1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини зошто го сакам или мразам родниот град

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Theodora, 29 април 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Скоро се‘ почива на спротивности-или си маж или жена,или вдишуваш или издишуваш,или чекориш или стоиш во место,слобода или поредок,војна или мир,разум или емоции,она што се губи се платило со она што се поседува.
    Токму ваква контрадикторност може да е присутна и во однос на родното место-да постојат причини поради кои го обожуваме истото,но и такви кои ни пречат во врска со него.
    Јас ќе ги искажам сопствените про и контра во врска со моето доживување на Охрид,како мој роден град.

    Го сакам Охрид не само :!: поради езерото,туку поради цела раскошна природна убавина вклучувајќи ја тука и Галичица,изворите кај Св.Наум,поради тоа што уште од древни времиња бил населен од тогашни цивилизации,поради тоа што Самуиловата тврдина говори за фактот дека бил царска престолнина,а Плашоник е сведок дека бил лулка на писменоста т.е. првиот универзитет на Балканот уште од 10-ти век и затоа што Охридската Архиепископија била признаена и од Папата и затоа што има 365 цркви и манастири.
    Го сакам бидејќи земјоделските култури тука ми се највкусни,за мене лично ништо на свет не се компарира по вкус со нашето патлиџанче-домат литературно да се изразам.Го сакам вкусот на кафето дури пред мене се протега глетката на езерото.Ја сакам архитектурата во стариот дел од градот,Охридската куќа :) .Ја сакам живоста на градот за време на летниот период,културните настани кои ги има тогаш во поголемо изобилство.

    Она што не го сакам е поврзано со некои недостатоци како новите згради кои никнуваат како печурки после дожд,а се толку гротескни градби,толку неадекватно лоцирани што го силуваат сенсот за естетика.Ми пречи и што секоја градежна активност се темпира кон почетокот на летната сезона,не само што општо го парализира истата често сообраќајот,туку ми изгледа како исфорсирано демонстрирање на млада невеста на нејзините домаќински квалитети.
    Не го сакам и фактот што освен среќниците вработени во државната администрација останатата побројна маса народ нема скоро никаков годишен одмор,некои работат и 365 дена во год.без слободни денови.Скоро никој не користи годишен одмор на лето,бидејќи скоро никаде не ти го одобруваат.Понатаму кај нас има работно време до 1 или 2 часот по полноќ во трговија,што без разлика на туристичката определба на градот е претерано,бидејќи не станува збор за задоволување на потреби од кои зависи нечиј живот или смрт.Понатаму цените кои се билдаат за остварување на екстра-приход во сезона остануваат како зацементирани за нас неговите жители во текот на целата година и дефинитивно сме најскап град во поглед на храна,гардероба итн.

    Ова се само некои од причините поради кои чувствата во врска со мојот роден град се испомешани,но сепак преовладува љубовта кон него,а љубовта не се намалува ако знаеме и добронамерно да му шлапнеме некоја критика како освестувачко шамарче на предметот на нашето обожување,бидејќи секој стремеж кон подобро мора да е присутен секогаш и секаде :) .
    Дали би споделиле слични размислувања околу вашите родни места?
     
    На angelche16, Little-Mk, Anja98 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    не го мразам родниот град Скопје,има некои работи кои ми сметаат, најмногу нечистотијата, делови од градот несредени, неурбанизирани кои само што не личат на депонија, до пред некое време ми сметаа оштетените улици и тротари како и старите автобуси, но еве последно време нешто се посветија па се надевам добар дел од тоа што ми смета ќе се сведе на минимум :) .

    го сакам Скопје, тука сум родена и цел живот од детство до денес тука го поминав, колку има грди страни толку има и убави најубав дел ме плоштадот, ул.Македонија, Турска чаршија, најубавото и незаменливо Скопско кале, Матка, наше Водно од каде можам да го видам цел град на дланка, св. Пантелејмон итн. најмногу уживам кога сум на Матка посебно убави ми се оние цркви и манастири, како се убаво средени со двор, парк, црквиче милина.

    ќе има и пубави денови за Скопје, јас се надевам.
     
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Хмм, моето гратче Кавадарци...Може ли некој да не го сака? :D
    Кавадарци е топол град, полн со позитивни и насмеани луѓе. Ми нуди топлина и чувство на семејна блискост и припадност - ова се првите мисли кои ми доаѓаат кога ќе помислам на него. Но, тоа е нормално, секој го чувствува ова кон сопствениот роден град.
    Сега, малку поконкретни и реални причини за и против Кавадарци:

    Го сакам мојот град заради тоа што:
    - Одењето на кафе со другарки, дечковци и други драги личности е прилично пристапно, т.е. ефтино. Кога сум дома секој ден одам барем еднаш на кафе во кафулиња, бидејќи е ефтино и можам да си го дозволам тоа.

    - Сите другарки ми се на 5, максимум 10 минути одење пеш од мојот дом
    - Дечко ми ми е 15 минути одење оддалечен од мене :D
    - Нема гужви во градот, нема секојдневни сообраќајки и нема ЈСП :D
    - Кражбите, убиствата и други грозоморни дејствија се вистинска реткост.
    - Луѓето се поблиски, понасмеани и не се секогаш во трка со времето
    - Кавадарци го има еден од најубавите паркови во Македонија. Толку е прекрасен, што секое одење во парк претставува вистинско уживање.
    -Погледот од костурницата, која се наоѓа на врвот на паркот и од која се гледа целиот град, го одзема здивот.
    - Тука е и споменикот за 12-те ваташки деца. Местото изобилува со зеленило и е прекрасно за пикник.
    - Тука е и „портокалот“ кој е отворен 24 часа и кој е оддалечен 5 минути од дома :D
    - Реновираниот кеј на реката е прекрасен за прошетки.
    - Пет од десет најголеми компании во Македонија се токму во Кавадарци.
    Не го сакам мојот град заради тоа што:

    - Ноќниот живот е посиромашен отколку во големите градови. Сепак, не е толку оскуден.
    - Има премногу земјоделие, што мене лично ми смета (кога ме будат моите во 6 сабајле за да одиме на лозје :D )
    - Градот е мал и секој за секого знае по нешто, па на тој начин се развиваат озборувања, преувеличувања и измислици.
    - Иако постојат многу ведри, светски и добри луѓе, исто така постојат и малограѓани, ситни души кои се држат строго до традиционалноста и некои нови, свежи идеи им се безмислици, идиотски и предмет за озборување. Ако некој сака да се осамостои, да се оттргне од родителите, а тоа да биде во истиот град и причината да не е мажење, според овие луѓе тоа е знак дека нешто не е во ред во фамилијата, дека се скарани и сл.
    - Ме нервира загаденоста на градот, тоа што никој не се грижи да ги фрла отпадоците кај што им е местото.

    Ете, ова ми дојде првично на ум, па го напишав. Листите можеби не се комплетни, но тоа ми дојде прво на ум.
     
    На ivanchos, Tanjamm, Ana.Jones и 2 други им се допаѓа ова.
  4. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Моја Гевгелија :D па и добро и лошо се во ниа си има лошо е бидејки е мал град и се се дознава .Лугето се големи тречари мегу кои и јас .Го сакам поради убавото време кафулињата, фацките го градот :)
     
    На mileystar и CurlyD им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Нееее, во никој случај не го мразам мојот град. А зошто го сакам?? Е тоа да видите... :lol:
    Го сакам зашто е така малечок, топол, убав...зашто тука сум го направила првиот чекор, тука сум го кажала првиот збор. Тука некаде, низ паркот, на кејот, покрај езерото и дримот лежи моето детство, мистично се кријат детските чекори, игрите на едно мало дете, прошетките со мама и тато...
    На клупите во паркот сеуште се гледам себеси како малечкото девојче кое тука редовно, секое попладне доаѓаше и си играше со кучето, го хранеше, се бркаа...
    Го гледам дрвениот мост, пред паѓање е, но сеуште ја има онаа убавина која ја имаше кога по него трчав по сто пати на ден. Тој мост има душа. Затоа и толку многу го сакам.
    А да поминуваш на секое изграјсонце покрај пените е нешто што јас го викам привилегија за секој стружанец. И навистина е привилегија да гледаш како сонцето се издига на небото подавајки ја сзвојата глава од езерските води. Неопислива глетка.
    А да на зборувам за сончевите попладневни часови поминати во некој од кафичите на езеро, уживајки во кафе-муабетите со најмилите, убавото кафенце и глетката.
    Секое лето го чекам со душа бидејки никаде не е поубаво од разладувањето во студените води на дримот, пливање од еден до друг мост или едноставно уживање на некоја од плажите. Навистина, никаде не е поубаво.
    Малите црквички низ градот секој ден се отворени за верниците, секој ден нудат душевен мир за сечија душа, само да сакаш да ги посетиш...
    А парковите, зелени, со убави дебели сенки, створени се за одмор во долгите жешки летни денови, но и за долгиииии забави на снег во зимскиот период.
    Се е некако така совршено во мојата Струга; мила, мала, поделена на два дела со дримот, но споена во еден бисер со езерото, топла, насмеана, спремна секогаш за да ти посака добредојде.
    Но, за да ја сакаш како што ја сакам јас и за да ја сфатиш мојата љубов треба да си роден тука, да си го поминал детството тука и да си поминал поголем дел од животот тука. Но, и да ги ставиш моите розови очила и да го видиш градот со сите доблести, а мааните да ги сфатиш како дел од совршенството!
     
    На Tanjamm, Sel123, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  6. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    За мојот роден град немам зборови, бидејќи не сум го видела долги години, уште од раното детство, па не ни знам како изгледа. Сепак го сакам градот, неможам да кажам не.А причината е едноставна, таму сум родена, таму сум го земала првиот здив, таму за првпат сум ги отворила очите. :$
    А градот во кој моментално живеам веќе неколку години наназад, ми е најубавиот град на светот. Уште од самата преселба, ми се всели во срцето. Уште од првата глетка на самиот град,од самиот влез почувствував топлина и се сеќавам дека си помислив "Ова е мојот дом". Причината зошто го сакам Велес, заради сета негова убавина, но и заради роднините и луѓето што ги запознав и кои станаа дел од мене. :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Скопје- го сакам најмногу. Не можам да замислам живот надвор од него (трајно иселување). Дишам со секој дел од овој мој град. Го обожавам врелиот асфалт на лето, мирисот на липите на кеј, токму во близина на Жабарот. Ќебапчињата од Дестан, не би можела да ги најдам на ниедно друго место во светот. Спокојот кој го нуди панорамата од Водно.
    Ова е само наше Скопје тука ни е се’....- јас, навистина се пронаоѓам во текстот од оваа песна. Колку и да е мал и хаотичен овој наш град, јас го сакам со целото срце. Навикната сум да функционирам во неговиот ритам, во неговите гужви и несовршености.
    Го сакам мостот во парк, оној мост кој води кон Луна паркот.....кој тропа на секој чекор (ми недостигаат шипките на мостот, секогаш си ги лупав колениците од нив :D ). Кале- вечниот стражар над градот, Старата чаршија- толку успешно смешани култури на едно место. Па дури и сега руинираниот плоштад многу го сакам, заедно со Камениот мост.

    Ги мразам ново-никнатите згради, натрупани на еден куп. Ја мрзам Ленинова- толку многу позери на едно место хаха. Не ми се омилени ни новите споменици и владини згради кои никнаа како печурки. Ниту Маџир маало.....просто се распаѓа, нешто кое требало да се чува. Но, најмногу од се’ ме нервираат градбите кои се наречени “сивило“. Оние градени после земјотресот, со сива фасада (факултетот, НБРМ, Главната пошта). Многу тажно делуваат.

    Скопје, те сакам :inlove:
     
    На Anja98, thinkerbell, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Уф! Браво за темата :clap: -моја тема!
    Конечно на посебно место ми се укажа можност да кажам колку ја мразам МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА - никој ни чул, ни видел :geek: .
    Убаво е местото само заради тоа што е мало и мирно. Чист воздух во изобилие. Единственото и најголемото нешто што не чини е народот и простилукот што владее. На бабините деветини им се придаваат толкави значења демек религија е. Поради тоа што е мало местото и поради тоа што нема многу луѓе, сите со сите се знаат и немаат што да работат па само гледаат во туѓиот двор и оговараат кој колку не чинел. Сите жени се вработени во 2-3 конфекции и сите трачови излегуваат од таму и тоа исфилувани, направени слатки торти украсени со јаготки. Треба да пазиш што облекуваш и како одиш, со кого застануваш. Некој обавезно ќе те види и во детали на некој друг ќе му пренесе (чисто информативно). Излегуваш навечер во кафич сите буљат у тебе и те мерат од глава до пети како си се средил. Што и да направиш добро или лошо - се зборува! Не можеш да дишаш без некој да те види. Пустелија страшна, нема просперитет, не можеш да се откриеш самиот себе што си навистина. Нема никакви места... (незнам ни да се изразам од што не ми е познато :D ), да се посветиш на нешто што ќе сакаш да го работиш. И така жалнички сме си, жалнички и ќе бидеме ако останеме тука да гниеме како круши. Кој ќе се спаси, ќе зборува.
     
    На LightOFF, zhap4e, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Мојот град ..... :tmi:

    Мал ама ни намалку среден .... Единствената предност е што можеш и цел град да го свртиш без скршен денар во џебот :) :lol: Безбедност хмм.... врие од албанци од кои ретко кој има култура и се однесува како што треба :?: значи уште еден минус ... Најголемата маана т.е она што најмногу од се ми смета е МЕНТАЛИТЕТ !!! :@ Значи ваму кај мене секој се замара со секого , најголемо хоби и спорт со кој сите се рекреираат е ОЗБОРУВАЊЕТО :tmi: . Ако поминеш поинаку од сериски облечените одма вакви се :o :^) тоа толку ми сметааа а сум се нашла во ваква ситуација мал милион пати ...
    Ако се скараш со некого сите ќе дознаат ако раскинеш со дечкото такоџе |( па после ќе слушнеш некоја 8678 верзија од секоја можна ситуација значи УЖАС !!!
    Кафулиња има дискотеки какви што би требало па и не баш ....
    Нема новитети се се врти во круг и се така досадно и напорно ....
    Некогаш сакам да седнам некаде кај што никој не ме знае кај што ќе можам да дишаам на раат ама таа привлегија ретко се дешава , така да кога вака гледам апсолутно нема за што да жалам за градов мој роден ...
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Го мразам мојот град бидејќи голем број од граѓаните се неписмењаци мислам простаци, а девојките знаат само да оговараат имам чуство дека кога ке поминам низ широк сокак, на многумина цел живот им се состои од кафе-пиење и оговарање. Има многу малограѓански менталитет, многу од луѓето не работат а сакаат да се прикажат кој знае кој се иако има многу младински невладини организации врсниците не се заинтересирани за ништо повеќе од тоа што се случувало на училиште по кафичи и евентуално за жал голем број од штотуку наполнатите 18-годишници се напикани по партии и се исполитизирани максимално иако уште не знат газот да си го избришат и подалеку од Скопје не биле, сите се некако самобендисани и униформирани, полно е со луѓе што се замислуваат кои сме ние, а во текот на летото слободно можете дури рекреативно возите со велосипед до граница или во околината на градот да ги видите како копаат или наводнуваат на нива. Убаво е што во близина има Национален парк има повеќе паркови зеленило. се е блиску не користам скоро воопшто јавен сообраќај итн. Сепак кога се работи за кариера и за работа нема многу успех и најсреќна би била и покрај преголемата загденост и се е далеку и премногу јавен транспорт и секакви луѓе измешани мислам онаа западњачка гужва брзање, бука, кога би живеела во Скопје откако завршам факс бидејќи има многу поголеми шанси за успех ,за градење кариера луѓето се поиндивидуални не се знај секој со секој, секој си има свој стил никого не копира, дури и бизнисмените се посериозни поодговорни, работниците работат по западњачки терк со рокови во тимови и сл, барем во компании каде посакувам да работам.и полесно може да се замине од оваа наша од небото толку убава, ама од земјата толку проклета земја за живеење :)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Го сакам мојот роден град затоа што ми носи најубави спомени од детството поминато кај баба и дедо.
    Ми носи мириси на топли крофни, бабини колачиња, едно убаво маало, едно слепо уличе, еден интересен дијалект, мешано соседство кое живее во слога...
    Јас бев едно чукнато девојче кое како под хипноза се будеше околу 05 часот наутро за да ја слушне џамијата како пее. Ќе исслушав и пак ќе си заспиев.
    Реката беше пенлива, бурна и чиста. Не се давеше во остатоци од рѓосани машини за перење и старо железо.
    Сладоледот во прочуената Београд беше неодоливо прекрасен и се топеше толку вкусно и брзо како што поминаа тие најубави години. :(
    Се потсетувам со носталгија за сите убави кафичи, продавници, женскиот пазар, Горно маало, Чапче сокаче, црквата, Поток...
    Куќата која денес е претворена во огромна зграда, исправена како кутија ќибрит, сите новоградби кои го унаказија духот и убавината на мојот најубав град, сите лоши духови кои го пренаселија, го направија едно урбано гето, а воздухот е сив, помалку чуден и тежок за дишење.
    Тешко ми е кога мислам на мојот роден град - тоа што беше со целата своја убавина и грациозност и бледа сенка на некогашниот сјај - каков што е денес.
    :|
     
    На MarchelineAmaru, julie77 и FBI им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ги имам два - вака секогаш кажував кога ме прашуваа кој ми е родниот град. Да, родена во еден европски главен град, но растена во Скопје - и само него во срце го носам.

    А зошто го сакам? Го сакам затоа што е тоа едоставно, Скопје. Градот кој ги памти моите први чекори, првите падови, првите македонски несмасни згрешени реченици, па првите македонски беспрекорни реченици за кои добивав 5ки со пчелки на рака и во буквар, првите модрици, првиот кент до ниедно време пред зграда, првата љубов, првата модрица на газот од возење со дечкото качена на гидан.... Го сакам затоа што само Скопје нуди прекрасна тишина на зајдисонце која можам да ја пронајдам и да уживам во неа колку и да се полни улиците. Само Скопје го има Водно од каде целиот град можеш да го галиш со дланката. Само Скопје има мугри кои ми нудат смиреност и необично чуство кое ме исполнува без разлика дали ги дочекувам во пијана или во трезна состојба. Само Скопје има бука која ми е пријатна и во која можам да најдам пријатна мелодија. Само Скопје ја има старата турска чаршија која пропаѓа и воскреснува, повторно и повторно и повторно. Само Скопје мириса на пиперки, маслинки и бензин. Само во Скопје можеш да се шлаеш, да се занесуеш, да се чаталиш, па да се сопнеш со штиклите, па сите да ти удрат сеир а ти да им се насмевнеш или во краен случај да кажеш - шоебе сељак, шо се цепаш ко скината гаќа? :D

    Само Скопје буди спомени кои се живи како оган до ден денес, и само Скопје има улици, клупи, ќошиња кои чуваат слатки тајни. И само јас и тие си ги знаеме, а јас кога и да поминам покрај нив, механички ја наведнувам главата и се насмевнувам. Го сакам Чаир, Дебар маало, Маџир маало, кафеаните полни со луѓе во лето, цистерните со вода, мирисот на липите, локалните фраеришта кои играат баскет до ниедно време, манијачката тишина во лето на пладне, зајдисонцето следено од Француски гробишта, планините во околината.

    Го мразам, затоа што е валкано. Го мразам затоа што е раскопано. Го мразам затоа што е уништено, без концепт, без план. Го мразам затоа што има тенденција да наликува на нешто што нема да го сакам. Го мразам, затоа што колку што е мое толку и не е. И кога не сум во Скопје срцето ме пече со секој спомен и секогаш бројам часови до враќањето во него.

    Затоа што е едно и единствено, и тука ми е се. И само тоа има улици за моите шантрави и смотани чекори.
     
    На La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru, sinetta и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Moјот роден град е Струга и горда сум што е така.

    Зошто го сакам? Бидејќи како Струга нема друга. Нема место во кое можеш да најдеш ваков мир,ваква тишина,вакви природни убавини кои ти го релаксираат умот и те опуштаат. Бидејќи е мало градче па секој со секој се знае не можеш да поминеш низ чаршија,а барем 3 пати да не се поздравиш со некој, бидејќи тука се родени толку многу луѓе важни во македонската историја. Го сакам бидејќи има своја историја старото име Енхалон и сите приказни сите добри луѓе. Ме потсетува на детството, на првите болни солзи за кои кога ќе се присетам повторно ги чувствувам како ми навираат по образите, мајка ми и семејството, другарките и другарите, како пребрзо пораснав ме потсетува на мојот живот, да Струга е мојот живот и не би ја заменила за ништо! Ме потсетува на криш-миш(така ја викавме криенката) ,на сите игри кои ги игравме до доцните часови, ме потсетува на прекрасниот мирис на природата прекрасните цветови и растенија. Езерото тој рајски подарок, кој е толку потребен во жешките летни моменти. Реката толку прекрасна, се во Струга е толку убаво сите растенија се од мало до големо секој комарец кој сум го убила,а потоа сум зажалела :lol:

    Зошто го мразам? Па не го мразам градот ги мразам луѓето што го уништуваат. Помини покрај езеро и што да види? Сите пари перат. Кафичите до во езеро да навистина со дрва поставени до половина од езерото, па како не име срам бе! Затоа што е испошиптарен да да расправајте се колку сакате јас албанците во Мк ги викам шиптари и тоа е тоа, бидејќи сосема се различни од алабнците. Албанците не се вулгарни, расипувачки, и не се однесуваат како сељаци излезени во чаршија со лајчето од кафето или чичкалица од јадењето в уста. Коса залижана или боцки фармерки стегнати пукет! Кошулче со некои шари да ти се згади пикнати в пантолони в гаќи веќе, одат по чаршија се дерат по телефон без осет, се тепаат, пцујат ти свират, ти ждригаат в лице! :envy: Како и да е поради градоначалникот што не прави ништо ама апсолутно ништо! Поточно прави многу работи ама лоши колку македонци со факултети со се не можат работа да најдат или пак ако веќе најдат страв им е да не ја изгубат бидејќи тука градоначалникот вмешува прсти и се некои прости припрости албанки(алабанци) со средно што немаат завршено ги вработуваат страшно!

    Но како и да е Струга е мојот роден град и каде и да одам Струга пак ќе се вратам...
     
    На Tanjamm, La.Reina.Del.Sur, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас сум закоравена Скопјанка, која 19 години го запознава својот град и уште не ја завршила својата мисија. Зошто го сакам Скопје а? Го сакам затоа што има милион луѓе од кои некои се совршени за шмекање а од некои не можеш да побегнеш. Го сакам заради парк и атмосферата во лето таму кога цела младина заедно се опива. Дополнително го сакам заради тоа што има баби и дедовци кои се сеќаваат на старо Скопје и секогаш се подготвени да ти раскажат некоја приказна плус (тука би ги спомнала боемите, скопските Казанови :) ) Го сакам затоа што е и голем и мал, ем секаде можеш да стигнеш пешки, ем ти треба некаков превоз. Го сакам заради кеј, како е фино да се шеташ покрај Вардар, на ролери, на точак, на патики, сам или во друштво и да луфтираш мисли. Само во Скопје можеш да го доживееш моментот кога во 7 саат сабајле, млади се трезнат по Партизанска, баби одат на пазар, а бизнисменки одат на работа. Го обожавам Скопје, а посебно моето маало заради маалските приказни и клупи и паркчиња, дење мета на старите, ноќе мета на младите. Убедена сум дека ќе го напуштам Скопје и ќе работам во странство. И искрено со нетрпение го чекам тоа време. Ама уште повеќе го чекам времето кога ќе се вратам во Скопје, за да си остарам.

    Е не го сакам Скопје само заради една работа: затоа што на моменти не останува свое туку пробува да биде сечие

    Ајде сега Скопјенце, спиј ми мирно вечер, утре имаш многу работа.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Како Струга, навистина нема друга. Само тука има зошто да сакаш и зошто да мразиш, а го нема на друго место.

    Мразам:
    - малограѓанство. Да се гушнеш со братучед, а да не го знаат сите како таков, ке го направат женет човек со кој ти имаш тајна врска. |(
    - се зборува се и за секого, се игра расипан телефон, за на крај од муабетче, муабетиште да стане, па да те зацрни муабетчето пред цел град. |( Како пренесување и проширување на муабетите, на луѓево леб да ке им донесе.
    - што не можам да поминам по улица, а да не ми застане или свирне некој од друга националност со автомобил, па цревата да ми се превртат. :|
    - што мојот град не е тоа што беше, зашто Рамковниот договор тотално го поремети.
    - што не можам да си најдам работа, зашто сум македонка.
    - што цел град со билдери се наполна, од оние ептен јакине, што не ги собира во врата, па мора бочно да се движат. |(

    Сакам:
    - езеро кое по сила на поголемите, е именувано со нивно име, ама нејсе, си знаеме меѓу нас како треба да се вика. :wasntme:
    - река, каква што никаде нема, ем чиста, ем убава. Ем уникатна.
    - чиста вода за пиење, како што во никој друг град нема.
    - јагула, наша си е, Црнодримовска. Античкото име на градот е Енхалон, од старо грчкиот збор што во превод значи јагула.
    - чист воздух, ти се чини на планина дека си.
    - убаво кафе покрај езеро и река истовреме, прекрасно зајдисонце со топло ветерче.
    - што народот е доволно питом, да не би правел селекција на дојденците.
    - кога ке слушнам едно Шо прајш? наместо Здраво па знам дека сум дома.
    - еден убав Парк на поезијата, кој ми навира спомени на првата љубов.
    - убави плажи, кои ми навираат спомени на втората љубов :wasntme:
    - Струшките вечери на поезијата, по кои лудував како детенце, да ги слушам различните јазици, па во позадина сама “преведував“ :tmi:
    - Природонаучен музеј „Др. Никола Незлобински“, во кој сите другарчиња кои ми доаѓаа на гости ги носев.
    - Браќата Миладиновци. Наши си се. :!:
    - Спомен домот на Браќата Миладиновци, подигнат во знак на благодарност на Димитар и Константин Миладинови.
    - Владо Малески, творецот на македонската химна. :bow:
    - Вангел Коџоман. Имам слика негова дома и се гордеам со тоа.[​IMG]

    - си го имаме “Караорман“. [​IMG] Јес да е трета лига, ама си го сакам пак.
    - пливање, ватерполо, и ред други водени спортови. Си имаме услови бе.
    - Наум Петрески. Ами што да ви кажам друго? [​IMG]

    - браќата Мојсоски. [​IMG]

    - итн...
    - и најважното, сите вие си ја имате струшка Мерлин, заради која сите ке ја сакате Струга. [​IMG] Најубавото за на крај, нели?

    http://www.youtube.com/watch?v=8FZZNw-q5AA
     
    На macysh, La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru и 11 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Скопје е мој град, ахам, а јас сум неговА :$

    Го мразам колку што и го сакам и го сакам, бидејќи и го мразам.
    Сосема е едноставно. Всушност, поедноставно од тоа и не може да биде :wasntme:.

    Шкуп :party: !
    Welcome in the градот на шмизлите, скопските п*дерчиња, пардон фраерчиња, леваци и десњаци, Вардар и Кинески ѕидови, шопингаши, со безброј шопинг мол-ови, Зелено пазарче и Бит пазар, Чаршија и Македонија, улици со дупки, тротоари со нац’цкани коли, паркинзи без влез, а богами и излез, смет и ѓубриња по тревници и кафиЌи, дискотеки.
    Бујрум на тазе споменици, архитектонски козметички шљаканици, улици со бубуЉици, просто тука има се’ за секој и ништо за понекој. :geek: И, што ќе биде?!?
    И, како да не го сакаш ајде кажи ми! Хаос, нечистотија, безредие. Мириса просто на ммм... Скопје :music: :dance: !!!
    Неодамна повторно ја открив Чаршијата и мислам дека од тој ден и се препородив во градов и почнав да го засакувам по стоти пат. Токму таа е нештото што му дава живот на овој град и нити Кеј, нити Дебар маалските кафичи и кремовските шопови можат да и парираат, на оваа прекрасна старудија, која штикла и не трпи многу. Пак и јас не сум некоја штиклаџика девојка во деновите, во кои сакам да се изгубам во градов. Штикла?!? Штикла шеташ на Македонија, а Македонија ти е милина зиме, милина лете и уште помилина пролет кога ќе расцутат тие розеникави черешиња од дрвца, или есен, кога фрчат од сите страни портокалово-жолтеникави лисја. Штикла ти е и за на Кеј. Ако сакаш покрај Вардар во галама да испиеш еден тутун и да измуабетиш едно кафе, бујрум, со мене. Јас сум испано-љубовџик, па шпанскиот ресторан можеме да го посетиме и да замезиме една салата како за нас. Шеф би?!? Да, да штиклите можеш и до Кај мајка ти и татко ти да ги прошеташ не е проблем. Еј, не те пцујам верувај ми не сум јас од тој сој. лИлеј :wasntme: , шо ќе беше љутење. Спомениците?!? Им се радувам на сите до еден, вклучително и оние занесни градби што никнуваат од кај браќата преку Вардар, богами да. Признавам ги сакам. Пак, пред нив, само штурци по градов, штуротија комуњарска :lol: заостаната од времето на „друже Тито ми ти се кунемо“. Ама и ги пЉукам истите споменици, заради потрошените пари, пак и заради оној зелениш на нив, што се појави после првиот дожд откако ги наредија.
    Си го сакам маалово, си го сакам Бисерон за дневно кафе, пак и Кам-он од зад зграда и продавничено, кај шо си пазарам пипер, патлиџан, марулка, што да е зеленчук да е. Како и да не го сакам побогу. Та ова е градот во кој тате го возел првото му количе, да. Фиќото! А, фиќото мене ме порасна, па само во него си спиев.
    Овој град еднаш и го напуштив и тогаш и сфатив дека го сакам, иако му доаѓав често на гости и иако замислував и размислувам да го напуштам повторно, просто да го трампам за некој поголем, посериозен хаос. Ама, јас и тогаш ќе си го сакам и ќе си продолжам да си го мразам и ќе си го плукам, затоа што и кога го плукам го љубам и кога го љубам го плукам. Ах, Шкуп брате, што би јас без тебе. Ти знам, ќе си продолжиш и без мене, но дур ме има да те изљубам и изругам до бескрај, па после „па шта буде нека буде“.
     
    На MarchelineAmaru, ph.orhideja, anastasija85 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Го сакам Охрид затоа што е прекрасен. Излегувам во недела, половина час пешки - и во планина сум, го гледам одгоре спрострен до езерото, мирен, тивок и прекрасен. Го сакам мирисот на езерото во зима, пролет и есен, а во лето уште повеќе. Го сакам стариот дел на градот, а најмногу од се’ го сакам Канео. Таму се чувствува толкав мир кога нема други луѓе, што не можам да најдам зборови за да го опишам, невозможно е. Седнувам на Кукуле ( :lol: ), дишам и едноставно се восхитувам.
    Го сакам затоа што овде можеш да бидеш обичен и природен, да излезеш на кафе без премногу да се дотеруваш, да седнеш во омиленото кафуле и да си го пиеш кафето со саати низ добар муабет со другарката со која си разменуваш книги.

    Убав е Охрид, но ние не сме во ред. И најубавото знаеме да го уништиме. Овие кичерајски жолто-портокалови-црвено-плаво-зелени згради ме тераат на :puke:
    Улиците се дупка до дупка, ако пробаш да избегнеш една ќе пропаднеш во поголема. Ми смета алчноста на граѓаните, ми смета скапотијата и ме болат очиве од оние главни градски фаци што мислат дека се големи луѓе а се типични сељаци во душа |(
    Ми смета непотизмот и врските кои се бараат за да се вработиш - тоа ми го прави живеењето овде неподносливо.
    Ми пречи што луѓево премногу се занимаваат со туѓи работи и ми кажуваат која кому му била швалерка и обратно - оговараат луѓе што не ги ни познавам и не ме интересираат.
    Ми пречи гужвата што трае некои 20 дена во лето, ама од друга страна да не беше таа сезона ќе пропадневме скроз - половина град живее цела година од парите што ќе ги заработи тогаш.

    Најмногу од се’ ми пречи што и покрај тоа што се смета за град на уметноста - ни У од уметност. Изложба два пати годишно, ако сакаш да гледаш филм во кино треба да се помириш со фактот дека ќе се вратиш болен оттаму, театар имаме само за Охридско лето, исто така и концерти, а балет и опера речиси никогаш. Библиотеката е за жалење и плачење.
    Нема со што да се забавуваш. Нема куглана, нема можност да гледаш интересни спортски натпревари, нема Paint Fight, нема ништо. Мора да се задоволиш само со убавата природа и тоа да го правиш за викенд. Друга забава нема, освен ноќни клубови и дискотеки, но тоа не ме привлекува.

    Дали би живеела на друго место? ДА. Охрид е прекрасен град во кој можеш да дојдеш на месец-два и да му се восхитуваш. Охрид е убав за одмор и за пензионери. Јас би живеела во град со голем музеј и многу повеќе можности за забава и културна храна.
     
    На do-re-mi, La.Reina.Del.Sur, L-enna и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Точно е Ливинг тоа дека некоја посебна уметничка понуда во Охрид нема,сепак самото постоење на Охридско лето,фестивали има додуше неколку,а последниве години имавме и некои позвучни имиња од светската музичка сцена,е сега цените се хај вообичаено,понекоја ликовна изложба одвреме-навреме,оскуден репертоар на театарски претстави,раритет на изложби на уметничка фотографија,пак си велам е подобро од сосема ништо да нема,макар што ова е под ниво на задоволеност на потребите-кај оној кој ги има(ама искрено да си признаеме нема баш некој преголем интерес кај најголемиот дел од месното население за уметничка надоградба,кога повеќето немаат елементарни познавања).Пример јас одвај го чекам летото од тезгите за книги да купам тазе примероци по поднамалени цени,си велам да не сме туристички град и тоа ќе ми беше скратено.А библиотеката ни е што да зборувам ако книгата е во 5 тома тие го имаат само вториот и четвртиот,па сега ти види :^) .

    Туку да си кажам што ми падна денес на памет.На „Гоце Делчев„ порано имаше калдрма,улицава значи се движи паралелно со „Туристичка„ ова колку за визуелизација за нерезиденти,ама е покуса и потесна нели од оваа,слично на „Илинденска„ во однос на „Партизанска„ во Скопје.И ја извадија калдрмата,не ми се веруваше,ја заменија со обичен асфалт.Сум читала како калдрмата се прередува после извесн период т.е.коцките се редат на друга страна,па така може да трае многу долго,ама наместо тоа на овие од градскава управа им се виде асфалтирањето како поедноставно решение.Калдрмата ми беше специфика на улицата,ми вдахнуваше здив на традиција,разлеваше спомени од некое минато време,ја уништија цела илузија која ја имав со вообичаено сивило.

    Во однос на малограѓанството,озборувањето и министрите за туѓи грижи-секако дека ги има,ама не им придавам премногу значење,сум се изјаснала на повеќе теми досега во врска со ова-сите такви од улога на (квази)сожалувачи утре ќе станат (квази)сожалувани,бидејќи ќе му ја украдам мислата на С.Попов - Господ си прави скали од луѓе, ;) .
     
    На La.Reina.Del.Sur, MarchelineAmaru, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ^^^ Калдрмата ах, тоа е нештото што и на мене лично ми недостига во Скопје. На пример, Камениот мост, та реновиран, тој на се личи само на Камен мост не личи. Поскоро би го нарекла Бетонски мост, отколку камен, не гледам ништо убаво во тоа бело чудо. Се фино од страна го измазнија, го дотераа, но побогу калдрма требаше да има, калдрмата треба да си остане на местата кои беа препознатливи по неа. Тоа исто како коцките од Чаршија да ги извадат и да ја фино измазнат, асфалтираат цела Турска чаршија. На што ќе личи. Едно нешто им завидувам во тој однос на Бугарите. Доколку сте шетале низ Софија и сте заприметиле една жолтеникава калдрма... е тоа е тоа, со што би се гордеела во градот. Само погледнете ја каква милина е и распрашајте се колку време стои таа калдрма таква каква што е. Но, ние сме за брзи и неефикасни решенија, за кои ќе дадеме ко божем многу пари, а всушност дале малку пари, остатокот се испрани :). Тоа е машината за перење ни е стара па кога ја вклучуваат ни ги грицка гратчињава.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај Охридско лето да си кажам уште нешто што го мразам.
    Си купувам карта за отварање со парите што сум ги заштедила за фармерки - и таму гледам пола град со гратиси, дошле за да прават муабет и да им пречат на тие што сакаат да слушаат. Па уште: "Купи карта? :o Абе што не кажа ќе ти набавев гратис, во општина им даваа на вработените" :fubar:
    Одам на претстава - салата уште не беше полна затоа што дојдов навреме и редарките ми велат не не можеш да седиш во трет ред, седи поназад, првите три се резервирани. За да видам како доаѓаат девојки од моја генерација - ќерки на доктори што влегуваат со гратис. Не уметници, не важни личности. Што се тие повеќе од мене?!?!?

    Смрт за гратисите на Охридско лето!
    Намалете цени за да можат да купат карти сите што навистина сакаат да присуствуваат, а не да збирате некултурен народ за да полните сали.
    Немате претстава со колкав револт го пишувам ова, рана на срце ми е. Не ми е криво што плаќам карти - не би зела гратис затоа што е потценување за уметниците, мене ми е криво што се расипува атмосферата од луѓе што не знаат кај дошле и зошто - некој им дал гратис па да не пропадне, ќе не’ види народот. :worried:
     
    На MarchelineAmaru, Annath, Phyramide и 6 други им се допаѓа ова.