Причини за бришење на вашите профили од социјалните мрежи

Дискусија во 'Слободно време' започната од KittyAgnes, 27 март 2021.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    се мислев дали да отворам тема ама ќе те цитирам овде. Син ми е ист а има 12 години. Сметам дека не е во ред,не е воопшто здраво. Никако не знае како да си го исполни времето ако не е онлајн. Дома сме со кавги не сакам веќе расправии одземени му се телефоните голема е веројатноста да му се купи обичен телефон зошто типки чисто колку да знае за што се користи тел. Не знам како би "детоксицирале" дете? Јас секако немам време во денот околу 2 сати ми е screen time на телефон.
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    3.126
    Пол:
    Женски
    Немам дете но имам читано на темава за понатака кога би имала дете, мислам дека првиот чекор е да се редуцира седењето на телефон како на пример да му се каже дека има пр 2 часа во денот да седи на телефон или на компјутер што и да прави.

    Другото време да чита лектири, да се запише можеби на некој спорт, можеби да играте некои друштвени игри дома, да му се зборува дека и односот со телефонот не е најздрав и дека понатака ќе си остави свои последици (ко на пример на нас сите што си се жалиме тука на темава).

    Знам дека и внук ми вака исто се однесуваше, и кога им бевме на гости (во друг град живеат) постојано сакаше да седи на компјутер, ние го изнесувавме надвор, бевме на базен, го учевме да игра карти, ни покажуваше како црта, се запиша на спорт и на курс, и мислам дека полека полека малце се оттргна од телефонот и компјутерот со тоа. Пак ќе кажам не сум стручна ама би требало некој од овие методи да работи...
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.196
    Пол:
    Женски
    Ние им дадовме ,купивме телефони вакви и ствараат зависност.За детокс може на почеток да има интернет лимитирано 5 гига на месец со пакет што следи,дома да исклучиш рутер да нема интернет и да важи за сите во фамилија .Моментот кога ќе ти каже досадно ми е и нема што да правам ,јас викам супер ,тое е добро.Тогаш стануват креативни и ќе им текне што да прават ,можеби вториот ден и да излезат надвор и да се дружат со деца.Ако му зимаш обичен телефон,купи си прво сама бидејќи така се учи со гледање.Реалноста е дека и ние возрасни сме зависни,не пак деца.Еве 2 саата место на телефон ќе ги поминам со пријателка ќе пиеме кафе дома и во смеење и без телевизор,може музика и муабет.Ова како испробана идеја ,не дека мора вака ,бидејќи праша за ,,детокс,, на дете и пробано ми е секако.
     
    На Трагедијаупмм и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    11.003
    Имав само Фејсбук, но го избришав пред пандемијата. Немам ни Твитер (X), ни Инстаграм, ниту пак ТикТок. На Јутјуб поминувам доста време, музика, поткасти, туторијали и слично. Следам и многу наши и странски портали, политика, филм, музика, се будам и листам неколку, саат време сигурно, секојдневно. На Фемина еве веќе скоро две години. Детокс од социјални мрежи - да, али не и од други содржини, пак окапувам со саати.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.504
    Допаѓања:
    179.099
    Пол:
    Женски
    Па, јас не велам дека е во ред. Само дека е мојата реалност. Мислам дека и на друга тема имам(е) зборано за децата и онлајн просторот, опасности од предатори и зависност од социјални мрежи. Само да ме отепаш не ми текнува шо тема беше. Небитно. Поентата шо и таму ја пишав е дека јас сум растена како хронично онлајн без заштита онлајн и јас сум среќна дека сега сум функционална и дека никој не ми напрај нешто премногу лошо.

    Искрено, не мислам дека телефон шо е само за зборање е решение од социјален аспект. Шо мислам тука? Peers. Ако се дружат 10 деца и 9 имат Инстаграм, а 1 нема - то 1 ќе биди одделено и не up to date со останатите 9 и можи и дури да влијај на нивото на дружење. Дали е глупо ова? Да. Ама е реално. Лично, јас би гледала да го ограничам времето дома, постепено. Наеднаш скроз можи да донеси до фрустрација и кавга. Предлогот со ограничување на колку GB можи во месецот да користи е генијално. Не само шо ќе намали сати на телефон, ќе мора и да ги планира и да "буџетира" со тие гигабајти да му стигнат во месецот. Нешто исто ко да му дајш џепарац за цел месец и да си планира да му стигни (ова нели мора да е age appropriate, исто и ова со онлајн ограничувањето ама 12 години е супер возраст). И ако денес потроши поќе, утре мора помалку инаку нема да има доволно за до крај на месец.
     
    На bookslover, Трагедијаупмм и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  6. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    истото ми го има речено и психологот каде што одам. Не може ти на дете да му скратиш телефон кога таму му се сите другари. Плус и летно време распуст жешко кај ќе оди на +40
     
  7. Stella1111200

    Stella1111200 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    430
    Мислам дека е страшно ова со телефониве и лаптопите. Свесна сум дека е лошо и дека не треба да дремам на телефон и лаптоп по цели денови и упорно тоа не го менувам. Единствено лето не седам на телефон затоа што по 2 месеци сум во Грција и малку помирна ми е главата. Сега оваа недела се осетив дека седам ма телефон на ПЛАЖА!! каде можеш да правиш милиом други работи а да не е седење на телефон , па затоа го оставам во апартманот овие неколку дена.
    Не знам, за момент сакам фа се вратам пред 25 години кога ако те интересира нешто трчаш до трафика случајно да не ти затвори за да земеш весник, некако тогаш и пеачите и глумците беа поизразени, сега сите се деформираа и се згасна.
    Битно, детоксикација и те како е потребна, башка на се видот се оштетува и главата станува бумбар од болка.
    Исто самата на себе да се надоврзам, мислам дека пред 25 години телефоните флип-флоп на затварање и отварање, компјутерите и ТВ.беа сосема доволни за нас луѓето затоа што унапредувањето на технологијата колку добро толку и лошо донесе, ма да може да е и до нас луѓето што не знаеме за доста и не знаеме да се контролираме.
     
    На Aleks.mar и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.337
    Допаѓања:
    133.332
    Пол:
    Женски
    Завчера скоро цел ден бев надвор и само 2-3 пати погледнав во телефонот колку да проверам известувања.
    Во план сум уште некоја книга да си купам колку да скратам малку од скролањето. :D
     
  9. inception

    inception Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2020
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    816
    Пол:
    Женски
    Имам Фб и Инста. Двата ми се ставени на саат ипол дневно и после ми ги блокира. Реално многу пати не ја ни стигнам таа граница. Кога се осетам дека цел ден вртам на телефонот си се пцујам сама себе зашто не си го користам времето попродуктивно.
    За комуникација месенџер и вибер.
    Толку.
    Тик ток вечерта у 11 го инсталирав, заглавив до 3 сабајле на глупи видеа и го избришав.
     
  10. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.647
    Ништо не користам и многу се чудат кога ќе го дознаат тоа. И немам чувство дека нешто имам пропуштено.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Имам linkedin ради реда и tik tok за видевца ..друго не слабо користам и ова што имам доволно ми се viber i whats up.
     
  12. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Ова со блокирањево некаде во settings се наоѓа или е друга апликација за блокирање? Баш ми треба нешто вакво. :D