1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини зошто го сакам или мразам родниот град

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Theodora, 29 април 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Чујте и почујте :party: !
    За Скопјево разберете!
    Офицерскиот дом, проклетството и детето заковано во темелите;
    првиот претскажувач на судбината на скУпјани;
    првите црвени светулки;
    за Дудинка и тајфата „први скопски дами“ :makeup: ... мхм, мхм, побогу не, сопругите на главушите во земјава, јок..

    Туку, ах, ти Скопјенце ^_^ , перверзијо една, мхм, мхм...

    :smoke: Пуканките од вас, филмчето од нас... за малолетници влез забранет :!: !!!

    http://www.youtube.com/watch?v=JXLBLp5SACc

    штета, не можев пооделно секоја од приказниве да ја најдам, или онаа за првите фреари во градот, за корзото, шмекањето и фиќовците :)
     
    На MarchelineAmaru, Phyramide и FBI им се допаѓа ова.
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мојот роден град многу го сакам, заради чистиот планински воздух најмногу. Супер е да си седнеш во паркче во било кое време од денот да ја слушаш реката. Нема врволица од автомобили, нема ред во продавница, нема такси со урнебесна цена, се возиш до кај сакаш за 50-60 денари. Е сега лошо е што ќе завршиш факултет како и 90% од останатата младина, а работни места на прсти се бројат, па колку и да си го сакаш градот, без средства за егзистенција, принуден си да заминеш во џунглата наречена Скопје.
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Си го сакам градот затоа што:
    -каде и да тргнам да одам, за 20 мин. најкасно сум стигната (пешки)
    -не можеш да направиш утка кога фаќаш дечко/се мажиш-веднаш добиваш информации за него од најблиските роднини и комшии, од тоа што имаат за ручек во недела, до дали има бенка на половиот орган...
    -можеш да бидеш излезена до 4 саат сабајле и да се вратиш сама дома без страв дека нешто ќе ти се случи...
    -со 70 ден. можеш да се напиеш кафе и сок во било кој кафиќ...

    Сеуште не го мразам, ќе го напуштам но знам дека ќе ми недостига...
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас го сакам Велес, затоа што тука сум родена, тука сум го поминала детството и се гордеам што сум од Велес, затоа што е град со традиција и историја, лулка на културата и ументноста. Градот не го мразам, народот ме иритира, затоа што не цени тоа што ни е оставено и не го негува истото. Затоа што се сеирџии, од влакно прават јаже. Има една велешка, кој има доаѓано во Велес сигурно ќе се сети. "Ако прднеш кај Трговски, кај Јаворот дознаваат дека си се посрал :D " И така си е. Ама сум научила да живеам и со тоа и сум се помирила на некој начин. Ние Велешани сме посебен народ 8) Колку и да ме иритира велешкиот синдром, сепак се насмевнувам и си помислувам "Јебига, тоа е...Велес" :)
     
    На SmilerGirl, MarchelineAmaru, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Можеби ова што ќе го напишам не е за темава, повеќе е за Скопје 2014,но тука решив да го сместам.

    Сите ги знаете чешмичките,т.е. малите фонтанички за вода во Градскиот Парк,таму каде што сме пиеле вода,кога сме шетале како деца со родителите во парк,каде и јас на моите деца им ги мијам рацете од шеќерен памук и ги поткревав кога беа помали да се напијат вода.Ги имаше неколку насекаде во паркот.

    Е сега тие истите се заменети со архитектонски идејни решенија ,некои нови кривулести,незнам како да ги наречам ,модерни фонтани за вода.

    Јас гласам за тие старите,истата таква имаше и пред Чичко Стоилко,ама и таа верувам дека е тргната(не сум сигурна).заради Портата.
    Ми беа сведоци на некое убаво време,време на мојата младост.
    Скопје го сакам најмногу,посебно таа љубов ја чувствувам кога доаѓам од некаде надвор,тогаш знам дека навистина многу ми фалело,па макар била и во најубавите градови во светот.
     
    На zhap4e, Phyramide и lolyta777 им се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Го сакам мојот град затоа што овде сум родена!
    Го сакам мојот град затоа што е чист, затоа што имаме прекрасна река, затоа што има каде да пешачам во природа, затоа што повеќето се познаваме и затоа што има прекрасна кафе шема ;)
    Го мразам зошто има многу билдери (т.е. рекетари :lol: ), затоа што нема работа
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Maca Love темава не е Скопје вс. Провинција. Една таква имавме и лошо заврши.

    Пренасочи ја својата омраза кон Скопје евентуално скопјани и своите офф топик мислења на нешто друго. Пополни си го постот поарно со љубовта кон твојот роден град, кој и да е, поубаво и попријатно ќе се чита а и ние ќе дознаеме нешто интересно.
    Не сум модератор, но искрено малце ми е преку таквото од мрчење и мрчаторски ставови насекаде. Се надевам дека ќе се сложиме дека поубаво е да се дискутира за нешто убаво, отколку за нешто што ќе не тера да се нервираме и негативно да се изразуваме.
    И јас не го сакам ете Велес на пример, па не го потенцирам тоа насекаде. Впрочем, воопшто никаде не го ни спомнувам.
    Ајде бре да сееме љубов а не само омраза ;)

    Орхидеја, ожеднев после твојот пост и се натажив.

    Да, го сакам Скопје заради чешмите во лето. Почнуваш да пиеш, со нозете на еден метар од нив за да не ти се наполнат чевличињата со вода, и пиеш ко камила.
    Уште поубав и најубав спомен е тој, кога татко ми ќе ме кренеше нежно на раце, небаре сум Супермен, и пиев од чешмата. Сигурна во неговите раце, бидејќи во рацете на тато не можеше никогаш ништо да ми се случи.
    Ќе ме погледнеше и ќе ме прашаше. Доволно? Со мокро задоволно усте, ќе му речев - да, и одевме понатаму.
    Ете зошто го сакам Скопје, затоа што мојот град е споен со спомени кои ми ја греат душата, over and over again.
     
    На do-re-mi, MarchelineAmaru, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Го мразам Скопје затоа што е полно со нафурани копилиња.
    Го сакам зоштоо...веројатно само зошто повеќето луѓе од моето семејство е во Скопје. :^)
    Го мразам зошто е преполно семафори ,буквално на секој метар.
    Го сакам затоа што има поголем избор,во секоја смисла.
    Го мразам затоа што цените се напукани до немај каде.

    И тако даље,ме мрзи да пишувам.
     
  9. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Паланка.

    Со гужва или бучен сообраќај не си имаме проблеми. Зеленило на секоја страна. Нема големо загадување од фабрики и сл. Мало градче, ама па од се по нешто си имаме. Градски базент, преубав манастир, по некој голем бутик, голем маркет.. Знаеш што каде е, и веднаш си го наоѓаш.
    Во паркот се организира Летно Кино. Пуштаат филмови, постари, но вредат да се погледнат.
    Исто така отворија шанк. Си седиш како во кафич, во зеленило и покрај река. Преубаво!

    Народот. Значи единствената лоша особина да живееш во мал град. Сите шушкаат, сите зборат зад грб.
    Немаат друга работа. Ако те видат со другар или братучед, ќе се мажиш со него бе! :lol:
    Па сега за сега ова ми е најголема причина што ме спречува целосно да го сакам родниот град.

    Заборавив да кажам дека уште повеќе ќе уживам во градот, бидејќи се градат тениско игралиште и спортска сала.
    Браво за проектот, кога изградија зграда. Ќе се дават станови на тие што примаат социјална помош.
    :clap:
     
    На DarkRose, Hopeful и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Охридче :l:

    Кој не го сака, па и јас да немам причини за тоа? :lol:

    Сериозно, најмногу си го сакам градот затоа што во последнава година го гледам еднаш месечно, заедно со милите кои ми значат, а таму живеат.
    Го сакам поради езерото кога е мирно и кога е разбранувано, па дури и кога Скопјанишчана :lol: сакет со лајца да ни го исркет. Тоа езеро така желно да се плиснам во него и да ме помилува со бранче нежно.
    Го сакам поради автентичната архитектура во стариот му дел, поради љубопитните Варошанки кои се бесат по прозорци, секако од љубопитност.
    Го сакам поради дувлото ми, кое ме крие од гореспоменативе погледи и од разно-разни досадни муабети и оговарања кои ги носи секое мало место.
    Да, Охрид е мало место, да се разбереме. Никакви проширувања не прифаќаме и поарно е така. И го сакам поради тоа. Го сакам бидејќи кај и да тргнам, за 10-15 минути сум таму. Пеш. Мало место во кое колку-толку постои блискост меѓу луѓето... Место каде можам да споделам неколку кафиња дневно, а не денот да ми отиде само од едно. Место каде нема простор за брзање, каде животот тече бавно, мирно и убаво, без гужви (летото е исклучок).
    Го сакам поради пријатната клима, колку толку. Немаме ние изгор лето и кочан зима. Бар не во екстремности.

    Зошто го мразам?
    А кој рече дека го мразам?

    Па... го мразам само кога треба да го напуштам, затоа што не можам да го носам со себе освен во срцево.
     
    На L-enna, MarchelineAmaru, La.Reina.Del.Sur и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Признавам заљубена сум. И му признав еднаш одамна, денес му повторив да не заборави случајно. Толку е убав. Нема поубав. Има две преубави раце цврсти, големи и секој ден ме гушка со нив силно за да не му избегам. Не спие...Никогаш за да можи да ме чува и да ме заштити. Ете толку ме сака и ајде кажете како да не го сакам. Има многу пријатели околу 100000 ми се чини. Некои од нив го сакаат, некои па се толку дволични и лицемерни и го мразат, а сепак го искористуваат секој ден газат по него, а ТОЈ ги трпи и ги сака. Чудо е. А јас...и јас ги сакам...Тоа е нешто што мораш да го правиш кога си во долга врска проследена со длабока, вечна љубов- да го прифатиш онаков каков што е со сите негови мани. И го прифаќам. Сакам се во врска со него па дури и неговите лицемерни пријатели. Ви велам вечна е оваа љубов трае и трае и никогаш нема да заврши. Никогаш не вели никогаш АМА ете се дрзнувам да речам НИКОГАШ нема да заврши !! Знаете ли зошто сум толку сигурна ? Затоа што не можам без него. Досега во мојот живот најмногу сум издржала без него 10 дена. И тешко ми беше. Претешко. А кога ќе се вратам...ех...ми се смее со таа негова најубава насмевка, а јас му возвраќам. Тоа е една од оние најискрени насмевки полни со љубов, знак на чиста среќа. Има крупни зелени очи. Кој може да му одолее на зелените очи ? Никој. Јас не можам. Пелистер. Баба. Секаде ме следат. Од сите страни каде и да сум, што и да правам тие ме гледат онака грижливо, нежно, заљубено. Се топам бе, се топам !! И да се чувствувам како заљубена тинејџерка и тоа никогаш нема да се промени. Денес го пуштив да ме допира, да да, водевме љубов. Ништо поубаво. Да ми верувате. Да дојдите за да го почувствувате...нешто што не смее да се пропушти. ГО САКАМ ! Лудо го сакам !! ГО обожавам. И НЕ МОЖАМ БЕЗ НЕГО !! :d: За него !! За МОЈОТ ГРАД !! :d: :l:
     
    На Trendafilka, baby-star, MarchelineAmaru и 7 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    го сакам бидејки:
    -секаде стигнувам за најмногу 20 минути, пешки.
    -е еден од најтоплите градови во Македонија.
    -нема гужва, има само 2 семафора.
    -секој со секој се знае

    го мразам бидејки:
    -лугето многу озборуваат и вадат муабети, во крвта ни е. :@
     
  13. avriill

    avriill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    хахаха дојди во Прилеп, па ќе видиш озборување што е!
    Иначе Прилеп многу си го сакам, поради многу работи:
    -роден град ми е. :D
    -сите пријатели и роднини (освен вујко ми) живеат во Прилеп
    -има убави места за одмор, кафичи за излегување
    -не е многу чист, ама спрема Скопје...
    -Христијан Тодороски наш си е. 8)
    -има и др.работи поради кои го сакам.

    Го мразам:
    -ах тие озборувања.. :worried: :sweat:
    -поради глупата фонтана на сред плоштад. Ко некој струп стој..
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Секој ден патувам за на факултет, ама не го знаете она чувство кога си се враќам во мојот град. Чувство на топлина ми дава некое што не можам да ви опишам. Чувство на сигурност. Каде и да појдам знам да си се вратам. Си го знам цел град на памет.

    Си ги сакам парковите и нивното зеленило, си го сакам плоштадот, метро на метро е, па така ќе си завртиш два-три круга и со сите ќе се видиш, ќе си застаниш.

    Ја сакам дружељубивоста на луѓето (на повеќето, има и исклучоци секако) и како тоа ќе ти помогнат секогаш. Сакам тоа што цел град си се познаваме, ама каде и да одиш ќе си најдеш некого, за муабет за кафе.

    А не знаете колку ги сакам постарите луѓе, кога ќе застанат ( нормално се знаат од на вујко, на стрината чичко од деверот, внук) и ќе си застанат фино- лепо за сите ќе си се изнаправат муабет ( нали не се виделе со години), овој кај е оној кај е.

    А бре се сакам, го сакам секое скриено ќоше, го сакам секој човек оттука,ја сакам насмеаната и шегаџиска природа на луѓето, ги сакам оти се реалисти и го гледаат нештото како што е, па и ќе ти кажат дека така е. Патриот си сум бре се си сакам. :inlove: :D

    Има една мана Прилепов наш, како што кажа девојката над мене, многу озборување има, а тоа смета. Ама гајле ми е мене, нема што да прават луѓето тоа е тоа... Јас пак си ги сакам. Еве сега се разнежнив и поздрав до сите Прилепчани, ве сака Де ловли. :* ;)
     
    На zhap4e, avriill и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Си го сакам родниот град зошто само во него се чувствувам како своја на своето,само во него мислам дека дишам со полна плуќа,го сакам поради сите спомени и добри и лоши кои ме врзуваат за него.

    Си го сакам поради мултикултурноста,светот во мало,што во секој даден момент на улица ќе слушнеш најмалку 10 различни јазици.
    Го сакам поради шаренилата од различни луѓе,носии и никој никого не загледува и не се чуди и не покажува со прст.

    Го сакам поради најубавото кафе на Италијанската улица,гирото на Грчката,донер-кебабот на Либанската и нудлсот на Кинеската улица.Го сакам поради тоа што со една мала прошетка по било која од овие улици се чувствуваш како да се шеташ во Европа,Азија и Средниот Исток.

    Го сакам поради тоа што во него никогаш неможе да ти биде досадно,ни дење ни ноќе,за сите има по нешто од најмалите до најстарите.Ноќниот живот е одличен ама денскиот е уште поубав,од уметнички изложби до театрски претстави од cirque du soleil до disney on ice,од концерти на светски ѕвезди до уличните фестивали.Го сакам поради една од најубавите зоолошки градини во светот,преубавите ботанички градини и поради аквариумот каде над главата ти пливаат ајкули.Го сакам поради песочните скулптури во Франкстон и поради единствената колонија на најмалите пингвини во светот кој на зајдисонце можеш да ги гледаш како се враќаат дома од напорниот ден на барање на храна,гледката е прекрасна и ти делува крајно смирувачки.

    Го сакам поради одличниот урбан план,си има индустриска зона,си има центар на секоја населба и куќите се одвоени од се`,си седнуваш во двор си пиеш кафе во тишина како да си одвоен од светот,тишината може да ти ја нарушaат само папагалите и крештењето на cockatoos.Го сакам поради тоа што во кој дел од градот да живееш за 15 мин со кола си на плажа,а без кола за најмногу 30 мин со оглед на тоа што има одличен јавен превоз од возови,метро,автобуси до трамваји.

    Го сакам поради тоа што е град домаќин на Аustralian Open и поради тоа што F1 трките почнуваат од него.

    Го сакам поради љубезноста на народот,гостопримливоста на самиот град и го сакам зошто градот просто дише и има срце и душа,го сакам поради тоа што никој никого не оговара секој си го живее својот живот ама ако имаш потреба ќе застанат и ќе ти помогнат.

    Уф сега ме фати тешка носталгија за него,едвај чекам да се вратам и да си го гушнам.

    Особено се гордеам со фактот што последните 20 години е во топ 5 најубави градови за живеење во светот,годинава е на второ место.
    [​IMG]
     
    На do-re-mi, wolf4e, MarchelineAmaru и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ова е напишано од Иван Шопов и му се восхитувам на лесноста како го опишал тоа и ако мене би ме прашале би одговорила слично.

    "Можеби прво треба да се запрашам дали го сакам Скопје. Ако размислам подобро, сакам само некои негови исечоци, фрагменти, исчезнати места, стари фотографии, неколку клупи, грмушки, улици и тротоари. Дали само заради тие фрагменти може да се каже дека го сакам Скопје? Море, сепак го сакам! А зошто?
    Го сакам Скопје затоа што мојата интимна географија речиси сосема е испишана овде. Ако треба да ја нацртам мојата скопска мапа, ќе се добие еден сосема поинаков град чија мапа не може да се купи во ниту еден киоск. Моето Скопје се состои од оние места и луѓе што ми се драги, од убавите среќни мигови што изминале и нема да се вратат, од нештата што ќе ме потсетуваат на оние среќни мигови што допрва ќе ги доживеам. Го сакам тоа Скопје и си дозволувам да го наречам мое. А зошто го сакам?
    Го сакам Скопје затоа што во него се наоѓа паркингот каде татко ми го паркираше старото фиќо на кое редовно му ги дишев гумите.
    Го сакам Скопје затоа што тука се наоѓа паркчето во кое ја стекнав мојата автономија, барем што се однесува до алкохолниот дел од живеењето. А тоа се случи кога во раните тинејџерски години пиев вино со другарите од маало, татко ми помина покрај нас и се направи дека не ме виде.
    Го сакам Скопје затоа што има река. Гнасна е, ама река е. И може да трчаш покрај неа. Или да возиш точак, ролерки, а ако си простак и мотор. Исто така, може да гледаш и млади стројни моми што спортуваат на кеј. Секогаш ми биле мотив плус за да се активирам физички.
    Го сакам Скопје затоа што има очаен јавен превоз. Ај што автобусите се за во музеј, ама и арома-терапијата е неизбежна. Излегуваш избањат и намирисан, се возиш со некој од музејските експонати и после тоа мирисаш на туѓи мишки. Исто како да не си се бањал. Ако се возиш со автобус, подобро не излегувај бањат. Ете, го сакам Скопје затоа што ми е изговор да не се бањам.
    Го сакам Скопје заради градскиот парк. Убави журки и свирки се случуваа(т) на школка. Можеш да си купиш семки, шеќерна волна или да пиеш вода од осум чешмички. А навечер фонтаната е посебна приказна. Можеш да седиш таму и да шмекаш млади моми како на селска чешма. Дома си чувам скршена плочка од стариот мермер, пред да го реновираат просторот пред фонтаната. Кога сме кај паркот, да го споменеме и темниот дел, мошне погоден за практикување љубов и сексовални активности. И тоа е убаво.
    Го сакам Скопје заради безобразните вратари во дискотеките. Покрај нив имам добро мислење за себе.
    Го сакам Скопје затоа што одам на викенд во Охрид.
    Го сакам Скопје заради „Скопско“. Секое ждригање после испиено пиво е воспевање на овој град.
    Го сакам Скопје затоа што иако е цело задавено во бетон и асфалт, се наоѓа по некој тревник кај што растат бели ради.
    Го сакам Скопје затоа што ги избегнувам местата во него што не ги сакам.
    Го сакам Скопје затоа што неговите улици не пребираат дали патиките ми се нови, стари или дупнати.
    Го сакам Скопје затоа што има жени по кои може да искривиш врат.
    Го сакам Скопје затоа што колку и да сум пијан, секогаш ми успева да си ја најдам домата. А дома е таму кај што ти доаѓаат сметките.
    Го сакам Скопје затоа што секогаш се наоѓа згодно ќоше кога ти е зорт за мочање.
    Го сакам Скопје заради чаршијата. Егзотика и ориент на чекор до тебе. Некогаш си слушав чалгија на МП3 плеер кога се шетав во чаршија. А сега свират чалгии во живо.
    Го сакам Скопје заради тоа што има лоша, крајно нескладна архитектура. Личи на некаков среден хаос, нешто како мојата соба и глава.
    Го сакам Скопје заради една скопјанка и заради местата на кои се шетавме и се испраќавме со саати.
    Го сакам Скопје заради другарите, роднините, драгите луѓе, ама и заради простаците и лошите комшии. Греота е да немаш со кого да се искараш и кого да опцуеш.
    Го сакам Скопје затоа што има каде да се јаде во три сабајле. Може да се дебелееш со пица-бурек кога ќе ти текне.
    Го сакам Скопје заради таксистите. Забавни се. Има муабет во нив. Ама некогаш има и повеќе од муабет. На еден му викам да ме вози до соборна, а он ме прашува: тоа беше таа големата во центар? Друг се начукал и ставил неколку празни шишиња од пиво кај педалите. Возеше во спротивна насока и пцуеше сè живо што му доаѓа во пресрет (како во вицот). Ќе изгинев, ама интересно беше.
    Го сакам Скопје заради тоа што е метропола и паланка. Ем има многу народ, ем ако се прошеташ на плоштад не може да не сретнеш некој познат.
    Го сакам Скопје затоа што е ред троа да се дотераш кога излегуваш навечер, ама не е срамота да переш теписи со црево пред зграда насабајле.
    Го сакам Скопје и заради Водно. Тоа е мини-планина создадена за трошење калории. Дење со пешачење, навечер со нешто друго.
    Го сакам Скопје затоа што и во гужва можам да бидам сам со себе, а кога сум осамен секогаш има дежурна будала за муабет.
    Го сакам Скопје заради „Максим Горки“ и „Партизанска“ (од Карпош 4 до Карпош 1, понатаму не ја сакам).
    Го сакам Скопје затоа што има продавачи на стари книги. Си го купив Гете за 50 денари. Багатела.
    Го сакам Скопје затоа што во зима може да гаѓаш коли и автобуси со топки снег и пак да останеш жив.
    Има уште мал милион причини зошто го сакам градов, ама не може сите да ги запишам.
    Го сакам Скопје затоа што го мразам, а тоа му доаѓа речиси исто."

    Иван Шопов, Скопјанец
     
    На do-re-mi, La.Reina.Del.Sur, Phyramide и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Никогаш не ми се допаѓал мојот роден град
    ниту пак државата! :(
    Како поминува времето, шансите да ми се допадне во иднина се намалуваат со секое изгрејсонце. Тешко е кога ке отидеш надвор па треба да се вратиш во живот кој се одвива помеѓу две улици и ситни сокаци. Се надевам дека наскоро ке ни се исполни желбата да заминеме засекогаш од тука.

    Го читам постот на bittersweet и ми се плаче. Тибам штркот.....
     
    На do-re-mi и Nine25 им се допаѓа ова.
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Скопје што се вели сеуште не сум го открила цел, но за она што го знам, ќе напишам по некоја реченица. Прво ќе започнам со мојата населба. Мала, скромна, со зеленило, заградени паркови и многу клупи. Кога ќе ја види некој од страна не му остава баш убав впечаток, бидејќи и не е нешто многу убава, но за мене е посебна. Од која уличка сакаш сврти на старото место ќе се вратиш. Си имаме мали трговски центри (малски трговски со многу маркети) бар тоа не ни фали. Ова е една мешана населба, поточно мултиетничка населба. Во секоја зграда има по некој Македонец, Албанец, Бошњак, Ром, Турчин, Торбеш .. Немаме конфликти што е најважно. Може да се каже дека сите од населбата се знаеме, но се знаеме што сме се гледале тука. Што е најважно е дека се чувствувам безбедно. Добро па и си ги научив новите соседи, знам од кои треба да бегам. :D На некои 20мин. со автобус е Центар. Делот од Скопје кој не го сакам е плоштадот. Се случило неколку пати да поседам на плоштад, но нема ништо што би можело да те привлече. Со исклучок на белиот Ченто. Потоа Градскиот Парк, поточно делот кај споменикот на Гоце и близу Школка. Знам дека тоа не е Паркот, но е дел од него, нели? Тој Парк толку тајни има скриено, а допрва и ќе крие. Убави спомени имам од таму, но и некои лекции таму имам научено. Продолжуваме понатаму кон Карпош 3. Паркчето каде што се собираат убави и згодни момци. :wasntme: Партизанска, улицата која на некој начин ме исполнува. Обожавам да седнам на некоја од клупите и да читам книга, а притоа гледајќи ја убавината која ни ја дава. Буњаковец и Дебар мало, наваму само со брат ми. Дебармало со толку убави стари градби, а Тц Буњаковец со убавиот поглед од најгоре. Поглед кон пазарче Буњаковец, автомобилите кои поминуваат и автобусите кои брчат. Тоа една мала претстава зошто го сакам мојот роден град.

    *Ги заборавив Битпазар и калдрмата, нешто што посебно го сакам. Старата Скопска чаршија, само ќе прашам има ли нешто поубаво од неа? :)
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Штип-че најмногу го сакам...причини
    -роден град
    -пријатели, роднини абе се си е тука
    -нешто многу ми е убав во последно време :P
    -има каде да се шета...
    -си имаме универзитет :P
    -си имаме пастрамалијада
    -имаме топла клима 8) :sun:
    -го имаме Исарот, по кој сме познати :)

    не го сакам...причини
    -озборувања, секој се шо направил се се знае, сите се знаат. |(
    -не е многу чист
    -многу ни се суши рекичката (Отиња)
    -нема велосипедски патеки :|
    и еве една сликичка ^_^ :hug:
    [​IMG]
    Исарот
    [​IMG]
    [​IMG] (да ве настравам :P )
     
    На eloves, shushu и baby-star им се допаѓа ова.
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Струмица моја мила. :l:

    Постојат многу работи поради која ја сакам. Родена сум тука. Тука живеам сеуште. Многу работи остануваат тука, во овој град. Никогаш нема да ги заборавам прошетките, посебно првата прошетка низ новиот плоштад. 8) Постојат ептен многу нешта кои никогаш нема да можам да ги набројам, многу се. Нешта кои ме прават привзана со овој мој драг град. Знаете како велат „кај и да си, дома да си“, а јас ќе кажам „кај и да си, во твојот роден град да си“, па тоа е едно од најубавите чувства. :D
    Не дека тука нема трачари и озборувања.. Ухууу, има и те како. Ама, тоа е минливо. Битна е мојата совест, а не озборувањата кои до душа воопшто не се точни.
    Уф, малце забегав. Да се навратам да темава.
    Знаете колку интересни и смешни прошетки сум имала во овој град?
    Знаете колку тажни моменти сум имала тука?
    Знаете каде секогаш ќе се наоѓа мојата душа?
    Во Струмица, се разбира.
    Не знам дали има некој на кој што не му се допаѓа родениот град!?
    Јас не сум една од тие.
    Ма, јас сум ептен горда на мојот град, на убавините што ги има.
    Градот во кој тука-таму јас чувам спомени. Било да се наоѓаат во ќош на некоја зграда, во паркот, под некое дрвце. Ги имам насекаде околу мене, во овој прекрасен град под Царевите Кули.
    Ииии, колку и да кажувам, нештата кои прават да го сакам овој град никогаш нема да можам да ги доискажам.
    Јас си го сакам мојот град, а затоа што мојата љубов кон овој град е многу голема, малите лоши нешта избледнуваат во сјајот на убавите нешта. :)
    Толку.
     
    На ivo-na му/ѝ се допаѓа ова.