1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за бришење на вашите профили од социјалните мрежи

Дискусија во 'Слободно време' започната од KittyAgnes, 27 март 2021.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Читам интересна книга - Ten Arguments For Deleting Your Social Media Accounts Right Now
    Еве ги неговите причини, се разбира проверете ја книгата за подлабоко објаснување

    1- Ја губите вашата слободна волја (Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не) Ве тера вие несвесно да направите (или помислите) некои работи со тоа што преку некаков пост, муабет или објава предизвикува внатрешни емотивни реакции (тргиери- ве чепка по вашите слаби точки а ние како луѓе универзално делиме мнг заеднички слаби точки иако скоро секој мисли дека неговите рани се посебни)
    Внатрешен немир=несвесно однесување.

    2. Бришењето на вашите профили е најдобар начин да се спротиставите на лудилото што владее во ова време. Има долго објаснување за оваа поента, но еве мал дел- шемата со која што функционираат овие медиуми ги засилува негативните емоции повеќе отколку позитивините, ова носи повеќе штета отколку корист.

    3. Социланите медиуми ве прават да се однесуваат ко селјак (asshole)
    Секој пат кога допамин нивото ќе ви скокне, дали за нечиј лајк, коментар итн итн ја засилува вашата ароганција, зависност, претерана самодоверба (најмнг ради анониманоста или доколку не си анонимен СЕПАК немаш физичко присуство со човекот кој што дискутираш) претераност, нарцисоидност итн итн...
    Внимателни сме кога ги бираме нашите пријатели и друштва? Такви треба да сме и кога ги бираме нашите технологии...

    4. Социалните медиуми немаат допирна точка со вистината..

    5. Ви ја уништуваат способната за емпатија. Содржината што допира до вас е верзија од светот која е невидлива за останатите, до толку се е costumed to you. Како ли ќе имаме емпатија кон други гледишта и разбирање за други светови кога само нашето гледиште се засилува..

    6. Социалните медиуми не ја подржуваат вашата приватност.

    7.Ве прават несреќни

    8. Тешко дека можете да имате квалитетен разговор во врска со политика.

    9. Ја убиваат вашата душа...

    10. Што и да кажете е мнг безначајно...(тука станува збор за губење на контекстот)

    Само на кратко ви објаснив, за мнг од точкиве не дадов објаснување, доколку ве интересира проверете ја книгава (или пишете ми ќе ви ја пратам)

    Јас лично немам ФБ, кога имав мнг бев несреќна.
    Инстаграмот мнг ретко го вклучувам (таму бев некој период поактивна и пак ќе кажам големи проблеми со самодовербата па сега мнг се контролирам кога го користам).
    Твитер не сум имала, и никогаш не ја посетувам оваа платформа
    На јутуб се трудам да внимавам што гледам и кого следам, но тоа не е секогаш возможно
    Само на Пинтерест сум релаксирана и среќна.
     
    На Bitter-Sweet, _beautyy_, BY<3 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Јас бев ги деактивирала профилите на фб и на инста скоро година и охо хооо. ми требаше малку детокс од нив :D имаше преееемногу корона :rofl: почнаа да ми се појавуваат по почетна многу политички видеа доле со коментари т.е препукувања меѓу етнички заедници и отидоа на деактив8) до сега немам избришано мој профил од било која ваква слична апликација, али никад се не зна... :wasntme::D
     
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Го имам деинсталиран фб профил веќе оддамна, 2-3 години можеби.
    Можам да кажам дека можам да се согласам со скоро сите од овие наведениве точки погоре.

    Генерално сум "посреќна", не се полнам со отровни коментари, не ни морав да коментирам за да се чуствувам така, дури и читајќи ги само коментарите од други. Арогантни, празни и неретко навредувачки.
    Не превртувам со очите на секое, повеќе ги сакам луѓето во реалноста.
    Кругот на луѓе коишто ги мислам или зборам, мнооогу е помал.
    Не донесувам заклучоци за луѓето преку нивните постови, кои најчесто испаѓаале негативни.
    Дури и за оние за коишто мислев позитивно во почетокот, после некое време, па посебно ако се премногу активни, ми здосадуваат и наместо како на поранешна објава да гледам позитивно јас се фаќам себеси дека превртувам со очите.

    Долго се мислев дали целосно да се исклучам само поради она чувено: ама како би била во контакт со некои далечни роднини и пријатели? Е па како? Ако сум со некој во контакт секако ќе останам на друг начин, ако не сум, па и не мора да се гледаме по слики до каде сме, ниту ме занима ниту треба да ги занима. Ете сега ниту ми некој недостига, ниту некому јас највероватно.

    Инстаграм имам и да, можам да кажам дека почнав и таму да гледам се негативно. Само реклами, фејк постови, нереалноста, глупирање за пари итн. Групирања од типот, лајкови и коментари да се поддржиме, запрати ме - ќе те запратам и јас тебе. Дури и тие што уживав да ги следам како некои хоум декор профили се променија, пораснаа малку, па секој пост реклама. Разбирам некои поголеми, посебно страни профили и живеат од тоа ама после некое време сите "губат душа" ,стандарди им се изместуваат и не се она што биле. И така еден по еден профил отследувам и накрај изгледа целосно ќе го избришам.

    Без оглед ставала нешто или не по соц. мрежи, една од големиве негативни ставки е што ми одзема(ше) време. Скролам, скролам и накрај отидоја пар саати. А за што? За да гледам туѓи мачиња, кучиња, кревети, деца, храна и сл? :D

    Имам пинтерест, тоа го отварам по потреба, ако ми треба идеја за нешто и толку.
    Осаменички прилично живеам. :D
    Колку сум постара се помалку имам и желба и време и живци за секакви глупости. :worried:
    Дури и форумов ме презаситува, тенка граница е од придобивките и штета. Може да служи како занимација, разонода, може да се напнеш, зависи како го користиш.
    Секогаш кога изгубам време си помислим ех подобро нокти да направив, нешто да прочитав, серија/филм да изгледав, колач да направев :D
     
    На Lotus Girl, Bella •••, do-re-mi и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам да деактивирам и фб и инста, но нели сепак тоа е се навика и се прашувам шо ќе праам во тоа слободно време, дали навистина ќе можам да издржам ?
    Не е дека сум зависна, но не знам дали и колку би издржала.
    Фб ми служи само за допишување со најблиските, а инста како што кажа некоја членка седам, го губам така времето за да скролам 3 саати што другите ставиле, а бенефит реално ништо.

    Па ајде некој предлог што да се прави во тоа слободно време ?
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.434
    Допаѓања:
    175.537
    Најди си реално хоби:).
     
    На Veta и Angie1432 им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Плети :D

    Учи јазици, земи некој безплатен курс.

    А за плетењето, озбилна сум. Посебно ако работиш нешто што го заморува мозокот, а не физичка работа, плетењето е пуштање мозок на паша.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Да, но со коронава мислам дека опциите ми се намалуваат...пред тоа одев во теретана, во кино, се собиравме по дома, сеа од тоа нема ништо, освен книга...не знам шо друго..
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.434
    Допаѓања:
    175.537
    Toa не е хоби. Ти пишала Анѓа погоре што е хоби. Само би дополнила, ако работиш психичка работа, физичко хоби би било подобро. Секогаш би одбрала трчање место теретана.
    А денес на пример ќе пробам да посадам грав:D. Баш да видиме дали нешто ќе биде.
     
    На DAngel и kolovoz им се допаѓа ова.
  9. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    Можеп фб да го деактивираш пробно а месенџерот да го оставиш за допишување така направив ја... :)
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.317
    Пол:
    Женски
    Профилот на фб го деактивирав пред една година можеби и повеќе.
    Па не сум била по раат мислам бе луѓе.
    Само некој глупости читав,политика,препукувања,кавги,навреди..
    Па за време на коронава многу мие мило што немав фб,да читам само такви работи.
     
    На tinka-mace, Veta и AriLangdon им се допаѓа ова.
  11. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Same here. And best decision ever. Сметам дека никогаш не сум била зависна од платформи како ФБ, Инстаграм, Твитер итн., но многу подобро се чувствувам кога не ги употребувам. Мене лично сето тоа скролање, лајкување на ФБ ми е губење време и трошење на позитивна енергија. Messenger користам заради комуникација иако преферирам irl средби но со корона ситуацијата сум ''принудена" да имам барем messenger. Youtube профил имам но како што реков не сум зависна. Можеби порано бев поприсутна таму со коментари но сега и баш не сум. Едноставно уживам во малите нешта, како на пример да испијам кафе во двор без да зјапам во екран. Океј, пишувам/ читам на форумов ама и тоа не е пречесто.
     
    На KittyAgnes и AriLangdon им се допаѓа ова.
  12. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Не сум избришала профил досега од никаде, ама фб веќе долго не го користам, околу 2 години веќе многу ретко ќе се приклучам, ќе се сетам зошто не го користам хахах и ке исклучам. Многу негатива, политика, посебно па со вирусот, катастрофа стана. А јас и пред тоа престанав да го користам, ми стана многу досаден.
    Инста го користам, шознам инспиративни работи има, следам страници што ме интересираат, попрво фб би го избришала отколку инста.
    Ама секогаш кога скролам гледам тоа да не премине граници за после да си велам ех изгубив време. Си имам еден лимит поставено за да не претерувам :D
     
  13. Mr.Mary

    Mr.Mary Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Ја ги бришев дека преку глава ми е овие модерниве пензионери шо ме аднуваат стално. Сите научија фејс и инста да користат, не се на работа и ко камери снимаат. Непријатно ми беше некои да ги одбијам а и веќе од кога старите ги нападнаа мрежите кај што беа само младите, ми изгуби убавината.
    Порано се сподлеуваа интересни фотки од излаз од дружби, сега мислиш секој своја реклам кампања си води, па мора се да биде тип топ на сликата, се внимава што се објавува, ептен ми стана извештачено и не ми е она што беше.
    Имам само профил кој го користам ради поврзување со колеги и толку, дека и таа комуникација се сведе на поврзување преку групи на фејс... :doh:
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Не би го бришела ниту па деактивирала, немам потреба од тоа искрено. Фб ми е супер, инста исто. На фб има доста убави работи кои што можеш да ги гледаш, а исто и групи убави, како на пример, дворчиња, да гледаш цвекиња, да споделиш исто некоја слика тамо, групи околу книги. Е сега ако нешто ми смета како околу короната, или некои политичарски работи, едноставно тоа го игнорирам, така да не ми сметаат тие работи кога се има опцијата прескокни и не гледај. Така да немам проблем со овие работи јас. А башка си имам и луге со кои си комуницирам. Според мене фб си е добар.
     
    На Hisha, Limpan и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    5.211
    Пол:
    Женски
    Деактивиран фб, користам само месенџер зашто ми треба за работа и факс. Се осеќам супер,порелаксирана сум не се напнувам, немам на што да љубоморам. Ништо и никој не ме интересира. За тие што сакам да знам кај се што се како се или да се видиме им звонам. Малку се ама доста ми се.
    Се изгубија во преводот народов. Не ми се верувало какви работи гледам или читам од луѓе. Затоа еве веќе две години мирна глава. За други социјални мрежи не можам да коментирам зашто немам.
     
    На Mr.Mary и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.679
    Допаѓања:
    265.965
    Фејс имам, не користам :D Го имам затоа што за моето хоби има групи во кои добивам совети, критики итн. Учам од нив.

    Инста имам, затоа што е медиум каде што и ги споделувам фотографиите.

    На главниот акаунт, оној што не ми е за хоби, речиси не се ни вклучувам. Ужасно ме нервираат рандом луѓе - секој пост реклама :x за некои порано сум имала добро мислење, ама откако почнаа себе, децата, кучињата да ги користат за реклама на се' и сешто, не мо-жам. Затоа и не се вклучувам таму.

    На другиот - хоби акаунт, следам луѓе што ме инспирираат, избегнувам лајк фор лајк, фолоу фор фолоу ликови, блокирам досадни "понуди за соработка" и така создавам катче со работи кои ме интересираат и инспирираат.

    Не е лесно оти премногу ги има "инфлуенсери", ама во поголем дел успевам да следам само тоа што навистина ми прија.
     
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.935
    Допаѓања:
    53.112
    Пол:
    Машки
    Не гледам причина зошто би ги избришал, не сум зависен од нив или па да ми претставуваат товар.
    Има денови кога не ми е до ништо али тогаш едноставно го ставам мобилниот на ладење и то је то.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Da da sigurno
     
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.092
    Допаѓања:
    160.918
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам причина зошто не би имала профил на социјални мрежи. Фејсбук спонтано преќинав да користам оти не ми држи внимание. Го имам оти ми треба за низа други, важни работи. Инстаграм си скролам през ден и ме релаксира. Знам да не вратам и цел ден оти не сум влегла. Имам поќе од еден профил али то е за други потреби. Од исти причини зошто имам фејсбук. И не сметам дека е лошо. Интернетот не поврзува и ни дава многу можности.

    Према првото мислење, поголем asshole бев пред социјални мрежи. Никогаш не сум била среќна така да шах мат. :D Мајтап на страна, благодарение на ова сплотеност и поврзаност сите наоѓаме место да припаѓаме негде. Сите учиме, постојано и учиме да сме потолерантни и поинклузивни. Дури и тие шо се скроз спротивни, се многу поинклузивни него да не би биле вака поврзани. И јас знам за факт дека јас немаше да сум денес ова, ако јас не растев по форуми и социјални мрежи. Такво детство имав. Немаше да знам многу од работите кои ги знам и да имав од искуствата кои ги имав. И колку и да брчам против себе, океј сум со ова верзија на мене и неќам да бев поинаква туку работам да сум поинаква во иднина. Ако избришам мрежи, нормално дека ќе се развивам во друг правец. Али во исто време ќе бидам отцепена.

    Едина причина зошто некој треба да намали, не да избриши социјални мрежи е ако е зависен па дур научи да се контролира.
     
  20. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    3.647
    Пол:
    Женски
    Имам помислувано на тоа да ѓи избришам али немам храброст, што би правела тогаш во слободното време?
    Јас буквално наутро станувам и право на нив се закачувам и овде.