Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини за бришење на вашите профили од социјалните мрежи

Дискусија во 'Слободно време' започната од KittyAgnes, 27 март 2021.

  1. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Ја избришав скоро се и многу ми е поубаво! Имам фб само за групни од школо и нов инстаграм зашо другарки само таму ми пишуваат, двете со помалку од 25 пријатели/фоловерс. Порано имав многу и на сликите добивав по 400-500 лајкови ама сфатив дека е токсично животот да ни е опседнат со тоа. Почнуваше се повеќе и повеќе да ми стамува глупо шо ме следат и следам луѓе кои во живот не сум ги видела. Сеа ми е чисто за муабет со друштво. Многу повеќе можам сеа да го посветам вниманието на читање книги и плетење отколку порано
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.979
    Имам стар фејс со 60 пријатели, ама ништо немам на профилот, го користам за читање вести и пратење акции по маркети.
    Инста користам, пред некоја година дури бев опседната, постојано скролував и гледав сториња на рендом луѓе. Всушност, сфатив дека не ги ни гледам содржините, туку автоматски само кликам по екранот да се смени следно стори и палецот сам си скролуваше. Наместо да гледам филм на раат, јас филмот го слушам, а зјапам у телефон... Наместо да работам на раат, јас работа 10 мин, 5 мин скрол... Наместо да впивам сонце и зеленило надвор, јас гледам други луѓе шо праат...
    Абе глупости. И ми пукна филм, испоизбришав 400/500 профили, задржав само пријатели и профили поврзани со уметност, култура, дизајн, медитација, итн. Направив селекција на профили со квалитетни содржини, чисто за мотивација понекогаш кога ќе скролнам. Сега навика ми стана ретко да се пуштам, со денови се дешава да не кликнам на инста.
    И општо телефонот како уред слабо го користам, претежно за вибер поради работа. И мило ми е, ем не трошам време на глупости, ем одмарам очи и врат. Едноставно ми скурчи да гледам небитни ствари од животот на за мене небитни луѓе. Башка што ретко кој е искрен и постира интересни ствари. Плус, скурчено ми е од екрани, на работа 8 саати пред пц, измеѓу телефон, дома филм/серија на тв/лаптоп. Премногу е. Заеби. Не можам мозокот и очите толку многу да ги замарам.
     
    На Regina.Phalange, INNERBEAUTY, forumce и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Кога иам за учење или ми е преку глава од сѐ, си деактивирам Инстаграм
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.315
    Пол:
    Женски
    Избришав профили од некои социјални мрежи што ми здосадија пред некоја година.

    Инста и фб само немам избришано, ни деактивирано, засега не гледам потреба од тоа. Можеби некогаш ако ептен ми здосадат. :D Само тоа користам и фемина. :D
     
    На FridaodaMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    14.908
    Пол:
    Женски
    Имам инста и фб хакнат :) иначе стариот инста што не се секавам нит кога ни како сум го направила можам некако да го избришам?
     
  6. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Фб не користам веќе 10 години, не гледам ништо корисно од него освен препукувања, црна хроника.

    Во почетокот Фб беше ок со позитивни работи, со текот на годините се претвори у платформа за бистрење политики и црни хроники, оговарања.

    Инста активно го користев пред 3/4 години, додека еден ден избришав се и пријателите ги сведив до 30/40 макс само најблиските. Го користев исклучиво по потреба т.е за информација за облека, трендови, козметика
    тоа е и до ден денес.
    Не сум зависна, ниту од соц мрежи, ниту од телефон. Наместо да седам на соц мрежи или да зборам на тел читам книга, гледам филмови едноставно одмарам мозок. И убаво ми е така
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    8.433
    Пол:
    Женски
    Никогаш, верувај, ни како дете ни сега не ми се случило да немам што да правам со слободното време.
    Баш обратно си викам како не трае подолго денот, или да не морам да спијам за да уште нешто направам..
    Од работа по дома, вежбам, правам украси за дома, креативни поклони за разни намени, сликам, цртам, читам на интернет..ете кога бев бремена дека имав слободно време одев на курс по германски јазик. Учење ново нешто е секогаш добра опција. Кога барав работа одев на бесплатен курс за барање работа :D
    Има што да се прави ехее..
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    te pravat nesreken,destruktivno deluvaat na mozokot,premnogu pedofilija i manijacenja,nesto od tipov eve ovde sme sedime,jademe i setame ,a nie sto nemame fb ili insta-zalno ,ne jademe,ne setame :D,ubavini bez socijalni mrezi e i plus ima covek privatnost
     
    На Kbr му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам поентата и не мислам ова само на тебе ама многу комплексашки ми делува болдираното, а често го слушам.
    Многу лично ги сфаќате туѓите животи, па ви влијаат на самодоверба.
    Не е тоа дека некој сака да каже дека тие што не објавуваат немаат да јадат, пијат, шетаат, туку едноставно сакаат да покажат. Дали да се има било каков контент, дали е поентата интересна фотографија од патувања, дали е чисто лабаво човек да се пофали, тоа е сосема ок.
    Мене ми е убаво на пример да видам дека некој навистина ужива во некое јадење, пиење, цвеќиња, патување, хоби, дечиња, семејства...
    Она што не го сакам е напнување, по 60 сториња или постови на ден, негативен контент, навреди, насилство.. а се што ми смета одследувам/ бришам и сл.
     
    На Kbr и La Stilla им се допаѓа ова.
  10. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    bas naprotiv,jas nikogas ne sum patela od kompleksi i sum osoba so golema samodoverba i toa me dvizi napred vo zivotot megutoa toa sto se odviva na fb i insta e to,to much,a so tugi zivoti nemam vreme da se sanimavam,a i ziveam vo okolina kade sto nekoj ne go interesira od kade si,sto si,sto pravis itn,sekoj svojata privatnost treba da si ja ostavi za sebe,jas poradi toa sto sum osoba so golema samodoverba nemam potreba da se nametnuvam po netov so izlozuvajki na moi sliki i videa od toa kako jas ziveam i kade setam i se relaksiram,toa ostanuva licno za mene
     
  11. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    i ne se doiskazav i bas od takvi so milioni storinja i sliki na den mi se zgadija ovie socijalni mrezi,bas tocno od niv i od manijacite i demnaci na net
     
  12. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Ја од 2020 до пред некој месец не знам колку пати деактивирав - активирав инстаграм, луѓе ако приметиле сигурно ми припишале некоја дијагноза :D.
    Инаку во главно деактивирав ако иам многу за учење а се приметувам дека окапувам на апликацијата.
     
    На Regina.Phalange и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  13. Kbr

    Kbr Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2020
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.589
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас да се придружам на темава, имам се избришано/деактивирано и фб и инста и дрн дрн други работи па дури и Вибер не користам од 2015 година се ми е деактив, некако ми е по раат главата, да сакам да бидам во тек со се, ама фб некако ми стана како пазар, де се караат, де овој вака така онака, а и поради работни обврски деактивирав се тоа, кој сака да ме добие има број од мене па барем гледам кој ме бара, а не вака таман на еден си вратил друг се уфрлил во муабетот, па кога ќе се распишат ихааа телефонот не прекинува, вака и помалку го користам телефонот се занимавам со други работи, со цвеќињата во двор, книгите што си ги купив да си ги прочитам, пајаците (кои нпсат пари ) да ги исчистам дома и тн... а и по голема приватност имам, еве мм има и фб и инста, слики слабо постира од нас, како што кажа една членка го користиме да видиме акции некои по маркетиве и толку...
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.611
    Допаѓања:
    79.316
    Пол:
    Женски
    Од социјални мрежи имам само Фејсбук, го оставив за да се информирам за настани, затоа што тв не гледам. Останатите ги избришав затоа што ми имаа негативно влијание, наидував на содржина што за мене беше непријатна и не сакав тоа да ме труе. Некогаш и на фб ме нервира тоа што претежно само за хроника се известува, па и за прости работи од типот се соблекла ЈК. Но, бирам што следам, прости страници и групи елиминирам. Во дискусии на Фб не се впуштам ниту па јас споделувам мислења и статуси на мој профил. Ретко објавувам било што. Непознати луѓе не додавам и не прифаќам.
     
  15. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Деактивирав фејзбук затоа што сакав да почнам нова ера во животот, да ги прекинам сите контакти што ги имав до тогаш, прво за детокс, а после за да си го пренасочам животот во нова насока. И ова многу помогна.

    Твитер затоа што не пишував туку повеќе читав, го користев како извор на дневна доза хумор, ама станува зависност и губење време.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.063
    Допаѓања:
    36.130
    Пол:
    Женски
    Еден период мислев да го избришам фб профилот, ама сфатив дека подобро е да избришам некои пријатели од таму. Така сега пријатели ми се најблиските. Немам потреба да ги имам за пријатели Митра, Стојна, Трпана само затоа што си кажуваме здраво. Ретко пишувам. Знам понекогаш да споделам нешто. Мои слики ретко објавувам. Почесто од децата. Профилот не може да ми го видат тие што не ми се пријатели.

    Имав и инстаграм, ама го избришав. Немам потреба да сум присутна на две социјални мрежи. И со скајп расчистив.
     
  17. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Јас лани те реактивирам, те деактивирам инстаграм. Најмногу бидејќи ми требаше за одредени комуникации. Моментално е деактивиран 3ти месец и полесно се дише, без него некако имам и живот и приватност. А фејзбук исчистив од луѓе и се, дури и беше деактивиран ама ми треба до јануари за една група па тогаш ќе можам да го деактивирам пак. Некако после година он и оф со инста луѓе ме научија и не е веќе проблем да збориме на вибер и ватсап, или директно да ми пишат порака или да ѕвонат. Ама ми се свиѓаат примерите на чистење инста малце, од 400 да станат 30. Тоа може да ми реши проблем и нема да мора други да ми даваат инфо за некои евенти и претстави во иднина.
     
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.877
    Допаѓања:
    7.479
    Пол:
    Женски
    Мене одреден период ми беше токсичен Инстаграм. Губење на време плус. Е сега некако наместив алгоритмот да ми покажува само парфеми и мода и патувања. И друго не гледам. Тргнав многу луѓе што не сум блиска.
     
  19. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Цела година живеев без социјални мрежи. Следам ептен мал број на луѓе, не гледам кој ме лајкува, сликите ми се за некој вид афирмација каква комбинација сум погодила, ама не се за да импресионирам никого. Друго, пишувам со тие кои ми се интересни. Ако ме замара некој во пораки, а нема покана за дејт бај-бај.

    Подобро binge watching да правиш, отколку да скролаш, мое скромно мислење.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    9.228
    Пол:
    Женски
    Не користам социјални мрежи за да се поврзувам со луѓе и од мала бев против ФБ. Небезбедни ми се, но пред се досадни, полно со обичен народ кој сака да биде виден. Секој како си милува, ама ништо интересно за мене.
     
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.