Законите на физиката не можат да се аплицираат пред постоењето на Биг Бенг затоа што во нултата точка на почеток на универзумот не важат. Со што се доаѓа до логично - научен пристап дека не се знае што, зошто и како е случен Биг Бенгот. Теистичките теории се дека Бог го создал универзумот. Атеистичките теории се дека Биг Бенг почнал сам од себе, предлог на Хокинг, "No boundary proposal", кој не е докажан научно. Сега за сега научно до тука сме. За понатаму, ќе видиме.
Не е доказ ниту дека не постои. Прашањето е отворено, а одговор на него нема. Ако имаш, повели, пиши го. Баш би бил благодарен ако можеш да го решиш тоа што најголемите научни умови не успеале да го решат до сега.
Немањето доказ, не е доказ. Не функционира така науката. *Исто ко да речиш: Немам доказ дека не постои Биг Фут. - и тоа да го рачунаш за доказ дека постои.
Exactly. А ти немаш доказ дека универзумот започнал сам од себе. Твојот став го темелиш на верување, не на наука. Науката не функционира така.
Мојот став е дека не знам. И го темелам на тоа дека не знам. Ова што го кажуваш, не е ништо поразлично од верувањето дека сонцето е Бог, или дека има Бог на дождот, Бог на плодноста. Она што луѓето не знаат да го објаснат, секогаш го препишуваат на некое надмоќно суштество. Ти сега, оти не знаеш што има пред првата секунда на експанзијата, го држиш како можност дека тука Бог замавнал со волшебно стапче.
Ако го темелиш на тоа дека не знаеш, тогаш не си атеист. Агностик си и делиме исто мислење. Атеистите го темелат својот став на верување дека Бог не постои, иако немаат научни докази дека универзумот започнал од ништо, сам од себе, според нивното верување. Што кога ќе видиш не е ништо логички поразлично од твојот пример за магичното стапче.
Но,не значи дека не сочувствувам и дека тебе повеќе те боли. Ужасните нешта се случуваат поради човековата природа,а Библијата,како и реалноста го потврдуваат тоа. Човекот не еволуира...ист е и вчера и денес за жал. Бог е љубов,вистина и правда...добри и лоши се луѓето,но никој апсолутно.
Види сега, јас нема да се превртувам газ преку глава за да ти покажам очигледно нешто - дека атеизмот по дефиниција е отсуство од верување и е дифолтен, пасивен став. Да не веруваш во нешто не може да биде активен став. И ти си атеист во однос на flying spaghetti monster иако не е докажано дека не постои. Ама ете кога се работи за креатор ти се држиш ко слеп за стап до *незнаењето* бидејќи ти е помистична целата работа, а за истата логика се работи. Нема дополнителни верувања во атеизмот, само отсуство на креационизам. Не сум направила јас никакво тврдење за почетокот на универзумот како Хокинг па да го докажувам. Само активни тврдења бараат докази. Ова се нарекува Hitchens' Razor. Атеизмот не е активно тврдење, ама гледам дека ти сакаш така да го восприемаш за да се ставиш во средина како по enlightened. Затоа кажав дека не ми се допаѓа од каде ти произлегува муабетов. Се сведува на holier than thou, а тоа е непожелно во секоја дебата.
Um...не ќе да е така според учењето на религијата која ја исповедаш. Марко 10:18 Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар! Производителот пуштил во оптек фаличен производ Се во истиот круг се вртите, јавете ми во соодветна тема кога ќе излезете од него.
Да и? Можат атеистите да докажат дека не замавнал? Тоа е целата поента на агностизмот. А ја уште не знам дали сме во вистинската тема ама добро. Ај сеа во пасив-агресив стајл да шејмуваме некој за имање поразлични верувања и ставови што не се совпаѓаат во потполност со нашите кога губиме аргументи ако не.Само пиши изиграваш holier than though и готово завршена дебата.
Извини, практукување = верување? Пошто сум била и практикант, и верник.Ова се - пред да преќинам да вервам се разбира. Атеизам не ни ми бил концепт и само ради то транзицијата кон неверник ја доживеав тешко. Претешко. Во спротивно, ситуацијата шо ја опиша, точно 1 чоек знам шо претходно бил атеист, па провервал. А, сите атеисти шо ги знам претходно во најмала рака површно се интересирале во религија, а многу од нив и поќе од површно. И натаму, не сфаќам како е ова релевантно. Еве ме интересира, оти практикување христијанската вера пред да станиме неверници? А ислам? А будизам? You name it. Оти по та логика, си ги пробала сите религии за да се одлучиш на една? Или, зошто воопшто да проба да практикува за да „смеј“ да одлучи да не верва? Толкав ... dare I say, „грев“ е да не верваш? Не барам одговор, реторичко е се.
Грешиш. Атеизам е неверување во бог(ови). Небитно дали знае или не. Никако ама баш во ниедна дефиниција не е верување во непостоење. Тоа е глупост. Агностицизмот нема врска со верување. Има врска со знаењето или тврдењето за знаење (Гностицизам/Агностицизам). Тие не се взаемно исклучиви, така да може да има теист агностик и атеист агностик.
Примеров со колбасов ти е ист како оној со самовилите. Да не се вртиме во круг, веќе ти ја објаснив разликата. За атеизмот повторно имаш погрешна слика, објаснив зошто не е пасивно тврдење, туку е тврдење кое се заснова на верување, а не на научни факти. Во глобала атеизмот се дели на две струи: - Позитивен атеизам: Го отфрла секое тврдење на постоење на креатор. - Негативен атеизам, наречен и мек стеизам: Го отфрла тврдењето за постоење на креатор, но не може експлицитно да тврди дека не постои. Овие вториве се амбивалентни и најчесто делат заеднички црти со агностиците, па претежно и го менуваат својот поглед од атеистички, во агностички. Така да, ако тврдиш дека Бог не постои, не може да го тврдиш тоа во пасивност како отсуство од верување, туку како не верување (disbelief). За да имаш оваков став треба да го поткрепиш со докази, кои, секако ги немаш. Значи го засноваш на верување. Пак ќе речам, можеме до бескрај да го тупиме, ама да се претставиш како атеист, а од друга страна да игнорираш факти вадејќи се на пасивност и наметнувајќи ја топката на другата страна е доказ дека немаш научно покритие за својот став. За останатиот дел воопшто не сакам да разговарам зошто ти е полн со лични навреди и лични дискредитации наместо со аргументирано дискутирање за темата. Тука повлекувам црта и не сакам да се спуштам на такво лично ниво.
Муабетов стигнa до што дошло прво, јајцето или кокошката. Да речеме дека некаков креатор го создал Биг Бенг моментот; кој го создал креаторот? А кој го создал креаторот на креаторот? Итн, итн,..
Атеизмот е неверување во бого(ви) без да може да докаже дали бог(ови) постои/јат. Целото атеистичко верување се состои во неверувањето дека нештото постои додека не се докаже дека постои. Од друга страна, теизмот е верување во постоење на нештото се додека не се докаже дека не постои. Агностицизмот не е верување, за разлика од Атеизмот. (како што потврди и ти во твојот пост). Туку е мислење базирано на научни факти за постоење или непостоење на Бог. Од каде заклучокот е дека не може да се докаже дали Бог постои, или не постои. Дали агностикот е агностик теист или агностик атеист е ирелевантно во случајов затоа што се базира на личен став заснован на верување, а не на научно покритие. (затоа пример ниту еднаш не го изнесов своето лично верување кое ме сместува како агностик атеист) Дискусијата е насочена кон атеизмот каде што: "верува дека Бог не постои, и тврди дека Бог не постои." Се останато се сведува на амбивалентен став кој е насочен кон балансот (агностицизмот) без разлика дали се наоѓа поблиску кон едниот или другиот поларитет на верување/не верување дека Бог постои.
Тука точка ништо повеќе. Верување во неверување? Што зборуваш бе момче? Тавтологија, нема Атеистичко верување. Повторно грешиш. И да им докажеш, некои пак ќе веруваат. WOOOw, hold your horses. Дури ни гностицизмот не се заснива на научни факти, од каде ли само го извади ова? А а-гностицизмот како негова спротивност (префиксот „а“) никогаш не може да се заснива на никакви докази, па научни никако. Отука сето подолу ти паѓа во вода: