе ми биде животот кога ќе живеам според Библијата. Во училиште знаат да ми се потсмеваат понекогаш за тоа што толку сум опседната со Веронаука, но пак не престанувам да верувам во Бог. И јас ви посакувам убава вечер и да знаете дека многу сум среќна што постојат луѓе како вас. P.s ne rekov deka ateistite se raspusteni. Ne znaci deka ako nekoj e ateist e raspusten, a ako e vernik ne e raspusten.
Mnogu gresis so toa so ateistite gi narekuvas raspusteni, nie imame moral i covecnost vo nas za toa ne treba bog da postoi za da ni kazi so e vo red a so ne, navreduvas ama ajde toa e navinkati sme da ne vregjate....A ko so pisa seuste si vo uciliste, mnogu si mala za da oformuvas tolku cvrsti stavovi, sigurno nemas pojke od 18 godini, za razlika od tebe jas imam 27, i jas na tvoi godini bev "vernik"
Моите предци се православни, јас така ниту се осеќам, ниту се изјаснувам, и тоа не е причина некој да ми зборува дека сум залутала од стадото (втф), дека не знам во што верувам, или дека сум сатанист. Доволно е јас да бидам свесна што сум, не ми треба да ме дефинираат луѓе кои немаат основни познавања од религии. Ова е држава каде што мнозинство смета оти католиците и протестантите не се христијани, но затоа има такви кои мислат дека Евреите се христијани, тоа е се заедно флагрантен недостаток на општа култура, сепак не е толку страшно што не знаат, можеби еден ден ќе научат, но истите нека се воздржат од арогантно паметување, неприфаќање на различно мислење или бурни реакции, кои како прво, не доликуваат на некој што се смета себе за побожен. Јас од мала покажував интерес, читав и се информирав од енциклопедии и гледав документарци на овие теми бидејќи ме интересираше светот и културите од кои е сочинет, не ми требаат мене никакви новоспознаени "просветители" да ме воведуваат во вера. Не ми е јасно зошто ги повредува различна определба, или туѓото мислење за одломки од некоја религија, која случајно е нивната.
Така е, и јас сум забележала дека многу од луѓето, поготово помладите, кои тврдат дека се одредена религија всушност не знаат ништо повеќе од некои основни работи од религијата. Кога ќе прашаш зошто е нешто така како што велат или прават, често викаат "не знам, така од секогаш било". Зошто им е наметната таа религија од дома, а не е вистински интерес. Тука во Македонија се наметнува православно христијанство, да беа родени во Азија на пример, друга ќе беше приказната. Мене ако ме прашаш, ако се пронаоѓаш во одредена религија, треба вистински да и 'се посветиш, да научиш сè што можеш за неа (а се учи цел живот), да ги применуваш начелата без да бираш што ти се допаѓа на тебе, а што не. Тоа е исто како и со сè останато; обожаваш вежбање, па поминуваш децении вежбајќи и учејќи сè во врска со телото, обожаваш книги, поминуваш малтене цел живот читајќи што е можно повеќе книги, итн. Што год да е, луѓе пола живот поминуваат посветувајќи време, труд и пари во одредена работа/хоби/интерес, така и религијата треба да се третира, за да може да кажеш дека си дел од неа. Има луѓе што од раѓање идат секоја недела на миса, со децении секоја недела пак и пак ги слушаат горе-доле истите работи, се потсеќаат, впиваат знаење и мотивација; со децении читаат, слушаат, дискутираат. И секако се трудат стварно да живеат по тие принципи, знаат точно зошто, како, што, ако ги прашаш ќе ти дадат прецизен одговор. А за тоа зошто ги вреѓа туѓата различна определба според моја претпоставка кај повеќето е така бидејќи потсвесно не се ни самите цврсто убедени во тоа што наводно веруваат. Плус одредени религии имаат нишка на надменост наклонета кон осудување.
Огромен број? Try сите Можда и треба посоодветна тема за ова,за еврејскиот Јахве како старешина. Спојлер: спојлер уствари и они биле политеисти додека од некоја причина некој не одлучил дека само Јахве се важи. и како секој народ си имал своја сопствена верзија за буквално истиот Бог/старешина пред доаѓањето на Христијанството и крстоносците да го шират и убедуваат на туѓа земја како Еврејскиот is the best & only one, и секако obviously како они се негови омилени и избраници ( according to them)Единствено што во источна Азија не им успеало од некоја причина. Спојлер: спојлер Во филмот Gods of Egypt e убаво објаснето (симболички)"падот" (на свеста) старозаветниот Бог, започнувањето на робовласништвото,како и девалуацијата на жената што започнува оттогаш и продолжува на разно-разни начини преку Римската империја, се до денес
Не. Во православието и Црквата упорно се кажува дека не треба православни христијани да прифаќаат и прават пагански обичаи. Тие се само традиционални обичаи останати од времиња, немаат врска со христијанство.
Н.Е. на се,освен ова дека стои дека не треба да се праватАма сепак се прават,СИТЕ до еден преоблечени во "христијснски". Тема за ова има или треба нова да се отвори?
Не се христијански, пагански се. Не ги практикуваат вистински православни верници туку верници по традиција кои не си ја знаат верата и не знаат што прават и зошто.
Па да де се, и ги следат циклусите на природата и ѕвездите, ама денес се користат во христијанството како христијански и само христијански а не се,горе рече обичаи само останати случајно (што игром случаја до точка се сите баш исти на исти датуми ?) Еве ти пример
Значи не. НЕ се користат во христијанството. Има празници во кои се слават одредени работи, ама обичаи кои луѓето во одреден период си ги измислиле и станале традиција, тоа е друго... И не е тоа под капа на христијанството. Ете тоа е работата што поназад се пишуваше дека има верници и "верници". Едните си имаат своја добра причина зошто се верници, а другите се нарекуваат така затоа што ја наследиле религијата. Пропратно со тоа, тие се тие кои не прават разлика меѓу традиција и религија и вера. И си практикуваат нехристијански обичаи па еве вака некои како тебе велат дека биле христијански и христијанството ги презело. Не. Значи на секој позначаен православен христијански празник презвитер Бобан го викаат во емисии и објаснува за ова. А овие планети и соѕвездија, тоа па ич нема врска со христијанство. Ама не знам, ако ти е подобро да си веруваш така, ок.
Ова се факти,пагански празник идентичен на Велигден се прославувал кај сите народи и пред христијснството ( околу пролетната рамноденица и доаѓањето на пролетта )и со идентична причина, победа на природата(животот) над зимата(смртта) тоа што негираш не мења ништо (можда само во твоја глава) ? Исто е со 40 дневниот пост /периодот додека Сонцето стигне до таа таму. Они(паганите) барем си го знаеле значењето,вие ни не знаете,ајде објасни ми зошто Божиќ и Велигден се баш на тие датуми(на кои се наоѓаат идентични пагански празници. И која е симболиката на фарбаните јајца и зајко на Велигден?
Си помешала лончиња. И грешна членка имаш тагнато. Во астрологијата не знам кога "се прославувала" некаква си рамноденица, пролет и што ти ја знам што. Ние христијаните на Велигден го славиме Воскресението на Господ Исус Христос. Велигден се паѓа на различен датум секоја година, а Божиќ е секогаш на 7 јануари. За симболиката на јајцата и Зајко имаш во друга тема.
Упс пардон но другата членка Аман колку ве има aj по трети пат да пробам @Bitter-Sweet симболиката со јајцето да не е поврзана со симболиката за cosmic egg/ заедно со зајко,соѕвездието Бик(што уствари е крава, ес ин светата крава во Хиндуизмот) ) и секако Eostre /Easter/Венера / симбол на жената(ниџе везе со Џисз)нејзината плодност и улога во стварањето на животот и неговото продолжување и ова горе што го споменав симболиката на пролетта (животот)и победата над зимата(смртта)секоја година=вечен живот.Каде е улогата на жената во Христијснството? Или let Џизс take care of it, а ти само буди лепа и чути?
@Bitter-Sweet буквално сите празници влечат пагански корени. Не се нешто ново измислено од христијанството. Истите дати се празнувале и пред првиот век... Само со други имиња...
А пишува некаде, на пример во библијата, на кој датум е роден и на кој датум е умрен и воскреснат Исус?
Нема конкретно на кој датум но според одредени параметри по кои се мери времето на Библискиот календар испаѓа дека е на есен роден.